Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 10 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 10 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

ibn ibrahim

avatar
Нови член
Нови член
Благодарноста му припаѓа на Аллах,
Благодарноста му припаѓа на Оној, Кој ни го даде најголемиот фадилет, ни го даде она нешто, кое што за муттекините е средство за воздигнување, додека за оние кои што не го почитуваат, е максимално понижување.

Целиот наш дини ислам се заснова на два извори: Куран и суннет.
Многу луѓе коментираат за некој ајет, некој вели во Куранот се вели вака, во Куранот се вели онака, филан вака рече, фалан онака...

А никој од нив не го отворил Куранот, ниту пак знае колку страни има, колку ајети, колку џузови, колку сури...

Ова мислам дека е една од најважните теми односно вид на предавање...

Што е тоа Тефсир?

Дали е тоа науката која што се занимава со коментирање на Куранскиот дискурс односно текст?

Да, тоа е науката наречена Тефсир.

Дали некој знае некој коментар од големите алими за некој ајет, па да знае да го објасни, па потоа да извлече некое фикх-ско правило, или некоја мудрост, поука, упатство ...

На жалост не постои тефсир на македонски јазик, односно никој не се потрудил да направи една книга со некој вид на тефсир за некое суре, за подобро да биде разбрано од страна на муслиманите.

Бидејќи преведувам повеќе тефсири, и сакам да направам една збирка на тефсир за сите суриња. Исто така би сакал да поставам текстови за коментирање на Куранот.

Ел хамдулилахи раббил алемин.

http://www.al3arabiya.info

ibn ibrahim

avatar
Нови член
Нови член
Тефсир на Сурето ел Фатиха
од познатиот коментатор МЕУДУДИ

ЕЛ ФАТИХА
Објавено во Мекка
Ајети: 7
Во името на Аллах, Семилостивиот, Најмилостив[1]

1. Славата му припаѓа само на Аллах[2], Господар на универзумот[3],
2. Семилостивиот, Најмилостив[4],
3. Владател на судниот Ден[5].
4. Само Тебе Те обожаваме[6] и само Тебе те молиме за помош[7].
5. Покажи ни го правиот Пат[8],
6. Патот на оние кон коишто беше полн со благодати[9],
7. Патот на оние, коишто не ја заслужија Твојата лутина, ниту пак оние коишто залутаа[10].






[1] Исламската култура бара од човекот да секоја работа што ја започнува, да ја започне во името на Аллах. Ако тоа се направи свесно и искрено, тоа сигурно ќе резултира со три добри дела. Прво, тоа ќе го задржи подалеку од злото, бидејќи споменувањето на името од Аллах ќе го поттикне да размисли дали е оправдано да го поврзе името од Аллах со некое лошо дело или лоша намера. Второ, многу споменувањето на името од Аллах, ќе создаде во него правилно размислување и ќе го води директно кон правата насока. Трето, ќе ја добие Аллаховата помош и бериќет, и ќе биде заштитен од искушенијата на шејтанот, бидејќи Аллах ја насочува неговата милост кон оној кој се упатува кон Него.

[2] Веќе кажавме во уводот на сурето ел Фатиха, дека ова суре е молитва (Дова). Започнува со славање на Аллах, Кому му се упатува ова, за да нè научи како на правилен начин да правиме молитва (Дова). Не треба, односно не му прилега, да човекот на прво место да ја стави потребата или молбата толку директно и грубо, без претходен соодветен предговор. Правилниот начин е признавањето на Возвишеноста на Аллах и високата позиција на Оној, на Кому му ја упатуваме нашата молитва (Дова). Тоа е причината што ние ја започнуваме нашата молитва со славење на Аллах, бидејќи тој е Перфекцијата на сите возвишености, и исто така е нашиот Добродетел. Му укажуваме чест на Аллах, за да покажеме дека искрено ја признаваме неговата Возвишеност и сме му благодарни на Аллах за Неговите безбројни благодати.
Исто така треба да се наведе, дека славата не само што му припаѓа на Аллах, туку дека славата му припаѓа единствено само на Аллах. Оваа разлика е многу важна, бидејќи таа ги сече од корен сите видови на обожавање на било кое суштество. Ниту еден човек, мелек, пејгамбер, ниту таканаречени идоли, ниту ѕвезда, никој од овие, односно ниту едно суштество не поседува такво својство. И ако некој има било какво добро својство, тоа сепак му го подарил Аллах. Според тоа единствено Аллах заслужува да му се молиме, да го обожаваме, да му бидеме благодарни, и никој од Неговите суштества не го заслужува тоа.

[3] Зборот „Рабб„ кој што е преведен на македонски јазик со зборот „Господар„ стои за следниве значења (а) Владател и Сопственик, (б) Оној кој оддржува во живот, Оној кој осигурува, Заштитник, (в) Оној кој што има Суверенитет, Оној кој што Управува и Организира. Аллах е Господар на универзумот во секоја негова смисла.

[4] Иако арапскиот збор „Рахман„ се наоѓа во неговата суперлативна форма и ги означува атрибутите на милостивоста и милоста во сите нејзини највисоки степени, повторно Аллах со неговата мудрост го одбрал и зборот „Рахим„ како дополнение на претходниот збор од истиот корен.

[5] Откако рековме дека Аллах е Семилостлив и Најмилостив, веднаш се додава дека Тој е исто така и Владател на судниот Ден, така што својствата на милоста и добрината да не заведат и излажат некого, па да заборави дека на тој Ден Аллах ќе ги собере сите суштества од првиот до последниот и Тој ќе бара од секого да сносат одговорност и да полагаат сметка за сите направените дела. Па, затоа Муслиманот треба секогаш да го има на предвид фактот дека Аллах не е само Семилостлив, туку истотака е и Праведен. Меѓутоа, Аллах има апсолутна власт да ги казни некого или пак некому да му опрости, сето тоа лежи во неговата Волја, и тоа дека Тој има потполна моќ и власт над сите суштества.

[6] Арапскиот збор „ибадат„ се користи заедно со следниве три значења: (а) обожавање и потчинување, (б) послушност и убедување, (в) робување и зависност. Овде се опфатени сите три значења, како што е, Ние Тебе Те обожаваме, Тебе сме Ти потчинети, Теби Ти робуваме, и „никого и ништо не земаме како предмет за обожавање во сите три значења, освен Тебе, О Аллаху Наш.„

[7] Тоа значи, дека само Тебе Те молиме за помош, бидејќи знаеме дека Ти си Господар на целиот Универзум, и Ти ја имаш целата апсолутна моќ и Ти си Господар на сите суштества. Па затоа се обраќаме за помош кај Тебе за исполнување на нашите потреби и барања.

[8] Значи, тоа е „Покажи ни го оној пат, кој ќе не води право во секој чекор од нашиот живот и ќе не задржи настрана од грешките и лошите последици и ќе ни донесе успех на крајот.„
Ова е барањето односно молбата која што робот му ја упатува на Аллах, кога тој започнува со учењето на Кур`анот. Тој го моли Аллах да го упати при секој чекор од неговиот живот и да го заштити од лавиринотот на сомнежите и несигурностите, кои што произлегуваат од потребата за вистинско признавање. Робот исто така бара од неговиот Господар да му го покаже правиот пат а исто така и залутаните „патишта„ од животот, кои што се во голем број.

[9] Правиот пат за кого го молиме Аллах, е патот кој секогаш бил следен од оние луѓе кон кои што Аллах ја покажал Неговата милост и на кои што Аллах им подарил големи благодети.

[10] Ова е за да ни покаже дека „упатените„ не се оние коишто ќе залутат или коишто ја предизвикуваат Аллаховата лутина, оние коишто очигледно мислат дека ги уживаат добрите нешта од овој привремен свет. Вистински упатените луѓе се оние коишто ја добиле Аллаховата милост и благодат на сметка на нивниот праведен начин на живеење. Оттука може да увидеме дека под милост и благодат се мисли на вистинските и перманентни (постојани) награди, коишто се последица на праведното живеење и со добивањето на Аллаховото задоволство, а не оние привремените благодати од овој свет, коишто ги поседуваат или тирани или насилници и идолопоклоници, коишто и ден денес ги уживаат тие благодати од страна злочинители кои залутале засекогаш.

http://www.al3arabiya.info

ibn ibrahim

avatar
Нови член
Нови член
Тематски Тефсир или Коментар на Сурето Ел Фатиха
од познатиот коментарот
Мухаммед ел Газали

ЕЛ ФАТИХА
Отворање на Книгата


Бисмиллах...– во името на Аллах, во името, кое е Најубаво од сите имиња!

Во името на Аллах, во Чие име ништо, што е на Земјата и што е на Небесата, не може да ти наштети!

Бисмиллахи’р-Рахмани’р-Рахим – Во името на Аллах, на сите Доброчинителот, Милостивиот.

Ова суре, кое исто така се нарекува и Сурету’л-хамд, Сурето кое се слави Аллах, џелле шануху, и благодарност Нему, е една од најкратките суриња во Кур’анот, но сепак е наречена умму’л-Китаб, главнина, срж или суштина на Книгата, “мајка“ на Кур’анот, една од највозвишените кур’ански суриња.

Ова суре ја содржи целосната изразена суштина на исламското верување; тоа е сигурен договор помеѓу луѓето и нивниот Створител, договор кој ја реализира неговата задача во овоземското постоење и надеж во Аллах, дека Тој ќе не упати на Правиот Пат, дека Тој ќе ни подари среќа и успех, и дека Тој ќе даде благослов на Неговото задоволство.

Да го погледнеме првиот ајет: Ел-Хамду лиллахи Рабби’л-’алемин – Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите!

Ел-Хамд е збор во кого се наоѓаат три значења; прво, означува слава и признание со кое се искажува почест на Највозвишеното Битие, на Неговата Возвишеност, убавина и совршенство; второ, славење на ниметите и на се што е подарено од страна ненадминливиот Сопственик на благодатите; и трето заблагодарност со које се примаат спуштените добри и пружени дарови.

Кога стануваме наутро, изговараме, на пример:


Ел-Хамду лиллахиллези ахјана мин мематина ве илејхи’н-нушур –


Благодарноста му припаѓа на Аллах, Кој не проживеа од откако бевме мртви и кај Кого ќе бидеме повторно собрани,



ние го славиме (сена’), му искажуваме благодарност (хамд) и му шуќуриме (шукр).

Рабби’л-алемин – Створителот и Издржавателот на сите светови, господар на сите светови од Аршот (Неговата Престолнина) до долу, од небесата до Земја, од животински врсти до билки и растенија, од мелеците до луѓето.

Целиот свет, освен Аллах, е Негово Створение. Се, освен Аллах, Нему му е потчинето и од Него зависи. Да, се освен Аллах, Нему му е потчинато и ја претставува Неговата благодат:

Сите благодарности му припаѓаат на Аллах, Господарот на небесата и Господарот на Земјата, Господарот на сите светови!/ И Нему му припаѓа величенственоста на небесата и на Земјата! Тој е Силниот и Мудриот! (Ел-Џасије, 36-37).

Ер-Рахмани’р-Рахим – Семилосниот, Сомилостив – ние живееме од Неговата милост; Неговата милост и Неговото знаење опфаќаат се и сешто; и ако Аллах не ги опростува гревовите и ако не е милостив, ние ќе отидевме во пропаст со нашето грешење и себеси ќе се осудивме на неверување и заблуда.

Малики јеуми’д-дин – Владар на Судниот Ден – се мисли на денот кога ќе бидат доделени наградите или казните за делата, Денот кој ќе биде почеток на Оној свет, а тој свет стои наспроти овој наш сегашен свет.

Во сегашниот свет доминира материјалистичката цивилизација, која многу ретко го спомнува Аллах, дури и, тоа го смета за мизерија и лакрдија.

Тоа е цивилизација која почива на заборавање на идниот свет во сферата на воспитувањето, законодаството, меѓународната и домашна политика, а идниот свет е најголемата вистина, на која треба најмногу да и обрнеме внимание и на која треба на сметаме.

Ијјаке-на’буду ве ијјаке несте’ин – Само Тебе ти робуваме и само од Тебе помош бараме – само Тебе те слушаме, само Тебе сме ти покорни, само Тебе ибадет ти правиме, о, Аллах; и само на Тебе – и на никој друг- се ослонуваме; се друго има потреба за Тебе, како што стои во двете изреки на Мухаммед а.с.:

„Аллахумме е’инни ’алаа зикрике ве шукрике ве хусни ’ибадетик“

„О, Аллаху мој, помогни ми да ти правам зикр, да Ти изразам благодарност, и да Ти правам ибадет на најубав начин!“ (Ебу Давуд од Муаз ибн Џебел).

„Кога бараш, барај од Аллах, а кога бараш помош, барај ја кај Аллах“ (Тирмизи од Ибн Аббас).

Ихдине’с-сирата’л-мустеким, сиратал-лезине ен’амте ’алејхим... – Упати не на Правиот Пат,/ на Патот на оние, на кои Си им подарил Своите дарови – правата црта е најкраткиот пат измеѓу две точки, и таа е едностука; па кој е на Правиот Пат – го нашол патот до Аллах; „Навистина, Створителот мој е на Правиот Пат!“

Крај на првиот дел
Инша’Аллах, ќе следи и другиот (последниот) дел.

http://www.al3arabiya.info

ibn ibrahim

avatar
Нови член
Нови член
ЕЛ ФАТИХА

(Почеток)
Ова суре е објавено во меканскиот период и има 7 ајети.

Вредноста и главните особини на суретул Фатиха

Ова суре од Кур`анот има многу вредности карактеристични за него. Како прво, Кур`анот започнува со ова суре; второ, пропишаните намази започнуваат со ова суре; и трето, според редоследот на Објавата, ова е првото суре кое му е објавено на Мухаммед а.с. во целост. Некои ајети од сурињата Икре (ел-Алек), Муземмил и Мудесир, без сомнение се објавени порано, но прво суре кое е целосно објавено е ова суре. Некои Асхаби од Мухаммед а.с. пренесуваат хадиси, во кои се кажува дека ова е првото објавено суре. Најверојатно мислеле дека ниту едно суре не е целосно објавено пред ова. Можеби затоа е наречена `Фатихатул Китаб` (Отварање на Книгата).

Друга важна карактеристика на ова суре е тоа што, може да се нарече суштина на Кур`анот, додека остатокот од Кур`анот е негово објаснување. Затоа ова суре може да биде опишано заради две причини. Прво; се она што Кур`анот сака да го каже, на еден или на друг начин, е поврзано со овие две теми, верување (Иман) и добри дела (ал Амал ал салих). Основните принципи на овие две теми се претставени во ова суре (Види Рух ал-Ма`ани и Рух ал-Бејан). Затоа во вистински хадиси ова суре е наречено како `Умм ал-Кур`ан` (Суштина на Кур`анот), `Умм ал-Китаб` (Суштина на Книгата) и `Ал-Кур`ан ал-Азим` (Величентсвен Кур`ан).

Второ; ова суре дава специјални интрукции на оној, кој што започнува да го учи или проучува Кур`анот, дека тој треба да и пријде на оваа книга со прочистен разум од сите претходни мисли и намери, и да не бара ништо освен Вистината и правиот Пат, да го моли Аллах џ.ш. да биде упатен на правиот Пат. Ова суре започнува славење на Аллах џ.ш., пред да му се упати молбата/барањето и завршува на крај со молба за Упатство. Целиот Кур`ан е одговор на оваа молба. Одговорот започнува со зборовите `Елиф Лам Мим. Ова е Книгата`, која е знак дека Упатството за коешто беше замолено, дадено е овде во оваа Книга.

Аллаховиот пејгамбер а.с. рекол: `Се колнам во Оној, во чија рака се наоѓа мојот живот, дека ниту во Тевратот, ниту во Инџилот, ниту пак во Зебурот на Давуд а.с. има нешто слични што може да се спореди со ова суре од Кур`анот, ниту пак друго суре од Кур`нот може да се спореди со ова.` (Пренесено од Ебу Хурејре р.а.)

Аллаховиот ресул а.с. рекол истотака дека ова суре е лек за сите видови на болести. Според друг хадис, ова суре е наречени истотака `Лек` (ал-Шифа), (Вид Куртуби), истотака и Бухари пренесува од Енес р.а. дека Мухаммед а.с. рекол: `Ова е највозвишено суре помеѓу сите други суриња во Кур`нот.` (Види Куртуби)

﴿بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمٰنِ الرَّحِيمِ ﴾
(Започнувам) со Името од Аллах, Милостивиот, Семилосен.
Бисмиллах е ајет од Кур`анот

Има согласност помеѓу сите муслимани на фактот дека Бисмиллахир-Рахманир-Рахим е ајет од Кур`анот, и составен дел (ајет) од сурето Намл (Мравка); Истотака има согласност, дека овај ајет е напишан на почетокот од секое суре, со исклучок на сурето Тевбе. Но има различни ставови помеѓу Муџтехидите (алими кои се овластени да дадат мислење во вакви прашања), дали овај ајет е составен дел од сурето Фатиха или од сите суриња или не. Според Имамот Ебу Ханифе, тој не е составен дел од ниедно суре, освен сурето Намл, поточно тој е независен дел/ајет од Кур`анот, кој што е сместен на почетокот од секое суре, за да ги раздели и разликува едно суре од друго.

Вредноста на Бисмиллах

Во времето на Џахилијетот (Незнаењето) пред појавата на Исламот, луѓето имале обичај, се што ќе започнеле да работат, го започнувале во името на нивниот идол или бог. За да се искорени овој обичај, првиот ајет од Кур`анот, кој мелекот Џибрил а.с. му објави на Мухаммед а.с. беше, да го започне Кур`нот во Името на Аллах џ.ш
. اقْرَأْ بِاسْمِ رَبِّكَ :
`Читај во Името на Твојот Господар.`

Познатиот коментатор (муфессир) Сујути, дека покрај Кур`анот, и сите други Аллахови книги започнуваат со Бисмиллах. Според мислењата на други алими, Бисмиллахир-Рахманир-Рахим е особено само за Кур`анот и следбениците на Мухаммед а.с. Двата ставови можат да се согласат, ако знаеме дека сите Аллахови книги ја имаа истата особина да започнат во Името на Аллах, но дека фразата Бисмиллахир-Рахманир-Рахим е карактеристична само за Кур`анот, може да се потврди со вистински хадиси, дека Мухаммед а.с. го споменувал Името на Аллах во секој почеток на било каква работа и тоа: بِاسْمِكَ اللّ٘ (Бисмике Аллахумме), но кога беше објавен ајетот Бисмиллахир-Рахманир-Рахим, Пегамберот го споменуваше само овој ајет. Оттогаш беше прифатена оваа пракса од страна Мухаммед а.с. усно да се изговори или при дело или одобрување со молчење. (Види Куртуби и Рух ал-Ма`ани).

Кур`анот постојано не учи, секоја работа да ја започнеме во Името на Аллах. џ.ш.
Мухаммед а.с. рекол дека ниту едно дело нема да биде со берикет од Аллах, се додека тоа дело не е започнато во Негово Име. Според други хадиси, затворањето на вратата од куќата, изгаснувањето на ламбата, покривањето на садовите, се треба да биде направено претходно со Бисмиллах. Кур`анот и Хадисите постојано не учат да го кажеме овој ајет пред да почнеме да јадеме, пред да пиеме вода, пред земање абдест, пред да се качуваме или слегуваме од некој превоз. (Види Куртуби)

Со учењето да секоја работа се започне со Името од Аллах џ.ш., Исламот сите дела од животот ги свртил кон Аллах џ.ш., така што со секој чекор што го превзема, тој ја обновува неговата доверба на договорот со Аллах џ.ш., дека нишсто што тој прави, дури и неговото постоење не може да биде без волјата и помошта од Аллах џ.ш. Па така, сите економски и овоземски активности на човекот, секоје движење, секој потег и гест се претвора во чин на Ибадет (обожување на Аллах џ.ш).[1] Колку е кратка акцијата, која што не троши ниту време ниту пак енергија, а нејзитата добивка е огромна—тоа е обична магија, која овој свет (овој Дуњалук) ја претворат во светост (Дин);


______________________________________________
العلم نور
http://www.al3arabiya.info

LAUTKA

avatar
Модератор
Модератор
Аллах џ.ш да те награди брат за твоиве убави објаснувања и постови...............................


______________________________________________
Аллаховата вера е - Исламот, навистина! Оние со дадената им Книга се разединија токму тогаш кога им дојде знаење. Беа еднинадруги себични. А оној кој не ги признава ајетите Аллахови... па, Аллах е Брз Пресметувач, навистина!

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот