Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 10 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 10 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 Сестринството во Исламот... on Чет 11 Ное 2010, 12:45 am

LAUTKA

avatar
Модератор
Модератор
Сестринството во Исламот...




„Сите цврсто за Аллаховото јаже држете се,и никако не се разединувајте! И сетете се на Аллаховата милост кон вас кога едни на другите сте биле непријатели па,Он ги сложил вашите срца и вие со Неговата милост сте станале пријатели,и сте биле на ивцата на јамата,па Он ве спасил.
Така Аллах ви ги објаснува Своите докази за на вистинскиот пат да истраете.“
(Ali-Imran : 103)



Ние сестрите делиме нешто што е посебно од целиот овој свет и од се што он содржи.
Ја делиме верата на нашиот Господар,Возвишениот Аллах,која Он ни ја подарил,Исламот.

Веруваме во Пратеникот Мухаммед,صلى الله عليه وسل‎,и сите останати пратеници,кои пред него биле.

Ние сме членови на исламскиот уммет,без оглед на расата,бојата на кожата,јазикот кој го зборуваме,културата што ја имаме,ние сме сите исти и тоа сигурно е благодет.

Ние сетрите не можеме една без другата,затоа што сме си потребни една на другата, како што Abu Musa al-Ash’ari,пренесува дека Аллаховиот Пратеник Мухаммед,صلى الله عليه وسل‎,рекол:

„Верниците се како ѕидовите на зградата,едниот го потпира другиот!“
(Buharija i Muslim)

Исламот,елхамдулилАллах е перфектен, и во Куранот и Суннетот е опишано како да постапуваме една со другата и што една на другата можеме да направиме.


Ebu Hurejre,р.а.,пренесува дека Аллаховиот Пратеник,صلى الله عليه وسل‎,рекол:

„Не завидувајте еден на друг,не мразете се меѓусебно,не му го врете грбот на другиот,не натпреварувајте се во куповина,туку о Аллахови робови,бидете вистински браќа.
Муслиманот на муслиманот е брат,он нема да му наштети,ниту ке го потцени,ниту на цедило ке го остави.
Такваклукот е овде,и покажал на своите три прста.
Доста му е на човекот неговото зло за да го омаловажува својот брат муслиман.
Се што е врзано за муслиманот е харам за другиот муслиман,неговата крв,неговиот иметок и неговата чест.“
(Muslim)


Ibn Omer,رضى الله عنه‎,пренесува дека Аллаховиот Пратеник Мухаммед,صلى الله عليه وسل‎, рекол:

„Муслиман на муслиманот е брат,не му нанесува неправда,не му ги скратува правата,и не го понижува.
Кој ке му помогне на братот во неволја,Аллах ке му помогне нему во неволјите.
Ако ги прикрие маханите на еден муслиман,Аллах ке му ги прикрие неговите маани на Судниот ден.“
(Buhari i Muslim)


Истотака од Ebu Hurejre,رضى الله عنه‎,се пренесува дека Аллаховиот Пратеник Мухаммед,عليه السلام‎,рекол:

„Муслиманот има пет обврски кон муслиманот:

- да го врати селамот
- да го посети болниот
- да му го клања џеназето
- да го прифати неговиот повик, и кажи: “Jerhamukellah” ,кога ке кивне.“
(Buhari i Muslim)

Во една верзија на Муслим се пренесува дека Аллаховиот Пратеник Мухаммед,عليه السلام‎ рекол:

„Муслиман на муслиманот е должен шест работи:“

- ако го сретнеш поселами го
- ако те повика,одѕивај му се
- ако ти побара совет,искрено посоветувај го
- ако кивне,кажи му “Elhamdulillahi”, речи му “Jerhamukellah”
- ако се разболи,посети го
- ако почине,испрати го (присуствувај на џенезе)


Драга сестро,не треба да ги селамиме само оние кои ги познаваме,туку и оние кои не ги познаваме!

Погледни го следниов хадис:

„Прашан е Аллаховиот Пратеник Мухаммед,عليه السلام‎а.с.,што е најдобро да се направи во исламот?“

Ресулуллах одговорил:

„ Народот да се нахрани и секого со поздрав на мирот да го поселамиме,независно дали ги познаваме или не.“(Buhari)


Ebu-Hurejre,رضى الله عنه‎р.а.,пренесува дека Аллаховиот Пратеник,صلى الله عليه وسل‎,рекол:


"Sedam vrsta ljudi bice u Allahovom hladu, na dan kada nikakvog drugog hlada nece biti;

- pravedni vladar,
- mladic koji odraste u pokornosti Allahu,
- covjek cije je srce neprestano vezano za Dzamiju,
- prijatelji koji se vole samo u ime Allaha, takvi su kad se sastaju i kad se rastaju,
- covjek kojeg lijepa i ugledna zena pozove na blud, pa kaze; - Ne, ja se bojim Allaha,
- covjek koji udjeljuje milostinju, tako da mu lijeva ruka ne zna sta je desna udijelila,
- covjek koji se sjeti Allaha u samoci pa pusti suze".
(Muttefekun alejhi)

Тоа секако дека и за нас жените важи.

Аллаховиот Пратеник,صلى الله عليه وسل‎,рекол:

„Ако некој сака сласта на верата да ја вкуси,треба некого да сака во името на Аллах.“
(Ahmed)

“Кој ке застане зад честа на братот муслиман,тоа ке му биде заштита од џехеннемот.“
(Tirmizi)

“Нема човек муслиман кој ке застане во одбрана на честа на својот брат,а да Аллах нема да земе обврска да го заштити од џехеннемскиот оган на Кијаметскиот ден.(Ahmed)


Завидноста треба да ја тргнеме од себе...

Завидноста навистина многу штети. Многу сестри се разишле само поради љубомората и завидноста којa ги гризе.


Ebu-Zerr,رضى الله عنه‎р.а.,пренесува дека Аллаховиот Пратеник,صلى الله عليه وسل‎,рекол:

„Немојте никогаш да го омаловажувате добочинството на братот,па макар го сретнале братот муслиман со ведро љице!“(Muslim)



Ти си моја сестра и јас сум твојата сестра. Заедно ја делиме нашата вера,ислам,како што се пренесува во еден хадис:

„Муслиман на муслиманот е брат“,па така и ние сме сестри.

Не е наше да се мамиме,лаги да шириме и една другата да ја понижуваме.
Наше е да се сакаме во името на Аллах,سبحانه وتعالى‎,да посакуваме една на другата она за себе што го посакуваме.

„Никој од вас нема да го постигне потполното верување, се додека не го посака на братот она што на себеси си го посакува.“(Buharija i Muslim)

Ebu Hurejre,رضى الله عنه‎,пренесува од Аллаховиот Пратеник,صلى الله عليه وسل‎,

„Некој човек тргнал да го посети братот муслиман во некое друго село,и Аллах му наредил на мелекот да го почека на патот.
- Каде одиш?,прашал мелекот.
- Одам да го посетам братот во ова село-рече човекот.
- Да не одиш за да ти го возврати доброчинството што за него си го направил?
- Не,сакам да го посетам,затоа што го сакам во името на Аллах.
- Ја сум пратеник на Аллах-му рече мелекот.
- Да ти кажам дека Аллах те засакал,како што ти него си го засакал.“


“Кога братот муслиман ке отиде на посета кај братот муслиман,он непрестано собира плодови од џеннетот се додека не се врати.“(Muslim)


Како што гледате сестри мои,на различни нити можеме да го поврземе нашето сестринство.
Ресулуллах на својот Суннет јасно го навел патот до вистинското сестринство,па да го следиме,мили мои.
Да се сакаме во името на Аллах,и тоа да го покажеме една на другата.

Од Enes,رضى الله عنه‎,се пренесува дека еден човек бил кај Пратеникот,صلى الله عليه وسل‎,па покрај него поминал еден друг човек,и рекол:

„Аллахов Пратенику,јас навистина го сакам овој човек!“

На тоа,Аллаховиот Пратеник,صلى الله عليه وسل‎,го прашал:

„Дали си го известил за тоа?“

Одговорил дека не го известил,па Пратеникот,صلى الله عليه وسل‎,му рекол дека треба да го извести,па човекот побрзал да го стигне,и му рече:

„Јас,навистина те сакам во името на Аллах!“

Дpугиот човек му одговорил:
„Аллах те засакал,кој учинил ти мене да ме засакаш во Неговото име.“( Ebu Davud)

- А што е сестринство?

Сестринството е единствената љубов во името на Аллах,سبحانه وتعالى‎

Убавината на таа љубов започнува со признавањето на Едниот и Единствениот Аллах,سبحانه وتعالى‎,и со тоа признаваме дека сме еднакви не гледајки на нашиот статус.

Сестринството не значи да бидеме спремни нешто да направиме само за сестрата што ја познаваме,туку и за онаа сестра што не ја познаваме.

Сестринството е почитување,искреност,доверба,одговорност,лубезност ,помагање...

Сестринство е кога сетрата за нешто се грижи,нејзините грижи да станат и твои,како што се кажува во следниот хадис:

„Примерот на верникот во меѓусебното внимание и сочувството е како пример на едно тело.
Кога ке се разболи еден негов орган,сите други органи му се придружуваат во болката,со несоница и температура.“(Buhari i Muslilm)

Сестринството е почетокот на една добра муслиманска заедница...

Се пренесува дека Аллаховиот Пратеник,صلى الله عليه وسل‎с.а.в.с.,рекол:

„Верникот брзо се лути,но побрзо простува.“(Tirmizi)

Се пренесува дека Пратеникот,صلى الله عليه وسل‎рекол:

“Кога човекот учи дова за неговиот отсатен брат,мелекот говори:“ „Нека е исто за тебе што за него бараш!“(Muslim)

“Довата за другиот брат,кој е отсатен не се одбија!“(Muslim)

Па,драги сестри,чинете дова една за другата,кога сме во неволја и кога не сме.
Да бидеме спремни една на другата да помогнеме во неволјите,и да се потрудиме поголема љубов во името на Аллах,с.в.т.,една на другата да пружиме.

Да бидеме љубезни меѓу себе,и да се потрудиме да се советуваме.

Драга сестро,подари ја на сестрата твојата насмевка,затоа што и насмевката е садака,убавиот збор е садака...

Да не дозволиме да бидеме лути една на другата повеке од три дена,и да не се поселамиме кога ке се сретнеме...

Ова со тебе сум го поделила,затоа што Аллаховиот Пратеник,صلى الله عليه وسل‎,рекол:

„Никој од вас нема да го достигне потполното верување,се додека не му посака на другиот брат она што го посакува на себеси.“(Buharija i Muslim)

„А верниците и верничките се пријатели едни на другите,бараат да се чинат добри дела,а од лошите одвраќаат,молитва чинат и зекат даваат.
На Аллах и Пратеникот му се покоруваат.
Тоа се они на кои сигурно Аллах ке им се смилува – Аллах е доста Силен и Мудар.“
(At Tewba – 71)

Го молам Аллах,سبحانه وتعالى‎,да не зацврсти на исправниот пат,патот на вистината.Амин.


______________________________________________
Аллаховата вера е - Исламот, навистина! Оние со дадената им Книга се разединија токму тогаш кога им дојде знаење. Беа еднинадруги себични. А оној кој не ги признава ајетите Аллахови... па, Аллах е Брз Пресметувач, навистина!

2 Re: Сестринството во Исламот... on Чет 11 Ное 2010, 4:01 pm

alida*


Сестра
Сестра
AMIN AMIN AMIN ALLAH DA NE ZASTITI OD LOSITE MISLI I OD PROKLETIOT SEJTAN , ALLAH DA NI GO ZAJAKNE DINOT I IMANOT I NE NAPRAVI DA BIDEME OD VERNITE I CISTI ROBOVI ALLAHOVI AMIN. I PO ISLAM SE SAKAME I POMAGAME KAKO VISTINSKI BRAKA I SESTRI. E SELAMU ALEJKUM WE RAHMETULLAHI WE BEREKATUHU.


______________________________________________

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот