Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 8 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 8 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор


КАКО АЛЛАХОВИОТ ПРАТЕНИК С.А.В.С. ГИ ПРИДОБИВАЛ ЧОВЕЧКИТЕ СРЦА




Прво: Помагање на луѓето

Сите луѓе ги сакаат оние кои што им чинат добро и чувствуваат наклонетост према оние кои им ги исполнуваат нивните потреби. Затоа и се вели: Биди добар према луѓето, ќе ги придобиеш нивните срца. А најприоритетно е да ги придобиеме срцета на своите најблиски. Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Најдобар од вас е оној кој е најдобар со своите куќни, од вас jaс сум најдобар према своите куќни.“ (Муслим)


Второ: Нежност и трпение

Често може де се случи луѓето према нас да погрешат, ќе ветат нешто па нема да го исполнат ветувањето или пак ќе навредат со своите јазици. Во таков случај ќе ги придобиеме, така што нема да искажуваме лутина-бес, туку благост, затоа што ние имаме цел до која сакаме да ги доведеме, а ќе успееме само со убаво расудување. Од Енес, р.а., се пренесува дека рекол: „Патував со Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., имаше облечено кошула изработена од груб материјал. Во еден момент на Пратеникот му пријде еден бедуин отпозади и го повлече за неговата кошула, така што, на Пратениковиот врат останаа траги од силното влечење, па рече: Еј Мухаммеде, дај ми од Аллаховиот плен кој се наоѓа кај тебе, а Пратеникот, а.с., се сврти и рече: Доделете му на овој човек. “ На овој начин постапувал нашиот Пратеник, с.а.в.с.


Трето: Убаво однесување со луѓето при соработка


Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., врз основа на своето однесување при соработки и тргување со луѓето, ги пленил нивните срца и ја задобивал нивната љубов. Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. рекол: „Аллах да му се смилува на човекот кој не е ’тежок’ кога нешто продава, купува и при прилика на донесување пресуда помеѓу луѓето.“ (Бухарија)


Четврто: убав однос према грешниците


Имамот Бухарија во својот Сахих бележи од Ајша, р.а., дека рекла: „Дојде еден човек кај Пратеникот, с.а.в.с., и побара дозвола да влезе. Кога го здогледа Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рече: ’Како е лош овој човек,’ откога влезе, Пратеникот, а.с., му се насмевна и убаво го пречека.’ Кога човекот излезе од кај Пратеникот, а.с., Ајша, р.а., му рече: ’Аллахов Пратенику, кога го здогледа човекот го рече тоа и тоа, па кога влезе кај тебе према него убаво се понесе?’ , на тоа Аллаховиот Пратеник, а.с., рече: ’О Ајша, кога си ме чула дека говорам нешто лошо.’ А потоа рече: ’Најлоши луѓе кај Аллаха на Судниот ден се оние кои луѓето ќе ги напуштат поради нивниот шер.“


Петто: Искажување почит према муслиманите


Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., искажуваше почитување према сите муслимани, на секого му го даваше правото кое му припаѓаше. Кога некој ќе дојдеше кај него, тој многу би се израдувал, би му искажал добредојде и би му го дал своето шилте на него да седи. Најдобар пример за ова е настанот при ослободувањето на Мека, кога Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Секој кој ќе се скрие во куќата на ебу Суфијан ќе биде сигурен.“ Аллаховиот Пратеник, а.с., ова го направи затоа што ебу Суфијан беше авторитетен курејшија, сакајќи со тоа да го придобие неговото срце заради Ислам, што на крај и се случи. Аллаховиот Пратеник, а.с., рекол: „Нам не ни припаѓа оној кој не ги почитува нашите постари како и оној кој не е милозлив према нашите млади, како ни оној кој не им го дава правото на нашите ученици.“ (Ахмед)


Шесто: Убави зборови


Аллаховиот Пратеник, с.а..в.с., нè поттикнуваше да зборуваме убави зборови. Аллаховиот Пратеник, а.с., рекол: „Убавиот збор е садака“ Тоа е заради тоа што убавиот збор остава длабока трага врз човековото срце. Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Разубавете го учењето на Куранот со своите гласови, зошто убавиот глас ја зголемува убавината на Куранот.“ Така и при повикувањето на луѓето во верата, треба да се користат убави зборови, а посебно при советувањето.

Јахја б. Муаз рекол: „Нешто најубаво се зборовите кои излегуваат од длабочината на душата и доаѓаат од човекот со блага нарав. Колку само има лоши зборови кои биле причина срцата да се разединат, да се прекинат муслиманските сафови, да завладее омраза и презир во душите на луѓето. “
Се пренесува од Аллаховиот Пратеник, а.с., дека рекол: „Човекот ќе изговори некој збор и не размислувајќи за неговата величина, што тој можеби ќе му биде причина да пропадне во Огнот со растојание помеѓу исток и запад.“


Седмо: скромност


Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., ги придобивал срцата на многумина луѓе заради својата скромност.
Енес , р.а., ни пренесува кажување во коенајдобро се гледа колку Аллаховиот Пратеник, а.с., бил скромен: „Дошла некоја жена кај Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., која не беше со потполна памет и му рекла: ’О Аллахов Пратенику, имам некоја потреба кај тебе’, а Аллаховиот Пратеник, а.с., и рече: ’Седи, и на било кое место во Медина да ме видиш јас сум тука да ја исполнам твојата потреба.’ Потоа жената седна, па и Пратеникот, а.с., седнал и така останал се додека не го решил нејзиниот проблем. “
Во една прилика кај Аллаховиот Пратеник влезе некој човек и кога го виде Аллаховиот Пратеник, а.с., го обзеде страв од стравопочитување према него, а на тоа Пратеникот, а.с., му рече: „О човече, не плаши се, јас не сум мелек, туку сум човек кого го родила жена од племето Курејш.“


Осмо: Давање подарок


И на овој начин Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., ги придобивал срцата на многумина .
Енес, р.а., вели: „Дојде човек кај Аллаховиот Пратеник, а.с., и побара од него нешто да му удели, а Аллаховиот Пратеник, а.с., му додели долина овци. Човекот отиде и на своето племе му рече: „Примите го Исламот, Мухаммед, навистина, толку уделува што не се плаши од сиромаштија.“ Оваа постапка на Аллаховиот Пратеник, а.с., беше причина овој човек, и покрај што беше непријател на Исламот, да го прифати Исламот. Од Џабир, р.а., се пренесува дека Пратеникот, с.а.в.с., никогаш не рекол ’не’ на оној кој од него побарал нешто. Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Разменувајте подароци меѓусебно да би се сакале.“


Деветто: Благост


Од Ајша, р.а., се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „ Аллах е Благ и ја сака благоста во своите работи.“ (Бухарија)


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот