Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 9 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 9 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

LAUTKA

avatar
Модератор
Модератор
Честитка од поглаварот на ИВЗ по повод Курбан Бајрам


published - 15/11/2010 17:41:00




„Верниците да се солидаризираат, да ги заборават меѓусебните несогласувања, раздори и заговори за да се постигне задоволството од возвишениот Алах,, порака од поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи по повод празникот Курбан Бајрам.


„Имам посебна чест, по повод празникот Курбан Бајрам, во име на Исламската верска заедница и во мое лично име, да ви го честитам овој празник обраќајќи му се со молитви на Семилосниот за помош, добробит, [Само регистрираните членови може да гледаат линкови. Кликни тука за да се регистрираш...] и среќа. Празникот Курбан Бајрам е празник на обавување на петтиот исламски столб, Хаџот, кој воедно е и собир на сите муслимани од секаде низ светот во светата земја, меѓу кои се и аџиите од нашата земја. Во оваа пригода, му се молиме на Семоќниот и Возвишениот Алах, секаде каде што живеат муслимани да ги покрие со неговата милост, да им помогне во прогресот и да ги заштити од сите оние кои имаат лоши намери и зли идеи, да ги заштити од болести, било да се душевни или телесни, бидејќи Тој е најдобриот Заштитник“, порача Сулејман Реџепи, поглавар на ИВЗ.


______________________________________________
Аллаховата вера е - Исламот, навистина! Оние со дадената им Книга се разединија токму тогаш кога им дојде знаење. Беа еднинадруги себични. А оној кој не ги признава ајетите Аллахови... па, Аллах е Брз Пресметувач, навистина!

LAUTKA

avatar
Модератор
Модератор
Верниците од муслиманската вероисповед денеска го слават празникот курбан Бајрам




„Бајрам мубарек олсун“, „џезуар Бајрами“ – се разлеваа честитките помеѓу муслиманските верници во предворјата на џамиите рано изутрината. Се честиташе големиот муслимански празник курбан Бајрам. Од џамиите одекнуваше повикот на оџата, утринската молитва „сабах –намаз“, а потоа и „Бајрам – намаз“.

Во Куранот пишува ние ти дадовме добро изобилно. Па, клањај му се на господарот твој и заколи курбан!”. Овој цитат најдобро ја отсликуваат суштината на празникот и потсетува на основните принципи на исламот – верата, солидарноста и хуманост. Муслиманските верници колат курбан за да се поблиску до бога. Солидарноста ќе ја покажат поделувајќи го курбанот на три дела, за семејството, за пријателите и за сиромашните. А хуманизмот посетувајќи ги роднините и пријателите.

Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, „фитр Бајрам“, а го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран.

Честитката „Бајрам мубарек олсун“ од секој добронамерник без разлика на вероисповед, муслиманите веруваат ќе придонесе сите да излезат од празникот по силни и со чисто срце и душа.

__________________


______________________________________________
Аллаховата вера е - Исламот, навистина! Оние со дадената им Книга се разединија токму тогаш кога им дојде знаење. Беа еднинадруги себични. А оној кој не ги признава ајетите Аллахови... па, Аллах е Брз Пресметувач, навистина!

LAUTKA

avatar
Модератор
Модератор



Последни подготвки пред курбан бајрам. Муслиманските верници беа на сточните пазари и на месата каде што се продаваше стока. Се купуваа телиња и овци зашто главен обред на овој празник е да се заколе курбан. Продавачите велат дека годинава, за разлика од лани, побарувачката е помала.

„Се трудиме да оди добро. Имаме стока и под и над 200 евра,
зависи од стоката. Минатата година повеќе се продадоа, годинава слабо, луѓето немаат пари“.

„Кој има си купува најдобри бикови и овни. За овие што се послаби никој не прашува, три дена се тука и никој не сака да ги купи. Овие се за сиромашните“.

„Денеска парите ги трошат на луксуз, за курбан не даваат за луксуз даваат“, рекоа некои од продавачите.

За дел од купувачите, цените за курбан не се проблем, оние со поплиток џеб можат само да гледаат.

„Се договоривме, 380 евра, прифатлива цена е. Тоа што народот нема пари е друга работа. Тој ден е хуман ден и месото треба да се подели со сиромасите, со роднините, со комшиите“.

„Не сме прашале колку чини, знаеме дека не можеме да купиме. Имаме мали плати. Да имав добра плата, кој не би сакал да купи“.

„Овие курбани ги купив по 100 евра. Јас со брат ми и зетот купивме шест, за секого по две. Сметам дека цените се нормални, ниту многу високи, ниту многу ниски“, изјавија купувачите.

Курбанот има хуманитарно значење. Дел од месото може да му се даде и на комшија кој не е муслиман. Главната церемонија за молитвата намаз, за Курбан Бајрам, ќе биде утре во џамијата Султан Мурат во Скопје.


______________________________________________
Аллаховата вера е - Исламот, навистина! Оние со дадената им Книга се разединија токму тогаш кога им дојде знаење. Беа еднинадруги себични. А оној кој не ги признава ајетите Аллахови... па, Аллах е Брз Пресметувач, навистина!

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот