Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 23 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 23 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
ПОРАКА ЗА ДОБРО ОДНЕСУВАЊЕ СО ЛУЃЕТО


أَنَّ مُعَاذَ بْنَ جَبَلٍ قَالَ: آخِر مَا أَوْصَانِي بِهِ رَسُولُ الله حِنَ وَضَعْتُ رِجْلِي فِي الغَرْزِ. أَنْ قَالَ: «أَحْسِنْ خُلُقَكَ لِلنَّاسِ. يَا مُعَاذُ بْنَ جَبَلٍ.

Пренесува Муаз ибн Џебел р.а. кој вели: “Последно што ми порача мене Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., кога ја ставив ногата (да јавнам камила за да тргнам на Аллаховиот пат): ‘Подобри го твоето однесување кон луѓето, о, Муазе ибн Џебел.” (Муветта од имам Малик)

Оваа порака содржи важен аспект од исламската вера, тоа е аспектот на моралот и карактерот кај верникот. Всушност, верникот своето верување го експонира кон својот морал и однесување. Имено, верник е оној кој е отелотворен со етички својства кои го красат неговото битие. Верникот е опишан како целовкупно добро, ако се советуваш со него ти користи, ако се дружиш со него те облагородува, ако соработуваш со него те помага во добро и одвраќа од зло. Оваа порака иако е индивидуално упатена до еден почесен асхаб како што е Муаз ибн Џебел, кој бил познат кај асхабите по познавање на халалот и харамот, сепак таа е општа и колективна и се однесува за секој припадник на исламот бидејќи моралот е краен домен и дострел на човековиот иман.

Ахлакот (моралот) е честа тема на кур’анските ајети, како и на хадисите на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. Дури и најголемата пофалба на Пејгамберот а.с. е онаа што Возвишениот Аллах џ.ш. ја потенцирал во куранскиот ајет:

وَ إِنَكَ لَعَلَى خُلُقٍ عَظِيمٍ
“Навистина, ти си со најсовршен морал.”
(Ел-Калем, 4)
Околу коментарот на овој ајет, исламските научници изнеле различни мислења. Ибн Аббас и Муџахид велат дека зборовите ‘најсовршен морал’ значи: ‘со највозвишена вера, нема подрага вера со која е задоволен Аллах како што е верата ислам’. Некои исламски аналитичари за моралот на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., заклучиле дека тој поседувал чистотија на Адем а.с., храброст на Нух а.с., благост на Ибрахим а.с., јазик на Исмаил а.с., задоволство на Исхак а.с., речитост на Салих а.с., мудрост на Лукман, радост на Јакуб а.с., убавина на Јусуф а.с. трпеливост на Ејуб а.с., сила на Муса а.с., славење на Јунус а.с., борбеност на Јошуа, благодет на Давуд а.с., достоинство на Сулејман а.с., углед на Илјас а.с., скромност на Иса а.с. и знаење на Хидр...” Па затоа го заслужи и горецитираниот курански епитет “најсовршен морал.”

Моралот во Исламот завзема голема позиција и почесно место. Моралот е составен дел од оваа возвишена вера. Тој е основна и фундаментална цел од испраќањето на Пејгамберот Мухаммед а.с. Тој е сегмент кој е присутен во секој ибадет и особина што треба да најде место кај секој муслиман. Тој е средство преку кое човекот се доближува до својот Господар и го резервира своето место во Џеннет.

Исто така Пејгамберот а.с. ни ја нагласил неговата основна задача од пратеничката мисија кога рекол:

إنّما بُعثت لأُتمم مكارم الأخلاق
[/b]
"Навистина сум испратен да ги усовршам моралните особини кај луѓето." (Малик)
Пример за нашето однесување мора да биде Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., бидејќи токму него Аллах џ.ш. го избрал да биде модел од кој треба му’минот да земе пример. Возвишениот Аллах вели:
لَّ
قَدْ كَانَ لَكُمْ فِي رَسُولِ ٱللَّهِ أُسْوَةٌ حَسَنَةٌ
“Вие е во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример..”
(Ел-Ахзаб, 21)
Горенаведената порака е слична на следнава:

وَخَالِقِ النَّاسَ بِخُلُقٍ حَسَن
“И кон луѓето однесувај се со убав морал.” (Тирмизи, Ахмед)
Благородниот морал на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., Возвишениот Аллах го собрал во еден ајет:

خُذِ ٱلْعَفْوَ وَأْمُرْ بِٱلْعُرْفِ وَأَعْرِضْ عَنِ ٱلْجَاهِلِينَ
„Ти со секого добро! И барај да се чинат добри дела, а незнајковците избегнувај ги!” (Ел-‘Араф 199)

За овој ајет се вели дека нема ајет во Кур’анот во кој е собран повеќе племенит морал од овој ајет. Се наведува дека кога е објавен овој ајет, Мухаммед а.с. му рекол на Џибрила а.с.: “Што е ова?" Па Џибрил му одговорил: “Не знам додека не прашам.” Па го прашал на Аллах џ.ш., се вратил и му рекол: “Аллах ти наредува да ја одржуваш врската со оној кој ја прекинал, да му дадеш на оној кој одбил да ти даде и убаво да постапуваш со оној кој ти направил зулум.”

Вредноста и значењето на моралот ќе го појасниме со овој хадис кој доволно зборува за главните причини за Џеннет:

Се пренесува од Ебу Хурејре р.а. дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., бил прашан: “Кое дело најмногу луѓето ќе ги однесе во Џеннетот?” Одговорил: ”Богоплашливоста и добриот морал.”

Бил прашан: “Кое дело најмногу луѓето ќе ги однесе во Џехеннемот?” Одговорил: ”Јазикот и полниот орган.” (Тирмизи)

Еве еден практичен пример за крајниот исход од доброто однесување спрема луѓето па дури и спрема непријателот. Мус’аб ибн Умејр бил првиот амбасадор на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. во Медина да ги поучува и повикува жителите на Медина во ислам. Мус’аб р.а. ја вршел својата мисија. Но ова го налутило Сад ибн Убаде, еден од првенците на Медина. Ја засукал сабјата и намерил да го убие Мусаба. Кога го сретнал, му се заканил: “Престани веќе да го шириш исламот или ќе те убијам!” Мус’аб р.а. му одговорил на начин на кој треба на сите да ни биде лекција. Овој уште продолжил да му се заканува. Мусаб му рече: “Зарем нема да седнеш некоја минута и да послушаш што имам да кажам?! Ако ти се допаѓа прифати го, а ако не, ќе престанам со мојата мисија!” Па Сад седнал. Мусаб р.а. почнал да зборува за Аллах џ.ш. за Неговиот пратеник, се додека лицето на Сад не почнало да сјае како месечина па рече: “Што треба да направам да станам муслиман?”

Откако Мусаб му објаснил што треба, тој рече: “Има еден човек во Медина, ако тој стане муслиман, сите во Медина ќе станат муслимани, а тој е Сад ибн Муаз”. Кога Сад ибн Муаз слушнал што се случило, жестоко се налутил. Заминал да го убие Мус'аба заради работите кои ги правел. Кога влегол кај Мусаба му рекол: “Или ќе престанеш со ова што го проповедаш, или ќе те убијам!” Мусаб му рече: “Зошто не седнеш некоја минута со нас па да слушнеш што имам да кажам!” Ако ти се допадне прифати го, а ако не, јас ќе престанам со ова!” Па седнал Сад. Мусаб р.а. зборувал за Аллах џ.ш., за Неговиот Пратеник а.с. се додека лицето на Сад не се променило па рече: “Што да направам да станам муслиман?”

Погледајте што прави убавата збор и однесување. Сад ибн Муаз таа ноќ заминал кај своето племе и им рекол: “Се ваше ми е харам се додека не станете муслимани!” Таа ноќ секоја куќа заминала на спиење со зборовите “Ла илахе иллаллах”, а сето тоа заради неколку убави зборови и морално однесување.


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот