Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 8 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 8 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1264 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е dekio

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2388 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

ibret

avatar
Активен член
МЕЃУСЕБНИ ДОЛЖНОСТИ НА МУСЛИМАНИТЕ

Возвишениот Аллах џ.ш. вели: “Верниците, навистина
се браќа…па, тогаш помирете ги вашите браќа. Плашете се од Аллах за да ви се смилува!” ( Ел-Хуџурат : 10 )
Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: “Има шест обврски на еден муслиман кон друг муслиман: кога ќе го сретнеш, поздрави го; кога ќе те повика, одзвиј му се; кога бара да го советуваш, дај му совет; кога ќе кивне и рече Ел- Хамдулиллах, наздрави му (речи му Јерхамукаллах); кога ќе се разболи, посети го; и кога ќе умре, испрати му го џаназето.” ( Бухари, Муслим )

БЕРЕКЕТ ОД СЕЛАМОТ НА ПЕЈГАМБЕРОТ А.С.

Енес р.а. пренесува дека Пејгамберот а.с. побарал дозвола за влез кај Са’д ибн Убаде. Откако му дозволил, Пејгамберот а.с. го поселамил: Ес-Селаму алејкум ве рахметуллахи. Са’д р.а. тивко му возвратил на Мухаммед а.с. дури и не го слушнал. Пак Пејгамберот а.с. му дал селам, и така три пати повторил. Меѓутоа Са’д намерно го правел тоа така, за да повеќе се слуша селамот од Мухаммед а.с. во неговата куќа. Затоа му рече: “О Алла- хов Пејгамберу! Секојпат кога даваше селам те слушав добро, и те отпоздравув тивко за да пак дадеш селам. Посакав да што повеќе се слушне твојот селам во мојата куќа, поради берекетот од твојот селам.”
Потоа го влезе во својата куќа и му стави јадење пред него. Откако Пејгамберот а.с. се најаде рече: “Вашата храна ја јадеа доброчинетели, мелеките се молеа за вас и ифтареа кај вас постачи.” ( Ахмед, Ебу Давуд )
* * *
СПАСОТ НА ОВОЈ УММЕТ

Се пренесува дека Х.Омер р.а. дошол кај Ебу Бекр р.а. и му рекол: О Халифо на Аллаховиот Пејгамбер, ми се случи нешто чудно. Поминав покрај Османа и го поселамив а тој не ми возврати? Ебу Бекр веднаш станал и заедно со Омера се упатиле кон Х.Османа. Кога стигн- але кај него Ебу Бекр му рече: Ми дојде твојот брат (по вера) и тврдеше дека поминал покрај тебе и те поселамил а ти не му си возвратил на селамот. Што те натера на тоа?
Х.Осман р.а. одговорил: О Халифо на Ресулуллах, не се сеќавам. Валлахи, не сум забележал кога поминал покрај мене ниту кога ме поселамил!!
Ебу Бекр му рече: Гледам си бил занесен во некоја работа. Кажи ми во што си размислувал?
Х.Осман одговори: “Пејгамберот а.с. се пресели на ахирет а јас не сум го прашал во што лежи спасот на овој уммет.И се чудев како да заборавам толку важна работа.”
Ебу Бекр р.а. му рече: Јас го прашав за тоа, и тој ме извести за тоа: “Кој ќе го прими зборот кој сум го понудил на мојот чичко а во него му беше спасот ( Ебу Талиб ) пред смрт а тој го одби, во него е спасот на овој уммет” ( Ибн Сад )
(Тој збор е Шехадет – Ла илахе Иллаллах ве енне Мухаммеден Ресулуллах.)




ЈАС НАПРАВИВ ЕДЕН ГРЕВ А ТИ ТРИ ГРЕВА

Позната е традицијата на Омер ибн Ел- Хаттаб р.а. од контролирање на состојбата на муслимани во Медина, со намера да не имаат некоја мака или тешкотија која треба да се реши. Така еднаш шетајќи во ноќните часови низ улиците на Медина слушнал глас од една куќа како еден човек пеел. Х.Омер ја прескокнал оградата од куќата и влегол кај него дома и видел како човекот пиел алкохол и пеел.
Халифата Омер веднаш почнал да го прекорува човекот: О Аллахов непријателу! Зар мислеше дека Аллах ќе те покрие додека ти го правиш овој грев!!.
Човекот беше разборит и добро упатен и затоа му возврати на Омера со мудрост: А ти Владару на верници, немој веднаш да ми пресудуваш. Ако јас направив еден грев спрема Аллах ти си направил три грева спрема Него! Прво: Аллах џ.ш. вели ( Немојте да испитувате ‘шпион-иратеате’ ) (Ел-Хуџурат : 12) а ти ме испитуваш. Второ: Аллах џ.ш. вели: (Влегувајте во куќите преку нивните врати ) ( Ел-Бекаре :189) а ти влезе со прескокнување на оградата од куќата. Трето: Аллах џ.ш. вели: ( Не влегувајте во туѓите куќи се додека не побарате дозво- ла и не ги поздравите членовите нивни ) (Ен-Нур : 27) А ти влезе без дозвола и без да дадеш селам.
Халифата Омер му рече: Ако јас ти простам дали и ти ќе ми простиш?
Човекот рече: Да, јас тебе ти простувам како што ти ми простуваш мене. Потоа халифата Омер излезе задоволен од кај него. ( Хараити, Табери )
* * *
КОЈ САКА ДОБРО ОД АЛЛАХ НЕКА ПРАВИ
ДОБРО СПРЕМА АЛЛАХОВИТЕ РОБОВИ
Се пренесува дека Муса а.с. еден ден поминал покрај еден сиромав човек кој покорно и понизно му се молел на Аллах џ.ш. да му подари богатство и изобилство. Затоа Муса а.с. го праша за неговата состојба. Човекот рече: Јас сум сиромав беден човек, го молам Аллах џ.ш. да ми под- ари од неговите добра, а истовремено му давам завет дека ако ми даде богатство дека тоа ќе го делам на неговите сиромашни робови и бедни луѓе.
Навистина Аллах џ.ш. му вети дека ќе му подари големо изобилство за една година. Кога Муса а.с. го виде ова, упати молба до Аллах џ.ш.: “О боже, Ти му вети на овој роб дека ќе му ги отвориш ризниците на овој свет за една година, а веќе поминаа години а неговото богатство се повеќе се размножува.”
Семоќниот Аллах му објави: О Муса! Овој човек она што го ветил го исполнува. Јас му отворив една врата на добрина а тој си отвори четири врати на добрина. Зар може робот да биде подарежлив од Неговиот господар?!
Кога Муса а.с. се врати назад кај својот народ почна да вика: “Кој сака добро од Аллах нека прави добро спрема Неговите робови.”
* * *
РАДОСТА НА ИБН АББАС Р.А. ЗА
СОСТОЈБАТА НА МУСЛИМАНИТЕ

Ибн Бурејде Ел-Еслеми пренесува дека некој човек го укорил и навредил на ибн Аббас р.а. На тие зборови Ибн Аббас му рече: “Ти ме навредуваш а во мене носам три особини: “Кога ќе научам некој нов курански ајет, ќе посакам сите муслимани да го научат тоа што го научив јас; кога ќе слушнам за некој судија дека праведно суди меѓу луѓето, јас се радувам многу за тоа иако тој нема да ми суди мене никогаш; кога ќе слушнам дека дожд паднал во некое место на муслимани, јас се радувам иако немам овци кои ќе пасат во тоа место.”
( Бејхаки, Таберани, Ебу Нуајм

ibret

avatar
Активен член


ОВА ХЕДИЈЕ ГО БАРАВ ОД ВАС!!

Кога се вратиле Еш‘ас ибн Кајс и Џерир ибн Абдулл-
ах од Сирија дошле кај Селман Ел-Фариси да го посел- амат и потоа побарале дозвола да влезат кај него. Почна- ле да го прашуваат: Ти ли си Селман Ел-Фариси?
Рече: Да!
-Ти си асхаб (другар) на Мухаммед а.с.? Одговори: - Не знам. Рекоа: Можеби не е овој кого бараме.Овој им рече: “Јас сум тој кого барате, јас го видов и се дружев со Аллаховиот Пејгамбер. А прав негов другар е оној кој ќе биде со него во Џеннет.” Потоа ги праша: Имате ли некаква потреба? Тие рекоа: Доаѓаме од кај нашиот брат во Сирија. Праша: Кој е тој? Рекоа: Ебу Дерда.
Тогаш Селман ги праша: -Каде ви е неговиот подарок за мене кој го испратил по вас?
Тие двајца рекоа: -Не испратил со нас никаков подарок!!
Селман: - Плашете се од Аллаха и дајте ми го еманетот, бидејќи секој кој ми доаѓа од кај него ми носи подарок од него. Тие двајца уплашено рекоа: - Да не слушнат луѓето за ова. Ние имаме нешто богатство, па земи колку сакаш.!
Селман им рече: -Не го сакам вашето богатство, туку го сакам мојот подарок кој го испратил по вас.
Тие двајца се заколнаа дека ништо не испратил по нив, освен пред заминување им рекол: “**Таму во Медина има еден асхаб на Аллаховиот Пејгамбер кој многу го сакал. Кога ќе го видите пренесете му од мене Селам.”
Селман на тоа им рече: “Па кој друг подарок го барам од вас освен селамот. Зар има поголем подарок од добриот благословен селам на Аллах џ.ш.”
(Таберани, Ебу Нуајм )


ОВОЈ ГО СПОМНАЛ АЛЛАХ И
ЈАС СУМ ГО СПОМНАЛ НЕГО
Ебу Хурејре р.а. пренесува дека двајца асхаби на Мухаммед а.с. кивнале пред него. Едниот после кивање рекол: Ел Хамдулиллах, додека другиот кивнал и не рекол ништо. На првиот што кивнал и рекол Ел Хамдулиллах, Мухаммед а.с. му возвратил со: Јерхамукеллах, додека на другиот не му возвратил со ништо. Затоа другиот рече: О Аллахов Пејгамбере, јас кивнав а ти не ми возврати на мене, а другиов кога кивна ти му возврати.
На тоа Мухаммед а.с. му рече: “Тој Го спомна Аллах и јас го спомнав него, а ти не Го спомна Аллах и јас не те спомнав тебе.”
(Исламските научници се согласни дека муслиманот после кивање треба да каже: „Ел Хамдулиллах“ (благодарноста Му припаѓа на Аллах), а тој што ќе го слушне треба да му возврати со „Јерхамукеллах“ (Аллах да ти се смилува), а овој пак да му возврати со „Јехдикумуллах ве јуслих балекум“ (Аллах да те упати и да ти ја подобри состојбата). Затоа оној кој кивне и не рече Ел Хамдулиллах не му се возвраќа со ништо како што се наведува во горенаведениот хадис. Ова е традицијата на Мухаммед а.с. која сме должни да ја следиме, за разлика од традицијата која денес владее меѓу муслиманите која е спротивна на исламското учење, а тое е наздравување со: (На здравје).


СЕКОЈ Е ОСЛОБОДЕН ОД МОЈОТ ДОЛГ

Историјата пренесува дека Кајс ибн Сад бил еден од оние кои цела војска ја опремил со неопходни средства и опрема за борба на Аллаховиот пат, дури целото богатс- тво му се потрошило. Се пренесува дека им давал заем на голем број муслимани со намера да им помогне и ослободи од маки. Меѓутоа кога се разболел, мошне мал број на луѓе дошле да го посетат. Се заплашил за себе си дури помислил дека е суров и несакан човек кај луѓето. Затоа го прашал еден човек за таквата причина. Овој му одговорил: Луѓето имаат желба да те видат но се страмат поради големите долгови што ги имаат кон тебе да излезат пред тебе, а нема некој кому не му си дал на заем, дури има некои од нив на кои им завршил рокот за враќање.
Кога ги слушнал Кајс овие зборови косата му се подкренала и рекол: Зар парите се тие кои прават пречка меѓу мене и моите браќа муслимани. Му рекоа: Да!
И веднаш донесе одлука: “Повикајте дека Кајс на сите кои должат спрема него ги ослободува од долгот, и дека на истите тие им подарува по уште толкава сума на пари.” Потоа се сврте кон присутните и рече: (Проклети да бидат тие пари кои го расипуваат човекот, кои претставу- ваат пречка меѓу човекот и неговите пријатели, кои придонесуваат само омраза и не постигнуваат награда за на Судниот ден.)
Кога луѓето ја слушнала веста од Кајс, почнаа да се редат на неговата врата што не беше доволна неговата куќа и дворот да ги собере, дури и куќниот праг му се скршил. Поради тоа Кајс се развесели и телото му се подобри и тогаш пропеа:
Оној кој стекне богатство без да стекне награда и пријатели не стекнал ништо.


ШТО МУ ОБЈАВИЛ АЛЛАХ Џ.Ш. НА АДЕМ А.С. ??

Се пренесува дека Аллах џ.ш. му објавил на Адем а.с. четири работи, и му порачал дека во тие работи лежи: твојата благосостојбата и на твоето потомство, една за мене, една за тебе, една помеѓу мене и тебе, и една помеѓу тебе и другите луѓе.
Една за мене е: Мене да ме обожаваш и да не ми препишуваш придружник;
Една за тебе е: Да работиш, а Јас ќе те наградам кога е најпотребно;
Една помеѓу Мене и тебе е: Да ми се молиш Мене, а Јас да ти одговорам на твоите молби; и
Една помеѓу тебе и другите луѓе е: Да се однесуваш кон нив како што посакуваш тие да се однесуваат кон тебе.”


______________________________________________

ibret

avatar
Активен член
О АЛЛАХ ! НЕМОЈ ОВОЈ ДЕН ДА МУ ГО ЗАБОРАВИШ НА ИБРАХИМ ИБН ЕДХЕМ


Шекик ел-Белхи раскажува дека: Еден ден бевме во друштво со побожниот Ибрахим ибн Едхем – кога помина некој од неговите другари без да ни даде селам.!
Ибрахим почна да прашува за него: Зарем не е овој Филан човек? Потоа му рече на друг: Оди стигни го и прашај го што му е, зошто не нe поселами?! Кога човекот го стигнал го прашал: -Зошто не даде селам? Човекот одговорил: Валлахи не беше намерно, туку жена ми се породи сношти, а немаме ништо дома од храна. Затоа излегов како будала од дома по потрага за храна!

Шекик вели: Потоа се вратив кај Ибрахим ибн Едхем и го известив за тоа. Ибрахим рече: Аллах да е на помош, како сме го занемариле нашиот брат муслиман да падне во ваква мака?! Потоа му нареди на еден од неговите асхаби: Оди до Филан - стопанот на градината - и позајми му во мое име два златника, потоа појди во пазар и со еден златник купи куќни потреби а другиот подари му го на нашиот брат. Човекот отишол и направил како му наредил Ибрахим ибн Едхем. И кога ги однесол во куќата на муслиманот, откако чукнал на врата. Жената му рекла да ги остави на посебно место и потоа и го дал и другиот златник да им се најде. Тогаш жената праша: Од кого е сето ова? Човекот одговори: Од Ибрахим ибн Едхем.
Жената рече: “О Аллах! Немој овој ден да му го заборавиш на Ибрахим ибн Едхем!.”
Човекот кога се вратил кај Ибрахим, му раскажал за се што се случило и за нејзината дова, тој толку многу се израдувал како никогаш порано.

Кога мажот од жената се вратил навечер, не зарабо- тил ништо. Но кога видел неговата куќа е полна со храна, и жена му го подала другиот златник тој зачуден праша: Од кого е сето ова?
Жената одговори: Од Ибрахим ибн Едхем.
Тогаш човекот радосно го замоли Аллаха: “О Аллах! Немој да му го заборавиш овој ден на Ибрахим ибн Едхем!”

ЗИЈАРЕТ НА БРАТ МУСЛИМАН

Таберани пренесува од Аун р.а. дека Абдуллах ибн Мес’уд р.а. им рекол на своите другари кога го посетиле: Дали седнувате да разговарате меѓусебно?
Рекоа: Тоа не го оставаме.
Пак ги прашал: Дали едни на други се посетувате. Рекоа: “-Да! О Еба Абдуррахман, некој од нас ако не го види својот брат муслиман подолго време, тогаш ќе оди пешки до Куфа ( град во Ирак ) да го посети.”
Абдуллах ибн Мес’уд на тоа им рече: “Доброто посто- јано ќе биде со вас се додека така постапувате!”

Имам Бухари пренесува во својата книга “Едебул-Муфред” од Умму Дерда р.а. која вели: “Дошол Селман р.а. од Медина да не посети пешки во Сирија.”

ОМЕР БАРА ПРОСТУВАЊЕ ОД
БРАТ МУСЛИМАН

Ибн Мунзир пренесува од Ша’би дека халифата Омер ибн Ел-Хаттаб рекол: Јас го мразам Филан човек!
Човекот е прашан за тоа: Што е со Омер те мрази? После некое време при собир во една куќа, човекот го запраша Омера: О Омер! Дали ти сум навредил со нешто? Рече: Не. Дали ти сум нанесол некое зло? Рече: Не. Дали сум внесол нешто ново во вера? Рече: Не.
Тогаш зошто ме мразиш ?! Покрај тоа Аллах џ.ш. рекол:

“ А оние кои ги вознемируваат верниците и верничките со она што тие не го заслужуваат, навистина понесув- аат товар и грев јасен.” (Ел-Ахзаб : 58)

Човекот продолжи со образложување - Тогаш зошто ме мразиш, Аллах да не ти прости!
Сите овие зборови Омер ибн Ел-Хаттаб ги прими со искрено срце и потоа рече: “Вистина е така! Се колнам во Аллах дека не ме навредил; ниту, ниту . . затоа те молам да ми простиш.” И така продолжил да го моли се додека му простил.


Афтор на книгата: Ариф Рамадани__________________


______________________________________________

LAUTKA

avatar
Модератор
Модератор
,,Аллах џ.ш да те награди брате,Ибрете,,и чес и задоволство ни преставува твоето присуство,,
Селам Алејкум


______________________________________________
Аллаховата вера е - Исламот, навистина! Оние со дадената им Книга се разединија токму тогаш кога им дојде знаење. Беа еднинадруги себични. А оној кој не ги признава ајетите Аллахови... па, Аллах е Брз Пресметувач, навистина!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот