Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 8 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 8 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
ШИРК- ПРИПИШУВАЊЕ ЗДРУЖЕНИК РАМЕН НА АЛЛАХ Џ.Ш.


Тој спаѓа во најголемите забранети работи, воопшто, поради хадисот на Ебу Бекрете дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол:

“Дали да ве известам за најголемите гревови (три пати)!” Рекоа: “Секако, Аллахов Пратенику!” Рече: “Припишување здруженик рамен на Аллах џ.ш.” (Муттефекун алејхи)

Секој грев можно е Аллах џ.ш. да го прости освен ширкот за кого неминовно е посебно покајание. Возвишениот Аллах рекол:

“Аллах, навистина, нема да прости да Му се здружува здруженик, а сé, освен ова, простува кому сака..” (Ен-Ниса, 48)

Еден од видовите на ширкот е големиот ширк, поради кого човекот излегува од вера и неговиот сторителот ќе биде вечно во оган ако умре без покајание.
Еве неколку проширени форми на ширк во многу исламски средини:


- Обожавање на гробови и верување дека умрените евлии можат да помогнуваат при потреба, да отстрануваат маки, барање помош од нив. Возвишениот Аллах рекол:

“Аллах одредил само Него да го обожавате..” (Ел-Исра, 23)

Забрането е и молење на умрените пејгамбери, добри луѓе или други за заземање или ослободување од тешкотии. Возвишениот Аллах вели:



“Оној кој ќе му се оѕвие на искушаниот кога овој ќе го повика..” (Ен-Немл, 62)

Некои луѓе го земаат името на некој шејх или евлија како секојдневна навика и обичај кога ќе седнат и станат, па секогаш кога ќе падне во мака или несреќа овој го повикува: О Мухаммед, О Али, О Хасен, О Бедеви, О Џејлани, О Шазили, О Рифаи, О Идрис, О Зејнеб. А Возвишениот Аллах вели:

“Оние кон кои молба упатувате, а не кон Аллах, се робови сли-чни вам, навистина!” (Ел-‘Араф, 194)

Некои обожувачи на гробови кружат околу нив, се поклонуваат пред нив, ги допираат, ги бакнуваат, фрлаат прашина од земјата на гробот, им прават сеџде, стојат пред нив понизно барајќи помош за своите маки и потреби, како лекување на болни, или добивање на дете, олеснување на работи. Можеби, некој од нив го повикува закопаниот во гроб: О господине, дојдов кај тебе од далеку па немој да ме изневериш. А Возвишениот Аллах рекол:

“Кој повеќе скршнал од оној кој повикува друг бог освен Аллах, кој не може да му се оѕвие на Денот суден и тие, освен Аллах, рамнодушни се кон молбите нивни.” (Ел-Ахкаф, 5)

А Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол:

“Кој ќе умре а тој се молел на друго божество освен Аллах, ќе влезе во Оган.” (Бухари)

Некои луѓе ги бричат своите глави покрај гробови, некој од нив напишал книга
“Прописи за хаџ кај гробовите”. Некои мислат дека некои побожни луѓе (евлии) имаат моќ да управуваат со вселената и дека имаа можност да донесат корист или штета.

Возвишениот Аллах рекол:

“Ако Аллах ти даде неволја некаква, па, оваа не може да ја отстрани никој друг освен Него, а ако, пак, ти посака од добрината Своја, тогаш, никој не може да и се справи.” (Јунус, 107)

Исто така, во категоријата на ширк спаѓа и давање завет на друг покрај Аллах, како што некои даваат завет дека ќе запалат свеќи или сијалици за закопаните во гробот.

- Од формите на голем ширк е принесување жртва за некој друг освен Аллах.

Возвишениот Аллах рекол:

“Затоа ти клањај му се на Твојот Господар и коли курбан.” (Ел-Кевсер, 2)

Значи, коли курбан за Аллах и во име на Аллах. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол:

“Проколнат да е оној кој коле курбан за друг освен Аллах.” (Муслим)

Можно е кај еден курбан (жртва) да се најдат две забранети работи; колење за друг покрај Аллах и колење во друго име не Аллахово, а двете работи се пречка за јадење на таквото месо. Од видовите на паганско принесување на жртва, денес е присутно “колење за џинни”. Арапите во паганско време кога сакале да купат куќа или да изградат или да ископаат бунар ќе принесле жртва кај нив или на прагот стравувајќи од злото на џинните.

- Од примерите на голем ширк е дозволување на работи кои Аллах џ.ш. ги забранил или забранување на работи кои Аллах ги дозволил или верување дека некој друг освен Аллах има такво право, или одење на суд пред паганските судови или прифаќање на нивните закони со задоволство. А

Севишниот Аллах спомнал дека тоа е големо неверство:

“Ги земаат нивните свештеници и нивните калуѓери за господари покрај Аллах.” (Ет-Тевбе, 31)

Кога Адиј ибн Хатим го слушнал Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. како ги цитира овие ајети му рече:

“Тие не ги сметале како божества нив.
” Пратеникот а.с. одговорил: “Да, меѓутоа, тие им дозволувале она што Аллах го забранил и тие го сметале за дозволено и им забранувале она што Аллах го дозволил и тие го сметале за забрането, па тоа е нивно обожавање кон нив.” (Тирмизи, Бејхеки-хасен)


Возвишениот Аллах ги опишал многубошците:

“И кои не го забрануваат она што го забранија Аллах и пејгамберот Негов, и кои не ја застапуваат вистинската вера.” (Ет-Тевбе, 29)

Исто така, Аллах рекол:

“Кажи: “Што мислите за она што ви го објави Аллах, за ‘рскот. А, вие од него направивте и халал и харам.” Кажи: “Аллах ви дозволи или, пак, врз Него лага фрлате?” (Јунус, 59)


- Од раширените видови на ширк спаѓа: магија, волшебство и гатање:
Што се однесува до магијата-сихрот тоа е невернички чин и спаѓа во седумте уништувачки гревови. Човекот со него носи само штета, а не корист.

Возвишениот Аллах вели:

“И поучуваа она што штета им донесува а корист не им донесува.” (Ел-Бекаре, 102)

Исто така, Аллах вели:

“А волшебникот не ќе успее и каде било да се најде!” (Таха, 69)

Оној што се занимава со магија тој е неверник:

“И го следеа она што го кажуваа шејтаните во време на владеењето на Сулејман, а Сулејман, пак, не беше неверник, туку шејтаните не веруваа, поучувајќи ги луѓето со волшебништво и со тоа што им беше објавено во Вавилон на двата мелека, Харут и Марут, кои никого не поучуваа сé додека не речеа: “Да, ние само безредие сееме! Па, немој да бидеш неверник!” (Ел-Бекаре, 102)

Казна за волшебникот е убиство, а неговата заработувачка е валкан харам. Незнајковците, зулумќарите и слабоверните одат кај волше-бниците да им се прави магија за да им нанесат неправда и да им се одмаздат на противниците. Некој паѓа во грев и забрана кога се приклонува кај сихирбазите за уништување на магија, иако нивна строга должност е да се приклонат на Аллах џ.ш. и да се лекуваат со Неговите зборови заштитни дови и сл.



Последната промена е направена од Muaz ibn Abdurahman на Сре 23 Мар 2011, 4:18 pm. Мислењето е променето 4 пати.


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
Што се однесува до гатачот и претскажувачот, двајцата спаѓаат во групата на неверници во Аллаховата вера поради нивното тврдење дека имаа познавање за невидливите работи, а невидливиот свет го знае само Аллах џ.ш. Многумина од нив користат разни методи да приграбуваат имот од луѓето како црти на песок, читање на дланка, гледање во шолја на кафе, гледање во кристална топка и слично. Ако еднаш погодат, девеесет и девет пати ќе излажат. Меѓутоа, немарните не се опаметуваат освен оној пат кога тие астролози им погодиле, па пак одат кај нив да ја дознаат нивната иднина од среќа и несреќа во бракот или трговија, барање за изгубените работи и слично. Имено, оној што оди кај нив и им поверува во нивните кажувања, тој е неверник-кафир кој излегува од верата. Доказ за тоа се зборовите на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.:

“Кој ќе оди кај гатачот или претскажувачот и му поверува во она што му го кажал, веќе го негирал она што му е објавено на Мухаммед а.с.” (Ахмед-сахих)

Додека, оној што оди кај нив без да им верува дека тие знаат за невидливите работи, туку оди само за искуство и слично, тој не е неверник, меѓутоа нему не му се прима намазот четириесет дена. Доказ за тоа се зборовите на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.:

“Кој ќе оди кај претскажувачот и го праша за нешто, нема да му биде примен намазот четириесет ноќи.” (Муслим)

Иако тој е должен да клања и да направи тевбе-покајување.


- Верување дека ѕвездите имаат влијание во настаните и во живеењето на луѓето:

Зејд ибн Халид Ел-Џухени вели:

“Клањаше Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. сабах-намаз со нас во Худејбија. Кога исклања се сврте кон луѓето и рече: “дали знаете што рече вашиот Господар?” Рекоа:

“Аллах и Неговиот пратеник најдобро знаат!” Рече: “Некои од Моите робови се разденија како верник а некои како неверник. Оној што рекол паднал дожд со Аллахова заслуга и милост, тој е верник во мене а неверник во ѕвездата, а оној што рекол паднал дожд поради таа и таа ѕвезда, тој е неверник во мене а верник во ѕвездата.” (Бухари)


Во овој вид на забрана влегува верување во хороскопи на разни списанија и весници, па ако верува дека сето тоа се случува поради влијание на некоја ѕвезда, тој е полетеист, а ако ги чита заради утеха тој е грешник, бидејќи не се дозволува барање утеха во читање на ширк. Згора на тоа, шејтанот може да го поттикне да верува во нив, па така тие ќе станат средство за ширк.

Во ширк спаѓа верување дека некои работи носат корист, а истите Аллах џ.ш. ги забранил како на пример да верува некој дека амајлиите, неверничките записи и други видови на зрнца, метали, предмети кои сихирбазите и гатачите ги предлагаат, или верување во некои работи кои се бесат на децата за спречување на урок, или ги бесат во нивните автомобили, куќи, или ставаат прстени со разни бисери верувајќи дека тие носат среќа. Сето ова се противи со потпирање на Аллах џ.ш. и на човекот не му зголемуваат ништо друго освен страв. Тоа спаѓа во лекување со харам. Во многуте амајлии и записи има отворен ширк и барање помош од џинни и шејтани или непознати симболи или неразбирлив ракопис. Некои гатачи пишуваат дел на курански ајети и потоа ги мешаат со други безбожни реченици. Некои од нив пишуваат курански ајети со нечистотии како крв од менструации. Сé што спомнавме, да се беси и става на себе, е харам поради зборовите на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. кој рекол:

“Кој ќе обеси амајлија, веќе починил ширк.” (Ахмед-сахих).

Оној што ги прави таквите работи и верува дека тие користат или штетат самите по себе, без Аллахова волја и одредба, тој е мушрик од прв степен, додека ако верува дека тие можат да бидат причина за штета или корист, а Аллах не ги направил причина за штета и корист, тогаш тој е мушрик со мал ширк. Овој влегува во оној вид на ширк “Ширкул-есбаб” (Ширк од причина).
- Дволичност (преправање) во ибадетите:

Од условите за примање на доброто дело е делото да биде искрено и чисто од дволичност, наведено во традицијата на Пратеникот а.с. Додека оној кој прави некаков ибадет со цел да го видат луѓето, тој е голем грешник и делото му е отфрлено како оној што клања за да го видат луѓето.
Возвишениот Аллах вели

“Дволичните, навистина, настојуваат да го измамат Аллаха, но Аллах нив ги мами. И кога се исправаат намаз да извршат се исправаат мрзливо само заради тоа да ги гледаат луѓето, а Аллаха само малку го споменуваат.” (Ен-Ниса, 142)

Исто така, ако прави некое дело за да се прошири веста меѓу луѓето и слуша неговото дело и тогаш паднал во ширк. Се наведува строга опомена за оној кој постапува така како што се наведува во хадисот на Ибн Аббас р.а.:

“Кој се преправа, Аллах ќе му врати, а кој пред другите се фали, Аллах ќе го осрамоти.” (Муслим)

Исто така, оној кој ќе направи некаков ибадет и за Аллах џ.ш. и за луѓето, неговото дело ќе биде отфрлено како што се наведува во хадис кудси:

“Јас сум најнезависен од здруженик. Кој ќе направи некое дело припишувајќи ми Мене здруженик, ќе го препуштам на оној на кого Ми припишал.” (Муслим)

Додека оној кој ќе започне дело искрено за Аллах џ.ш. и потоа му попречи дволичност, па ако и се спротивстави и се потруди да ја отфрли, неговото дело се смета за исправно, додека ако се помири со дволичноста тогаш повеќето алими сметаат дека делото му е безвредно.

Запоставени Шеријатски Забрани
Мухаммед Салих ел-Мунеџуд


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Monoteizam

avatar
Редовен член
Редовен член
ЏезакАллаху кхајрен Муаз.

Само ќе го надополнам ова што си го започнал.

Ширкот се дели на три врсти: Голем, Мал и Скриен.

Прва врста: Голем ширк. Оваа врста на ширк, Аллах нема да ја опрости и не му вредат добрите дела на оние кои ја прават оваа врста на ширк.

Кажува Возвишениот:

“Аллах, навистнна нема да опрости да му се припише здруженик, а ќе опрости, кому сака, се друго освен тоа. Оној кој му препишува здруженик на Аллах веќе паднал во заблуда далечна.“ (Ен Ниса 116)

И кажува Возвишениот:

“Сосем не веруваа оние кои зборуваа: “Аллах, навистина, е Месих, синот на Мерјем.“ А Месих зборуваше: “О синови Израилови обожавајте го Аллах Господарот мој и Господарот ваш! На оној кој ќе Му препише здруженик, Аллах му го забрани Џеннетот и престојувалиштето негово е огнот! Зулуќарите немаат подружници никакви!“ (Ел Маиде 72)

И кажува:

“И Ние ќе пристапиме кон делата нивни и пепел и прав ќе ги направиме.“ (Ел Фуркан 23)

И кажува Силниот:

“Објавено ми е, секако, она што е објавено и на оние пред тебе: “Ако бидеш многубожец сигурно ќе ти пропаднат делата твои и сигурно ќе бидеш меѓу страдалниците.“ Ете, ова е Аллаховиот Патоказ со кој Он, со посак Свој, упатува од робовите Свои. А да Му припишеше здруженик, секако, ќе им пропаднеше она што го работеа.“ (Ел Ен’Ам 88)

Ширк во Дова.

Кажува Возвишениот Аллах:

“Кога ќе се качат во чамецот го повикуваат на Аллах чисто, исповедувајќи ја верата, и бидејќи ќе ги избави на копно, ете, здруженик Му препишуваат.“ (Ел Анкебут 65)

Ширк во Намера (Нијет).

Кажува Возвишениот Аллах:

“Оние кои го сакаат животот на овој свет и украсот Ние ќе им ги надополниме постапките нивни во него и оние, туку не ќе бидат, токму, прикратени. Оние за кои на Ахирет ќе има само казна. Таму ќе им пропадне она што го изградија и ќе им биде ништожно она што го работеа.“ (Худ 15 – 16)

Ширк во Покорност.

Кажува Возвишениот:

“Ги земаат нивните свештеници и нивните калуѓери за Господари покрај Аллах, а и на Иса, синот на Мерјем. Им беше наредено да обожаваат само еден Бог. Нема друг бог освен Него! Славен нека е Он, над она што му го зборуваат.“ (Ет Тевба 31)

Коментарот на овој ајет кој не остава недвосмислици гласи, се однесува на покорувањето на учените и побожните во нивното грешење, а не да им се упатува дова. Така ајетот го протолкувал Посланик саллаллаху алејхи ве селлем на Адиј ибн Хатим кога рекол, Ние не ги обожававме!? Посланикот му рекол дека нивниот ибадет се согледува во покорноста во нивниот грев.

Ширк во љубов.

Кажува Возвишенит Аллах:

“Меѓу луѓето има и такви кои, покрај Аллах, прифатија други здруженици (кумири), љубејќи ги како што се љуби Аллах. А оние кои веруваат поцврсто го љубат на Аллах. И кога зулуќарите би виделе, а бидејчи казната ќе ја видат. Колкава е само моќта која Нему му припаѓа! А Аллах, навистина, е Силен Казнувач.“ (Ел Бекаре 165)

Втора врста. Мал ширк претворување (Рија)

Кажува Возвишениот:

“Кажи, Јас сум, навистина, човек сличен вам. Мисе објавува дека вашиот Бог е еден Бог. Па, оној кој се надева во средбата со Господарот свој, нека работи добро, и во обожувањето нека не му здружува на Господарот свој никого!“ (Ел Кехф 110)

Трета врста. Скриен ширк.

Доказ за оваа врста на ширк е хадисот: “Ширкот во овој уммет е повеќе скриен од црна мрава на црн камен во темна ноќ.“

Откуп за оваа врста на ширк е спомената во дова пренесена од Посланикот саллаллаху алејхи ве селлем: “ Аллахуме инни еузу бике ен ушрике бике шејјен ене алем, ве сетагфируке мин ез – зехеби еллези ла алем.“ (Аллаху мој ти се приклонувам од ширкот кој го знам, а опрости ми ги гревовите кои ги правам а незнам)“

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
Monoteizam напиша:ЏезакАллаху кхајрен Муаз.

Само ќе го надополнам ова што си го започнал.

Ширкот се дели на три врсти: Голем, Мал и Скриен.

Прва врста: Голем ширк. Оваа врста на ширк, Аллах нема да ја опрости и не му вредат добрите дела на оние кои ја прават оваа врста на ширк.

Кажува Возвишениот:

“Аллах, навистнна нема да опрости да му се припише здруженик, а ќе опрости, кому сака, се друго освен тоа. Оној кој му препишува здруженик на Аллах веќе паднал во заблуда далечна.“ (Ен Ниса 116)

И кажува Возвишениот:

“Сосем не веруваа оние кои зборуваа: “Аллах, навистина, е Месих, синот на Мерјем.“ А Месих зборуваше: “О синови Израилови обожавајте го Аллах Господарот мој и Господарот ваш! На оној кој ќе Му препише здруженик, Аллах му го забрани Џеннетот и престојувалиштето негово е огнот! Зулуќарите немаат подружници никакви!“ (Ел Маиде 72)

И кажува:

“И Ние ќе пристапиме кон делата нивни и пепел и прав ќе ги направиме.“ (Ел Фуркан 23)

И кажува Силниот:

“Објавено ми е, секако, она што е објавено и на оние пред тебе: “Ако бидеш многубожец сигурно ќе ти пропаднат делата твои и сигурно ќе бидеш меѓу страдалниците.“ Ете, ова е Аллаховиот Патоказ со кој Он, со посак Свој, упатува од робовите Свои. А да Му припишеше здруженик, секако, ќе им пропаднеше она што го работеа.“ (Ел Ен’Ам 88)

Ширк во Дова.

Кажува Возвишениот Аллах:

“Кога ќе се качат во чамецот го повикуваат на Аллах чисто, исповедувајќи ја верата, и бидејќи ќе ги избави на копно, ете, здруженик Му препишуваат.“ (Ел Анкебут 65)

Ширк во Намера (Нијет).

Кажува Возвишениот Аллах:

“Оние кои го сакаат животот на овој свет и украсот Ние ќе им ги надополниме постапките нивни во него и оние, туку не ќе бидат, токму, прикратени. Оние за кои на Ахирет ќе има само казна. Таму ќе им пропадне она што го изградија и ќе им биде ништожно она што го работеа.“ (Худ 15 – 16)

Ширк во Покорност.

Кажува Возвишениот:

“Ги земаат нивните свештеници и нивните калуѓери за Господари покрај Аллах, а и на Иса, синот на Мерјем. Им беше наредено да обожаваат само еден Бог. Нема друг бог освен Него! Славен нека е Он, над она што му го зборуваат.“ (Ет Тевба 31)

Коментарот на овој ајет кој не остава недвосмислици гласи, се однесува на покорувањето на учените и побожните во нивното грешење, а не да им се упатува дова. Така ајетот го протолкувал Посланик саллаллаху алејхи ве селлем на Адиј ибн Хатим кога рекол, Ние не ги обожававме!? Посланикот му рекол дека нивниот ибадет се согледува во покорноста во нивниот грев.

Ширк во љубов.

Кажува Возвишенит Аллах:

“Меѓу луѓето има и такви кои, покрај Аллах, прифатија други здруженици (кумири), љубејќи ги како што се љуби Аллах. А оние кои веруваат поцврсто го љубат на Аллах. И кога зулуќарите би виделе, а бидејчи казната ќе ја видат. Колкава е само моќта која Нему му припаѓа! А Аллах, навистина, е Силен Казнувач.“ (Ел Бекаре 165)

Втора врста. Мал ширк претворување (Рија)

Кажува Возвишениот:

“Кажи, Јас сум, навистина, човек сличен вам. Мисе објавува дека вашиот Бог е еден Бог. Па, оној кој се надева во средбата со Господарот свој, нека работи добро, и во обожувањето нека не му здружува на Господарот свој никого!“ (Ел Кехф 110)

Трета врста. Скриен ширк.

Доказ за оваа врста на ширк е хадисот: “Ширкот во овој уммет е повеќе скриен од црна мрава на црн камен во темна ноќ.“

Откуп за оваа врста на ширк е спомената во дова пренесена од Посланикот саллаллаху алејхи ве селлем: “ Аллахуме инни еузу бике ен ушрике бике шејјен ене алем, ве сетагфируке мин ез – зехеби еллези ла алем.“ (Аллаху мој ти се приклонувам од ширкот кој го знам, а опрости ми ги гревовите кои ги правам а незнам)“

ЏезакАллаху кхајрен Аллах да те награди за надополнувањето иншАллах Да се пазиме од овие работи.
иншАллах Аллах да не сочува од пропишување на ширк.


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Келиметул-Хакк

avatar
Талиб
Талиб
АллахуЕкбер!!!АллахуЕкбер!!!АллахуЕкбер!!!

БаракАллаху фикум за ваквите постови!!
Господару мој заштити не од Ширкот, ако сме го направиле отвори ги нашите гради да го спознаеме за да би направиле Тевба, затоа што без Тевба ние ќе бидеме изгубени и на овој и на идниот свет!!
Аллахумме амин ја Рабб!!!

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор

ШИРКОТ Е НАЈГОЛЕМАТА НЕПРАВДА



Од Абдуллах б. Абас, р.а., се пренесува дека Пратеникот, а.с., рекол: „Правото на Аллах кај Неговите робови е да Го обожуваат и ништо како здруженик да не му припишуваат.“ (Мутеффекун алејхи) Правото на Возвишениот Аллах е највеличественото и најважното право, и тоа се заснова на две големи основи:

Првата е: Чинење ибадет само Нему, Едниот. А ибадет е заедничко име за сето она што Возвишениот Аллах го сака и е задоволен од зборовите и делата и јавни и тајни. Така, намазот (молитвата), зекатот, постот, хаџот, вистинитиот говор, извршувањето на аманетот, доброчинството кон родителите, одржувањето на роднинските врски, исполнувањето на договореното, наредувањето на добро, одвраќањето од лошо, борбата против неверниците и мунафиците (дволичните), добротворството кон соседот, сиракот, сиромашниот, патникот, луѓето и животните, довата, зикрот, читањето на Куранот и слични дела се сметаат за ибадет.

Исто така, љубовта кон Аллах, Неговиот Пратеник, стравот од Аллах, каењето Нему, искреноста, трпението над Неговата пресуда, благодарноста на Неговите благодати, задоволството со Неговата одредба, потпирањето на Него, надежта во Неговата милост, стравот од Неговата казна и слично, се вбројуваат во ибадет.
Само со ибадетот може да се постигне Неговото задоволство и ибадетот е причината поради која ги создал сите суштества, како што вели Возвишениот: „Џинните и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (превод на значење Ез Заријат, 56) Со цел да Му се прави ибадет само Нему Едниот, Аллах, џ.ш., ги испраќал сите Свои пратеници, нека е мирот над нив, како што е наведено во Неговите зборови: „Ние на секој народ Пратеник му испративме: „Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот!“ И меѓу нив имаше од тие на кои Аллах на Вистинскиот пат им укажал, а и од тие што заслужиле да останат во заблуда.“ (превод на значење Ен Нахл, 36)
Прекорувајќи ги оние кои се вообразени и не сакаат да Му чинат ибадет, Возишениот Аллах, вели: „Тие што од вообразеност не сакаат да Ме обожуваат – сигурно понижени ќе влезат во џехеннем.“ (превод на значење Ел Мумин, 60)

Оттука и целата вера влегува под поимот ибадет (обожување). Така, во веродостојниот хадис, каде се пренесува дека, Пратеникот, а.с., кога му дошол Џибрил во форма на бедуин и го прашал за исламот, му одговорил:„Исламот е да сведочиш дека не постои друг бог освен Аллах, и дека Мухаммед е Аллахов Пратеник, и да извршуваш намаз, да даваш зекат, да постиш во рамазан, и извршиш хаџ ако си во можност.“ Потоа го прашал: А што е иман? Пратеникот, а.с., рекол: „Да веруваш во Аллах, во Неговите мелеци, книги, пратеници, проживувањето по смртта, и да веруваш во кадер – Неговото одредување на доброто и злото.“
Потоа Џибрил прашал: А што е тоа ихсан – добротворство? Пратеникот, а.с., рекол: „Да го обожуваш Аллах како да Го гледаш, бидејќи ако ти Него не го гледаш, Тој навистина тебе те гледа.“ Сите наведени детали, Пратеникот, а.с., ги сметал за работи од верата, а самата вера содржи значење на понизност, покорност и послушност. Оттука е и значењето на Алаховата вера за обожување на Аллах, покорност кон Него и понизност Нему. А ибадетот кој ни е нареден покрај понизноста содржи и значење на потполна љубов. Да се обожува Аллах така значи да се постигне врвноста на понизност и љубов кон Аллах, субханеху ве теала.

Втората основа на Аллаховото право кај Неговите робови е: Да не му прават ширк. А ширк е здружување придружник на Аллах во Неговата моќ и божественост. Во повеќето случаи ширк на Аллах во Неговата божественост (илахијет) бива, со молење на некој друг покрај Аллах или со упатување поедини видови ибадети некому друг покрај Аллах, како: колење, завет, страв, надеж и љубов. Ширкот е најголемиот грев, и тоа поради следниве работи:

• Затоа што ширкот претставува истоветување на суштествата со Создателот во божествените особини, па така оној што на Аллах му придружи некого, тој веќе го споредил со Аллах , а тоа е голем зулум – неправда. Вели Возвишениот: „Ширкот е, навистина голема неправда.“ (превод на значење Лукман, 13) Зулумот е да се стават некои работи на погрешно место, затоа оној што обожува нешто покрај Аллах, тој го ставил неговиот ибадет на погрешно место и го упатил кон оној кој не го заслужува, а тоа е најголемата неправда.

• Возвишениот Аллах нè известува дека нема да го прости ширкот на оној што не се покае од него. Вели Возвишениот: „Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува, а ќе прости сe освен тоа кому Тој сака! А тој што на Аллах Му припишува здруженик, тој прави клевета и голем грев.“ (превод на значење Ен Ниса, 48)

• Возвишениот Аллах нè известил дека Му го забранил џеннетот на оној што направи ширк, и дека таквиот вечно ќе престојува во џехеннемот. Вели Возвишениот: „Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во џеннетот и неговото живеалиште ќе биде џехеннемот; а на злосторниците нема никој да им помогне!“ (превод на значење Ел-Маида, 72)

• Затоа што ширкот ги уништува сите дела. Вели Возвишениот: „А да Му припишуваа здруженик, сигурно ќе им пропаднеше тоа што го правеа.“(превод на значење Ел Енам, 88)

• Затоа што ширкот е најголемиот грев. Пратеникот, а.с., рекол: „Сакате ли да ве известам за најголемиот грев? Рековме: ’Секако, Аллахов пратенику’, ’Правењето ширк на Аллах, и непослушноста кон родителите... ’“(Муттефекун алејхи)

• Затоа што ширкот е недостаток и маана која Аллах ја негирал од Себе, па оној што му придружи здруженик, тој му припишал нешто што Тој самиот го негирал, а тоа е краен предизвик и противење на Возвишениот Аллах.
Постојат два вида на ширк: Голем ширк, кој човекот го вади од верата и го носи вечно во огнот доколку умре и не се покае, а тоа е чинењето ибадет на некој друг освен Аллах, како чинењето дова на друг освен Аллах, приближување со колење, завет на некој друг покрај Аллах како гроб, џин или шејтан. Исто така, стравот од умрените, џинните, шејтаните, да нанесат некаква штета или болест, и надеж во некој друг освен Аллах во она што само Аллах е моќен, како исполнувањето на желби и отстранувањето неволји, што е практика денес околу турбињата направени врз гробовите на евлии, побожни и добри луѓе. Вели Возвишениот Аллах: „Тие, покрај Аллах, ги обожуваат тие кои не можат да им наштетат ниту пак можат каква било корист да им донесат, и велат: „Ова се нашите заземачи кај Аллах.“(Превод на значење Јунус, 18)

Вториот вид на ширк е: Малиот ширк, тој сторителот не го вади од верата, но го нарушува теухидот, и се брои во средствата кои водат до голем ширк.
Малиот ширк се дели на два вида:
• Јасен и видлив ширк, а се однесува на изразите и постапките. Што се однесува до изразите, како колнењето во нешто друго освен Аллах. Пратеникот, а.с., рекол: „Кој се заколне во нешто друго освен Аллах, направил куфр и ширк.“ (Го бележи Тирмизи и вели дека е хасен, а Хаким смета дека е сахих). Исто така, и кога еден човек рекол: „Она што Аллах го сака и она што ти сакаш.“ Пратеникот, а.с., рекол: „Зарем ме правиш рамен со Аллах, кажи она што Аллах Едниот го сака.“ (Бележи Несаи) А правилно е да се каже дека бидува она што Аллах сака, а потоа што сака тој и тој, или тоа и тоа, така што желбата на робот ја следи волјата на Аллах, како што вели Возвишениот: „а вие не можете ништо да сакате, ако тоа Аллах, Господарот на световите, не го сака!“ (Превод на значење Ет Теквир, 29)

Што се однесува до постапките, се однесува на носењето алки или конци на себе, со намера за отстранување или сузбивање на некој проблем, како носењето амајлии и талисмани од страв од урокливи очи или слично. Ако тие алки, конци и амајлии се сметаат само како средства за отстранување на проблемот или негово сузбивање, тогаш тоа се смета за мал ширк, бидејќи Аллах тоа не го направил причина. Меѓутоа, ако некој смета дека тоа самото по себе отстранува или сузбива проблем, тогаш тоа е голем ширк, бидејќи тој се врзал за нешто друго освен Аллах, џ.ш.

• Скриен ширк, а тоа е ширкот во намерите и ниетите, како рија’а – претворањето и желбата за докажување и пофалби. На пример, кога човекот прави дело со кое се приближува до Аллах, сакајќи со тоа луѓето да го пофалат, како кога го разубавува намазот, или кога дели садака да биде пофалуван или споменуван, или гласно да изговара зикр, или го разубавува гласот при учењето Куран за да го слушнат луѓето па да го пофалат и спомнуваат. Но, ако претварањето се помеша со делото тоа го расипува. Вели Возвишениот: „Па кој се надева на средба со Господарот свој, нека прави добри дела и во обожувањето на Господарот свој нека не Му припишува здруженик.“ (превод на значење Ел Кехф, 110) Пратеникот, а.с., рекол: „Најмногу се плашам за вас од малиот ширк.“Го прашаа: „Аллахов Пратенику, а што е тоа мал ширк?“ Одговорил: „Рија – претварање“ (Бележат Ахмед и Тирмизи). Истотака во мал ширк спаѓа и правењето дела поради дуњалучки надоместок, како оној што изврши аџилак, или учи езан, или ги предводи луѓето во намаз за пари, или оној што учи шеријатско знаење за пари. Пратеникот, а.с., рекол:„Пропаднал робот на златото и среброто.“


Превземено од: Џемат сабах

Превод и обработка: Џемал Ибн Ибрахим


Форум исламски центар


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот