Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 8 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 8 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

LAUTKA

avatar
Модератор
Модератор
ПРОШТАЛНА ХУДБА НА ПРАТЕКИКОТ с.а.в.с

ГОВОРОТ Е ЗАЧУВАН ВО ОРГИНАЛНА ФОРМА..
“Благодарноста му припаѓа на Аллах, Тебе те фалиме и од тебе помош молиме... Слушнете, се убаво да ви објаснам, затоа што незнам дали повеќе ќе доаѓам овде.
О правоверни, плашете се од Аллах и бидете хумани и праведни помеѓу себе и спрема другите. Луѓе, вашите животи и вашите имоти и вашата чест некави бидатсвети и неприкосновени како што за сите нас е световој месец, денешниот дени местото Арефатна кое се наоѓаме, се додека не се состанете со вашиот Господар.
Чувајте ја и со почит ценете ја вредноста и човечкото достоинство.
Човекот е Божје дело и нека е проклет оној кој тоа го руши. Ние сите ќе дојдеме пред Бога и Тој ќе не праша за нашите дела и за нашата работа. Работите кои ви се дадени на аманет чувајте ги како свои сопсвени, и вратете ги верно навреме на оние чии што се.
Крвната освета и лихварството од паганските времиња нека престанат
засекогаш. Бог ја дозволи чесната трговија и на главнината имате право,
а лихварството ви е забрането.

Немој да бидете ниту угнетувачи, ниту угнетени!
Лихварските
камати и крвната освета не постојат повеќе ниту кај еден вистински
муслиман. Бог нареди повеќе да нема камата, а прва од која што се
одрекувам нека биде онаа на мојот чичко Аббас ибн Абдул – Муталиб кој
имаше многу должници...

О
верници, плашете се од Аллах и простете им ги на своите должници
лихварските камати. Ако го послушате мојот совет, вашиот имот ќе се
зголеми, затоа што ви останува главнината за чесна работа и трговина.
Ако не го направите тоа, да знаете дека тешко сте се замериле со Аллах и
Неговиот Пратеник.

Немојте
да правите неправда на друг па и вам ќе ви биде добро. Ако вашиот
должник е во неволја продолжете му го рокот на плаќање, а ако сте во
можност да му го простите долгот, тоа е уште поубаво. Плашете се од
оној ден кога сите ќе дојдете пред Бога и каде што Тој е врховен судија
и апсолутна правда.

О
верници, кога се обврзувате дека еден на друг долгот ќе му го платите
на време и кога воопшто правите договори, ставете го тоа написмено,
точно и верно, така како што сте се договориле. За секој договор било
мал или голем , направете написмено и означете го рокот на плаќање.
Овие мерки на претпазливост пред Бог се најоправдани, и тоа е
најсигурното доказно сретство да се избегне секое недоразбирање и
сомнеж.

О
смртници, плашете се од Бог кој ве створи по ист животен принцип,
човек и жена од кои се размножи човештвото. Плашете се од Бог, од Кој
сите помош барате и почитувајте ги крвните врски.

Верно
исполувајте ги должностите кои постојат помеѓу мазот и жената, помеѓу
родителите и децата. Детето го стекнува Џеннетот под нозете на мајката.

Чувајте се од прељуба и љубомора; првото е тежок грев, а второто води кон несреќа во бракот.
Женете
се со оние кои ги сакате, а кога Божјата волја ве соединила тоагаш
живеете во љубов и склад. Вие имате право на вашите жени и тие на вас.
Со жените постапувајте љубезно и со полно добрина.

Избегнувајте
го озборувањето! Оние кои ги клеветат чесните жени нека се проклети на
двата света. Оние кој ќе ги обвинат чесните жени поради неверство во
бракот или поради неморал а неможат за тоа да донесат четири
веродостојни сведоци, казнете ги со осумдесет удари со бич и никогаш за
ништо не им верувајте, затоа што тоа се лоши и злобни луѓе.

Ако
кон вашите жени почуствувате мала одвратност, немојте да избрзувате,
помислете, можеби Бог во тоа ви укажува на поголема среќа. Немојте да
барате развод на брак без битни причини, затоа што од сите работи кои
ги дозволил, Бог најмногу го мрази разводот на бракот. Жените ви се
предале на верата Божја, почитувајте го значи аманетот Божји.

О
верници, кога ќе го одредувате и помеѓу вас го делите наслетсвото
бидете строги и праведни и држете се за Аллаховите прописи. Не ви е
значи дозволено да направите тестамент во нечија корист, а на штета на
законските наследници. А тестаменот во корист на некоја туѓа личност не
смее да
преминува третина од вкупното наследство.
Чувајте
ги имотите на малолетните, немоќните и слабоумните. Немојте да ги
користите нивните имоти за да ги зголемите вашите. Тоа би било тежок
грев.

Детото
му припаѓа на брачниот другар, а прељубата се каменува. Кој бара друг
татко освен својот, кој бара друг господар освен својот, проклет нека
биде од Аллах, мелеците и сите луѓе.

Нека мирот биде меѓу вас. Ја разбравте пораката, о луѓе! Бог нека ми биде сведок!
Шејтанот
– сатаната нема веќе надежи дека ќе биде почитуван во вашата земја. Но
чувајте се да не му приближите во други работи, т.е. во оние кои не ги
сметате за вредни и значајни.

Чувајте ја, значи, верата своја!
Луѓе,
послушајте!... Време е да ги поставиме работите онака како Аллах ги
уредил сварајќи ги Небесата и Земјата. И навистина, Бог одредил да
годината биде 12 месеци од денот на стварањето на Небесета и Земјата.
Од 12 месеци 4 се посвечени, од кои три едно подруго и еден оделен: зул
– ка’де, зул – Хиџе и мухарем, и реџеп кој паѓа помеѓу два џумада и
шабан.

Луѓе верниците се браќа! А имотот на братот е неповредлив, освен кога тој сам ќе дозволи.
Немојте
после мојата смрт да се вратите на безбоштвото, и да се окомите еден
на друг. Па јас ви оставив што ќе ве води, Книгата Божја, која, ако
верно и се придрзувате секогаш ќе ве чува да не залутате од вистинскиот
пат, од патеката на правдата и вистината. Тоа е јасна и позитивна
книга, која самиот Аллах ја објави. Го имате пред себа целиот мој
живот, моите зборови и моите дела. Се што зборував и работев,
настојував да биде во потполн склад со Божјата наредба.

О
луѓе, вас Аллах ве створил од еден предок и сите потекнувате од Адем, а
Адем од земја е створен. Најдобар кај Бог е оној кој најмногу му се
плаши. Нема предност Арапот над неарапот, ниту неарапот над Арапот,
освен во верата!

О
верници, зборувајте ја секогаш чистата вистина, и никогаш нека не ве
заведе омразата од патот на правдата и правичноста. Праведноста е
сестра на побожноста. Плашете се од
Бог, Тој ги познава вашите дела.“
Потоа по мала пауза, Мухаммед, с.а., извикнал: - “О, Боже! Дали ја исполнив својата задача и доверена мисија?“
- “Божји
Пратенику! Ти верно ја исполни својата мисија и нам ни го соопшиона
што Бог ти го довери“- потврдиле 150 000 души во еден глас.

Откако Ресулуллах, а.с., го завршил својот говор Аллах, џ.ш., му ја пратил Објавата. Аллах, џ.ш., вели: “ ....Денес вашата вера ви ја усовршив и благодетта Своја спрема вас ја употполнив и задоволен сум исламот да ви биде вера...(Ел – Маида, 3)
Милостлив
Аллаху, те молиме, помогни ни да ги ускладиме своите зборови и своите
дела со Твоите зборови, упатсво и совети, и со делата, праксата и
суннетот на Твојот Миленик Мухаммед, с.а.в.с. Амин!


______________________________________________
Аллаховата вера е - Исламот, навистина! Оние со дадената им Книга се разединија токму тогаш кога им дојде знаење. Беа еднинадруги себични. А оној кој не ги признава ајетите Аллахови... па, Аллах е Брз Пресметувач, навистина!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот