Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 9 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 9 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 Долгови on Вто 21 Јун 2011, 6:49 pm

Muwehhid

avatar
Модератор
Модератор
Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!



А ониој кој е во тешка состојба... па,треба да се почека додека не му дојде лесна состојба Но,за вас подобро е да му го простите долгот. Само ако знаете!
(Ел-Бекаре,280)



О верници, кога ќе одлуќите едни на други да си позајмувате во еден рок определен, тогаш запишете го тоа! Меѓу вас, тоа нека го направи писарот, праведно...
(Ел-Бекаре 282)



Аллах нека му се смилува на секој Негов верен човек кој е великодушен и умерен во секој поглед: кога купува и продава, кога долгот го враќа го враќа и гога го побарува.
(Бухари, Тирмизи)


Се засолнувам кај Аллах од неверување и од долгови. (Бухари)

Кога го весели Аллах да го спаси од грижа на Судниот ден, нека го утеши оној кој е во должнички маки, или долгот нека му го опрости.
(Муслим)


Кој сака довата да му се прими и да му се дигне тагата, нека му помогне на оној кој со долг е оптеретен.
(Ахмед)


Душата на верникот виси за неговиот долг се додека наследниците не го подмират тој долг.
(Бухари, Муслим)


На секој човек кој има намера да го врати долгот, Аллах џ.ш ќе му помогне долгот полесно да го врати.
(Ахмед)


Постојат два вида на долгови: кој ќе умре како должник а имал намера долгот да го врати, јас сум негов заштитник и гаранат: кој ќе умре со долг, а немал намера долгот да го варати, долгот ќе се наплати со добри дела на Денот кога нема да има ни злато ни сребор.
(Тебери)


Должникот во гробот ќе биде со врзани раце и само наплатата на долгот може да го ослободи.
(Дејлеми)


На Аллах најмили дела му се: да го нахраните гладниот сирама, да му ги одложите долговите и да го ослободите од грижите и маките.

(Теберани)


Кој на сиромавиот, должник, ќе му го продолжи рокот за враќање на долгот, ќе има награда како да поделиел садака за секој одложен ден, во висина од тој долг.
(Бејхеки)


Чувајте се од долгот, зашто е тој ноќе грижа а дење понижување.
(Ибн Хаббан)


Нема поголемо гајле од она што човекот му го задава долгот, нити побоголем бол од оној кога ќе заболи око.
(Бејхеки)


Долгот оди на штета на врерата, човечкото достоинсво и честа.
(Дејлеми)


Најголем грев со кој робот ќе излезе пред Аллах, после големите гревови, кои Аллах ги забранил, е човекот да умре со долг а да не остави со што да се врати неговиот долг.
(Ебу Давуд, Бејхеки)


-Нека ме сочува Аллах од неверство и долг!
Па му рекле:
-Зарем го изедначуваш долгот со неверство?
А Пејгамберот одговорил:
-Да!

(Несаи,Хаким)

Кој ќе зема туѓо добро со намера, да го врати, Аллах ќе му овозможи навистина, да го врати, а кој, пак, зема туѓо со намера да го уништи.
(Бухари)


Пејгамберот кога се качил на мимбер, побарал од присутните да му побараат што им должи Никој не се поместил Тогаш Мухаммед а.с рекол:
- Гледам дека тоа не е доволно и дека ќе мора да се вратам на тоа.
Кога го рекол тоа, завршил со говорот, слегол од мимбер и ги клањал пладне-намаз. Потоа повторно се качил на мимбер и повторно понудил. Само некој, во тој момент му побарал три дихреми Потоа Пејгамберот зборувал за друга тема:

-Луѓе! Ако некој некому нешто му должи, треба тоа да му го врати: и во тоа нека не го спречува страв од привиденије на Земјата, полесно е од она на другиот свет! Тогаш некој сатанал и рекол:
-Во еден поход добив три дирхени кои ги сокрив и не ги предадов на чуварот на пленот Мухаммед а.с запраша:
-Зашто си го направил тоа?
Овој одговорил:
-Ми беа многу потребни.
Тогаш Пејгамберот нареди да ги наплатат тие пари, па продолжи со говорот:

-Луѓе! Некој ако се плаши за своите гревови, нека ми каже Ќе го молам Аллаха за него.
Некој стана и ги кажа своите морални гревови:
останатите се згрозија, но Пејгамберот примети:
-Подобро и тоа отколку Судниот ден.
Потоа пејгамберот се вратил дома.
(Тебери)


______________________________________________





О верници, плашете се од Аллах и зборувајте само вистина! Он ќе ви ги поправи делата ваши и Он ќе ви ги прости гревовите ваши. А оној кој е послушен и на Аллах и на пратеникот Негов... тој ќе однесе, секако, победа голема! 

2 Re: Долгови on Вто 21 Јун 2011, 6:49 pm

Muwehhid

avatar
Модератор
Модератор
Ел-фазал Аббас пренесува дека Пејгамберот рекол: Луѓе! Можеби имате оптужби на мене.

Ако сум удрил нечиј грб, нека ми врати со иста мера на мојот грб Ако негого сум навредил или сум ја нападнал неговата чест, еве ја мојава чест, нејзе нека и се освети Ако сум зел нечија сопственост, еве мојата сопственост, нека ја земе и нека не се плаши од никаков прогон од мене , зашто тоа не е мој обичај Навистина, најмил ми е од вас оној кој ќе го исполни своето побарување или кој од тоа ќе се откаже Така ќе бидам слободен да се сретнам со мојот Господар без забелешки. Тогаш некој станал и побарал некој паричен износ(Три дирхеми) кои Пејгамберот наводно му ги должел Тоа веднаш му било исплатено.
(Табери,Ахмед)


Во времето на Пејгамберот на еден човек му се случила несреќа
: торговијата слабо му одела, а многу се задолжил Дошол кај Пејгамберот и му побарал помош од зекатот Пејгамберот на луќето им рекол да му помогнат и тоа го направиле, но не се собрале доволно пари Па на оние на кои им должел човекот Пејгамберот им рекол:
-Земајте го тоа што го има и не барајте повеќе од него.

(Тирмизи)


На шехидот ќе му бидат опростени сите гревови и пропусти освен долгот.
(Муслим)


Рафи слугата од Пејгамберот пременесува
: Аллаховиот Пејгамбер ми рече:
-Кажи му на тој и тој Евреин да ми позајми толку и толку брашно до месец реџеп, ми дојде гостин.


Меѓутоа, Евреинот ми рече:
-Не давам додека не ми даде гаранција.
-Се колнам во Аллах јас сум сигурен и на небесата и на Земјава Тој ако даде јас ќе вратам. Однеси му го мојот штит како гаранција. Отидов и ја оставив гаранцијата.

(Газали)


Зејд ибн Сеант кажува
: Мухаммед а.с позајми од мене урми на одредено време Му ги дадов кога беше два-три дена пред договорениот рок, му дојдов и го здрмав за облеката, го погледнав со намуртено лице и го прашав:
-Мухаммде, нема ли да ми го вратиш мојот дел? Жими Гога вие,синови Абдул-Мутталибови, споро го враќате долгот Потоа хазрети Омер рече:


-Имаме потреба од тебе и јас и он ништо другу, Омере, а тоа е да ми наредиш убаво да го вратам долгот, а нему да му наредиш тоа убаво да ми го побара. Оди со него, Омере и дај му го неговиот дел и уште зголеми му го!ѓ
Потоа Зејд на Омер му рече: сите знаци на пратеништвото на лицето Мухаммедово ги виудов штом прв пат го видов, освен два знаци за кои не бев известен: со својата благост победува нечија грубост, а што е нечија грубост пожестока, толку е неговата благост појака.Сега ги запознав Сведок си ми, задоволен сум Аллах да ми биде Господар, ислам вера, а Мухаммед Пејгамбер.

(Ел-Касталани)


Се пренесува од Ебу Рафи дека рекол
:Пејгамберот од некој човек позајмил млада камила ,и кога неки камили се добијени(како поколон) , ми рече на тој човек да му ја вратам младата камила КОга му реков дека сите седумгодишните камили еднакво се добри, ми одговори:
-Дај му некоја, зашто најдобар човек е оној кој своите долгови ги враќа со нешто пубаво.


(Муслим)


Ебу Сеит ел-Худри пренесува: Ресуллах еднаш влезе во џамија, кога во џамијата седи еден човек од енсариите, Ебу Умамме.
-Од каде ти во џамијата кога уште не е време за намаз? - го праша Пејгамберот.
-Ме окупираа загриженоста и долговите- Му одговори Ебу Умаме.
-Сакаш ли да те научам неколку зборови, кога ќе ги изговориш, Аллах ќе те спаси од грижите и ќе ги одложи твоите долгови?- го Праша пејгамберот.

-Сакам, Аллахов Пејгамберу- рече Ебу Умаме.
-Кога ќе се раздени и кога ќе се стемни речи: О Аллах, Ти се приклонувам од грижите и тагите, ти се приклонувам од слабост и леаност, Ти се приклонувам од шкртост и страв, Ти се приклонувам од тоа да ме совлада долгот и да ме победат луѓето!
-Ебу Умаме, понатаму кажува:
-Јас тоа го изговорив и Аллах ме спаси од грижите и ме оддолжи од долгот.
(Ебу Давуд)

Јас на верниците сум им поважен од нив самите, па кој ќе умре а остави долг, а не ќе остави ништо со кое ќе се подмири долгот, ние сме должни да го исплатиме. А ако остави имот, нека се исплати од него.
(Бухари)


Јас поважен сум му на секој муслиман од него самиот: кој ќе остави имот, тој им припаѓа на наследниците А кој ќе остави долг и незагрижени деца, тогаш тоа е мој долг, моја обврска.
(Муслим, Ибн Маџе)

Имаше еден човек кој на луѓето заеми им даваше, па на својот слуга му зборуваше:
Кога ќе дојдеш до сиромав кој е во тешка положба, помини преку неговиот долг, зашто и ние во Аллах веруваме и се надеваме дека на нас ќе ми опрости кога на Судниот ден со Неого ќе се стретнеме и Аллах му опростил.

(Бухари, Муслим)


______________________________________________





О верници, плашете се од Аллах и зборувајте само вистина! Он ќе ви ги поправи делата ваши и Он ќе ви ги прости гревовите ваши. А оној кој е послушен и на Аллах и на пратеникот Негов... тој ќе однесе, секако, победа голема! 

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот