Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 8 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 8 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1264 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е dekio

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2388 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 Како да го поминеме рамазан on Вто 02 Aвг 2011, 1:02 am

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
Постот е начин на кој се обожува Аллах, џ.ш., а се манифестира преку воздржување од храната, пијалокот, интимниот однос, пушењето, лошиот и бескорисен говор, од самата зора до заоѓањето на сонцето во текот на целиот месец - рамазан. Постот е фарз, како што рекол Семоќниот Аллах: „О верници, пропишан ви е пост, како што им беше пропишан на оние пред вас, како од гревот би се сочувале.“ (Ел-Бекаре, 183-184)

Истотака, постот е еден од основните начела на Исламот. Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Исламот е втемелен на пет столбови: сведочење дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухаммед, с.а.в.с., е Негов пратеник, извршување на намаз, давање на зекат, пост во месецот рамазан и одењето на хаџ во Мека.“ (Бухарија и Муслим)

Користи од рамазанскиот пост

-Здивот од устата на постачот кај Аллах е подраг од мирисот на мискот.

-Мелеците молат кај Аллах за прошка на постачот, во текот на целиот ден, сè додека не го прекине постот.

-Во Џеннетот постои една врата која е наречена Ер-Рејјан и никој нема да влезе на неа освен постачот.

-Во рамазан шејтаните се врзани

-Во него е ноќта Лејлетул-Кадр, која е подобра од илјада месеци.

-Во последната ноќ од рамазан Аллах им ги простува гревовите на постачите.

-Во секоја рамазанска ноќ Аллах ослободува одреден број на луѓе од Џехеннемот.

-Секој ден Аллах, субханеху ве теала, го разубавува Џеннетот говорејќи: ’О Џеннету! Моите добри робови наскоро ќе го отфрлат бремето на животот и нивните нанесени неправди, а потоа ќе ги воведам во тебе.“

Откако се сознава вредноста на рамазан, ни останува уште да се припремиме за негов дочек. Како?

Секој искрен верник во овој свет месец би требал да влезе со искрена теуба (покајание), и силна желба да се окористи од Аллаховата посебна милост, која Он ја дарува само во овој одбран месец. Истотака рамазанското време би требало да биде искористено само во добри и корисни работи. Ќе наведеме некои работи кои се препорачливи во овој месец.

ПОСТ

Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Секое човеково добро дело се наградува повеќекратно, и тоа од десет до седум стотини пати, Возвишениот Аллах вели: ’Освен постот, тој е Мој и Јас за него наградувам, бидејќи постачот ги остава својата страст и храна поради Мене. Заради тоа тој ќе има две радости: радост при ифтарот и радоста при средбата со својот Господар.“ (Муттефекун алејхи).

Несомнено дека оваа величествена награда нема да му биде дадена само на оној кој ги остава својата храна и пијалок. Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Кој не ги остави лажниот говор и постапувањата по него, на Аллах не му е потребно тој да ги остава ни своето јадење и пиење.“ (Бухарија). Од ова може да се заклучи дека секој постач мора да го избегнува она што е лошо и во своето однесување треба да направи разлика помеѓу вообичаените денови и деновите во кои пости.

НОЌЕН НАМАЗ

Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Кој ќе го пости рамазан верувајќи и надевајќи се на награда, и поминува дел од ноќите во намаз, ќе му бидат простени гревовите кои ги направил.“ (Бухарија) Заради тоа на Пратеникот, с.а.в.с., и неговите асхаби им било вообичаено да извршуваат доброволен намаз во ноќите.

Од Ајша, р.а., се пренесува дека рекла: „Пратеникот, с.а.в.с., никогаш не го пропушташе кијамул-лејл (ноќен намаз) па дури и кога ќе беше болен или уморен, и тогаш би клањал, седејќи.“

Алкама ибн Кајс, приповедува: „Цела ноќ клањав со Абдуллах ибн Месуд, кој стоејќи на кијам учеше Куран се додека не се приближи крајот на ноќта и тогаш заврши со витр.“

Се пренесува од Саиб ибн Зејд: „Нашиот имам имаше обичај да учи по стотина ајети, така да ние моравме да се потпираме на стапови, и не прекинуваше се додека не се приближеше зората.“

Истотака, пожелно е муслиманите во рамазан да клањаат таравија намаз (намаз после јација) со својот имам, бидејќи Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Кој ќе клања зад имамот во ноќта, се додека не предаде селам, ќе има награда како да клањал цела ноќ.“ (Асхабус-сунен)

САДАКА

Аллаховиот Пратеник Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, бил најблагороден човек, и таа негова карактеристика посебно се истакнувала во рамазан. Во една прилика рекол: „Најдобра садака е онаа садака која е дадена во рамазан.“ (Тирмизи)

Омер, радијаллаху анху, рекол: „Во една прилика, кога Пратеникот, с.а.в.с., ни нареди да дадеме садака, се случи и јас да имам нешто повеќе пари крај себе. Така помислив дека барем еднаш ќе го надминам Ебу Бекр во добрите дела. Ја зедов половината од својот иметок и отидов кај Пратеникот, с.а.в.с., кој ме праша: ’Колку остави за своето семејство?’ Одговорив: ’Исто толку.’ После мене, истото го праша и Ебу Бекр, на што, тој му рече: ’Им ги оставив Аллах и Неговиот Пратеник (што значи дома ништо не оставил). Тогаш си реков себеси: ’Омер никогаш повеќе нема да се натпреварува со Ебу Бекр.’“

Милосрдието дадено во рамазан со себе повлекува поголема награда од онаа дадена во некој друг месец, така да секој еден муслиман и муслиманка треба да се потрудат, да уделуваат колку што можат повеќе во овој мубарек месец.

НЕКОИ ОД НАЧИНИТЕ ЗА ДАВАЊЕ МИЛОСРДИЕ

1. ДЕЛЕЊЕ ХРАНА

Возвишениот Аллах вели: „И храна даваа – иако и самите ја сакаа – на сиромавиот и сиракот и затвореникот: ’Ние само за Аллахова љубов ве храниме, од вас ни признание ни благодарност не бараме! Ние од Господарот наш се плашеме, оној ден, кога лицата ќе бидат намрштени и темни. Нив Аллах ќе ги сочува од стравотиите на тој ден, и блаженство и радост ќе им дарува, и со Џеннет и свила за она што трпеле, ќе ги награди.“(Ед- Дехр, 8-12)

Нашите предходници (селефите) придавале големо значење на хранењето на гладните луѓе, без оглед на тоа дали личноста на која и се дава храна мора да биде сиромашна.

Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: “Ако верникот нахрани гладен верник, Аллах него ќе го нахрани со овошје од Џеннетот, а оној кој ќе напои жеден верник, Аллах него ќе го напои со рахикул – махтумум.“

Ибн Омер, р.а., никогаш не ифтарел сам, секогаш бил во друштво на сираци и сиромашни, а кога не бил во состојба, ифтарел со тешко срце. Некој од селефите сервирарајќи им ја храната за ифтар на своите браќа муслимани, им останувале ним на услуга (во текот на јадењето) иако и самите биле постачи, т.е. не седнувале на софрата се додека гостите не завршеле со јадењето. Со хранење на гладните се постигнува Аллаховото задоволство, а исто така се воспоставува љубов, срдечност и искреност меѓу муслиманите, а сите тие се чувства кои сигурно водат кон Џеннет, како што и самиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: “Нема да ви се дозволи влез во Џеннетот се додека не поверувате(во Аллах), и нема да бидете вистински верници се додека меѓусебно не се сакате.“ (Ахмед и Несаи)

Освен тоа, со делењето на храната, може да се осигура и прилика да се дојде во друштво на побожни и учени луѓе.

2. ПОДГОТВУВАЊЕ ИФТАР ЗА ПОСТАЧИТЕ

Од Претникот, с.а.в.с., се пренесува дека рекол: “Кој подготви ифтар на постачот, ќе има награда како и тој, а на постачот нема да му се намали наградата.“ Тогаш некој човек рекол: “О Аллахов Пратенику, но некој од нас неможат да најдат постач кој би можел да ифтари со нив.“ тогаш Пратеникот, с.а.в.с., повторил: “Аллах ќе му ја даде оваа награда на секој оној кој ќе ја обскрби личноста која пости, па макар со голтка млеко или вода и урма.После ова Аллах него ќе го напои од Својот извор, и нема да почуствува жед се до влегувањето во Џеннетот.“

ИСТРАЈНОСТ ВО УЧЕЊЕТО НА КУРАН

Селефите исто така имале обичај многу да го учат Куранот. Во текот на нивното учење или слушање тие плачеле од страв и почит кон Возвишениот Аллах.

Бидејќи месецот Рамазан воедно е и месец на објавата на Куранот, муслиманите многу повеќе го учеле. А и самиот мелек Џибрил, по кого е и спуштан Куранот до Пратеникот, с.а.в.с., имал обичај во овој месец да го подучува на Куранот многу повеќе од обично. Осман ибн Аффан , р.а., го завршувал целиот Куран за помалку од една недела, а некои тоа го правеле и за три, седум или десет дена, учејќи го на намаз, но и надвор од него. Добро е да се спомене и најповолното време за учење на Куранот, а тоа е во периодот кога се исчекува Лејлетул – Кадр.

Абдуллах ибн Мес’уд не известува дека Пратеникот, с.а.в.с, во една прилика рекол:

“Проучи ми нешто.“ А тој му одговорил: “ Јас тебе да ти учам, тебе кому Куранот е објавен?!“ “Сакам да го слушам учењето од некој друг“- му рекол Пратеникот, с.а.в.с.

Тогаш Ибн Мес’уд почнал да му ја учи сурата Ен – Ниса, се додека не дошол до ајетот

“А што ќе биде кога ќе донесеме сведок од секој народ, а тебе ќе те донесеме како сведок против овие.“ (Ен – Ниса, 41)

Во тој момент Пратениковите, с.а.в.с., очи се наполниле со солзи и рекол: „Тоа е доволно.“

Од Ебу Хурејре, р.а., се пренесува : “Кога е објавен ајетот: ’Па зарем се чудите на овој говор – се смеете, а не плачете?’ (Ен – Неџм, 59-60) народот кој беше на диванот заплака, а потоа заплака и Пратеникот, с.а.в.с., а по него заплакавме и ние.“ Тогаш Мухаммед, с.а.в.с., рече: “Кој ќе заплаче од страв од Аллах, тој никогаш нема да биде пратен во Џехеннемот.“

ОСТАНУВАЊЕ ВО ЏАМИЈА

После сабах намаз, Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с.,, имал обичај да остане во месџидот се додека не излегло сонцето.(Муслим)

Од Енес, р.а., се пренесува дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол: “ Кој остане по извршувањето на сабах – намазот во џематот, и седејќи го спомнува Аллах, се до излезот на сонцето, а потоа клања два рекати, ќе има награда како да извршил хаџџ и умра.“ (Тирмизи)

Ова се однесува за секој ден, а колкава ќе биде пак наградата во рамазанските мубарек денови?

ИТИКАФ

Пратеникот, с.а.в.с., се затварал во итикаф последните десет дена од Рамазан, а во годината во која преселил на ахирет, останал во итикаф дваесет денови.(Бухари)

Итикафот е еден од начините на обожавање на Аллах, кој опфаќа учење на Куран, доброволни намази, спомнување и величење на Аллах, чинење дови и.т.н.

Многумина може ќе речат дека ова е тешко изводливо во пракса, но, тоа во суштина е многу лесно за личноста која е искрена и со силен ниет и волја.

Голем број на муулимани се затвараат во итикаф последните десет дена од Рамазанот, воедно барајќи ја во тие денови и ноќта Лејлетул – кадр.

УМРА ВО РАМАЗАН

Пратеникот, с.а.в.с., рекол: “Извршувањето на умра во Рамазан е исто како и извршен хаџџ(а во друго предание стои “како хаџџ извршен со мене) (Бухари и Муслим)

ИСЧЕКУВАЊЕ НА ЛЕЈЛЕТУЛ – КАДР

Возвишениот Аллах вели: “Ние (Куранот) почнавме да го објавуваме во ноќта Лејлетул – кадр, а што мислиш ти што е Ноќта кадр? Ноќта кадр подобра и од илјада месеци.“ (Ел – Кадр, 1-3)

Пратеникот, с.а.в.с., рекол: “Кој ќе клања ноќен намаз во Ноќта кадр, верувајќи и надевајќи се на награда, ќе му бидат простени гревовите кој ги направил.“ (Бухари и Муслим)

Од Ајша, р.а., се пренесува: “Реков: ’О Аллахов Пратенику, кога би знаела која ноќ е Лејлетул – кадр, што би учела во неа?’ а тој ми одговори: ’Аллаху мој, Ти си Оној кој простува, и сака да простува, па прости ми.“ (Тирмизи)

Ајша, р.а., исто така пренесува дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол: “Барајте ја Лејлетул – кадр во непарните ноќи во последните десет денови од Рамазан.“ (Бухари)

Зголемено извршување на намаз, величење и молење на Аллах за прошка

Рамазанските денови и ноќи се благослевени и поради тоа секој поединец треба да ја искористи оваа голема Аллахова милост, зголемувајќи ги своите ибадети во моментите кога Аллах сигурно ги прима. Некои од тие непроценливи времиња се :

- Во текот на месец Рамазан секој облик на дова на постачот му е примен. Нашиот Господар слегува на најблиското небо секоја ноќ, и тоа во нејзината последна третина, и вели: “Има ли некој, на кого нешто му е потребно, да му дадам? И има ли некој, да моли за прошка, па да му простам?“

- Потоа, времето пред зора исто така е убав период за барање опрост од Аллах.

- Еден од тие периоди е секако и петок, а посебно последните часови од тој ден во кој довите се примаат.

И конечно, драги брате и сестро, би сакал да ви свртам посебно внимание на нешто многу битно и неразминливо, во прашање е секако чистотата и искреноста на ниетот (намерите) . На многу постачи им се ускратува наградата поради немање искреност и цврсто убедување. Божјиот Пратеник, с.а.в.с., ова го нагласил со зборовите: “...верувајќи и надевајќи се на награда.“

Возвишениот Аллах исто така вели: “Кажи:’ Јас сум човек како и вие, мене ми се објавува дека вашиот Бог е – еден Бог. Кој посакува од Господарот свој да биде убаво примен, нека прави добри дела и клањајќи се на Господарот свој, нека не му смета Нему рамен никој.!“ (Ел – Кахф, 110)

Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., во една прилика изјавил: “ Она од што најмногу се плашам за вас е малиот ширк(облик на многубоштво)“, а присутните прашале: “Што е тоа?“ Тој им рекол: “Тоа е лицемерството.“

ЗАБАВА ВО ТЕКОТ НА РАМАЗАН

Ова е многу озбилна и опасна наклонетост, посебно запазена во Рамазан, која се манифестира со трошење на своето време во бескорисни работи, наместо да се поминува во спомнување на Аллах, неговото обожување и покорување. Всушност тоа е оглувување за Неговите наредби, што резултира со отфрлање на Аллаховата милост и Божествената награда.

Возвишениот Аллах вели: “А оној кој ќе ја сврти главата од Мојата Книга, тој со тежок живот ќе живее, а на Судниот ден како слеп ќе го оживееме, ’ Господару мој!’ – ќе рече – ’зошто ме оживеа слеп кога имав вид?’ ’Еве зошто’ – ќе каже Тој – ’Нашите докази ти доаѓаа, но ти ги забораваше, ти денес исто така ќе бидеш заборавен.’ Така Ние ќе ги казнеме сите оние кои премногу се одаваа на страстите свои и не веруваа во доказите на Својот Господар. А страдањата на оној свет, навистина, ќе бидат болни и вечни.“ (Таха, 124-127)

Зарем не чуставуваш жал за младите муслимани кој скитаат, талкајќи по улиците или игралиштата, во текот на светите ноќи на Рамазан? Колку ли само гревови со лесно срце прават во овие благословени ноќи?

Да, навистина секој совесен муслиман би требало да ги жали младите муслимани кои залудно го поминуваат своето време. Неспорно е тоа дека давањето на совети и укажувањето на вистинскиот пат на оние кој од него се отргнале, води кон среќа и задоволство на душата, или ако ништо друго тогаш довата упатена кон Аллах, да им укаже на Своето упатство, го спречува ширењето на злото и пороците.

НЕКОИ ОД ПРАВИЛАТА НА ПОСТОТ

Постот е обавезна дожност на секој полнолетен и разумен муслиман и муслиманка, додека на неверниците не им е обврзителен, бидејќи ним и онака нема да им биде примен се додека не станат муслимани. Исто така не се должни да постат децата, се додека не достигнат пубертет. Сепак младите треба да се охрабруваат и упатуваат на пост, онолку колку тоа не би им било напор, или не би им предизвикало некоја здраствена штета, и тоа се со цел да се навикнат на пост, додека не достигнат години кога постот ќе им стане обврска.

ПОСТ НА БОЛНИОТ И ПАТНИКОТ

Умоболните и сенилни личности не постат, затоа што старите личности не се умно во состојба на приправност, така да не се должни да постат ниту да го напостуваат изоставеното.

Што се однесува на постот на патникот или болните Аллах го објавил следното: “А на оној од вас кој ќе биде болен или на пат (ви се пропишува пост) ист број, но други денови.“(Ел – Бекаре, 184)

Постојат два видови болни лица:

Прва група е онаа група која има хронични заболување, чија болест е трајна и која не се надева на оздравување. Во овој случај тие не се должни да постат, затоа што не се во состојба да го издржат постот во било кое време, туку се должни да нахранат сиромашна личност за секој ден од постот кој го пропуштиле или да повикаат одреден број на сиромави кој ќе одговара на бројот на пропуштените денови, и да ги нахрани сите, како што и Енес ибн Малик обично правел во својата длабока старост. Секоја сиромашна личност треба да добие четвртина са’а(приближно три килограми) храна, т.е., добро пченично брашно. Пожелно е на оваа колична да и се додаде и нешто месо или масло потребно за готвење. Во секој случај, старата или болна личност треба да нахрани толку сиромави колку што денови не постела.

Во втората група на болни спаѓаат оние на на кој здравјето им е привремено нарушено:

- Личноста на која постот не и преставува потешкотија ниту е штетен по нејзиното здравје, во овој случај таа нема оправдување ниту изговор да не пости.

- Личноста која во текот на постот почуствува непријатност, но не и штета. Во овој случај постот не и е препорачлив, затоа што е подобро за ја искористи Аллаховата дозвола и олеснување за прекинувањето на постот, ако и стане болен и непријатен.

- Личноста која сигурно ќе си наштети со постот, и во овој случај нејзе постот и е забранет - харам, затоа што Возвишениот Аллах вели: “Не убивајте се самите себеси поради Аллах, кој кон вас е најмилостлив“; “ Не се туркај самите себеси со свои раце во пропаст.“ Пратеникот, с.а.в.с., рекол: “Нема штета (за себе) ниту нанесување штета (на другите).“ (Ибн Маџе и Хаким)

Дијагнозата за штетноста на постот може да си ја донесе болната личност само за себе или тоа може да го направи некој доверлив доктор. Така да личноста од оваа категорија исто така е должна да ги напости пропуштените денови, но дури откако ќе закрепне од болеста.

Ако се случи да умре пред напостувањето, тогаш од неа паѓа обврската за надокнадување на постот, затоа што имала намера да пости и никако не можела да знае дека тоа нема да го дочека.

Што се однесува до патникот и тие исто така се делат на две групи:

1. Оние кои се обидуваат да ја избегнат наредбата на постот. Секако од вакви лица Аллах нема да ја тргне обврската;

2. И вистински патници, а тука се вбројуваат:

- Оној патник кој поднесува крајно тешко патување, и во него постот е харам. Пратеникот, с.а.в.с., и неговите асхаби биле постачи во текот на ослободувањето на Мека. Кога настапила икиндија, Пратеникот, с.а.в.с., намерно се напил вода за да луѓето видат и го направат истото. После тоа за оние кој продолжиле да постат изјавил: “Тие се од непослушните, тие се од непослушните.“

- Патниците кој предпоставуваат дека постот ќе им биде напорен, но не претерано, препорачливо е да не постат, затоа што во спротивно тие го отфрлаат Аллаховото олеснување, правејќи си го себе патувањето макотрпно.

Патникот кој мисли дека патот нема да му биде напорен во текот на патувањето, може да направи како сака и како му е полесно. Аллах сака да ви олесни, а не да ве става на потешкотии.

Патник се смета личност која е на патување, и тоа од моментот кога ќе го напушти своето место на живеење, па се додека не се врати повторно во него,, па макар да остане во местото на своето одредиште еден подолг период, се додека не намерава да го продолжи својот престој и после извршувањето на работите поради кои тргнал на тоа патување. Во овој случај човекот ќе ги користи сите олеснување поврзани за патникот, без обзир колку ќе му се одолжил неговото патување, затоа што во преданието Пратеникот, с.а.в.с., ништо посебно не истакнал во врска со временската должина на патувањето.

Основното правило поврзано за постот на патникот е дека тој овие прописи кој се однесуваат на патувањето не ги одолжува подолго отколу што е навистина потребно.

Нема некој посебни разлики помеѓу групното и поединечното патување, како и помеѓу патувањето на хаџџ или умрата и посетата на некое друго место, ниту помеѓу привремените патувања поради трговија, туризам и сл., и оние сталните како што се такси возачите и возачите на камиони. Ваквите возачи се сметаат за патници секој пат кога ќе го напуштаат местото на живеење , и ги користат сите пропишани олеснувања, како што е скратен намаз, негово спојување кога е потребно ( веднаш еден по друг, и тоа пладне и икиндија, акшам и јација).

Пожелно е за овие личности да не постат, но овој свој пост да го употполнат во некој друг месец.

ШТО ГО РАСИПУВА ПОСТОТ

Постојат седум работи кој го расипуваат постот а тоа се:

1. Полов однос, кој направен во деновите на Рамазанот, освен што го поништува постот, повлекува со себе и обавезно искупување(кефарет), а тоа е да се ослободи роб, или ако не може да се направи, тогаш се пости два месеци непрекинато. Но ако личноста и ова не не во можност да го направи, тогаш ќе нахрани шеесет сиромашни луѓе. Но ако постачот е една од оние личности кои не се должни да постат (на пример патник) и ако при тоа има полов однос, тој не е должен тој ден накнадно да го напости ниту на еден од двата начини на напостување.

2. Исфрлање семе течност(ејакулација) резултирано од допирање, бакнување или прегрнување на сопружниците. Бакнувањето без ејакулација не го расипува постот.

3. Внесување на храна во организмот или пијалок во било кој облик, без оглед дали е штетно или корисно. Забрането и е на личноста која пости да вдишува пара толку силно што ќе и дојде до стомакот, или да пуши цигари. Користењето и мирисањето на парфеми е дозволено.

4. Сетоа она што се смета за некој облик на јадење или пиење може да го расипи постот, на пример било која хранлива инекција или лек не се дозволени, а сите останати инекции се дозволени во текот на постот, било да се ставени во мускул или во вена, без обзир дали нивниот вкус ќе се почуствува во грлото или не.

5. Вадење на крв со отварање на вени, меѓутоа било кое друго крварење (како што е од носот или после вадење на заб) не го расипуваат постот.

6. Намерното повраќање го расипува постот, за разлика од природното повраќање кое не го расипува посто.

7. Менструацијата или крварењето после пораѓај исто така го расипуваат постот.

САДЕКАТУЛ - ФИТР

Садекатул – фитр е облик на обврзителна милостиња која се дава во текот на месец Рамазан. Таа ја чисти и искупува личноста од нејзиниот бесрамен говор и некој пропусти во текот на постот, но исто така со храна ги обскрбува другите личности, на кои им е потребна. Оваа милостња мора да биде поделна пред бајрам – намаз, во спротивно се смета за обична садака.

Се пренесува од Ибн Омер, р.а., дека рекол: „Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., примал исплата од еден са’а урми или јачмен, како зекатул – фитр, од секој муслиман, без оглед, дали е роб или слободен човек, маж или жена, млад или стар. Ова го наредувал да биде извршено пред народот да излезе да изврши бајрам – намаз.“ (Бухари)

БАЈРАМ – НАМАЗ

Ова е свеченост на прекинувањето на постот. Бајрам доаѓа во првиот ден на месецот шевал, кој што следи веднаш после Рамазанот. Тој ден секој муслиман оди во џамија поради присуствувањето на бајрамското собирање, кое ќе се одржи после заоѓањето на сонцето. Секој верник треба да излезе на бајрам во своја нова облека, уреден и со чист изглед.

Се пренесува од Енес, р.а., дека Аллаховиот Пратеник,с.а.в.с., не можел да ја почнува бајрамската свеченост додека не изел по неколку урми, а секогаш јадел непарен број. (Бухари)

После тоа доаѓа традиционално одење од месџидот, како што и самиот Пратеник, с.а.в.с., правел. Од Џабир, р.а., се пренесува дека Пратеникот, с.а.в.с., имал обичај да го смени патот кога се враќал од бајрам – намаз. (Бухари)

Ебу Сеид ел – Худри пренесува дека Мухаммед, с.а.в.с., после бајрам – намазот станувал пред луѓето, кои сеуште седеле во своите саффови и тогаш почнувал да кажува, советува или да им дава наредби. (Бухари)

ЗАКЛУЧОК

Како заклучок кој што укажува на опшествената и психолошката корист на постот доволни се зборовите на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с : „Оној кој може себе си да си дозволи да се ожени, нека се ожени, затоа што тоа ќе му помогне да се воздржи од гледање во други, нему забранети жени, и ќе го спаси од блуд. А оној кој не е во состојба да се ожени, нека пости, затоа што тоа ќе му ги намали неговите нагони.“(Бухари)



[You must be registered and logged in to see this link.]


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот