Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 8 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 8 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (939)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1264 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е dekio

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2388 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 Муслиманите on Пет 13 Мај 2011, 7:10 pm

xhundullah


Нови член
Нови член
Муслиманите кои вистински го разбираат учењето на нивната вера се пријатни, симпатични и пријателски расположени. Таквите се мешаат и дружат со луѓето. Тие разбираат дека контактирањето со луѓето и освојувањето на нивната доверба е една од најважните обврски на вистинските муслимани.
Тоа е ефикасно средство за пренесување на пораките на вистината на другите, изложувајќи ги всушност преку своите морални вредности, бидејќи, луѓето ги слушаат тие што ги сакаат, тие на кои можат да им веруваат, и тие кои ги прифаќаат.
Постојат многу хадиси кои го фалат човекот што луѓето го сакаат поради неговите добри манири (поради неговиот убав однос и однесување со луѓето). Таквата личност е една од тие што ги сакал и Аллаховиот Пратеник Мухаммед, а.с. Тој или таа ќе бидат најблиски до Пратеникот, а.с., на Судниот ден. Рекол Аллаховиот Пратеник, а.с:

„Зарем не сакате да ви кажам кој од сите вас ми е нај омилениот и најблиску до мене на Судниот ден?“ Пратеникот, а.с., го повторил прашањето два или три пати, а присутните одговорија: „Да, Аллахов Пратенику.“ Тој рече: „Тие од вас кои се со најдобро однесување и морал. (Тие кои се со најдобар темперамент и карактер)“ (Ахмед)
Во некои преданија се додава: „Оние кои погледите свои ги спуштаат кон земја и кои се скромни, кои се согласуваат со другите, и со кои другите се чувствуваат пријатно.“ (бележи Албани)
Абдулах ибн 'Амр пренесува дека Аллаховиот Пратеник, а.с., никогаш не говорел на навредлив начин и никогаш не говорел зло. Исто така, се пренесува дека тој имал обичај да каже: „Најмил меѓу вас ми е тој што има најдобар карактер и најдобро однесување." (Бухари)

Едно од својствата на верниците е да се сложуваат со другите (лесно да се вклопат со луѓето) и другите да се чувствуваат удобно со нив. Тие ги сакаат луѓето, а и луѓето ги сакаат нив. Инаку како ќе бидат тие во состојба да ја пренесат пораката на исламот или да постигнат нешто значајно?
Пратеникот, а.с., рекол: „Верникот се согласува со луѓето и луѓето да се чувствуваат пријатно во неговото друштво. Нема добро во човекот кој не се согласува со луѓето и со кој луѓето не се чувствуваат пријатно (и слободно)." (Пренесува Ахмед и Ел-Безар)

Самиот Пратеник, а.с., го поставил најдобриот пример на добро однесување со луѓето. Тој секогаш бил ведар и пријатен, а никогаш остар. Кога би дошол на некој собир, би седел таму каде што ќе имало слободно место, така им говорел и на другите да работат. Сите луѓе подеднакво ги третирал, така да никој од тој собир не можел да забележи дека Пратеникот, а.с., се однесува кон некого поинаку или некого да преферира.
Секогаш кога некој би дошол да му побара нешто или му даде тоа што бара, во најмала рака тој му одговарал со најубав начин. Својот убав став го ширел на сите и во однесувањето им бил како татко. Тие што се собирале околу него имале чувство на вистинска рамноправност, единствено се разликувале по нивниот таквалак-богобојазност. Тие учеле како да се биде скромен, како да се има почит кон постарите, како да се биде милозлив и сочуствителен кон помладите, како да се биде разумен кон луѓето во неволја и како да се биде великодушен кон странците.

Постојат уште многу други доблести на Пратеникот, а.с., за кои ја заслужил Аллаховата пофалба во Куранот. Рекол Аллах, џ.ш.: „Навистина, ти си (Мухаммеде) со најдобар ахлак (морал).“ (Ел-Калем, 4)
Овие особини на Пратеникот, а.с., ги вклучуваат следниве активности:
Пратеникот, а.с., никогаш не барал грешки во луѓето, ниту ги истакнувал.
Никогаш не запаѓал во расправија со луѓето
Никогаш не презирал никого.
Никогаш никого не посрамотил, ниту исмејувал
Никогаш не зборувал премногу
Никогаш не се мешал во нешта и активности кои не го засегале.

Пратеникот, нека е секој мир и благослов над него, никогаш не говорел ништо освен заради Аллах (и ради Аллаховата вера), кога говорел, луѓето внимателно би го слушале. Тие говореле само тогаш кога тој ќе замолчел. Во негово присуство никогаш не се расправале. Се насмевнувале на тоа што се насмевнувал и Пратеникот, а.с. Ги чудело тоа што би го зачудело и Пратеникот, а.с.
Пратеникот, а.с., бил трпелив со странците, кои знаеле да бидат груби во своите барања или прашања (некогаш асхабите реагирале и барале од странците да бидат пољубезни во нивниот говор). Пратеникот, а.с., никогаш не го прекинувал ниту попречувал другиот додека говори, чекал се додека лицето даде знак дека завршил со својот говор.
Пратеникот, а.с., бил многу вешт во смекнувањето на срцата на луѓето и покажувањето дека всушност со убавите зборови и искрените добри дела ја освојуваме човечката љубов и восхит.
Ајша, р.а., пренесува дека Пратеникот, а.с., бил многу внимателен со лошите и зли луѓе. И покрај тоа, тој со таквите луѓе разговарал на еден убав начин и кон нив се однесувал добро, не затоа што се плашел, туку им давал пример на своите следбеници како треба да се однесуваат со насилните и опасни луѓе. Кон тие луѓе треба да се однесува на љубезен и внимателен начин за да не се разбуди злото во нив. Во една пригода, Пратеникот, а.с., и рекол на Ајша, р.а.: „Најлоши луѓе, Ајша, се тие кон кои луѓето се љубезни и кои ги избегнуваат од стравот од нивната клевета (озборување).“ (Бухари и Муслим).

Вистинските муслимани треба да го следат во стапка нивниот Пратеник, а.с., да се угледаат на неговиот начин на однесување со луѓето. Ако тие луѓе се добри, тоа ќе им помогне да ја прифатат пораката на исламот, а ако тие се лоши, оваа порака ќе ја видат во неутрална смисла, а ние ќе се сочуваме од нивното зло и штета.
Вистинските муслимани се силни во своето верување и во приврзаноста на убавото однесување, но никогаш не прифаќаат компромиси кога е во прашање нивната вера.

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот