Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 10 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 10 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Отиди на страна : Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 2 of 2]

26 Re: Учење на арапскиот јазик on Вто 02 Ное 2010, 12:58 pm

ibn ibrahim


Нови член
Нови член
Вежба бр.2, Прочитај ги гласно следниве реченици, потоа преведи ги на македонски

1. ما هذا؟ - هذا قلم
2. هذا كلب
3. من هذا؟ - هذا طبيب
4. هذا جمل
5. أهذا كلب؟ - لا، هذا قط
6. أهذا ديك؟ - نعم
7. أهذا حصان؟ - لا، هذا حمار
8. هذا منديل
9. أهذا ولد؟ - نعم
10. من هذا؟ - هذا رجل

Точен одговор на вежба бр.2

1. маа хаазаа?- хаазаа калемун. Што е ова? Ова е пенкало.
2. хаазаа келбун. Ова е куче.
3. мен хаазаа? - хаазаа табиибун. Кој е ова? Ова е доктор.
4. хаазаа џемелун. Ова е камила.
5. е хаазаа келбун? - лаа, хаазаа кит-тун. Дали е ова куче? - Не, ова е маче.
6. е хаазаа диикун? - неам. Дали е ова петел? - да.
7. е хаазаа хисаанун? - лаа, хаазаа химаарун. Дали е ова коњ? - Не, ова е магаре.
8. хаазаа миндиилун. Ова е миндил.
9. е хаазаа веледун? - неам. Дали е ова момче? - да.
10. мен хаазаа? - хаазаа реџулун. Коој е ова? Ова е човек.

Вежба бр3., напишете ги овие реченици во вашите тетратки, на арапски, најмалку 5 пати.

ВТОРА МЕЃУЛЕКЦИЈА: Немој да се нервирате кога не гледате вокали, (ова ви го кажувам од лично искуство, бидејќи и мене ми се плачеше кога ќе видев гол збор без облека)

Вие, сигурно, (можеби повеќе машкиот дел), го знаете знакот од Фолксвааген. Оваа марка на автомобили има знак со две букви, и тоа Volk и Wagen (Фолк и вааген). Но, штом ќе го видете знакот, веднаш знаете дека тоа се чита фолксфаген, иако никаде во знакот не пишува така.

Или пак со името од Аллах џ.ш., الله
сите муслимани го препознаваат, иако повеќето од нив не знаат да читаат арапски.
Значи, во арапскиот јазик се пишуваат само консонантите (д,т,м и др.) и долгите вокали (аа, ии, уу), додека пак кратките вокали не се пишуваат. Ваквиот текст се нарекува невокализиран. Додека пак, единствени текстови кои се вокализирани (значи дека и кратките вокали се напишани) тоа се Аллаховата книга, поезијата (повеќето), учебниците за основно образование, некои хадиски дела.

Замислете, да пишувавме во македонскиот само со консонанти, и долги вокали (во македонскиот нема, само оние од друго поеткло) во арапскиот, ајде прочитајте ја долната реченица:

Парлмнтот в Репблк Мкдниј, в грдот Скпј, вчр донс нв закн з пркин с пушњт.

Дали вие многу тешко да ја декодирате горната реченица, сигурно не многу,
Парламентот во Република Македонија, во Скопје, вчера донесе нов закон за прекин со пушењето.

На ваков начин се пишува во арапскиот јазик.
Но, немојте да се грижете, понатака во вашето учење, секое зборче кога ќе го видете ќе знаете за што се работи. И ќе си речете, ахаа ова од кога сум го знаел, не го научев сега

http://www.al3arabiya.info

27 Re: Учење на арапскиот јазик on Вто 02 Ное 2010, 8:55 pm

Muslima4Islam

avatar
Модераторка
Модераторка
ta te prasham: nie ucevme so hel da postavuvame prashanja.. zastho ti objasnuvash so e haza?
dali ima nekoja razlika?


ili drugo znacenje?

primer hel anti ......dali si ti...






______________________________________________
Najgolema Sekiracija vo Denot treba da ni bide Ibadetot!!!

28 Re: Учење на арапскиот јазик on Вто 02 Ное 2010, 9:16 pm

ibn ibrahim

avatar
Нови член
Нови член
Allah da te nagradi za ubavoto prashanje.

Pa vaka:

Vo arapskiot jazik imame tri vidovi nacini za prashalni formi:

1. prashalnoto zborce hel, na primer: Hel haazaa kitaabun? Dali e ova kniga?

2. so elif/hemze, na primer: e haazaa kitaabun? Dali e ova kniga?

3. so intonacija, povishuvanje na glasot: haazaa kitaabun? Ova e kniga?

Vtorata forma e najraspostraneta vo Kur'anot. Dodeka pak prvata i tretata forma se koristat poveke vo razgovorniot/sekojdnevniot jazik.



Последната промена е направена од ibn ibrahim на Вто 02 Ное 2010, 10:20 pm. Мислењето е променето 2 пати.

http://www.al3arabiya.info

29 Re: Учење на арапскиот јазик on Вто 02 Ное 2010, 9:26 pm

Muslima4Islam

avatar
Модераторка
Модераторка


jasno. Ucitelkami sekogash go koristi zborot hel...zatoa te prashuvam....

fala mnogu.

barakAllahu feek


______________________________________________
Najgolema Sekiracija vo Denot treba da ni bide Ibadetot!!!

30 Re: Учење на арапскиот јазик on Сре 03 Ное 2010, 11:03 pm

ibn ibrahim

avatar
Нови член
Нови член
الكلمات الجديدة
Ел келимаату-л џедиидету
Новите зборови од третата лекција.

Редниот број на новите зборови е како подолжение од претходните две лекции, за да имате преглед, колку ви е богат арапскиот зборовен фонд.

25. Имаамун – имам/предводник – امام
26. сук-керун – шеќер – سكر
27. хаџерун – камен – حجر
28. лебенун – млеко – لبن
29. ганиј-јун – богат – غني
30. фекиирун – сиромав – فقير
31. тавиилун – висок – طويل
32. касиирун – низок – قصير
33. бааридун – ладно – بارد
34. хаар-рун – жешко – حار
35. џаалисун – седи/седечки – جالس
36. ваакифун – стои/стоечки – واقف
37. џедиидун – нов – جديد
38. кадиимун – стар – قديم
39. кариибун – блиску – قريب
40. беиидун – далеку – بعيد
41. незиифун – чист – نظيف
42. весихун – нечисто/гнасно – وسخ
43. сагиирун – мал – صغير
44. кебиирун – голем – كبير
45. хафиифун – лесен – خفيف
46. секиифун – тежок – ثقيف
47. верекун – хартија – ورق
48. мааун – вода – ماء
49. туф-фаахун – јаболко – تفاح
50. џемиилун – убаво – جميل
51. дук-каанун – дуќан – دكان
52. хулвун – сладок – حلو
53. мериидун – болен - مريض

Една убава вест: Ако ги научите и овие зборови, тогаш сте научиле 25 проценти од првиот степен на курсот по арапски јазик.

Нагласување: транскрипцијата е потребна само за кратките вокали, додека пак консонантите и вокалите се гледаат и на арапскиот дел.

http://www.al3arabiya.info

31 Re: Учење на арапскиот јазик on Сре 10 Ное 2010, 11:08 am

ibn ibrahim

avatar
Нови член
Нови член
ТРЕТА ЛЕКЦИЈА (ВТОР ДЕЛ)

Е, сега, дојдовме до еден голем момент. За прв пат во овој курс ќе можете да составите една оригинална арапска реченица, и тоа не било каква. Ајде, да почнеме.

Засега треба да знаете дека во арпаскиот имаме два вида на реченици, и тоа:

1) Именски реченици и
2) Глаголски реченици.

Според арапските граматичари (не, според ориенталистичките) именската реченица започнува со именка, додека пак глаголска започнува со глагол. Едноставно, нели?

Па така, ако ги знаеме зборовите китаабун كتاب – книга и џедиидун جديد – нов, и пред нив го додадеме ел ال, ќе ја добиеме следната низа:

ال + كتاب + جديد

Мала информација: Штом ставаме ел ال тогаш, ја тргаме буквата н ن од зборот. На пример, од китаабун كتاب , со додавење на ел и одземање на н, добиваме ел китаабу الكتاب .

Додека пак, зборот џедиидун جديد останува како што е, ниту му се додава нешто ниту му се одзема.

Значи, ја добивме реченицата,

Ел китаабу џедиидун. الكتاب جديد

Буквален превод би било: книгата нова.

Ама, нешто ни недостига. Нормално би требало да биде: книгата е нова. Но, каде е ова „е„?
Зошто го нема? Зар не можеме да го видеме?

НЕ. На жалост НИЕ не можеме да го видеме, но самите АРАПИ тоа го гледаат. Останува да ми поставите прашање за 500 денари.



Како ќе прогледаме, односно како ќе знаеме дека таму има едно „е„?

Одговор гласи: Прво, Ние, неарапите, никогаш нема да прогледаме. Но, тука има и второ нешто.

Знајте дека, ако првиот збор има ел ال, а вториот збор нема ел ال тогаш, помеѓу овие два збора СЕКОГАШ се наоѓа нашето „е„

Ако ова не го разбравте со првото читање, немојте да се секирате, пробајте со второто, па со трето, па и ако има потреба со 50 пати, но после тоа сигурно ќе ви се обелодени.

Непознатите зборови од третата лекција, би требало да ги знаете. Па, така ви останува да правите многу реченица. Се разбира ова ви е и ДОМАШНА РАБОТА.

Еве неколку реченици, а вие сами направете повеќе:

Ер-реџулу ганиј-јун. Човекот е богат. الرجل غني
Ел веледу џаалисун. Момчето седи. الولد جالس
Ел мудер-рису ваакифун. Учителот стои. المدرس واقف
Ел бејту кариибун. Куќата е близу. البيت قريب
Ел калему кадиимун. Пенкалото е старо. القلم قديم
Ел маау бааридун. Водата е студена. الماء بارد
Ел месџиду беиидун. Џамијата е далеку. المسجد بعد
Ел камеру џемиилун. Месечината е убава. القمر جميل

Сега две реченици со сврзникот ве و.

Ел химаару сагиирун вел хисаану кебиирун. Магарето е мало и коњот е голем.
الحمار صغير و الحصان كبير

Ел хаџеру секиилун вел вереку хафиифун. Каменот е тежок и хартијата е лесна.
الحجر ثقيل و الورق خفيف


______________________________________________
العلم نور
http://www.al3arabiya.info

32 Re: Учење на арапскиот јазик on Сре 10 Ное 2010, 11:31 am

Muslima4Islam

avatar
Модераторка
Модераторка
ke otvoram tema na germanski so prashanja za ova tema...



______________________________________________
Najgolema Sekiracija vo Denot treba da ni bide Ibadetot!!!

33 Re: Учење на арапскиот јазик on Нед 14 Ное 2010, 11:14 pm

ibn ibrahim

avatar
Нови член
Нови член
Четврта лекција ед-дерсу-р раабиу الدرس الرابع
(прв дел)

Епа, добро. Пред да почнеме, ај прво да си зборнеме на нашки:

Замислете го ФИИ како еден добар муслиман, додека пак именката како една добра муслиманка, но која што не носи хиџаб. Па така, ФИИ-муслиманот и вели на УН-именката, вака:

„Ако сакаш да бидеш со мене, ќе треба фризурата УН да ја смениш и да ставиш хиџаб ИН.“

Што е пак сега ова? Ве молам читајте со четири очи подолу.

Во оваа лекција за прв пат ќе спомнеме две збора, кои вие многупати ги имате слушано, слушајќи или читајќи Кур’ан. Во граматиката овие видови зборови се наречени предлози или препозиции. Во македонскиот ги имаме следните предлози: во, на, пред, зад и други.
Овде ќе спомнеме два предлога, и тоа: во фии في и на алаа علي.
Ние рековме дека една именка може да има три определени форми, и три неопределени. За пример ќе го земеме зборот односно именката книга كتاب.
Определена:
ел китаабу الكِتَابُ
ел китаабе الكِتَابَ
ел китааби الكِتَابِ

Неопределена:
китаабун كِتَابٌ
китаабен كِتَبًا
китаабин كِتَبٍ

Ако сакаме да речеме, некој е во некое неопределено место, на пример:

Момчето е во куќа. Ел-веледу фии бејтин. الولد في بيتٍ
Човекот е во џамија. Ер-реџулу фии месџидин. الرجل في مسجدٍ


Ако местото е определено:
Момчето е во куќата. Ел-веледу фил бејти. الولد في البيتِ
Човекот е во џамијата. Ер-реџулу фил месџиди. الرجل في المسجدِ

Значи, што гледате едно фии فيтогаш именката треба да заврши на ин, но ако е определена т.е. со ел ال, тогаш буквата н ن се губи. На наброиме и други примери:

Во книга. Фии китаабин. في كتابٍ
Во книгата. Фил китааби. في الكتابِ
Во дуќан. Фии дук-каанин. في دكانٍ
Во дуќанот. Фид-дук-каани. في الدكانِ

Втор предлог беше на алаа علي , на ист начин како фии في .

Книгата е на маса. Ел-китаабу алаа мектебин. الكتاب علي مكتبٍ
Книгата е на масата. Ел-китаабу але-л мектеби. الكتاب علي المكتبِ
Пенкалото е на камен. Ел-калему алаа хаџерин. القلم علي حجرٍ
Пенкалото е на каменот. Ел-калему але-л хаџери. القلم علي الحجرِ


Истотака во оваа лекција ќе спомнеме две заменки и тоа:
Тој хуве هو
Таа хије هي


На пример:
Тој е студент. Хуве таалибун. هو طالب
Тој е голем. Хуве кебиирун. هو كبير
Тој е во куќа. Хиве фии бејтин. هو في بيتٍ
Тој е во куќата. Хуве фил бејти. هو في البيتِ

Запамтете ја следнава шема:

في + بيتٍ

Фии + бејтин
Во куќа. (во една куќа, значи неопределена куќа, во било која куќа)

في + ال + بيتِ

Фил бејти. (знаете кога има долг и краток вокал, тогаш се крати долгиот)
Во куќата. (во една определена куќа, т.е. се знае во која куќа)

Правилот гласи:
Кога ќе видете предлог, тогаш именката мора да заврши ин или и.
Фии бејтин или фил бејти, во зависност што сакаме да рече.

Еве една реченица од Кур’анот:

Сонцето и месечината се во небесета. (Мак.: на небесата)

ЕШ-ШЕМСУ ВЕ-Л КАМЕРУ ФИ-С СЕМААИ.

الشَّمْسُ وَالقَمَرُ فِي السَّمَاءِ


______________________________________________
العلم نور
http://www.al3arabiya.info

34 Re: Учење на арапскиот јазик on Вто 11 Окт 2011, 6:22 pm

oriental

avatar
Нови член
Нови член
Прекрасна тема, листајќи “Учење - Арапски - Јазик“ на гугл, ми излезе овај форум и темата, гледам дека е од религиозен карактер, но не ми смета тоа, туку ме интересира зошто оваа тема е сопрена? Нема кој да преведи од арапски, нема кој да предава, и уште една работа, има ли некој што држи часови по арапски, али што навистина го знае арапскиот јазик, а не збор по зборSmileДоколку има, ќе ве замолам да ми одговорите.

35 Re: Учење на арапскиот јазик on Вто 11 Окт 2011, 6:47 pm

Talib-Ul-Haqq

avatar
Брат
Брат
Поздрав до тебе Oriental, навистина интересна тема, за нас муслимани учењето на арапски јазик е од фундаментално значење, но ете членот Ibn Ibrahim веќе подолго време е отсутен од форум, па со тоа друга личност не е јавена да продолжи со лекциите.

Се надеваме дека некој поучен ќе изрази желба да продолжиме со учење откако ќе ги прочита овие пораки.

36 Re: Учење на арапскиот јазик on Вто 11 Окт 2011, 6:56 pm

oriental

avatar
Нови член
Нови член
Јас да ви се заблагодарам на брзиот одговор, интересно е што муслиманите имаат тенденција да го учат арапскиот јазик,па ако може во контекст на темава уште едно прашање да поставам: Која е причината што муслиманите имаат потреба да го учат арапскиот јазик?
Дали тоа е поради што куранот е објавен на арапски, Мухамед а.с бил арап или пак чисто, од љубопитност т.е интерес за ориенталната култура?

37 Re: Учење на арапскиот јазик on Вто 11 Окт 2011, 7:06 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
oriental напиша:Прекрасна тема, листајќи “Учење - Арапски - Јазик“ на гугл, ми излезе овај форум и темата, гледам дека е од религиозен карактер, но не ми смета тоа, туку ме интересира зошто оваа тема е сопрена? Нема кој да преведи од арапски, нема кој да предава, и уште една работа, има ли некој што држи часови по арапски, али што навистина го знае арапскиот јазик, а не збор по зборSmileДоколку има, ќе ве замолам да ми одговорите.

Најпрво едно топло добредојде во ова ладно време Smile

Се надевам дека ке си поминеме добро и ке си поразговараме.

Темата е основана од членот и братот во Ислам ibn ibrahim но ете вече не е продолжено со постирајне на нови коментари Sad

Братот ibn ibrahim мислам дека го познава Арапскијот јазик.

Имаше една преведена книга од која се учи Арапскијот јазик иншАллах ке се потрудам да ја најдам и ке ставам Линк тука на темава.

инаку незнам точно не сум сигурен дека има некој кој дава Арапски часови т,с Арапски курс.



Доколку има некој кој знае нека наведе кој е тој кој дава такви часови.


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

38 Re: Учење на арапскиот јазик on Вто 11 Окт 2011, 7:22 pm

ibn ibrahim

avatar
Нови член
Нови член
Поздрав до Oriental.

Јас сум Ibn Ibrahim. Инаку сум професор по германски јазик и книжевност. Арапскиот јазик го учев (и продолжувам да го учам сам) со помош на англискиот и германскиот јазик.
Се надевам наскоро да продолжам со постирање на арапски лекции.

Општопознато е дека секоја религија е поврзана со димензиите: време и место. Па така секоја цивилизација, религија или култура ги поседува овие податоци.

Христијанството е појавено во време и место познато на сите, еврејството истотака, грчка, римска, француска, германска, прв Рајх, втор, трет. И Хитлер не бил исклучок од овие две димензии и тој се знае кога живее и каде живее и кој јазик користел да комуницира. Па така, кој сака да го разбира Гете и неговите дела, ќе треба да научи германски јазик и тоа со примеси од пред повеќе години напред.

Исто така и Исламот е поврзан со време и место, па оттаму и со јазик.

Се надевам, дека разбираш зошто треба да учиме арапски јазик.

Ibn Ibrahim


______________________________________________
العلم نور
http://www.al3arabiya.info

39 Re: Учење на арапскиот јазик on Вто 11 Окт 2011, 7:22 pm

oriental

avatar
Нови член
Нови член
Edit направив на последниот мој пост, поради што невидов дека Ибн ибрахим постирал.
Ти посакувам успех понатаму, и повеќе лекции за арапскиот, но почни најпрво со буквите, која, како се изговара итн. Поздрав

40 Re: Учење на арапскиот јазик on Вто 11 Окт 2011, 9:16 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
oriental напиша:Edit направив на последниот мој пост, поради што невидов дека Ибн ибрахим постирал.
Ти посакувам успех понатаму, и повеќе лекции за арапскиот, но почни најпрво со буквите, која, како се изговара итн. Поздрав

Најпрвин сакам јас да те прашам тебе дали си Муслиман.

Ако не си муслиман тогаш вака:

Братот не е обавезен да ни ги кажува буквите.

Има еден курс во исламот кој се вика Мектеб.

Тука се учи Арапски писмо значи се учат буквите и се учат правилата.

Затоа ако сакаме да научиме да зборуваме Арапски јазик тогаш треба да го знаеме првиот степен Арапското писмо.

Немој да се најдеш навреден туку само јас те прашав и ти укажав Smile

Со почит:

[You must be registered and logged in to see this link.]


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

41 Re: Учење на арапскиот јазик on Сре 12 Окт 2011, 7:08 pm

oriental

avatar
Нови член
Нови член
ne ti go sfativ bas odgovorot, ne sum musliman, napomenav i pogore dek slucajno listajki na google ja najdov temava za ucenje na arapski jazik.
Dokolku moze i saka neka objavi nekoja lekcija ke gi sledam povremeno.Pozdrav

42 Re: Учење на арапскиот јазик on Сре 12 Окт 2011, 7:22 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
oriental напиша:ne ti go sfativ bas odgovorot, ne sum musliman, napomenav i pogore dek slucajno listajki na google ja najdov temava za ucenje na arapski jazik.
Dokolku moze i saka neka objavi nekoja lekcija ke gi sledam povremeno.Pozdrav

Добро пријателе сигурно не ме свати поради што не си муслиман Термините не ти се јасни Smile

А иншАллах Братот ibn ibrahim доколку е во можност и слободно време нека постира иншАллах да бидеме окористени сите ние.


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 2 of 2]

Отиди на страна : Previous  1, 2

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот