Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 8 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 8 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
РАБОТИ КОИ ГИ РАСИПУВААТ ДОБРИТЕ ДЕЛАТА


Внимавај брате муслимане да не ги расипеш тешко спечалените дела од ибадет и слично бидејќи, знај дека не се примаат сите дела ниту се прима секоја дова. Возвишениот Аллах напоменува дека ги прима само делата на побожните (муттекун), богобојазливите. Затоа неминовно е да ги споменеме некои дела кои ги расипуваат делата. Имено верникот секогаш се плаши за својата вера, својот ибадет и добри дела, додека мунафикот секогаш е мирен и спокоен. Возвишениот Аллах вели:
إِنَّ الَّذِينَ هُمْ مِنْ خَشْيَةِ رَبِّهِمْ مُشْفِقُونَ * وَالَّذِينَ هُمْ بِآيَاتِ رَبِّهِمْ يُؤْمِنُونَ * وَالَّذِينَ هُمْ بِرَبِّهِمْ لَا يُشْرِكُونَ * وَالَّذِينَ يُؤْتُونَ مَا آتَوْا وَقُلُوبُهُمْ وَجِلَةٌ أَنَّهُمْ إِلَى رَبِّهِمْ رَاجِعُونَ * أُولَئِكَ يُسَارِعُونَ فِي الْخَيْرَاتِ وَهُمْ لَهَا سَابِقُونَ} [المؤمنون: 57 - 61].
„Да, оние кои се плашат, стравувајќи од Господарот свој,и кои, токму, веруваат во знаменијата на Господарот свој,и кои, токму, не Му здружуваат здруженик на Господарот свој,и кои даваат од даденото им, а срцата нивни се исполнети со трепет од тоа дека, навистина, ќе Му се вратат на Господарот свој... онаквите, секако, брзаат кон добрини и во тоа, токму, им претходат на другите.“ (Му’минуун, 57-61)
Се пренесува Аиша р.а. дека го прашала на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. за овој ајет: Оние кои даваат од даденото им, а нивните срца се исполнети со трепет..“ Аиша р.а. рече: „Дали се тие оние кои пијат алкохол и крадат?“ Рече: „Не, о ќерко на Сиддик, тие се оние кои постат, клањаат, делат садака и пак се плашат дека нема да им биде примено.„Онаквите, секако, брзаат кон добрини и во тоа, токму, им претходат на другите.“ (Тирмизи)




Прво: Ширк, отпадништво, неверство:
Ширкот е единствен грев кој Аллах нема да го прости по смртта освен ако сторителот се покае претходно. Ширк значи човекот да земе покрај Аллах некое божество или здруженик или нешто да смета за рамно покрај Аллах, или некој вид на ибадет да го насочи кон друг како дова, колење, заклетва... Возвишениот Аллах вели:
لَئِنْ أَشْرَكْتَ لَيَحْبَطَنَّ عَمَلُكَ وَلَتَكُونَنَّ مِنَ الْخَاسِرِين
„Ако му припишеш на Аллах здруженик, ќе ти пропаднат твоите дела и ќе бидеш од пропаднатите.“ (Зумер, 65)
Пренесува Тирмизи од Ебу Сеид ибн Ебу Фудале дека Пратеникот а.с. рекол: „Кога Аллах ќе ги збере првите и последните поколенија за денот во кој нема сомнение, ќе повика повикувач: „Кој правел ширк на Аллах во некое дело што го сработил, нека бара награда кај здруженикот, бидејќи Аллах е независен од здруженици.“




Второ: Рија – Преправање
Возвишениот Аллах вели:
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آَمَنُوا لَا تُبْطِلُوا صَدَقَاتِكُمْ بِالْمَنِّ وَالْأَذَى كَالَّذِي يُنْفِقُ مَالَهُ رِئَاءَ النَّاسِ وَلَا يُؤْمِنُ بِاللَّهِ وَالْيَوْمِ الْآَخِرِ
О верници, немојте да ги расипувате вашите садаки со приговор и вознемирување како оној што го дели своето богатство преправајќи се пред луѓето.“ (Ел-Бекаре, 264)
Пренесува Имам Ахмед од Махмуд ибн Лебид дека Пратеникот а.с. рекол: „Најповеќе што се плашам за вас е тајниот ширк! Преправање, Аллах кога ќе ги наградува луѓето според нивните дела ќе рече: Одете кај оние пред кого сте се преправале во дуњја, па видете дали ќе најдете кај нив награда.“ Во друг хадис стои: „Дали сакате да ве известам за нешто што повеќе се плашам за вас од Месих Деџџал: Таен ширк, а тоа е човек да стане да клања и го разубави својот намаз поради што го гледаат луѓето.“ (Ибн Маџе)



3. Неприфаќање на Аллаховата одредба:
Пренесува Таберани од Ебу Умаме дека Пратеникот а.с.:
ثلاثة لا يقبل الله منهم صرفاً ولا عدلاً: عاق ومنان ومكذب بالقدر
„На тројца Аллах нема да им прими ниту фарзот ниту нафилето: Непослушниот кон своите родители, приговарачот на своето дело и оној кој го негира кадерот.“


4. Спротивставување на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.


Возвишениот Аллах вели:
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آَمَنُوا لَا تَرْفَعُوا أَصْوَاتَكُمْ فَوْقَ صَوْتِ النَّبِيِّ وَلَا تَجْهَرُوا لَهُ بِالْقَوْلِ كَجَهْرِ بَعْضِكُمْ لِبَعْضٍ أَنْ تَحْبَطَ أَعْمَالُكُمْ وَأَنْتُمْ لَا تَشْعُرُونَ
„О верници, не дигајте ги гласовите ваши пред гласот на пејгамберот и не разговарајте на висок глас пред него како што зборувате на висок глас еднисодруги - зашто ќе се поништат делата ваши а тоа да не го усетите.“ (Хуџурат, 2)
Во коментарот на овој ајет се напоменува дека двајцата најизбрани асхаби Ебу Бекр и Омер р.а. го кренале гласот пред Пратеникот а.с., тогаш Аллах џ.ш. ги предупредил дека со таквиот чин може да им пропаднат нивните дела.
عن ابن أبي مليكة كاد الخيران أن يهلكا أبو بكر وعمر،
Ибн Ебу Мулејке вели: „За малку двајцата најизбрани ќе пропаднаа: Ебу Бекр и Омер.
Згора на тоа ние денес забележуваме луѓе кои го креваат гласот над Кур’анот, се чита Кур’ан, а тие разговараат, па дури и се смеат. Додека Аллах нè опоменува дека: „Слушајте го за да бидете смилувани.“

وقد كره بعض العلماء رفع الصوت عند قبره عليه السلام. وكره بعض العلماء رفع الصوت في مجالس العلماء تشريفا لهم، إذ هم ورثة الأنبياء
Имам Куртуби во својот тефсир наведува: „Некои алими сметаат дека е мекрух да се крева гласот кај гробот на Пратеникот а.с., како што сметаат дека мекрух да се крева глас во кружоците на улемата, од почит кон нив бидејќи тие се наследници на пејгамберите.“
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آَمَنُوا أَطِيعُوا اللَّهَ وَأَطِيعُوا الرَّسُولَ وَلَا تُبْطِلُوا أَعْمَالَكُمْ
„О верници, бидете покорни на Аллах и покорни на Пратеникот и немојте да ги расипувате вашите дела.“ (Мухаммед, 33)


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
Петто: Одење кај гатачи, врачари, бајачи и слично:


Пренесува Муслим и Ахмед дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол:
من أتى عرافا فسأله عن شيء لم تقبل له صلاة أربعين ليلة
„Кој ќе оди кај некој гатач и го праша за нешто нема да му се прими намазот четириесет ноќи.“
من أتى كاهنا فصدقه بما يقول أو أتى امرأة حائضاً أو أتى امرأة في دبرها فقد برئ مما أنزل على محمد
„Кој ќе оди кај гатач или врачар и му поверува во она што го кажува, или и пријде на жената додека е во месечен циклус или и пријде на жената во анален отвор, тој веќе се откажал од она што му е објавено на Мухаммед.“ (Ибн Маџе)

Шесто: Пиење на алкохол:
Пренесува Тирмизи од Ибн Омер р.а. дека Пратеникот а.с. рекол:
من شرب الخمر لم يقبل الله له صلاة أربعين صباحاً، فإن تاب تاب الله عليه
„Кој ќе пие алкохол нема да му се прими намазот четириесет утра, а ако се покае, Аллах ќе му прости.“ (Тирмизи)


Седмо: Надвисување над Возвишениот Аллах:


Пренесува Имам Муслим од Џундуб дека Пратеникот а.с. рекол: „Некој човек рекол: Валлахи, Аллах нема да му прости на Филан човек. Па Аллах рече: „Кој е тој што излегува пред мене и да тврди дека јас нема да му простам на Филан човек, јас на човекот му простив, а тебе ти ги пропаднав твоите дела.“
Кога велиме надвисување над Аллах џ.ш. мислиме на секое излегување на човекот пред Аллах џ.ш. со зборови или дела, или кажување за Аллах и Аллаховата вера без знаење, бидејќи Аллах го споил ширкот како голем грев со оние кои зборуваат за Аллах без да имаат доволно и темелно познавање.


Осмо: Искажување на радост поради гинењето на верниците:
Пренесува Ебу Давуд од Ибадет ибн Самит р.а. дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол:
من قتل مؤمناً فاغتبط بقتله لم يقبل الله منه صرفاً ولا عدلاً
„Кој ќе убие верник и се радува со неговото убиство, Аллах нема да му прими фарз или нафиле.“

Деветто: Оставање на намазот на ikindija:
Пренесува имам Бухари од Ибн Омер р.а. дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол:
الذي تفوته صلاة العصر كأنما وتر أهله وماله
„На оној што ќе му помине намазот на икиндија како да го изгубил своето семејство и богатство.“
Исто така пренесува Бухари од Бурејде р.а. дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Кој ќе го остави намазот на икиндија веќе му пропаднале неговите дела.“


Десетто: Приговарање и вознемирување:
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آَمَنُوا لَا تُبْطِلُوا صَدَقَاتِكُمْ بِالْمَنِّ وَالْأَذَى كَالَّذِي يُنْفِقُ مَالَهُ رِئَاءَ النَّاسِ وَلَا يُؤْمِنُ بِاللَّهِ وَالْيَوْمِ الْآَخِرِ
„О верници, немојте да ги расипувате вашите садаки со приговор и вознемирување...“ (Ел-Бекаре, 264)
Пренесува Бухари дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Оној кој не го остава развратниот говор и постапувањето според него, па Аллах нема потреба од него тој да го остава своето јадење и пиење.“
Кога Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. ги прашал асхабите за кого сметаат меѓу нив дека е губитник или банкрот. Тие одговориле дека банкрот меѓу нив е оној кој нема ниту динар ниту дирхем. "Губитник од мојот уммет е оној кој ќе дојде на Судниот ден со намаз, зекат, пост, а во меѓувреме го опцул овој, го оклеветил овој, му одзел имот на овој, му узурпирал имот на овој, го удрил овој.. Па ќе му се даде на овој од неговите добри дела, и на овој од неговите добри дела; па ако му завршат добрите дела пред да исплати што е должен, се земаат нивните гревови и му се товарат нему, потоа ќе биде фрлен во Оган." (Муслим)

Хатиб: Ариф еф. Рамадани

islamski-centar.org


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот