Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 13 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 13 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1265 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Alisan

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Monoteizam

avatar
Редовен член
Редовен член
Она на што ве потсетувам и она што ви го препорачувам:

“Да го разберете тевхидот, да ги читате и учете сите книги за тевхид, така што книгите се тие кои ќе ти ја објаснат и разјаснат правата суштина од тевхидот – со кој Аллах го испратил Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем, а исто така ќе ти се разјасни и правата суштина од ширкот – кој го забраниле Аллах и Неговиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем, исто така ќе те известат дека Аллах нема да опрости ширк и дека Џеннетот е забранет за оној кој го прави а на сторителот ќе му пропаднат сите негови дела“

Најважна работа е спознавање на правата суштина од тевхидот, со кој Аллах го испратил Својот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем, со него (тевхидот) човек станува муслиман кој се одвоил од ширкот и неговит сторители.

Прво што ти препорачувам е да се се посветиш и да обратиш внимание на она со што дошол Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлам од Неговиот Господар, затоа што тој (Мухаммед алејхи селам) дошол со она од Аллах што е најпотребно за луѓето, така што не оставил ништо што приближува до Аллах и Неговиот Џеннет, а тоа да не им го наредил, ниту пак оставил било што од она кое би ги оддалечило од Неговата казна а на тоа да не би ги предупредил и забранил.

Аллах воспоставил аргумент над луѓето се до Судниот Ден, и никој нема да има оправдување кај Аллах откако го испратил на Мухаммеда саллалаху алејхи ве селлем.
Возвишениот Аллах им рекол него (Мухаммед алејхи селам) и на неговите браќа Посланици:

“Ние, навистина, ти објавивме онака како што му објавивме на Нух и на пејгамберите по него. Му објавивме и на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб, и на внуците, и на Иса, и на Ејуб, и на Јунус, и на Харун, а на Сулејман и на Давуд Зебур им дадовме: Имаше пејгамбери за кои Ние веќе ти кажавме порано и пејгамбери за кои не ти кажавме. А Аллах со Муса зборуваше, сигурно – Пејгамбери, радосници и опоменувачи за да луѓето немаат по пејгамберите доказ пред Аллах. А Аллах е Силен и Мудар!“ (Ен Ниса 163 – 165)

Затоа прво со што дошол Мухаммед алејхи селам и прво што им наредил на луѓето е тевхид и ибадет само Него Аллах Единствениот, кој нема придружник, и искрено исповедување на верата, како што кажува Возвишениот:

“Еј, ти покриен! Стани и опоменувај! И господарот твој, величај Го.“ (Ел Мудессир 1 – 3)

Значењето на зборовите “И господарот твој, величај Го“:

“Величај Го Господарот твој со тевхид и искрено обожавање само Него Единствениот кој нема придружник, а ова е НАРЕДБА пред намаз, зекат, пост, хаџџ и сите останати исламски обреди.“
А значењето на зборовите “Стани и опоменувај!“:

“Опоменувај и предупредувај на ширкот во ибадет (во обожавање на некого или нешто покрај Аллах) и исто така ова е НАРЕДБА и ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ пред опоменувањето од блуд, кражба, камата, неправда спрема луѓето и другите големи гревови.
Оваа Основа, Темел (Асл Дин) е најголема и најзадолжителна од сите работи во овој совршен Дин, и поради нејзе Аллах ги створил сите створенија, како што кажува Возвишениот:

“А луѓето и џиновите Ние не ги создадовме заради ништо друго – Освен да Ме обожаваат“ (Ез Заријат 56)

И заради оваа Основа, Темел (Асл Дин) Аллах испратил Посланици и спуштал книги, како што кажува Возвишениот:

“И Ние за секој народ, секако, испративме пејгамбер: “Обожавајте го на Аллах и избегнувајте ги тагутите!“ (Ен Нахл 36)

Поради оваа Основа, Темел (Асл Дин) луѓето се поделиле на муслимани и кафири, па оној кој ќе дојде на Суден Ден како Мувехид (монотеист) без да му препиши или без да му придружи нешто или некого на Аллах, ќе влезе во Џеннет, а ако му дојде со ширк, ќе влезе во оган, па макар и да би бил од оние луѓе кои најмногу му правеле ибадет на Аллах.

И ова е значењето на твоите зборови во твоето изрекнување на шехадетот Ла Иллахе Иллаллах, Нема друг вистински бог освен Аллах, затоа што бог е оној на кого му се молиш и на него се надеваш и помош бараш, и оној е тој кој дава добро и отклонува зло, он е тој од кого се плашиш и на него се ослонуваш .

Пораката ја оставил Шејх Мухаммед ибн АбдуллВеххаб рахимехуллах.

LAUTKA

avatar
Модератор
Модератор
Убава порака од големиот Шејху Ислам,,,

Аллах џ.ш да те награди,за текстоф ,

Селам Алејкум


______________________________________________
Аллаховата вера е - Исламот, навистина! Оние со дадената им Книга се разединија токму тогаш кога им дојде знаење. Беа еднинадруги себични. А оној кој не ги признава ајетите Аллахови... па, Аллах е Брз Пресметувач, навистина!

Monoteizam

avatar
Редовен член
Редовен член
Ес селаму алејкум ве рахметуллах ве берекатух.

Амин Еџмеин!

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот