Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 7 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 7 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
ИБАДЕТОТ НА АЛЛАХОВИОТ ПРАТЕНИК, С.А.В.С.




Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., живеел со обичен човечки живот, копнеел по Аллаховото задоволство, и на тој пат со својот пример им остава упатство на своите следбеници, давајќи им до знаење дека потеклото и богатството, бојата или нацијата, не се критериуми на величина и вредности на човекот, туку дека тоа се, неговите дела.

Мугире ибн Шу’бе кажува: „Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., би клањал се додека не му отекле нозете. Кога некој би го запрашал : Аллахов Пратенику, зошто толку се оптеретуваш кога Аллах веќе ти ги простил сите поранешни и подоцнежни гревови? , а тој би одговорил: ’Зарем да не бидам благодарен роб.“

Есвед ибн Језид, кажува дека во една прилика ја запрашал Ајша, р.а. : „Како Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., го клањал ноќниот намаз?’ а она одговори: ’ Првиот дел од ноќта би спиел, потоа би станал и би клањал, а кога ќе беше пред зора, би го клањал витр-намазот, потоа би легнал во постела, а понекогаш би легнал со една од своите сопруги. Кога би го чул езанот, ќе станеше и се бањаше ако беше џунуб, а ако не би земал абдест и би отишол во џамија.“

Абдуллах ибн Аббас, р.а., преповеда: „Една ноќ отидов на конак кај својата тетка Мејмуна, сопруга на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. Легнав по преку, а Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., надолж леглото . Околу полноќ Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., се разбуди, ги потри очите и ги проучи последните десет ајети од сурата Али Имран. Потоа стана, зеде абдест од мешината обесена на ѕидот и почна да клања.“
Абдуллах ибн Аббас, р.а., понатака кажува: „Станав и јас и стоев покрај него. Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., ме помилува по глава, ме зеде по десното уво и ме префрли од својата десната страна. Клањаше шест пати по два рекати, а потоа уште еден рекат, а потоа повторно легна. Кога Билал го разбуди (со езанот), стана, клањаше два рекати суннет и излезе во џамија да го клања сабахскиот фарз.“


Ебу Селеме ибн Абдур-Рахман ја запраша во една прилика Ајша, р.а.,: „Како Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., клањаше ноќен намаз во рамазан? , а она му одговори: “Обично во рамазан а и надвор од рамазан клањаше единаесет рекати. Прво би клањал четири рекати, не прашувај за тоа како убаво и долго ги клањаше. Потоа истотака убаво и долго клањаше уште четири рекати и на крајот би клањал три рекати.“

Ајша, р.а., понатака кажува: „Го запрашав во една прилика: О Аллахов Пратенику, дали спиеш пред да го клањаш витрот? А он ми одговори: О Ајша, моите очи спијат, ама срцето не спие.“

Во друго предание Ајша, р.а., кажува: „ Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., некогаш знаеше и цела ноќ да ја проведи клањајќи и учејќи само еден ајет.“

Абдуллах ибн Месуд, р.а., кажува: „Една ноќ клањав со Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., па остана така долго да помислив нешто лошо.“ Некој го запраша: „А што помисли?“
А тој одговори: „Помислив да седнам и да го оставам Пратеникот, с.а.в.с.“

А кога Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., се умореше и кога повеќе не можеше да клања стоејќи, тогаш ќе клањаше седејќи, ама ноќниот намаз не го оставаше. За тоа ни говори Ајша, р.а., која на прашање за ноќниот намаз на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., вели: „Ноќе би знаел да клања многу долго стоејќи и многу долго седејќи, и во тие положби би чинел и руку’ и сеџде.“

А Хавса, р.а., сопруга на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., кажува: „Понекогаш Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., клањаше нафила (доброволен намаз) седејќи. Кога ќе учеше некоја сура, ја учеше така полека и разбирливо, да се причинуваше како да е подолга од некоја сура која е подолга од неа.“

Освен обврзаните пет дневни намази и ноќниот намаз, Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., би клањал доброволен намаз и во тек на денот, тоа го чинеше пред или после обврзаните - фарз намази, а некогаш и во времето помеѓу нив. Некои од нив се нафиле намази, додека други се потврдени или непотврдени суннети, кои повремено или константно би ги клањал покрај пропишаните фарзови.

Така, Абдуллах ибн Омер, р.а., ни кажува: „Клањав со Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., во неговата куќа два рекати пред и два рекати после пладневниот фарз, два после акшамскиот и два после јацискиот фарз.“

Абдуллах ибн Саиб, р.а., кажува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., клањал четири рекати после кога сонцето ја помине половината од небото, а пред пладневниот фарз, и дека рекол: „Тоа е моментот кога се отвораат небеските капии, па сакам во него да ми се подигне добро дело.“

А за утринскиот намаз после излезот на сонцето, Ајша, р.а., кажува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., клањал утрински намаз (Духа-намаз) од четири рекати, а понекогаш и повеќе.“

Енес ибн Малик, р.а., пренесува и вели: „Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., би клањал утрински намаз шест рекати.“

А, Ебу Сеид ел-Худри, р.а., во слабо предание кажува: „Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., истрајуваше во клањањето на утринскиот намаз па би помислиле дека никогаш нема да го напушти, а некогаш би го изоставал би помислиле дека никогаш нема да го клања.“

Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., повеќе сакал да ги извршува доброволните намази, како и потврдените и непотврдените суннети во својата куќа, отколку во џамија, како тоа ни го пренесува Абдуллах ибн Са’д, р.а., кој вели: „Го запрашав Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., за намазот во куќата и џамијата, па ми рече: „ Гледаш ли колку мојата куќа е блиску до месџидот, а да клањам во мојата куќа подраго ми е отколку да клањам во месџидот, освен за пропишаните фарзови.“

За постот на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., Абдуллах ибн Аббас, р.а., вели: „Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., би постел толку долго во некој месец што би рекле дека нема да прекине додека не го испости, а некој би мрсил што би рекле дека нема ништо од него да пости, и никогаш не постеше цел месец, освен месецот рамазан, откако дојде во Медина.“

А, Ајша, р.а., кажува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., од сите месеци, надвор од рамазанот, најповеќе постеше во месецот Шабан. А во друго предание се вели дека постел понеделник и четврток.

А, Ебу Хурејре, р.а., во тој контекст пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Кај Аллах се поднесуваат човековите дела во понеделник и четврток, а јас сакам додека моите дела се поднесуваат да постам.“

Од деновите кои ги постел и препорачувал да се постат се т.н.р. бели денови, а тоа се тринаесетиот, четиринаесетиот и петнаесетиот ден од секој месец, па деновите на Ашура т.е., девети и десети или десети или единаесети ден од месец мухаррем.


Ова е само дел од ибадетот на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., со кој се приближувал и заблагодарувал на Возвишениот Господар, а он, с.а.в.с., е најдоброто и најодбраното створение кое одело по Земјата и на Аллах најдраго, во него е пример за сите оние кои пожелуваат среќа на двата света.

Нека на него, с.а.в.с., неговото семејство, чесните асхаби и сите оние кои ги следат во добро бидат Аллаховиот салават и селам сé до Судниот ден. А нашата последна дова е: “ЕЛХАМДУ ЛИЛЛАХИ РАББИЛ АЛЕМИН“ – “БЛАГОДАРЕНИЕ НА АЛЛАХ, ГОСПОДАРОТ НА СВЕТОВИТЕ! “


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот