Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 10 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 10 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 2 of 5]

26 Re: Куран на Македонски Јазик on Сре 12 Јан 2011, 5:07 pm

Muaz al Islam


Модератор
Модератор
СУРА

ЕЛ-ФУРКАН (Разделувач)

Мекка - 77 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Нека е возвишен Оној кој го објави Разделувачот на вистината од невистината до робот Свој за да биде Опомена за световите!

2. Оној чија власт на небесата и на Земјата е - Негова, Кој не си присвои дете, Кој во власта не зема здруженик, и Кој ја создаде секоја ствар, па ја определи со мера определена!

3. И тие покрај Аллах прифатија други божества кои не создаваат ништо, а тие, токму, се создадени; за себеси немаат моќ ни да си користат ни да си наштетат, ниту да усмртат ниту да оживеат, или, пак, по смртта да оживеат.

4. А неверниците зборуваа: “Ова е само клевета кој тој ја измислува и во што, секако, му помагаат други луѓе.” Да, тие носат лага и измама!

5. Зборуваат: “Овие се прикаски на одамнешните кои ги пропиша и му се кажуваат наутро и навечер.”

6. Кажи: “Кур’анот го објави Оној кој ја знае тајната на небесата и на Земјата.” Он, навистина, е Простувач и Сомилосен!

7. И зборуваат: “Што му е на овој пејгамбер? Јаде храна и шета по чаршиите? Зошто не му е испратен мелек па да биде со него опоменувач?

8. Или да му се спушти ризница или, пак, да има бавча од која ќе јаде?” Зулумќарите зборуваат уште и: “Вие следете само опседнат човек!”

9. Погледни какви примери за тебе донесуваат! Ете, така тргнаа во заблуда и не можат да се вратат по патот вистински!

10. Нека биде вишен Оној кој, доколку посака, ќе ти даде подобро од тоа: бавчи низ кои реки течат; ќе ти даде, исто така и дворови.

11. Но, не! Го сметаа за лажен Часот! А за оној кој го смета Часот за лажен Ние подготвивме казна огнена.

12. Кога ќе им се укаже од место далечно, слушаат беснило и вриење.

13. А кога ќе бидат фрлени во теснец со врзани раце, ќе се молат за пропаст.

14. “Не молете се денес за една пропаст, туку молете се за многу пропасти!”

15. Кажи: “Тоа е подобро или пак е подобар Џеннетот на вечноста, ветен за богобојазливите?” Ете, тоа е, токму, наградата и свратилиштето нивно.

16. Во него за нив има се што ќе посакаат, за навек! Одговорноста за тоа ветување е во надлежност на Господарот твој.

17. А на Денот кога Он ќе ги збере, и она што го обожаваа, освен Аллах, и кога Он ќе рече: “Вие ли во заблуда ги скршнувавте робовите Мои или, пак, тие во заблуда си скршнаа од патот вистински?”

18. Ќе речат: “Славен биди Ти! Да, не ни требаше да земаме други заштитници освен Тебе, но Ти, ним и на бабовците нивни, им даде да уживаат се додека не заборавија да се сеќаваат на Тебе.” Беше народ кој, секако, пропадна!

19. Да, тие го сметаат за лажно она што го зборувате. Не ќе можете да ја отстраните маката нивна а ниту, пак, да им помогнете. А на оној од вас кој ќе направи зулум ... Ние ќе му дадеме да вкуси казна голема.

20. Ние не испративме пејгамбери пред тебе кои не јадеа храна и кои не шетаа по чаршиите. Еднисодруги во искушение Ние ве доведуваме. Е па, ќе се стрпете ли! Господарот твој гледа!
21. Оние кои не полгаат надеж во Средбата наша, зборуваат: “Зошто не ни се спуштаат мелеки или, пак, зошто не го гледаме Господарот наш?” Тие веќе се дуеја во душите нивни, наголемо зе изнасилија.

22. На Денот во кој ќе ги видат мелеките ќе нема за силниците никаква радосница; ќе речат: “Сочувај не!”

23. И Ние ќе пристапиме кон делата нивни и пепел и прав ќе ги направиме.

24. Жителите џеннетски на Денот тој ќе бидат сместени во најубаво престојувалиште и ќе се одмараат во најубава почивка,

25. Ден ќе биде тоа во кој небесата ќе се расцепат во тенки облаци и Ден во кој мелеките ќе се спуштаат.

26. Тогаш власта вистинска ќе му припадне на Милостивиот, а за неверниците на Денот тој ќе биде неподносливо.

27. Ден во кој зулумќарот ќе ги крши прстите од рацете свои, велејќи: “Тешко мене! Друг пат, освен патот на пејгамберот прифатив!

28. О тешко мене! О пропаст моја! Е, да не земав друг пријател!

29. Ме одврати од Опомената веќе по нејзиното доаѓање до мене!” Шејтанот, навистина, останува за човекот предавник!

30. И пејгамберот рече: “ Господаре, народот мој, навистина, го прифати овој Кур’ан како отпадок!”

31. И ете, така за секој пејгамбер меѓу силниците Ние определивме непријател. Доста ти е што во Господарот твој имаш упатувач и поддржник.

32. Оние кои не веруваат, велат: “Зошто не му е објавен Кур’анот во целост, во еден замав? “ Ете, така Ние го објавуваме за да го утврдиме со него срцето твое. Така, дел по дел среден, Ние го објавуваме.

33. И тие не ќе донесат никаков урнек а Ние да не ти донесеме вистина и најдобро толкување.

34. Оние со наведнатите лица кон Џехеннемот ќе бидат во најлошо место и беспаќе.

35. И на Муса Ние, секако, му објавивме Книга, а брат му Харун за поддржник го одредивме,

36. па, рековме: “Одете до народот кој ги сметаше за лажни ајетите Наши” - а потоа народот Ние го снемавме.

37. А и на народот на Нух, исто така, зашто ги сметаше за лажни пејгамберите, Ние го потопивме, и одредивме да биде знамение за луѓето. А за зулумќарите Ние болна казна подготвивме.

38. А и Ад и Семуд и жителите на Ресе, и поколенија многу меѓу нив Ние уништивме.

39. И за секој народ, меѓутоа, Ние донесовме примери и, потоа, го снемавме.

40. А, секако, поминуваат пакосни крај градот врз кого се истури дожд. А не го приметуваат ли? И дури на оживувањето не се надеваат!

41. И кога ќе те здогледаат те прифаќаат само како предмет на исмевање: “Овој ли Аллах го испрати како пејгамбер?”

42. Ете, така само што не не одврати од божествата наши; но ние сме при нив истрајни.” Ќе узнаат, кога ќе ја здогледат казната, кој скршна во беспаќе.

43. Го виде ли оној кој ја прифати страста за божество свое? Ќе бидеш ли негов закрилник?

44. Сметаш ли дека мнозинството меѓу нив, навистина, слуша или разбира? Тие се како добиток. Тие се, токму, во беспаќе!

45. Не гледаш ли како Господарот твој ја простира сенката и кога сака Он, навистина, ја прави да биде починка, а потоа сонцето за неа го прави знамение;

46. потоа кон Нас полека ја прибираме.

47. И Он ноќта ви ја определи за постела, а сонот за одмор, а денот пак за патување.

48. И Он испраќа ветар како радосница пред милоста Своја, а од небо Ние чиста вода спуштаме,

49. за да го оживееме со неа мртвиот предел и да ги напоиме многуте луѓе и животни кои Ние ги создадовме.

50. Да, за ова им изнесувавме многу за да се сетат. Но, мнозинството на луѓето, неверувајќи, одбиваше.

51. Кога Ние би посакале во секој град сигурно ќе испратевме опоменувач!

52. Па, не заборави на неверниците и, со помош на Кур’анот, бори се со сета сила.

53. И Он е Оној кој одвои едноодруго две мориња: едното питко и ладно, а другото солено и горчливо. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека.

54. И Он од вода создаде човек па од него направи роднина и сватовштина. Господарот твој е Кадар!

55. А тие ги обожаваат, освен Аллах, оние кои не си користат и кои не си штетат. Неверникот кон Господарот свој ги врти плеќите.

56. И Ние те испративме само како опоменувач и радосник.

57. Кажи: “Не барам од вас за ова никаква награда, освен оној кој сака, да тргне по патот на Господарот Свој.”

58. И потпри се врз Живиот кој не умира, и слави Го со славата Негова. И за Него е доволно тоа што е Известен за гревовите на робовите Свои:

59. Оној кој ги создаде небесата и Земјата, и она што е меѓу нив, за шест дена, а потоа се утврди на Аршот, Милостивиот. Па, прашај го за Него известениот!

60. И кога ќе им се рече: “Паднете Му на сеџде на Милостивиот, велат: “А кој е Милостивиот? Да паднеме ли на сеџде за она за што ти ни наредуваш?” И се зголемува отуѓувањето нивно!

61. Возвишен нека е Он кој на небесата создаде соѕвездие во кое светилка постави и Месечина осветлена.

62. И Он е Оној кој ја создаде ноќта и денот да се сменуваат, за оној кој посакува да се споменува или кој пак посакува да се заблагодарува.

63. И еве кои се робовите на Милостивиот: оние кои одат по земјата достоинствено, и кога незнајковците ќе им се обратат, велат “Селам!”

64. И оние кои ноќите ги поминуваат, паѓајќи на сеџде и стоејќи пред Господарот свој,

65. и оние кои зборуваат: “Господаре наш, оддалечи не од казната џехеннемска. Казната џехеннемска ќе биде, навистина, неминовна;

66. да, таа е лошо престојувалиште и утврдувалиште.

67. А оние кои, кога трошат, расипнички тоа не го прават, и кои исто така не се скржави, туку заземаат средина,

68. и кои, освен на Аллах не се повикуваат на друг бог, и кои не убиваат никого за кого забрани Аллах, освен по правда... А оној кој ова го прави ќе вкуси грев.

69. Ќе му се удвои казната на Денот суден и во неа за навек ќе биде понижен,

70. освен оној кој ќе се покае, кој верува и кој работи добро дело. На таквите Аллах ќе им ги промени нивните лоши дела со добри. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

71. А оној кој ќе се покае и кој ќе сработи добро дело... па, тој, навистина, се враќа кон Аллах со покајание, како покајник,

72. и оние кои не сведочат лажно, и кога ќе поминат крај нешто безработно, поминуваат достоинствено,

73. и оние на кои ќе им се споменат ајетите на Господарот нивни не остануваат ни глуви ни слепи;

74. и оние кои зборуваат: “Господаре наш, подари ни од жените наши и потомствата наши радост во очите и одреди да бидеме водачи на богобојазливите!”

75. Бидејќи беа трпеливи ќе бидат наградени со соби и во нив ќе се сеќаваат и со поздрав и со селам:

76. во нив за навек ќе останат. И ете, колку убаво престојувалиште и одморалиште ќе биде тоа!

77. Кажи: “Кога не би биле довите ваши, Господарот мој не ќе се грижеше за вас. Да, лажевте па затоа казната е неминовна.”

http://www.ahlu-sunnah.org

27 Re: Куран на Македонски Јазик on Сре 12 Јан 2011, 5:08 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ЕШ-ШУАРА (Поети)

Мекка - 227 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Та, син, мим!

2. Еве ајети од Книгата јасна!

3. Ќе ја жалостиш ли душата твоја затоа што тие не веруваат?

4. Кога би сакале би им испратиле знамение, па вратовите нивни ќе останат наведнати.

5. И ниедна нова опомена ним не им дојде од Милостивиот, а да не беа кон неа рамнодушни!

6. Да, лажеа, навистина! И сигурно е дека ќе им дојдат вести за она за што се исмеваа.

7. Не гледаат ли на земјата? Па, колку видови растенија благородни Ние одредуваме да ‘ртат?

8. Во тоа, секако, има знамение. А мнозинството од нив, навистина, не се верници.

9. Да, Господарот твој е токму Оној кој е Моќен и Сомилосен!

10. И кога Господарот твој го повика Муса: “Обрати му се на народот зулумќарски!”

11. Народот на фараонот, можеби, ќе биде богобојазлив.

12. Муса рече: “Господаре мој, јас, навистина, се плашам да не ме сметаат за лашко,

13. да не ми се стеснат градите и да не ми се закочи јазикот - испрати го Харуна,

14. јас кон нив згрешив па се плашам да не ме убијат.”

15. Аллах рече: “Никогаш! Одете двајцата со знаменијата Наши. Да, Ние ќе бидеме со вас и ќе ве слушаме!”

16. Одете до фараонот, па речете му: “Ние сме, навистина, пејгамбери од Господарот на световите,

17. испрати ги со нас синовите Израилови!”

18. Фараонот рече: “Нели те воспитувавме меѓу нас додека беше дете, и нели остана меѓу нас доста години од животот твој?

19. И го направи она што го направи; и ти си меѓу неверниците.”

20. Муса рече: “Тоа го направив тогаш кога бев еден меѓу оние кои скршнаа во заблуда!

21. И бидејќи се плашев од вас, побегнав и така Господарот мој ми подари мудрост и ме одреди да бидам меѓу пејгамберите.

22. Тоа ли е добродетелство кое ти ми го префрлуваш? Тоа ли е она што ги направи робови синовите Израилови?”

23. Фараонот рече: “Кој е Господарот на световите?”

24. Муса рече: “Господарот на небото и на Земјата и на она што е меѓу нив - само ако сте уверени.”

25. Фараонот им рече на оние околу себе: “Не чувте ли?”

26. Муса рече: “Господарот ваш и Господарот на предците ваши одамнешни.”

27. Фараонот рече: “Пејгамберот ваш, кој ви е испратен, е луд, навистина!”

28. Муса рече: “Господарот на Исток и на Запад и на она што е меѓу нив - само ако размислувате.”

29. Фараонот рече: “Ако прифатиш друг бог освен мене, сигурно, ќе те сместам меѓу затворениците.”

30. Муса рече: “Дали и тогаш ако ти донесам јасна ствар?”

31. Фараонот рече: “Па, донеси нешто такво ако си меѓу искрените!”

32. И Муса го фрли стапот свој и тој, ете би змија вистинска.

33. И ја извади раката, а таа ете - бела за посматрачите!

34. И фараонот им рече на големците околу себе: “Овој, навистина, е волшебник зналец,

35. кој сака да ве истера со волшебништвото негово од земјата ваша. Па, што заповедате?”

36. Тие рекоа: “Продолжи му го рокот нему и на брат му и испрати по градовите да се збираат,

37. ќе ти доаѓаат со секакви волшебници зналци.”

38. И тогаш воплшебниците се собраа на едно место одредено и во ден познат.

39. И на луѓето им беше речено: “Се собравте ли,

40. за да ги следиме волшебниците, ако тие победат?”

41. И бидејќи стигнаа волшебниците, на фараонот му рекоа: “Ќе имаме ли награда некаква ако, секако, испаднеме победници?”

42. Фараонот рече: “Да, во тој случај вие ќе бидете меѓу мене блиските!”

43. И Муса им рече: “Фрлете го она што имате да го фрлете!”

44. И тие тогаш ги фрлија јажињата свои и стаповите свои, и усилно му рекоа на фараонот: “Да, ние ќе испаднеме победници!”

45. Па, Муса го фрли стапот свој и кога тоа ете - го проголта се она што тие го изведоа.

46. И тогаш волшебниците се фрлија на земја, поклонувајќи се,

47. велејќи: “Веруваме во Господарот на световите,

48. Господарот на Муса и на Харун!”

49. Фараонот рече: “Ќе му поверувате ли пред да ви дозволам? Како кога тој е ваш учител кој, навистина, ве поучи со волшебништво? Па, ќе узнаете! Сигурно е дека ќе ви ги исечам и рацете ваши и нозете ваши накрстно, и сите сигурно ќе ве распнам!”

50. Рекоа: “Нема никаква штета. Да, ние, секако, се враќаме кон Господарот наш!

51. Да, ние тежнееме Господарот наш да ни ги прости гревовите наши: да, ние сме први верници!”

52. И еве што му објавивме на Муса: “Побрзај ноќе со робовите Мои; ќе бидете, навистина, следени!”

53. И фараонот, тогаш, испрати по градовите збирачи.

54. “Овие, навистина, се дружина малобројна,

55. не налутија, секако,

56. а ние сме, пак, внимателни!”

57. И тогаш Ние ги извадивме од бавчите и изворите,

58. и од ризниците и престојувалиштата благородни.

59. И Ние одредивме да ги наследат синовите Израилови,

6о. и ги следеа при изгрејсонце.

61. И бидејќи двете дружини се здогледаа, следбениците на Муса рекоа: “Само што не не стигнаа!”

62. Муса рече: “Никогаш! Со мене, навистина, е Господарот мој кој ќе ме упати!”

63. Па, Ние му објавивме на Муса: “Удри со стапот твој на морето!” И, ете - морето се расцепи. И секој негов дел беше како рид голем!

64. И потоа другите Ние ги приближивме,

65. а Муса и оние кои беа со него Ние ги спасивме,

66. потоа другите Ние ги потопивме.

67. Во тоа, навистина, има знамение. Мнозинството од нив, навистина, се неверници!

68. Да, Господарот твој е Оној кој е Силен и Сомилосен!

69. И спомени им го кажуваето за Ибрахим,

70. кога му рече на бабо му и на народот свој: “Што обожавате?”

71. Рекоа: “Обожаваме кипови: за нив сме постојано приврзани!”

72. Ибрахим рече: “Ве слушаат ли кога ги повикувате, молејќи ги?
73. Или ви користат или, пак, ви штетат?”

74. Рекоа: “Да, ги затекнавме предците наши како тоа го прават.”

75. Ибрахим рече: “Гледате ли дека она што го обожавате

76. вие и предците ваши одамнешни...

77. дека се тоа непријатели мои, навистина! Но, тоа не е, навистина, Господарот на световите!

78. Кој ме создаде и кој по патот вистински ме упати,

79. и кој ме храни и кој ме пои,

80. и кој, кога ќе се разболам, ме лечи,

81. и кој ќе ме усмрти и кој, пак, ќе ме оживи,

82. и кон Кого копнеам да ми ги прости грешките мои на Денот суден.

83. Господаре мој, подари ми размисла и поврзи ме со доброчинителите,

84. и одреди ми за потомството јазик на искреноста,

85. и одреди ме да го наследам Џеннетот благословен,

86. и прости му на бабо ми; тој, навистина, е меѓу скршнатите во заблуда,

87. и не срамоти ме на Денот на оживувањето,

88. на Денот во кој не ќе користат ни имотот ни синовите,

89. освен оној кому Аллах му даде здраво срце!”

90. А кон богобојазливите Џеннетот ќе се приближи,

91. а кон скршнатите во заблуда Џехеннемот ќе се приближи,

92. и ќе им биде речено: “Каде се оние кои ги обожававте,

93. освен Аллах? Дали тие ќе ви помогнат? Или: Можат ли себеси да си помогнат?”

94. Тие и во заблуда скршнатите ќе бидат фрлени во Џехеннемот,

95. и сета војска на Иблисот.

96. Во Џехеннемот, препирајќи се, ќе речат:

97. “Се колниме во Аллах дека бевме, навистина, во заблуда очигледна,

98. кога ве изедначувавме со Господарот на световите,

99. и само силниците во заблуда не фрлија,

100. и за нас нема посредници,

101. а ниту пак блиски пријатели.

102. Е, само кога би се вратиле па да станеме верници!”

103. Во тоа, навистина, има знамение. Но, мнозинството од нив не се верници.

104. Господарот твој, навистина, е Оној кој е Силен и Сомилосен!

105. Народот на Нух ги сметаше за лажни пејгамберите.

106. Кога им рече братот нивни Нух: “Нема ли да бидете богобојазливи?

107. Јас сум, навистина, ваш пејгамбер доверлив.

108. Па, плашете се од Аллах и бидете послушни!

109. За тоа од вас не сакам никаква награда; наградата моја му припаѓа само на Господарот на световите.

110. Па, плашете се од Аллах и бидете ми послушни!”

111. Рекоа: “Да веруваме ли во тебе како што најнискиот слој те следи?”

112. Нух рече: “Не поседувам знаење за она што го работеа.

113. Полагањето сметка, навистина, му припаѓа само на Господарот мој. Е, кога би биле свесни!

114. И не е мое верниците да ги истерам.

115. Јас сум, навистина, само опоменувач јасен.”

116. -Рекоа: “Ако не престанеш, о Нух, ќе бидеш сигурно еден меѓу каменуваните!”

117. Нух рече: “Господаре мој, народот мој, навистина, ме смета за лашко.

118. Отвори, тогаш, отвор меѓу нас и меѓу нив, и спаси не, мене и верниците кои се со мене.”

119. Па, Ние го спасивме него и оние со него во чамецот преполн,

120. а останатите Ние ги потопивме.

121. Во тоа, навистина, има знамение. Но, мнозинството од нив се неверници!

122. И Господарот твој, навистина, е Оној кој е Моќен и Сомилосен!

123. И Ад ги сметаше за лажни пејгамберите.

124. Кога братот Худ им рече: “Нема ли да бидете богобојазливи?

125. Јас сум, навистина, пејгамбер ваш доверлив.

126. Па, плашете се од Аллах и бидете ми послушни!

127. И јас не барам за тоа од вас награда; наградата моја е кај Господарот на световите.

128. Ќе градите ли на секое ритче куќи, напразно?

129. И правете градби како никогаш дека нема да умрете,

130. а кога казнувате, казнувате како силници.

131. Па, плашете се од Аллах и бидете ми послушни!

132. Плашете се од Оној кој ви го даде она што го знаете,

133. Оној кој ви даде добиток и синови,

134. и бавчи и извори.

135. Да, јас се плашам за вас од казната на Денот голем!”

136. Рекоа: “Ќе не советуваш ли или, пак, нема да бидеш меѓу советувачите, нам, навистина, ни е сеедно.

137. Вакви беа само обичаите на народите одамнешни,

138. и ние нема да бидеме казнети.”

139. Па, ете, го сметаа за лашко и Ние нив ги уништивме. Во тоа има, навистина, знмамение. Но, мнозинството од нив не се верници!

140. А Господарот твој, навистина, е Оној кој е Силен и Сомилосен!

141. И Семуд ги сметаше за лажни пејгамберите,

142. кога братот нивни Салих им рече: “Нема ли да бидете богобојазливи?

143. Јас сум, навистина, пејгамбер ваш доверлив.

144. Па, плашете се од Аллах и бидете ми послушни!

145. И јас не барам од вас за тоа награда; наградата моја е кај Господарот на световите.

146. Ќе останете ли овде безбедни,

147. во бавчите и меѓу изворите,

148. во посевите и меѓу урмите со плодови зрели?

149. А во брдата длабите куќи, вешто!

150. Па, плашете се од Аллах и бидете ми послушни!

151. И немојте да ја слушате наредбата на претерувачите,

152. кои безредие сеат по земјата и кои не воспоставуваат ред.”

153. Рекоа: “Ти си, навистина, еден меѓу опседнатите!

154. Ти си само човек нам сличен. Донеси, тогаш, знамение ако си меѓу искрените!”

155. Салих рече: “Еве камила, на денот одреден таа ќе пие и вие ќе пиете на денот познат;

156. и не нанесувајте и зло, зашто ќе ве опфати казна на Денот голем!”

157. И тие ја заклаа камилата и веднаш се покајаа.

158. Па ги обзеде казна. Во тоа има, навистина знамение. Но, мнозинството од нив не се верници!

159. И Господарот твој, навистина, е Оној кој е Силен и Сомилосен!

160. Народот на Лут ги сметаше за лажни пејгамберите.

161. Кога рече братот нивни Лут: “Нема ли да бидете богобојазливи?

162. Јас сум, навистина, пејгамбер ваш доверлив.

163. Па, плашете се од Аллах и бидете ми послушни!

164. И јас не барам за тоа од вас награда; наградата моја е кај Господарот на световите.

165. Ќе ги земате ли мажите, за разлика од другите луѓе,

166. а ќе ги оставате ли жените ваши кои за вас ги создаде Господарот ваш? Но, вие сте народ престапнички!”

167. Рекоа: “Ако не престанеш, о Лут, сигурно ќе бидеш меѓу истераните.”

168. “Кога станува збор за постапката ваша јас, навистина, се гадам.

169. Господаре мој, спаси не, мене и семејството мое од она што го прават!”

170. Па, Ние ги спасивме, него и семејството негово, сите,

171. освен една стара жена меѓу оние кои останаа.

172. А останатите Ние ги уништивме,

173. и по нив дожд спуштивме. Е, само колку беше лош тој дожд за опоменатите!

174. Во тоа, навистина, има знамение. Но, мнозинството од нив се неверници.

175. И Господарот твој, навистина, е Оној кој е Силен и Сомилосен!

176. И жителите на Ејка ги сметаа за лажни пејгамберите.

177. Кога Шуајб им рече: “Нема ли да бидете богобојазливи?

178. Јас сум, навистина, пејгамбер ваш доверлив.

179. Па, плашете се од Аллах и бидете ми послушни!

180. И јас не барам од вас за тоа награда; наградата моја е кај Господарот на световите!

181. И мерете на вага и не бидете меѓу крадливците!

182. А на кантарот мерете праведно!

183. И не скратувајте им ги на луѓето стварите нивни и не ширете по земјата безредие!

184. Плашете се од Оној кој ве создаде, вас и поколенијата одамнешни!”

185. Рекоа: “Ти си, навистина, еден меѓу опседнатите!

186. Ти си само нам сличен човек, и ние те сметаме за еден од лашковците.

187. Одреди да падне небото во парчиња врз нас, ако си меѓу искрените!”

188. Лут рече: “Господарот мој најдобро го знае она што го работите.”

189. Па го сметаа за лашко и на денот облачен ги снајде казна. Таа казна се случи, секако, на ден голем.

190. Да, во тоа има знамение. Но, мнозинството од нив се неверници.

191. Господарот твој, навистина, е Оној кој е Силен и Сомилосен!

192. Тоа е Кур’анот што го објави Господарот на световите;

193. го објави Џибрил доверлив

194. во срцето твое за да бидете меѓу опоменувачите,

195. на јасен арапски јазик!

196. Тој е споменат, секако, во книгите одамнешни.

197. Нели им е знамение тоа што за него знаат учените од синовите Израилови?

198. А Ние да го објавевме на некој странец,

199. кој ќе им го читаше не ќе веруваа во него.

200. И ете, така Ние го внесуваме во срцата на силниците.

201. Не веруваат во него се додека не ја видат казната болна,

202. па, таа ќе им дојде одненадеж, нема ни да ја усетат;

203. па ќе речат: “Ќе ни се даде ли мала прилика?”

204. Бараат ли казната Наша да им дојде побрзо?

205. Што мислиш, ако ги оставиме да уживаат со години,

206. а потоа да им дојде она со што им се заканува?

207. Ништо не ќе им остане од она во што уживаа!

208. Ние ниеден град не уништивме а во него да немаа опоменувачи,

209. како Опомена, зашто Ние не бевме неправедни,

210. и Опомената не ја објавуваат шејтаните;

211. не треба а и не можат тоа да го направат:

212. оддалечени се, навистина, од опомената нејзина.

213. И не повикувај се на друг бог, освен на Аллах. Та, ќе бидеш меѓу казнетите!

214. И опомени ја роднината твоја, најблиските!

215. И спушти ги крилјата твои кон верниците кои те следат!

216. Па, ако се непослушни кон тебе, кажи: “Јас сум, навистина, далеку од она што го правите!”

217. И потпри се на Силниот и Милостивиот,

218. кој те гледа кога стануваш,

219. и кога се виткаш меѓу оние кои паѓаат на сеџде.

220. Он, навистина, е Слушач и Зналец!

221. Да ве известам ли за она што го објавуваат шејтаните?

222. Му објавуваат на секој лажотворец и грешник.

223. Тие прислушкуваат, а мнозинството од нив се лашковци.

224. Поетите ги следат оние кои лунѕаат,

225. а не гледаш ли ти дека тие по пустините талкаат,

226. и го зборуваат, навистина, она што не го работат,

227. освен оние кои веруваат и кои добри дела работат, и кои Аллаха го споменуваат многу и кои по направениот им зулум, возвраќаат... А оние кои зулум прават ќе узнаат кон што тие, токму, се упатуваат!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

28 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 13 Јан 2011, 3:30 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ЕН-НЕМЛ (Мравки)


Мекка - 93 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Та, син! Еве ајети на Кур’анот и Книгата јасна,

2. Патоказ и Радосница за верниците,

3. кои намаз извршуваат и кои зекат даваат и кои се убедени во Ахирет.

4. На оние кои не веруваат во Ахирет Ние им ги разубавуваме постапките нивни, па талкаат;

5. оние на кои ќе им припадне казната болна и на Ахирет ќе бидат поразени.

6. Ти, навистина, го примаш Кур’анот од Мудриот и Зналецот!

7. Кога Муса му рече на семејството свое: “Почувствував оган; ќе ви донесам од него вест или, пак, ќе ви донесам зажарено дрво за да се стоплите.”

8. И кога се приближи до огнот, повика: “Благословен нека е Оној кој е во огнот и оние околу него; славен нека е Аллах, Господарот на световите!

9. О Муса, јас сум, навистина, Аллах, Силен и Мудар!

10. И фрли го стапот твој!” И бидејќи го погледна, тој почна да лази како змија, се сврти со плеќите и не се врати повеќе. “О Муса, не плаши се! Пејгамберите од Мене, навистина, не се плашат,

11. освен Оној кој зулум ќе направи, а потоа злото ќе го замени со добро дело: Јас сум, навистина, Простувач и Сомилосен!

12. Стави ја раката твоја во џебот твој и ете - ќе ја извадиш бела, без да биде оштетена. Тоа е едно од деветте знаменија на фараонот и народот негов. Тие се, навистина, народ расипнички!”

13. И бидејќи им дојдоа знаменијата Наши очигледно, рекоа: “Ова е волшебништво јасно!”

14. Ги пренебрегнуваа, а во себе ги признаваа, дувајќи се и силејќи се. Па, погледни каква беше казната за безредниците!

15. И на Муса и на Сулејман Ние, навистина, им дадовме знаење, и двајцата рекоа: “Благодарение на Аллах кој не одликува над многуте робови верници Свои!

16. И Давуда го наследи Сулејман, и рече: “О луѓе, поучени сме во јазикот на птиците, и дадено ни е од се по нешто. Ова, навистина, е благодат јасен!”

17. И се собра кај Сулејман восјката негова: составена од џинови, луѓе и птици. Сите поредени.

18. И кога стигнаа до долината на мравките, една мравка рече: “О мравки, влезете во живеалиштата ваши бидејќи ќе ве прегазат Сулејман и војската негова, незнаејќи!”

19. Па се насмевна со зборовите негови, гласно, велејќи: “Господаре мој, пробуди ја желбата моја за да бидам благодарен на благодатот Твој со кој ме благослови, мене и родителите мои, и да работам добри дела со кои ќе бидеш Ти задоволен. И со милоста Твоја воведи ме меѓу робовите Твои добри.

20. И тој отиде да изврши смотра врз птиците, и рече: “Што е со пупавецот? Не го гледам или е, пак, меѓу изгубените.

21. Па, не ми ни донесе јасен доказ; ќе го казнам со казна жестока или, пак, сигурно ќе го заколам.”

22. И не остана долго време. Рече: “Го знам она што ти не го знаеш; ти доаѓаш од Сабе со вест сигурна.

23. Тамо видов една жена која владее со нив и и е дадено од се по нешто, и има престол голем.

24. Ја видов неа и народот нејзин како паѓаат на сеџде на Сонцето, а не на Аллах; и Шејтанот им ги разубавува делата нивни и ете, така, ги одвраќа од патот и - неупатените се!”

25. Не паѓаат ли на сеџде на Аллах кој го вади она што е скриено на небесата и на Земјата, и кој го знае и она што го криете и она што го обелоденувате.

26. Аллах! Нема друг бог освен Него! Господар на Аршот голем!

27. Сулејман рече: “Ќе видиме дали вистина зборуваш или лажеш.

28. Оди со ова писмо мое; па, фрли го и оддалечи се од нив и погледни што ќе одговорат!”

29. Таа рече: “О големци, фрлено ми е едно писмо благородно, навистина!”

30. Тоа, секако, е од Сулејман: “Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!

31. Не правете се поголеми од мене и дојдете ми послушни!”

32. Таа рече: “О големци, одговорете ми за оваа наредба до мене; не можам да решам се додека не сте присутни!”

33. Рекоа: “И јаки сме и силни сме, но ти наредуваш. Погледни, тогаш, што ќе наредиш!”

34. Рече: “Да, кога владарите ќе влезат во еден град ќе направат метеж, и моќните жители негови ќе ги потчинат. Тие, ете, така прават!

35. Ќе им испратам, секако, еден подарок и ќе видам со што се враќаат испратените.”

36. И бидејќи пратеникот дојде кај Сулејман, овој рече: “Да ме поткупите ли со богатство? Па, она што ми го даде Аллах е подобро од она што вам ви го даде. Но, вие се радувате на подарокот ваш.

37. Врати се кај нив! Па, ќе им дојдеме, тогаш, со војска на која не ќе можат да и се справат и од Сабе, сигурно, ќе ги истераме потчинети и наведнати.”

38. Сулејман рече: “О големци, кој меѓу вас ќе ми дојде со престолот нејзин пред да ми дојдат потчинети?”

39. Еден ифрит од џиновите, рече: “Јас ќе ти го донесам пред да се исправиш од местото твое. Јас сум за тоа, навистина, силен и доверлив!”

40. А оној кај него што беше се стекнал со знаење од Книгата, рече: “Јас ќе ти го донесам пред да трепнеш со окото.” И бидејќи го виде како е упорен, рече: “Ова е една од добрините на Господарот мој за да ме испроба: ќе бидам ли благодарен или нема да бидам благодарен. А оној кој е благодарен, за себеси е благодарен, а оној кој не е благодарен... па, Господарот твој, навистина, е Богат и Благороден!

41. И рече: “Изменете го изгледот на престолот нејзин, па ќе видиме дали е упатена или, пак, е од оние кои не упатуваат.”

42. И бидејќи дојде и беше речено: “Ова ли е престолот твој?” Таа рече: “Па, изгледа дека е тој. А знаење ни е дадено и пред него; и ние сме Послушни.”

43. Ја оддалечија оние кои таа ги обожаваше освен Аллах. Таа беше, навистина, меѓу народот невернички
44. И беше речено: “Влезете во дворецот!” И штом таа го здогледа веднаш помисли дека е вода длабока, и ја подигна доламата нејзина за да не се намокри. Сулејман рече: “Не, ова е дворец поплочен со стакленки!” Таа рече: “Господаре мој, јас, навистина, за себеси зло си направив; послушна сум, заедно со Сулејман, на Аллах, Господарот на световите!”

45. И Ние секако го испративме до Семуд братот нивни Салих: “Обожавајте го Аллаха!” - И тие, токму, се поделија во две дружини, еднанадруга спротиставени.

46. Салих рече: “ О народе мој, зошто брзате да ви дојде злото пред доброто? Зошто не барате прошка од Аллах? Па, можеби, ќе ви се смилува!”

47. Рекоа: “Тебе и оние со тебе ве гледаме како лоша птица, предзнак.” Салих рече: “Лошата птица ваша, предзнакот, е кај Аллах. Вие сте народ кој се проба.”

48. Во градот имаше девет луѓе кои правеа безредие на Земјава и не воспоставуваа ред.

49. Рекоа, колнејќи се во Аллах: “Ќе го убиеме ноќе, него и семејството негово, сигурно! А потоа на најближниот по сродство ќе му речеме: “Не сме сведоци при убиството на семејството негово; ние, сигурно вистина зборуваме!”

50. И правеа сплетки а и Ние правевме сплетки, но тоа не го усетуваат.

51. Па, погледни каква беше казната заради сплетките нивни; Ние ги уништивме, навистина, сите нив!

52. Ете, тоа се куќите нивни опустошени заради зулумот што го направија. Во тоа има, навистина, знамение за луѓето кои знаат!

53. А Ние ги избавивме оние кои веруваа и кои беа богобојазливи.

54. И кога Лут му рече на народот свој: “Ќе запаѓате ли во срамно дело, а тоа сами го гледате?

55. Зарем вие ќе им приоѓате на мажите страствено а не на жените. Па, вие сте луѓе кои не знаете!”

56. А народот негов само му одговори: “Истерајте го семејството Лутово од градот ваш. Да, тоа се луѓе кои се чистат!”

57. И тогаш Ние ги избавивме Него и семејството негово, освен жена му за која одредивме да биде од останатите.

58. И Ние врз нив спуштивме дожд голем. Е, само колку беше лош тој дожд за опоменатите!

59. Кажи: “Благодарение на Аллах и селам на робовите Негови кои Он ги избра.” Кој е подобар: Аллах или оние кои Му ги здружуваат?

60. Аллах, кој ги создаде небесата и Земјата и кој ви спушти вода од небото, па со неа правиме да ‘ртат бавчи прекрасни во кои вие не можете да одредите да растат стеблата нивни. Има ли друг бог покрај Аллах? Не, тоа е народ кој претерува.

61. Оној кој ја одреди земјата за утврда и кој, низ пробивите нејзини, определи да течат реки, и кој, за неа, определи планини и, меѓу две мориња, ограда. Има ли друг бог освен Аллах? Но, мнозинството од нив не знаат!

62. Оној кој ќе му се оѕвие на притиснатиот кога овој ќе го повика, кој открива зло и кој ве прави да бидете халифи на земјава? Има ли друг бог освен Аллах? Малкумина се оние кои се сеќаваат!

63. Оној кој ве упатува низ темнините на копно и по море, и кој ви ги испраќа ветровите како радосница, од милоста Своја... има ли друг бог освен Аллах? Аллах е високо над она што Му го здружуваат!

64. Оној кој го започнува создавањето и кој го возобновува, и Оној кој ве снабдува и од небо и од земја... има ли друг бог освен Аллах? Кажи: “Донесете ваш доказ ако сте искрени!”

65. Кажи: “Тајната што е на небесата и на Земјата ја знае само Аллах. И не знаат кога ќе бидат оживеани.

66. Но, не! Знаењето нивно за Ахирет е никакво; оние се сомневаат во него; слепи се во однос на него.”

67. И неверниците зборуваат: “Кога ќе станеме земја ќе бидеме ли ние и предците наши оживеани, навистина?”

68. Да, со ова нам ни се заканува како што им се закануваше и на предците наши порано: “Ова се само прикаски одамнешни!”

69. Кажи: “Патувајте по земјата! Па, погледнете каква беше казната за силниците!”

70. И не жалости се заради нив и нека не ти се стеснува во градите заради сплеткарењето нивно!

71. И зборуваат: “Кога ќе се оствари ветувањето ако сте искрени?”

72. Кажи: “Можеби дел од она за што го забрзувате ќе ви дојде по стапалките ваши.”

73. Господарот твој, навистина, е Поседник на добрината за луѓето, но мнозинството од нив не се заблагодаруваат.

74. Господарот твој, секако, го знае и она што го кријат градите нивни и она што го обелоденуваат.

75. И никаква тајна нема ни на небесата ни на Земјата, а да не е внесена во Книгата јасна.

76. Овој Кур’ан, навистина, им кажува на синовите Израилови за она за што тие, токму, станаа деленици.

77. И Кур’анот, секако, е Патоказ и Милост за верниците.

78. Да, Господарот твој пресудува меѓу нив со судот Свој. Он е Силен и Зналец!

79. Па, потпри се врз Аллах! Ти си, навистина, врз вистината јасна!

80. Да, ти не можеш да бидеш сигурен во она што го слушаат умрените а ниту, пак, можеш да ги слушнеш молбите на немите кога ќе се свртат со плеќите.

81. Не можеш, исто така, и слепите да ги упатиш од скршнувањата нивни. Ги слушаш само оние кои веруваат во знаменијата Наши, оние, Послушните!

82. И кога говорот ќе се случи над нив Ние ќе ти извадиме од земјата животно кое ќе зборува дека луѓето, навистина, не беа уверени во знаменијата Наши.

83. И Денот во кој Ние ќе збереме од секој народ дружина меѓу оние кои ги сметаа за лажни знаменијата Наши... па, ќе бидат победени.

84. И штом таму ќе дојдат, Аллах ќе рече: “Ги сметавте ли за лажни знаменијата Мои без да ги согледате со знаење? Или: Што работевте?”

85. И заради зулумот нивни ќе се случи врз нив Говорот; не ќе можат ни да прозборат.

86. Не гледаат ли дека Ние, навистина, ја определивме ноќта за да се одморат во неа, а Денот очигледен? Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои веруваат!

87. И Денот во кој ќе се дувне во Сурлата... Па, ќе се испреплашат и оние на небесата и оние на Земјата, освен оние кои Аллах сака. И сите ќе му дојадт, понизни!

88. И ги гледаш планините, мислејќи дека се неподвижни. Тие се креваат како што се креваат и облаците. Создавањето е - од Аллах, кој ја усовршува секоја работа. Он, навистина, е Известен за она што го работите!

89. Оној кој ќе дојде со добро ќе има нешто уште подобро. Онаквите на Денот тој ќе бидат поштедени од стравот.

90. А оние кои ќе дојдат со зло... па, со лицата свои ќе бидат фрлеви во огнот: “Се казнувате за она што го работевте!”

91. Наредено ми е, навистина, да го обожавам Господарот на овој град кој Он го посвети. И се што е - Негово е! Да, наредено ми е да бидам меѓу Послушните,

92. и да го кажувам Кур’анот. Па, оној кој по патот е упатен, е упатен, секако, за себеси, а оној кој во заблуда скршнал... па, кажи: “Еден сум, навистина, од опоменувачите.”

93. И кажи: “Благодарение на Аллах! Он ќе ви ги покаже знаменијата Свои... па, ќе ги препознаете. И Господарот твој не е рамнодушен кон она што го работите!”


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

29 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 13 Јан 2011, 3:31 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ЕЛ-КАСАС (Кажувања)

Мекка - 88 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!



1. Та, син, мим!

2. Еве ајети од Книгата јасна.

3. Ти кажуваме вистина од кажувањата за Муса и фараонот, за луѓето кои веруваат.

4. Фараонот, навистина, се воздигнуваше по земјата и жителите нејзини во дружини ги разединуваше, ослабнувајќи ги еднисодруги, колејќи ги синовите нивни и оставајќи ги во живот ќерките нивни. Тој, навистина, беше меѓу безредниците!

5. И Ние посакуваме да ги даруваме оние кои се угнетени на земјата; ги поставуваме за водачи и ги поставуваме за наследници,

6. и ги зацврстуваме на земјата и правиме фараонот, Хаман и војските нивни да го здогледаат она од што тие, токму, стравуваат.

7. И и вдахнавме на мајката на Муса: “Дој го! Па, кога ќе ти падне страв, фрли го во река, не стравувај и не тагувај! Ние, навистина, ќе ти го вратиме и ќе го одредиме за еден од пејгамберите!”

8. И тогаш семејството на фараонот го зеде за да биде пријател нивни и грижа нивна. Фараонот и Хаман и војската нивна, навистина, беа грешници!

9. И жената на фараонот рече: “Радост за моето око и за твоето око! Не убивај го. Можеби ќе ни биде од корист или, пак, да си го посиниме.” И ништо, токму, не усетуваа!

10. И срцето на мајката на Муса веднаш стана празно; таа само што тоа не го развидели. И Ние да не го зајакневме срцето нејзино таа, секако, ќе беше меѓу неверничките.

11. И таа и рече на сестрата негова: “Следи го!” И ете, така таа го здогледа од далечина. И ништо оние не усетуваа!

12. И од порано Ние му забранивме доилки. Таа, тогаш, рече: “Да ви ги покажам ли домаќините кои ќе се грижат за него, и кои ќе го советуваат?”

13. Па, го вративте кај мајка му за да се зарадува окото нејзино, да не тагува и да знае дека ветувањето Аллахово, навистина, е вистина, но, ете, мнозинството од нив не знаат!

14. И бидејќи сјакна и стаса, Ние му дадовме и мудрост и знаење. И ете, така ги наградуваме доброчинителите!

15. И влезе во градот во време кога жителите негови не го запазија. Па, наиде на два човека кои се тепаа. Едниот беше од неговата пријателска а другиот од неговата непријателска дружина. И го повика во помош оној од дружината негова против оној од дружнината непријателска. И Муса го удри со рака и го усмрти, и рече: “Ова е дело шејтанско. Шејтанот, навистина, е непријател и скршнувач во заблуда отворена!”

16. Муса рече: “Господаре мој, направив зулум, навистина, за себеси... па, прости ми!” И Он му прости. Он, навистина, е Простувач и Сомилосен!

17. И рече: “Господаре мој, бидејќи ме опсипа со благодати, никогаш нема да бидам зад силниците!”

18. И тој, тогаш, се најде во градот, плашејќи се и очекувајќи нешто; и ете го оној кој вчерадента бараше помош од него, довикувајќи го. Муса му рече: “Ти си, навистина, во заблуда јасна!”

19. И бидејќи посака да го зграби оној што им беше и на двајцата непријател, рече: “О Муса, посакуваш ли да ме убиеш како оној што го уби вчера? Посакуваш, знам, да бидеш силник на земјава а не посакуваш да бидеш меѓу оние кои ред поставуваат.”

20. И пристигна еден човек од преградието, брзајќи и рече: “О Муса, главешините, навистина, се договараат да те убијат. Ти советувам, тогаш, да се иселиш.”

21. И Муса го напушти градот исплашен, очекувајќи да му се случи нешто. - Рече: “Господару мој, избави ме од народот зулумќарски!”

22. И бидејќи се упати во пресрет на Медјен, рече: “Господарот мој, можеби, ќе ме упати по патот вистински.”

23. И бидејќи стигна до водата на Медјен, тука најде една дружина на луѓе кои го напојуваа добитокот и виде две девојки настрана кои ги држеа животните свои. И рече: “Каква тешкотија имате вие двете?” Рекоа: “Нема да го напоиме добитокот додека не одат овчарите. А бабо ни е стар човек.”

24. И тогаш го напои добитокот свој а потоа се скри во сенка и рече: “Господаре мој, јас сум, навистина, сиромав за какво било добро да ми дадеш!”

25. И тогаш едната од нив му се приближи и, срамејќи се, рече: “Те вика бабо за да те награди, бидејќи го напои добитокот наш. И кога дојде кај него и кога му ги кажа кажувањата, рече: “Не плаши се, се спаси од народот зулумќарски!”

26. Едната од нив рече: “О бабо, изнајми го . Најдобро е, навистина, да изнајмиш јак и доверлив!”

27. Тој рече: “Сакам да те венчам со едната од двете ќерки мои. Треба да работиш кај мене осум години, па ако, ги наполниш десет, а тоа од тебе зависи, а не сакаш да те присилам на тоа, ќе видиш дека сум, иншаллах, меѓу добрите.”

28. Муса рече: “Ете, тоа е меѓу мене и меѓу вас. И кој било рок да го исполнам, ништо нема да направам против мене. А за ова што го зборуваме Аллах е Закрилник.”

29. И бидејќи Муса се сложи за рокот, тргна со семејството свое, здогледа оган на едната страна од брдото Тур, и му рече на семејството свое: “Застанете, здогледав оган; можеби ќе ви дојдам од него со вест некаква или со зажарено дрво за да се стоплите.”

30. И бидејќи се приближи до огнот, некој го повика од десната страна на долината, од крајот благословен, од стебло: “О Муса, Јас сум, навистина, Аллах, Господарот на световите!”

31. И фрли го стапот твој. И бидејќи виде како лази како лукава змија, ги сврте плеќите и не се врати. - “О Муса, приближи се и не плаши се. Ти си, навистина, меѓу безбедните!

32. Стави ја раката твоја во џебот твој: и, ете, ќе стане бела, без зло, и собери ги пазувите од страв. Ете, два доказа за фараонот и големците негови. Тие се, навистина, народ расипнички.”

33. Муса рече: “Господаре мој, јас, навистина, убив еден од нив, и се плашам да не ме убијат.

34. И брат ми Харун појасно зборува... па, испрати го со мене да ми помогне, да го потврди она што јас го зборувам: се плашам, секако, да не ме сметаат за лашко.”

35. Аллах рече: “Ќе ја зајакнеме твојата рака со брат ти и на двајцата ќе ви дадеме власт, и не ќе можат да ви се приближат. Вие сте оние што ќе ве следат - со знаменијата Наши - и победници сте.

36. И бидејќи Муса им дојде со знаменијата Наши, јасни, рекоа: “Ова е само смислено волшебништво. Вакво нешто не сме чуле од предците наши одамнешни!”

37. И Муса рече: “Господарот мој најдобро го знае оној кој ќе дојде со Патоказ од Него, и кои ќе победат во светот. Зулумќарите, навистина, не ќе успеат!”
38. И фараонот рече: О големци, не знам дека имате друг бог освен мене. Запали го огнот за глина, о Хамане, а потоа соѕидај за мене една кула за да се вишнам кон богот на Муса, бидејќи мислам дека тој е меѓу лашковците!”

39. Се изнаду фараонот и војската негова по земјата, бесправно! И навистина мислеа дека нема да ни се вратат!

40. И тогаш Ние ги пофаќавме фараонот и војската негова и ги фрливме в море. Та, погледни каква беше казната за зулумќарите!

41. И Ние ги одредивме да бидат водачи за повикување кон огнот. А на Денот суден не ќе им се помогне.

42. И проклетството Наше ги следеше на овој свет, а на Денот суден ќе бидат меѓу посрамените.

43. И на Муса, секако, Ние Книга му дадовме по уништувањето на поколенијата одамнешни - светлина за луѓето, и Патоказ и Милост за да се сеќаваат.

44. И не беше на западната страна кога на Муса Ние му спуштивме наредба, а не беше ни меѓу сведоците.

45. Но, поколенија многу Ние подигнавме и животот им го продолживме. И ти повеќе не беше присутен меѓу жителите на Медјен да им ги кажуваш ајетите Наши: ајети се она што го испраќаме.

46. И не беше покрај Тур кога Ние го повикавме. Но, еве, милост од Господарот твој за да го опомениш народот на кој не му беше дојден опоменувач пред тебе за да се сеќаваат.

47. И да не речат - штом ќе ги снајде казната за она за што го направија рацете нивни - “Господаре наш, зошто не ни испрати пејгамбери? Па, ќе ги следевме ајетите твои и ќе бевме меѓу верниците!”

48. И бидејќи им дојде вистината од Нас, рекоа: “Зошто не му е дадено нешто слично на она што му е дадено на Муса? Оние не го порекнуваа она што му е дадено на Муса од порано.” Рекоа: “Две волшебништва кои едносодруго се поддржуваат. “ Зборуваат: “Ние не веруваме во сето тоа!”

49. Кажи: “Донесете, тогаш, од страна на Аллах Книга која подобро ќе упатува од Теврат и Кур ан. Би ја следел само ако сте искрени.”

50. Па, ако не ти се оѕвијат, тогаш, знај дека, навистина, оние ги следат страстите свои. А кој повеќе скршнал во заблуда од оној кој ја следи страста своја, кој е без Патоказ од Аллах? А Аллах, навистина, не го упатува народот зулумќарски!

51. И Ние, навистина, им испраќавме говор постапно за да се сеќаваат.

52. Оние на кои им е дадена Книгата пред Кур’анот, токму, веруваат во него.

53. И кога им се кажува, зборуваат: “Верувавме во него. Тоа, секако, е вистина од Господарот ваш. Ние и пред него бевме Послушни.”

54. Ќе ја добијат двојната награда своја: беа трпеливи, за злото возвраќаа со добро и делеа од ‘рскот што Ние им го дадовме.

55. А кога, пак, ќе слушнат бесмислица, рамнодушни се кон неа, и велат: “Нам делата наши а вам делата ваши. Селамун алејкум! Не ни требаат незнајковците!”

56. Ти, навистина, не го упатуваш оној кого сакаш, туку Аллах упатува кого сака. Он најдобро ги знае упатените!

57. И зборуваат: “Ако го следиме со тебе Патоказот ќе бидеме истерани од земјава наша.” - Нели ги населивме во земјата света, безбедна, од која никнат плодови од се, како ‘рск Наш? Но, мнозинството од нив не знаат!

58. И колку градови Ние уништивме со растурен начин на живеење! Па, ете ги живеалиштата нивни во кои, по нив, живеат само малкумина. Ние, токму, ги наследивме!

59. Господарот твој не ги уништува градовите додека на народите нивни не им испрати пејгамбер којшто ќе им ги кажува ајетите Наши. И Ние не ги уништивме градовите а жителите нивни да не беа зулумќари!

60. И се што ви е дадено е само уживање во животот на овој свет, и украс е негов. А она што е кај Аллах е - подобро и потрајно. Нема ли да се вразумите?

61. Оној кому ветивме ветување убаво еднаков ли е на оној кому му дадовме да ужива во животот на овој свет? А овој на Денот суден ќе биде меѓу предводниците во Џехеннемот.

62. На Денот во кој Он ќе ги повика, па ќе рече: “Кој ви се здружениците Мои кои вие ги замислувавте?”

63. Оние врз кои ќе се овистини зборот ќе речат ”Господаре наш, еве ги оние кои ги скршнавме: ги скршнавме токму онака како што не скршнаа. Од нив се откажуваме пред Тебе. Не не обожаваа!”

64. Ќе им се рече: “Повикајте ги божествата ваши.” Ќе ги повикаат, но нема да им се оѕвијат. И ќе ја здогледаат казната. Е, да беа меѓу упатените!

65. А на Денот во кој ќе ги повика, ќе рече: “Што им одговоривте на пејгамберите?”

66. На Денот тој, вестите за нив не ќе се слушаат; ниту ќе поставуваат прашања еднинадруги.

67. Па, оној кој се кае, кој верува, кој работи добро... можеби ќе биде меѓу спасените.

68. И Господарот твој создава што сака и избира што сака. Оние немаат избор. Славен е Аллах и Возвишен, над она што Му го здружуваат.

69. Господарот твој го знае и она што го кријат градите нивни и она што го обелоденуваат.

70. Он е Аллах! Нема друг бог освен Него. Благодарноста е - само Негова! И на овој свет и на Ахирет. Пресудата, исто така, е - само Негова. И Нему ќе Му се вратите!

71. Кажи: “Кажете ми - ако Аллах реши ноќта да потрае до Денот суден - кој друг бог освен Аллах ќе ви даде светлина. Не слушате ли?”

72. Кажи: “Не гледате ли дека - ако Аллах реши денот да потрае до Денот суден - кој друг бог освен Аллах ќе ви овозможи да се одморите во ноќта? Не гледате ли?”

73. И од милоста Своја! Он ви ги определи и денот и ноќта за да се смирете во нив, и за да ја посакувате добрината Негова, и за да бидете благодарни.

74. И Денот во кој Он ќе ги повика... Потоа ќе им рече: “Каде се здружениците Мои кои вие ги замислувавте?”

75. И од секој народ Ние ќе извадиме по еден сведок, па ќе им речеме: “Донесете ги доказите ваши!” Ќе узнаат дека вистината е - Аллахова, и далеку од нив ќе се оддалечат оние што ги измислуваа.

76. Карун, навистина, беше од народот на Муса, а потоа, веднаш, им направи насилство. И Ние му дадовме ризници на богатство чии клучеви не може да ги подигне ни цврста дружина на луѓе. И кога му рече народот негов: “Не дуј се. Аллах, навистина, не ги љуби оние кои се дујат!”

77. И посакувај го она што Аллах ќе ти го даде во Куќата ахиретска. Но, не заборавај го и уделот твој и на овој свет. И биди добар како што Аллах е добар кон тебе. И не посакувај безредие на земјава! Аллах, навистина, не ги љуби безредниците!

78. Карун рече: “ Да, дадениот ми имот го стекнав со мое знаење.” - Не знаеше ли дека Аллах, навистина, уништи пред него поколенија многу, кои беа појаки од него, и кои збираа и повеќе. А силниците не ќе бидат ни прашувани за гревовите свои.

79. И излезе тој меѓу народот свој, со сиот украс свој. Оние, кои го посакуваа животот на овој свет, рекоа: “Е, кога би имале нешто слично на она што му е дадено на Карун! Он, навистина, има среќа голема!”

80. Оние со даденото им знаење, зборуваа: “Тешко вам! Наградата Аллахова е подобра, секако, за оној кој верува и кој работи добро.” - Ќе ја постигнат само трпеливите!

81. И Ние, тогаш, ги згмечивме него и куќата негова в земја. Никаква дружина, освен Аллах, не можеше да му помогне, и немаше никој кој ќе го поддржи.

82. А оние кои посакуваа вчерадента да бидат на местото негово, зборуваа: “Извесно е дека Аллах дава ‘рск кому сака од робовите Свои. Он, исто така, определува. Да не одликуваше Аллах со тоа ќе бевме и ние згмечени во земјата.” И сигурно е дека неверниците не ќе успеат.
82. А оние кои посакуваа вчерадента да бидат на местото негово, зборуваа: “Извесно е дека Аллах дава ‘рск кому сака од робовите Свои. Он, исто така, определува. Да не одликуваше Аллах со тоа ќе бевме и ние згмечени во земјата.” И сигурно е дека неверниците не ќе успеат.

83. Куќата ахиретска Ние ја определивме за оние кои не сакаат да се дујат и безредие да прават на земјава. Ете, тоа е награда за богобојазливите.

84. Кој ќе дојде со добро ќе има уште подобро од тоа, а кој ќе дојде со зло... па, не ќе бидат наградени оние кои работеа злодела. Ќе им припадне само она што го работеа.

85. Оној што ти го пропишува Кур’анот, навистина, ќе те врати во местото на враќање. Кажи: “Господарот мој најдобро го знае оној кој оди по Патоказот и оној кој оди по беспаќето очигледно!”

86. Ти воопшто не се надеваше дека Аллах ќе ти објави Книга како милост од Господарот твој. И никако немој да бидеш заднина на неверниците!

87. По објавената ти Книга сигурно е дека нема да те одвратат од ајетите Аллахови. Повикувај го Господарот твој! И никако немој да бидеш меѓу многубошците!

88. И не повикувај се на друг бог освен на Аллах! Нема друг бог освен Него! И се ќе пропадне, освен Него. Пресудата е - Негова и Нему ќе Му се вратите.


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

30 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 13 Јан 2011, 3:32 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ЕЛ-АНКЕБУТ(Пајажина)


Мекка - 69 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Елиф, лам, мим!

2. Мислат ли луѓето дека ќе бидат оставени да речат” Веруваме “, а да не се стават во искушение.

3. Ние веќе и оние пред нив ги ставивме во искушение. Аллах сигурно добро ги познава оние кои вистина зборуваат и оние кои лажат,

4. или мислеа ли оние кои работеа злодела дека ќе Ни се оддалечат? Е, само колку е лошо она што го просудуваат!

5. Оној кој се надева на средбата со Аллах... та, часот на Аллах ќе дојде. Он е Слушач и Зналец!

6. А оној кој се бори... та, се бори за себеси. Аллах, навистина, е Независен од световите!

7. А оние кои веруваат и кои работат добри дела Ние сигурно ќе им ги отстраниме злоделата нивни и ќе ги наградиме со најдобра награда за она што го работеа.

8. И Ние го задолживме човекот да се однесува убаво кон родителите свои. А ако се трудат да Ми припишуваат здруженик, а немаш никакво знаење за тоа, тогаш, немој да ги слушаш. Кон Мене води враќањето ваше па јас ќе ве известам за она што го работевте.

9. А оние кои веруваат и кои работат добри дела Ние ќе ги воведеме меѓу добрите.

10. Меѓу луѓето има и такви кои зборуваат: - “Веруваме во Аллах” - а кога ќе им се случи незгода по патот на Аллах, мислат дека сплетката на луѓето е како казната на Аллах. А ако им дојде помош од Господарот твој, сигурно ќе речат: “Ние, навистина, бевме со вас!” - Нели е Аллах Оној кој добро го знае она што е во градите на луѓето?

11. И Аллах, секако, ги знае оние кои веруваат, а секако ги знае и лицемерните!

12. Оние кои не веруваат им зборуваат на оние кои веруваат: “Следете го патот наш, зашто ќе ги понесеме, навистина, гревовите ваши!” - Оние не можат да понесат ниеден грев свој; лашковци се, навистина!

13. Ќе го понесат сигурно бремето свое, а и бремето со другите бремиња свои. А на Денот суден ќе одговараат за она што го сплеткареа.

14. И Нух веќе Ние го испративме до народот негов, и тој остана меѓу нив илјада, помалку педесет години. Па ги погоди потопот, зашто беа зулумќари.

15. Па, Ние ги избавивме Нуха и луѓето на бродот, и ги определивме како знамение за световите.

16. И Ибрахим, исто така, кога му рече на народот свој: “Обожавајте го Аллаха и плашете се од него. Ете, тоа ви е подобро ако знаете.

17. Вие ги обожававте киповите а не Аллаха, навистина! И лага создавате. Оние кои, секако, обожаваат друг бог, освен Аллах, не поседуваат ‘рск за вас. Та, од Аллах посакувајте ‘рск; обожавајте Го и бидете Му благодарни. Нему ќе Му се вратите!”

18. А ако го сметате за лашко... та, и народот пред вас ги сметаше за лашковци. Пејгамберот е должен само да извести јасно!

19. Не гледаат ли како Аллах го почнува создавањето, и како го возобновува? Ете, тоа за Аллах е лесно, навистина!

20. Кажи: “Патувајте по земјата па погледнете како започна создавањето. Потоа Аллах тоа ќе го создаде на Денот суден.” Аллах, навистина, е Кадар за се!

21. Он казнува кого сака и Он се смилува кому сака; и Нему ќе Му се вратите!

22. Не ќе можете да ја избегнете казната ни на Земјата ни на небото. Вие, освен Аллах, немате ни заштитник ни поддржник!

23. Оние кои не веруваат во знаменијата Аллахови и во средбата со Него... онаквите не тагуваат за милоста Моја; за нив има казна болна!

24. Одговорот на народот на Ибрахим беше: “Убијте го или фрлете го во оган!” Па, Аллах го избави од огнот. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои веруваат.

25. И Ибрахим рече: “Да, вие прифативте други божества, освен Аллах, заради наклоноста едникондруги во животот на овој свет. Потоа, на Денот суден, не ќе признаваат еднисодруги, ќе се проколнуваат еднисодруги - а огнот е престојувалиштето ваше. Не ќе имате никакви поддржници!

26. И Лут нему му поверува, и рече: “Јас сум, навистина, патник кон Господарот мој. Он, секако, е Силен и Мудар!”

27. И Ние му го подаривме Исхака и Јакуба, а на потомството негово и пратеништво и Книга му дадовме. И му ја дадовме наградата на овој свет, а на Ахирет тој ќе биде, навистина, меѓу добрите!

28. И кога Лут му рече на народот свој: “Вие, навистина, правите срамно дело во кое никој пред вас меѓу луѓето не претходеше.”

29. На мажите ли ќе им пристапувате, и патиштата ли ќе ги пресечувате, и на состаноците ваши ли срамно дело ќе правите? Одговорот нивни беше само следното тврдење: “Дај ни ја казната Аллахова ако си меѓу искрените!”

30. Лут рече: “Господаре мој, помогни ни против народот безреднички!”

31. И бидејќи гласниците Наши му дојдоа на Ибрахим со радосница, рекоа: “Да, ние ќе ги уништиме жителите на овој град. Жителите негови, секако, се зулумќарите!”

32. Ибрахим рече: “Да, во него живее Лут.” Рекоа: “Ние најдобро знаеме кој живее во него. Ќе го спасиме него и семејството негово, но не и жената негова, зашто таа беше меѓу казнетите.”

33. И бидејќи гласниците Наши му дојдоа на Лут, почувствува неудобност; градите му се стеснаа. - Рекоа: “Не плаши се и не тагувај! Тебе и семејството твое, навистина, ќе ве спасиме, но не и жената твоја која, всушност, е меѓу казнетите!”
34. Да, на жителите од овој град ќе им спуштиме казна од небо заради пакоста што ја правеа.

35. Ние знамение јасно оставивме од него за луѓето кои сфаќаат.

36. И до Медјен дојде братот нивни Шуајб, па рече: “О народе мој, обожавајте Го Аллаха, надевајте се во Денот ахиретски и не сејте по земјата безредие!”

37. Па, го сметаа за лашко и, ете, ги погоди земјотрес: останаа во домовите нивни, скаменети!

38. И Ад и Семуд, исто така! Да, ви беше јасно она што се случи со становите нивни. И Шејтанот им ги разубави делата нивни и ги одврати од патот, а тоа јасно го гледаа.

39. И Карун, и фараонот и Хаман, исто така! Им дојде Муса со јаснотии, и се дуеја по земјата, и казната не ја избегнаа.

40. Да, Ние ги казнивме заради гревовите негови. На некои од нив Ние им испративме страшен глас, на некои од нив им испративме глас силен, а некои од нив, пак, ги згмечивме во земјата, а некои, пак, ги потопивме. Но, Аллах никаков зулум не им направи, оние самите зулум си направија!

41. Оние кои прифатија други заштитници, освен Аллах, се слични на пајажина која си го плете домот. А најслабиот дом, навистина, е домот на пајажината. Е, само кога би знаеле!

42. Да, Аллах ги знае оние кои, освен Аллах, се повикуваат. Он е Силен и Мудар!

43. И овие примери Ние ти ги изнесуваме за луѓето. И само зналците нив ги сфаќаат.

44. И небесата и земјата Аллах ги создаде со вистина. Ете, во тоа, навистина, има знамение за верниците!

45. И кажувај го од Книгата она што ти се вдахнува, и намаз извршувај. Намазот, навистина, те одвраќа од пакоста и од срамното дело. Споменувањето на Аллах, секако, е најголема работа. Аллах го знае она што го правите!
жените. Па вие сте луѓе кои не знаете!”

46. И не расправајте со Следбениците на Книгата, освен на најдобар начин, а не и со оние меѓу нив кои зулум направија. И кажете: “Веруваме и во она што ни се објавува и во она што ви се објавува. И нашиот и вашиот Бог е еден Бог; ние сме само Нему Послушни.”

47. Ете, така Ние ти ја објавивме Книгата. Па, оние на кои Книга им дадовме веруваат во неа. И меѓу нив, исто така, има кои веруваат во неа. А за ајетите Наши расправаат само неверниците.

48. Ти пред неа не кажуваше ниту една Книга, а не ја пишуваше ни со твојата десна рака... во овој случај ќе се посомневаа оние кои невистина зборуваа.

49. Книгата ја сочинуваат ајетите јасни во градите на оние со даденото им знаење. И за ајетите Наши расправаат само неверниците.

50. И зборуваат: “Зошто не му се објавуваат знаменија од Господарот негов?” Кажи: “Знаменијата се, навистина, кај Аллах. Јас сум само опоменувач јасен!”

51. Не се задоволуваат ли со тоа што Ние, секако, ти објавивме Книга која им се кажува? Ете, во тоа, навистина, има милост и опомена за луѓето кои веруваат!

52. Кажи: “Аллах е доволен Сведок меѓу мене и меѓу вас. Го знае и она што е на небесата и она што е на Земјата. Оние кои во неисправното веруваат и кои не веруваат во Аллах, токму, се поразените.

53. И оние посакуваат од тебе што побрзо да им дојде казната. А да нема рок определен, казната, секако, ќе им дојдеше. Несреќата ќе им дојде, навистина, ненадејно, без и да усетат.

54. И оние посакуваат од тебе што побрзо да им дојде казната. А Џехеннемот, секако, ќе ги опфати неверниците:

55. на Денот кога ќе ги обземе казната и над нив и под нив, и кога ќе им се рече: “Искусете го она што го работевте!”

56. О робови мои, вие кои верувате, Земјата Моја е широка - та, само Мене обожавајте Ме!

57. Секој човек ќе ја проба смртта. Потоа Нам ќе ни се вратите.

58. А на оние кои веруваат и кои работат добри дела Ние ќе ги известиме дека во Џеннетот има одаи под кои реки течат, и во нив за навек ќе останат. Е, само колку е убава наградата за трудољубивите:

59. оние кои беа трпеливи и кои се потпираа врз Господарот свој.

60. И колку животни има кои не си го стекнуваат ‘рскот нивни. Нив и вас Аллах ве храни. Он е Слушач и Зналец!

61. А кога, пак, би ги прашал: Кој ги создаде небесата и Земјата, и кој ги потчини Сонцето и Месечината, сигурно ќе речат: “Аллах!” Па, тогаш каде сте кинисале?!

62. Аллах дава ‘рск кому сака од робовите Свои, и Он му одредува мера. Аллах, навистина, знае се!

63 А кога, пак, би ги прашал: “Кој спушта вода од небесата, со која ја оживува земјата по мртвилото нејзино? “ Сигурно ќе речат: “Аллах!” Кажи: “Благодарение на Аллах!” Но, мнозинството од нив не сфаќаат.

64. Животот на овој свет е само игра и забава; животот во Куќата ахиретска, секако, е вистинскиот. Е, кога би знаеле!

65. Кога ќе се качат во чамецот го повикуваат Аллаха, чисто, исповедувајќи ја верата, и бидејќи ќе ги избави на копно, ете, здруженик Му припишуваат,

66. за да бидат незаблагодарни за она што Ние им го дадовме, и за да уживаат; па, ќе узнаат!

67. Не гледаат ли дека Ние харемот го направивме безбеден? Околу него луѓето еднисодруги се крадат. Па, во невистината ли веруваат, а благодатот Аллахов не го признаваат?

68. И кој е поголем зулумќар од оној кој измислува лага врз Аллах, или кој ја смета лажна Вистината а веќе таа им дојде? Нели во Џехеннемот е престојувалиштето за неверниците?

69. А оние кои се борат за Нас ќе ги упатиме по патиштата Наши. Аллах, навистина, е со доброчинителите!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

31 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 13 Јан 2011, 3:33 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ЕР-РУУМ (Византијци)

Мекка - 60 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Елиф, лам, мим!

2. Византијците се победени,

3. во земјата соседна: по поразот нивни ќе победат

4. за неколку години.
Наредбата е - Аллахова и пред и по. На Денот тој ќе и се радуваат верниците

5. на помошта Аллахова. Он помага кому сака. Он е Силен и Сомилосен!

6. Ветувањето е - Аллахово. А Аллах не го изневерува ветувањето Свое. Но, мнозинството на луѓето не знаат!

7. Ја знаат само надворешноста на животот на овој свет, а за Ахирет се рамнодушни!

8. Зошто не размислуваат за самите себеси? Она што Аллах го создаде и на небесата и на Земјата, и она меѓу нив, го создаде само со вистина и до рок определен. Мнозинството на луѓето, навистина, не веруваат во средбата со Господарот свој!

9. Не патуваат ли по земјата па да видат каква беше казната на оние пред нив? Беа појаки од нив: ја ораа земјата и градеа врз неа повеќе од она што го градеа. И им доаѓаа пејгамберите нивни со јаснотии. Аллах, секако, не им нанесе зулум, туку самите себеси зулум си направија!

10. Потоа настапи казна за оние кои лошотии нанесуваа, кои ги сметаа за лажни ајетите Аллахови и кои ги исмеваа.

11. Аллах го започнува создавањето а потоа го возобновува. А потоа кај Него се враќате!

12. И на Денот кога ќе настапи Часот силницте ќе изгубат надеж.

13. И не ќе имаат меѓу здружениците свои посредници. Неверници се, токму, заради здружениците нивни!

14. И на Денот кога ќе настапи Часот... тогаш ќе се разделат едниоддруги.

15. А што се однесува до оние кои веруваа и кои работеа добри дела... па, тие во Бавча ќе се радуваат!

16. А што се однесува до оние кои не веруваат... ги сметаа за лажни ајетите Наши и средбата на Ахирет... па, тие во казната ќе се сместат.

17. Па, славен нека биде Аллах и при легнувањето ваше, ноќе и при станувањето ваше, дење.

18. Благодарноста Нему му припаѓа и на небесата и на Земјата, и приквечерина и напладне.

19. Од мртвото Он вади живо, а од живото Он вади мртво, и Он ја оживува земјата по мртвилото нејзино. И ете, вака ќе бидете изведени!

20. А меѓу знаменијата Негови е и тоа што Он ве создаде од земја, а потоа, ете, станавте луѓе растурени насекаде.

21. А од знаменијата Негови е и тоа што од вас Он создаде жени за да најдете смирна во нив. И меѓу вас определи и љубов и милост. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои размислуваат!

22. А од знаменијата Негови е и создавањето на небесата и на Земјата, и различието на јазиците ваши и на боите ваши. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за учените.

23. А од знаменијата Негови е и спиењето ноќе и дење, и стремежот ваш кон добрината Негова. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои слушаат.
24. А од знаменијата негови е и тоа што Он ви ја покажува молњата за да се уплашите и да се надевате, и Он од небесата ви спушта вода, па со неа ја оживува земјата по мртвилото нејзино. Во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои сфаќаат.

25. А од знаменијата Негови е и тоа што Он ги одржува и небесата и Земјата со наредбата Своја. А потоа штом ќе ве повика од земјата со еден повик, ете, ќе се појавите!

26. И она на небесата и она на Земјата е - Негово; и се Нему му е потчинето!

27. И Он е Оној кој го започнува создавањето а потоа го возобновува. Ова е најлесно за Него. Највисокиот пример и на небесата и на Земјата е - Неговиот. Он е Силен и Мудар!

28. Од вас самите, за вас, Он ви дава пример. Имате ли меѓу оние кои се во сопственост ваша здруженици, во ‘рскот што Ние ви го дадовме? Па, еднакви ли сте во тоа, и се плашите ли од нив како што се плашите едниодруги? И ете, така Ние потенко ви ги објаснуваме ајетите за луѓето кои сфаќаат.

29. Но, не! Оние кои направија зулум ги следеа желбите свои без знаење. Па, кој ќе го упати оној кого Аллах во заблуда го скршнал? И оние немаат поддржници!

30. Па, исправи го лицето свое кон чистата вера, кон Аллаховата природа со која ја создаде природата на луѓето. И нема измена во создавањето Аллахово. Ете, таа вера е вистинската вера, но мнозинството на луѓето не знаат,

31. приклонувајќи се кон Него. Плашете се од Него и намаз извршувајте, и немојте да бидете меѓу многубошците,

32. меѓу оние кои ја поделија верата своја и кои станаа деленици. И секоја странка е радосна со она што го поседува.

33. И кога на луѓето ќе им се случи штета некаква, го повикуваат Господарот свој, приклонувајќи Му се. А потоа кога ќе им даде да ја вкусат милоста Негова... ете, една дружина меѓу нив... Му припишуваат здруженик на Господарот свој,

34. за да бидат незаблагодарни за она што Ние им го дадовме. Но, уживајте, па ќе узнаете!

35. Или: Им испративме ли доказ кој им зборуваше за она за што оние здруженик Му припишуваат?

36. И кога Ние ќе испратиме луѓето да ја вкусат милоста се радуваат на неа, а ако им се случи зло некакво, заради она што го направија рацете нивни, ете ги како очајуваат.

37. Не гледаат ли дека Аллах дава ‘рск кому сака и дека Он одредува со мера. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои веруваат.

38. Па, дај му го правото негово и на ближниот, и на сиромавиот, и на патникот... Тоа е подобро за оние кои го посакуваат лицето Аллахово. Онаквите се, токму, спасени!

39. Она што го давате заради лихва, за да се лихвари по имотот на луѓето... та, кај Аллах, не се зголемува. А она што го давате како зекат, посакувајќи го лицето Аллахово... та, тоа, ете, за нив ќе се удвои.

40. Аллах е Оној кој ве создава, а потоа ‘рск ви дава, а потоа, пак, ќе ве усмрти и, конечно, ќе ве оживи. Дали меѓу здружениците ваши, меѓу вас, има некој кој ќе направи такво нешто? Славен нека биде Он и Возвишен над она што Му го здружуваат!

41. Се појави безредие и на копно и на море, токму, заради она што го спечалија рацете на луѓето за да го вкусат некои од оние кои тоа го работеа, можеби да се поправат.

42. Кажи: “Патувајте по земјата и гледајте каква беше казната за оние од порано. Мнозинството од нив беа, секако, многубошци!”

43. Па, сврти го лицето твое кон верата вистинска пред да настапи Денот, кој не ќе може никој од Аллах да го отфрли. На Денот тој ќе се разединат:

44. оној кој не верувал... па, неверството негово ќе биде против него, а оној кој работел добро... па, тоа, таквите, за себеси си го подготвија,

45. за да ги награди Он оние кои веруваа и кои работеа добри дела заради задоволството Негово. Он, навистина, не ги љуби неверниците!

46. А од знаменијата Негови е и тоа што Он го испраќа ветрот како радосница за да искусите нешто од милоста Негова, и за да плови бродот со наредбата Негова, за да тежнеете кон добрината Негова и за да се заблагодарувате.

47. И пред тебе, секако, Ние испраќавме пејгамбери до народите нивни. Па, им доаѓаа со јаснотии. Потоа Ние ги казнивме оние кои се силеа во зло, а верниците, пак, ни беше обврска да ги потпомогнеме.

48. Аллах е Оној кој ги испраќа ветровите кои, ете, ги гонат облаците по небото па, со посак Негов, ги растегнуваат и на парчиња ги дробат. Па, така гледаш како дождот излегува од нив кој, кога ќе падне кому Он сака од робовите Негови, тие му се радуваат,

49. и покрај тоа што, навистина, беа очајни пред да падне врз нив.
50. Погледни ги, тогаш, трагите на милоста Аллахова: како ја оживува земјата по мртвилото нејзино. Он, навистина, ќе ги оживи мртвите. Он е Кадар за се!

51. А кога Ние би им испратиле ветар кој се ќе пожолти и потоа тие, секако, зулум ќе прават и нема да веруваат.

52. Ти, навистина, не можеш да ги натераш да те слушнат мртвите, ниту, пак, можеш да го натераш глувиот да го слушне повикот кога е свртен од тебе,

53. а ниту, пак, можеш да ги упатиш слепите од нивното скршнување во заблуда; можеш да ги слушнеш само оние кои веруваат во знаменијата Наши - овие се Послушните!

54. Аллах е Оној кој ве создаде слаби, а по слабоста моќ ви дава, а по моќта, пак, слабост ви дава и, секако, старост. И Он го создава она што го сака. Он е Зналец и Кадар!

55. А на Денот кога ќе се случи Часот, силниците ќе се колнат дека само еден час останале. Ете, така оние и порано кинисуваа.

56. А оние со даденото им знаење и иман ќе речат: “Вие останавте, секако, како што е тоа означено во Книгата Аллахова, до Денот на оживувањето. А ова е Денот на оживувањето, но вие, ете, тоа не го знаевте.”

57. Па, на Денот тој оправдувањата на оние кои зулум направија не ќе им користат и од нив не ќе се бара ни да се оправдуваат.

58. Во овој Кур’ан Ние, веќе, им изнесовме пример од се по нешто. И кога би им дошол со знамение некакво оние кои не веруваат сигурно ќе речат: “Вие само невистини изнесувате!”

59. Ете, така Аллах ги запечатува срцата на оние кои не знаат.
60. Па, стрпи се! Ветувањето Аллахово, навистина, е вистина. И никако нека не те вознемируваат оние кои не се уверени!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

32 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 13 Јан 2011, 3:33 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ЛУКМАН (Лукман)


Мекка - 34 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Елиф, лам, мим!

2. Еве ајети од Книгата мудра:

3. Патоказ и Милост за доброчинителите -

4. кои намаз клањаат и кои зекат даваат, и кои се уверени во Ахирет;

5. онаквите се по Патот на Господарот свој и оние се, токму, спасените!

6. Меѓу луѓето има и такви кои купуваат празен говор за забава за да се скршнуваат во заблуда, незнаејќи, од Аллаховиот пат, и кои го прифаќаат за да се исмеваат. За нив има казна срамна.

7. И кога му се кажуваат ајетите Наши ја врти главата надуено, како да не ги слуша, како во ушите негови да има тежина. Па, зарадувај го со казната болна!

8. За оние кои веруваат и кои добри дела работат има, навистина, благословени бавчи џеннетски,

9. во нив за навек ќе останат. Ветувањето Аллахово е - вистина. Он е и Силен и Мудар!

10. Гледате како Он ги создаде небесата без столбови, а по земјата брдата ги расфрла за да не се тресете, и по неа, исто така, растури животни секакви... И од небесата Ние вода ви спуштаме и од земјата овозможивме да никнат од с# парови благородни.

11. Ова е создавањето Аллахово. Па, тогаш, покажете ми го она што го создадоа оние, освен Него. Но, зулумќарите сигурно се скршнати во заблуда јасна.

12. И на Лукман, секако, Ние му дадовме мудрост: “Биди благодарен на Аллах!” А оној кој е благодарен та, за себеси е благодарен, а оној кој не верува, та, Аллах, навистина, е Богат и за благодарност Достоен!

13. И кога Лукман му рече на син му, советувајќи го: “О синко, не здружувај Му на Аллах здруженик. Здружувањето здруженик, навистина, е зулум голем!”

14. И на човекот Ние му одредивме да се однесува добро кон родителите свои. Мајката го носеше, слабејќи од ден во ден, и го доеше две години: “Биди благодарен, и Мене и на родителите твои. Свратилиштето е - кон Мене!

15. А ако родителите се трудат да те наговорат да Ми припишуваш здруженик за што, всушност, не знаеш ништо, немој да им бидеш послушен, но примерно однесувај се кон нив на овој свет. И следи го патот на оној кој Мене ми е послушен. Потоа враќањето ваше до Мене води, па ќе ве известам за она што го работевте.”

16. “О синко мој, било да е направено нешто колку голушка, па и да е во пустина, на небесата или на Земјата, Аллах ќе го покаже. Аллах, навистина, е Чувствителен и Известен!

17. О синко мој, клањај намаз, наредувај добро и забранувај зло. И биди трпелив во она што ќе ти се случи. Ете, тоа, навистина, е меѓу решителните работи.

18. И не врти го лицето од луѓето, и не оди по земјата горделиво: Аллах, навистина, не го љуби ни горделивиот ни надуениот.

19. И биди умерен во одот твој а намали го и гласот твој. Од гласовите најлошиот, навистина, е гласот магарешки!

20. Не гледаш ли дека Аллах, навистина, ви го потчини и она што е на небесата и она што е на Земјата? И Он ве опсипа со благодатите Свои: и видливи и невидливи. А меѓу луѓето има и такви кои расправаат за Аллах и без знаење и без Патоказ и без Книга светла.

21. И кога им беше речено: “Следете го она што Аллах го објави!” Рекоа: “Не, ќе го следиме она што го најдовме кај предците наши.” И тогаш ли кога Шејтанот ги повикува кон казната џехеннемска?

22. А оној кој ќе го предаде лицето свое на Аллах а доброчинител е... тој веќе се фатил за најцврстото јаже. Аллахова е конечницата на работите!

23. А оној кој не верува... па, нека не те загрижува неверувањето негово. И кон Нас е враќањето нивно и Ние, секако, ќе ги известиме за она што го работеа. Аллах, навистина, го знае она што е во градите.

24. Ние ќе им дадеме да уживаат едно кратко време, а потоа ќе ги турнеме во тешка казна.

25. А ако, пак, ги прашаш: “Кој ги создаде небесата и Земјата?” Сигурно ќе речат: “Аллах!” Но, ете мнозинството од нив не знаат!

26. Она што е на небесата и на Земјата е - Аллахово. Аллах, навистина, е Богат и за благодарност Достоен!

27. А кога сите стебла на земјата би биле перциња а морето мастило, на кое ќе му се придружат уште седум мориња, не би се исушиле зборовите Аллахови. Аллах, навистина, е Силен и Мудар!

28. Создавањето ваше и оживувањето ваше е само како создавањето еден човек. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач!

29. Не гледаш ли дека Аллах, секако, го вовлекува денот во ноќта, а ја вовлекува ноќта во денот и ги потчини и Сонцето и Месечината? И се тече до рок определен. А Аллах е Известен за она што го работите!

30. Ете, тоа, токму, заради она што Аллах е вистина. Аллах, навистина, е Вишен и Голем!

31. Не гледаш ли дека чамецот плови по морето, секако, со благослов на Аллах за да ви покаже од знаменијата Свои? Во тоа, ете, има, навистина, знаменија за секој трпелив и благодарен.

32. И кога бранот, голем како облак, ќе ги покрие, го молат Аллаха, искрено, искажувајќи ја верата кон Него. И бидејќи ќе ги спаси, доведувајќи ги до копното, само некои од нив покажуваат умереност. Знаменијата Наши не ги признава само силникот и неверникот!

33. О луѓе, плашете се од Господарот ваш и плашете се од Денот во кој ни родителот на своето дете не ќе му помогне, а ниту, пак, детето во нешто ќе му помогне на својот родител. Ветувањето Аллахово, навистина, е вистина. Животот на овој свет, тогаш, никако нека не ве понесе и Шејтанот, исто така, нека не ве оддалечи од Аллах!

34. Знаењто за Часот, секако, е само кај Аллах. И Он спушта дожд и Он го знае она што е во утробите. Човекот не знае утре што ќе заработи; човекот не знае и во која земја ќе умре. Аллах, навистина, е Зналец и Известен!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

33 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 13 Јан 2011, 3:33 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ЕС-СЕЏДЕ (Сеџде)

Мекка - 30 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Елиф, лам, мим!

2. Објавувањето на Книгата, во која нема сомнение, е од Господарот на световите.

3. Или зборуваат: “Тој го измислува.” Но, не! Тоа е вистина од Господарот твој за да го опомениш народот кому не му е дадена опомена, пред тебе, за да се упатат.

4. Аллах е Оној кој ги создаде и Земјата и небесата и она што е меѓу нив за шест дена, а потоа се утврди на Аршот. Вие, освен Него, немате ни поддржник ни посредник. Па, нема ли да се присетите?

5. И Он управува со се она што е меѓу небесата и Земјата, а потоа, во Денот определен, кон Него ќе се извиши: на Денот кој трае илјада години, според она како што вие броите!

6. Ете, Он е Зналец на јавното и тајното, Силен и Сомилосен!

7. Кој ја создаде секоја ствар во најдобар облик, и Кој, создавањето на човекот, го започна од глина.

8. А потоа, породот негов, го создава од избрана капка вода.

9. А потоа Он го обликува и му вдахнува од духот Свој, И ви дава и слух, и вид и срца. Малкумина заблагодарувате.

10. И зборуваат: “Кога ќе исчезнеме на земјата па повторно ли ќе бидеме создадени?” Но, оние во средбата со Господарот нивни не веруваат.

11. Кажи: “Мелекот на смртта, кој ви е за тоа одреден, ќе ве усмрти, а потоа кон Господарот ваш ќе се вратите.”

12. Е, кога би ги видел силниците наведнати со главите нивни пред Господарот свој: “Господаре наш, и видовме и слушнавме, врати не повторно назад; ќе работиме добро. Ние сме, секако, уверени!

13. Е, кога би сакале на секоја душа би и го дале упатството нејзино, но зборот вистински е - Мој. Џехеннемот, секако, ќе го исполнам и со џинови и со луѓе, заедно!

14. Па, вкусете го Џехеннемот, зашто заборавивте на средбата на овој Ден ваш. И Ние заборавивме на вас, и вкусете ја казната на вечноста за она што, токму, го работевте!

15. Во ајетите Наши, навистина, веруваат оние кои, кога ќе се споменат, паѓаат на сеџде, и кои Го слават, величајќи Го, Господарот свој, и кои не се дујат!

16. Страните нивни од постела се накривуваат, повикувајќи го Господарот свој, и од страв и од желба, и кои делат од ‘рскот Наш што им го дадовме.

17. Па, ниедна душа не знае какви радости им се кријат... награда за она што го работеа.

18. Еднаков ли е верникот со расипникот? Не можат да се изедначат!

19. А што се однесува до оние кои веруваат и кои добри дела работат... та, за нив има престојувалиште од бавчи џеннетски, подготвени за она што го работеа.

20. А што се однесува, пак, до расипаните... та, огнот е престојувалиштето нивно. Секојпат кога ќе посакаат да излезат од него ќе бидат вратени во него, и ќе им се вели: “Искусете ја казната огнена за која сметавте дека е лажна!”

21. И Ние ќе дадеме сигурно да искусат казна помала покрај казната голема за да се покајат.

22. А кој е поголем зулумќар од оној кој, кога ќе му се споменат знаменијата на Господарот негов - а тој, ете, е рамнодушен кон нив? Ќе ги казниме, секако, силниците!

23. И на Муса, навистина, Ние му дадовме Книга: не сомневај се во средбата со Него. Ние него го одредивме да биде патоказ за синовите Израилови.

24. И меѓу нив Ние одредивме водачи кои упатуваа со наредбата Наша, по стрпливоста нивна, и кои беа уверени во знаменијата Наши.

25. Господарот твој, навистина, ќе ги раздвои на Денот суден заради она за што, токму, станаа деленици.

26. Нели им се укажува дека колку поколенија Ние пред нив уништивме преку чии живеалишта одат? Ете, во тоа, навистина, има знаменија. Не слушаат ли?

27. Не гледаат ли како Ние ја тераме водата кон сувата земја и како со неа вадиме растение со кое се хранат и добитокот нивни и тие самите. Не гледаат ли?

28. И зборуваат: “Кога ќе дојде Победата ако сте искрени?”

29. Кажи: “На Денот на Победата верувањето на оние кои не веруваа не ќе им користи, и не ќе им се даде рок.”

30. Та, сврти се од нив и чекај! Тие, секако, чекаат!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

34 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 13 Јан 2011, 3:34 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ЕЛ-АХЗАБ (Сојузници)

Медина - 73 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. О пејгамберу, плаши се од Аллах и немој да им бидеш послушен на неверниците и дволичните. Аллах, навистина, е Зналец и Мудар!

2. И следи го она што ти се објавува од Господарот твој! Аллах, навистина, е Известен за она што го работите!

3. И потпри се врз Аллах; Аллах е Доволен Поддржник!

4. Аллах на ниеден човек не му даде две срца во градите негови. И не ви ги одреди жените ваши од кои со зихар се разделувате да бидат мајки ваши, а ниту, пак, посинетите, да бидат синови ваши. Тоа се само зборови со устите ваши. Аллах ја зборува вистината и Он упатува по патот вистински!

5. Викајте ги по бабовците нивни; тоа е поисправно кај Аллах. Но, ако вие не ги познавате бабовците нивни... па, тоа се браќа ваши по вера и заштитници ваши. А ако во тоа, пак, некако згрешите, немате грев. Но, грев е она што го намераваат срцата ваши. Аллах е Простувач и Сомилосен!

6. Пејгамберот, за верниците, е поблиску од нив самите; а жените негови се мајки нивни. А сродниците, според Книгата Аллахова, се поблиску еднисодруги и од верниците и од мухаџирите, освен ако не им направите некакво добро на заштитниците ваши што, секако, е наведено во Книгата.

7. И кога Ние го прифативме договорот од пејгамберите нивни, и од тебе, и од Нух, и од Ибрахим, и од Муса, и од Иса, синот на Мерјем... од нив прифативме договор цврст!

8. За да ги земе на одговорност искрените заради искреноста нивна; а за неверниците Он им подготви казна болна.

9. О верници, сетете се на благодатот Аллахов кон вас: кога ви дојдоа војски, па против нив испративме ветар и војски кои не ги видовте. Аллах го гледа она што го работите;

10. кога ви дојдоа и над вас и под вас, и кога погледите ви се скаменија, и кога срцата во градите ви застанаа, и кога за Аллах секакви помисли имавте.

11. Тука верниците беа ставени во искушение и беа потресени со потрес жесток.

12. И кога дволичните и оние со заболените срца зборуваа: “Аллах и пејгамберот Негов ништо не ни ветија освен измама!”

13. И кога една дружина од нив рече: “О жители на Јасриб, тука немате опстанок. Вратете се!” И една заедница меѓу нив побара одобрение од пејгамберот, зборувајќи: “Домовите наши се незаштитени” - а не беа незаштитени. Посакаа само да се дадат во бегство.

14. А да им се влезеше од предградијата негови и да се побараше од нив да направат сплетки тоа сигурно ќе го направеа; во нив ќе се задржеа само малку,

15. оние веќе и порано му ветија на Аллах дека нема да се вратат назад. А за ветувањето кон Аллах се одговара.

16. Кажи: “Ако бегате од смртта бегството никогаш не ќе ви користи, или, пак, гинењето: само кратко време ќе уживате.”

17. Кажи: “Кој е тој кој ќе ве сочува од Аллах? Ако Он посака да ви нанесе зло или ако Он посака да ви подари милост.” Оние, освен Аллах, немаат ни заштитник ни поддржник!

18. Аллах, секако, ги знае оние меѓу вас кои прекоруваа и кои им зборуваа на браќата свои: “Дојдете со нас!” - И малкумина од нив тргнаа во војна,

19. шкржави во помошта кон вас. А кога ќе настапи стравот ги гледаш како гледаат во тебе, играјќи со очите свои како да се во пресрет на смртта. А кога стравот ќе помине ве вознемируваат со јазиците остри, шкржави да направат некакво добро. Таквите не веруваат па, Аллах, ќе ги упропасти делата нивни. Тоа за Аллах, секако, е лесно.

20. Сметаат дека сојузниците не отидоа. Или ако сојузниците се вратат оние би сакале повеќе да бидат со бедуините в пустина, и да се распрашуваат за вестите за вас. А да беа, пак, меѓу вас, само малкумина ќе се бореа!

21. Во пејгамберот, навистина, имате убав пример, за оној кој се надева и во Аллах и во Денот суден и кој Го споменува Аллаха многу!

22. И бидејќи верниците ги здогледаа сојузниците, рекоа: “Ова е она што ни го ветија и Аллах и пејгамберот Негов.” И Аллах и пејгамберот Негов вистината ја зборуваа; и иманот и послушноста само им се зголемуваа.

23. Меѓу верниците има луѓе кои го исполнија ветувањето што му го дадоа на Аллах. Едни од нив го положија животот, а други, пак, тоа го очекуваат; не направија никаква промена, во ништо,

24. за Он да ги награди искрените, заради искреноста нивна, и за да ги казни лицемерните. Ако, пак, посака, Он ќе им прости. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

25. Аллах ги одврати оние кои не веруваа со лутината нивна; не постигнаа никакво добро. Аллах за верниците е Доволен во борба. Аллах е Јак и Силен!

26. И Он ги изведе Следбениците на Книгата од тврдините нивни кои ги помагаа и им влеа страв во срцата нивни: една дружина од нив ја отепавте а една, пак, ја заробивте.

27. И Он ви даде да ја наследите земјата нивна, и домовите нивни, и имотот нивни и земјата по која не одевте. Аллах, навистина, е Кадар за се!

28. О пејгамберу, кажи им на жените твои: “Ако го сакате животот на овој свет и украсот негов... па, дојдете, ќе ви го дадам доброто и ќе се разведам на добар начин.

29. А ако, пак, го сакате Аллах, и пејгамберот Негов и Куќата ахиретска... па, Аллах, навистина, на доброчинителите им подготви награда голема!”

30. О жени пејгамберови, таа меѓу вас која ќе направи некое отворено срамно дело, казната ќе и биде удвоена. Ете, тоа за Аллах е едноставно!
31. А на таа од вас, која е оддадена на Аллах и на пејгамберот Негов, и која работи добро дело, Ние ќе и ја дадеме наградата нејзина во два наврата, и ќе и подготвиме ‘рск благороден!

32. О жени пејгамберови, вие не сте како другите жени. Ако сте богобојазливи... па, немојте да го дигате гласот зашто, тогаш, може да се предизвика желбата на оној во чие срце има болештина, и зборувајте убави зборови!

33. И останете во домовите ваши; и не покажувајте ја убавината онака како што се покажуваше убавината во џахилиетот одамнешен. И намаз извршувајте и зекат давајте, и на Аллах и на пејгамберот Негов бидете послушни. Аллах, навистина, посакува да го отстрани срамното дело од вас, о Ехлул Бејт, за да ве очисти, потполно!

34. И паметете го она што се кажува во домовите ваши: од ајетите Аллахови и мудроста. Аллах, навистина, е Сочувствителен и Известен!

35. И за послушните мажи и за послушните жени, и за верниците и за верничките, и за потчинетите мажи и за потчинетите жени, и за искрените мажи и за искрените жени, и за трпеливите мажи и за трпеливите жени, и за понизните мажи и за понизните жени, и за мажите кои даваат милосрдие и за жените кои даваат милосрдие, и за мажите кои постат и за жените кои постат, и за мажите кои ги чуваат срамните места и за жените коАллаха многу, и за жените кои го споменуваат Аллаха многу... за сите нив Аллах подготви и прошка и награда голема, навистина!

36. Не е на верникот и на верничката, кога Аллах ќе одреди нешто а и пејгамберот Негов, да донесат избор за работите нивни. А оној кој е непослушен и кон Аллах и кон пејгамберот Негов... тој веќе скршнал во заблуда очигледна!

37. И кога му рече на оној кого Аллах го благослови и кого ти го благослови: “Задржи ја за себе жената твоја, и плаши се од Аллах;” во душата твоја го криеш она што ќе го обелодени Аллах, и од луѓето се плашиш. А Аллах има право повеќе да се плашиш од Него. И бидејќи Зејд реши да се разведе од неа, Ние те оженивме со неа за да нема тешкотија за верниците при женењето со жените на посинетите кога овие ќе решат да се разведат од нив. Наредбата Аллахова, секако, е делотворна!

38. И за пејгамберот не е тешко да го работи она што Аллах му го наредува: таква беше одредбата Аллахова и кон оние порано; а наредбата Аллахова, секако, е премногу моќна,

39. за оние кои ги доставуваат посланијата Аллахови и кои од Него стравуваат, и кои од никого, освен од Аллах, не стравуваа... а Аллах е Доволен за полагање сметка.

40. Мухаммед, секако, не е ничии бабо од мажите ваши, нотој е само пејгамбер Аллахов и печат на пејгамберите. Аллах, навистина, знае се!

41. О верници, споменувајте Го Аллаха, со споменување често!

42. И славете Го и наутро и навечер!

43. Он, токму, ве слави, а и мелеките Негови ве слават: за да ве избави од темнини во светлина. Он, навистина, е кон верниците Сомилосен!

44. На денот, кога со Него ќе се сретнат, поздравот нивни ќе биде: Селам! И за нив Он подготви награда благородна!

45. О пејгамберу, Ние, навистина, те испративме и како сведок, и како радосник и како опоменувач,

46. и како повикувач, со одобрението Негово и кон Аллах и кон светилката што свети.

47. И зарадувај ги верниците дека за нив од Аллах, навистина, има добротија голема.

48. И не слушај ги неверниците и дволичните, и отфрли ги навредите нивни, и потпри се врз Аллах. Аллах е Доволен Закрилник!

49. О верници, кога ќе ги венчате верничките со кои, пред да ги допрете, ќе се разделите, тие немаат обврска да го чекаат рокот определен, чии денови, токму, ги броите. Па, дајте им подарок венчан и убаво разделете се!

50. О пејгамберу, Ние, навистина, ти ги дозволивме жените твои на кои им ги даде венчаните подароци, и оние кои се во посед твој, кои Аллах ти ги даде со пленот, и ќерките на миџовците твои, и ќерките на халите твои, и ќерките на дајџовците твои, и ќерките на тезите твои кои се иселија со тебе; и жената верничка ако самата ќе му се подари на пејгамберот, а тој ќе посака да ја венча: ова се однесува само на тебе, а не и на верниците останати. Ние го знаеме, секако, она со што ги задолживме во врска со жените нивни, и со оние кои се во посед нивни за да немаш никаква тешкотија. Аллах е Простувач и Сомилосен!

51. Некои од нив со посак Твој ги оддалечуваш, а некои, пак, со посак Твој ги повикуваш. А ако ја посакаш некоја меѓу оние кои ги оддалечи немаш грев. Ете, тоа е најлесно со радост да се исполнат очите нивни, и да не тагуваат, и да се задоволат со она што им го даде. Аллах го знае она што е во срцата ваши. Аллах е Зналец и Благ!

52. По ова не ти се дозволени жени, ниту тоа нив да ги заменуваш со други жени, па и покрај тоа што те вчудоневидува убавината нивна, освен оние кои се во посед твој. Аллах, навистина, бдее врз секоја работа!

53. О верници, не влегувајте во собите на пејгамберот, освен ако ви се дозволи заради храна. Но, не да чекате додека се зготви. Па, кога ќе бидете повикани, влезете! И кога ќе јадете, растурете се, без да се впуштате во разговор. Тоа, секако, го вознемирува пејгамберот, а тој се срами вам да ви рече, а Аллах, пак, не се срами од вистината! А кога ќе барате од жените нешто, барајте од нив, тогаш, зад завеса. Тоа е почисто и за срцата ваши и за срцата нивни. Не ви е дозволено да го вознемирувате пејгамберот, а ниту пак, по него, да ги венчавате жените негови. Ете, тоа кај Аллах од вас, навистина, не е мала работа.

54. Дали нешто ќе криете или ќе обелоденувате... па, Аллах, навистина, знае се!
55. За нив нема грев да бидат откриени што се однесува до бабовците нивни, и синовите нивни, и браќата нивни, и синовите од браќата нивни, и синовите од сестрите нивни, и жените нивни и оние кои се во посед нивни. И плашете се од Аллах. Аллах, навистина, е Сведок за се!

56. Аллах и мелеките Негови, секако, го слават пејгамберот. О верници, славете го и вие и поздравете го со селам!

57. Оние кои Го вознемируваат Аллаха и пејгамберот Негов... Аллах, секако, ги проколни и на овој свет и на Ахирет, и Он им подготви казна срамна.

58. А оние кои ги вознемируваат верниците и верничките со она што тие не го заслужуваат, понесуваат, навистина, товар и грев јасен.

59. О пејгамберу, кажи им на жените твои и ќерките твои, и на жените од верниците да ги спуштат облеките. Ете, тоа е најлесно да се препознаат и да не се вознемируваат. А Аллах е Простувач и Сомилосен!

60. Ако дволичните, и оние во чии срца има болештина, и оние кои низ Медина лаги шират не престанат... сигурно Ние ќе ти ја дадеме власта врз нив, и само за кратко време ќе останат соседи твои,-

61. проколнети се тие; и каде било да се најдат, нека се притворат и нека се убијат!

62. Таква беше праксата Аллахова кон оние кои поминаа пред нив. А ти никако не ќе најдеш измена во праксата Аллахова!

63. Те прашуваат луѓето за Часот. Кажи: “Знаењето за него е при Аллах, навистина! Ти за него не знаеш; Часот, можеби, е сосема блиску!”

64. Аллах, секако, ги проколна неверниците и им подготви оган,

65. и во него за навек ќе останат; не ќе најдат ни заштитник ни поддржник!

66. На Денот кога лицата нивни ќе се гнетат во огнот, ќе речат: “О тешко нам! Само да бевме послушни и на Аллах и на пејгамберот!”

67. И ќе зборуваат: “Господаре наш, бевме послушни и на предводниците наши и на големците наши, па не скршнаа по патот на заблудата!

68. О Господару наш, дај им казна двојна и проколни ги со клетвата голема!”

69. О верници, не бидете како оние кои го вознемируваа Муса! Па, Аллах го оддалечи од она што го зборуваа. Кај Аллах тој беше угледен!

70. О верници, плашете се од Аллах и зборувајте само вистина!

71. Он ќе ви ги поправи делата ваши и Он ќе ви ги прости гревовите ваши. А оној кој е послушен и на Аллах и на пејгамберот Негов... тој ќе однесе, секако, победа голема!

72. И Ние, навистина, го изнесовме аманетот и пред небесата и пред Земјата, и пред планините... и одбија да го понесат, плашејќи се од него, но ете, го понесе човекот. Човекот, навистина, е зулумќар и незнајко!

73. За Аллах да ги казни мажите дволични и жените дволични, и многубошците и многубошките, и Аллах да им прости на верниците и на верничките Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

35 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 13 Јан 2011, 3:35 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

САБЕ (Сабе)

Мекка - 54 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Благодарение на Аллах! Се што е на небесата и на Земјата е - Негово! Благодарноста му припаѓа и на Ахирет. Он е Мудар и Известен!

2. Он го знае и она што влегува во земјата и она што излегува од земјата, и она што се спушта од небо и она што се извишува кон небо. Он е Сомилосен и Простувач!

3. Неверниците зборуваат: “Нема да ни дојде Часот!” Кажи: “Да, се колнам во Господарот мој, дека ќе ви дојде, сигурно!” Он е Зналец на тајната. Ни на небесата ни на Земјата ништо, ни колку голушка, не може да Му се скрие; ни помало од тоа ни поголемо од тоа, а да не е во Книгата јасна.

4. За Он да ги награди оние кои веруваат и кои добри дела работат... на овие ќе им биде простено и ќе имаат ‘рск благороден,

5. а на оние кои се трудеа против ајетите Наши, сакајќи да ги оневозможат... ќе им припадне казна од казната болна.

6. Оние со даденото им знаење гледаат дека она што ти се објавува од Господарот твој е вистина и дека упатува кон патот на Силниот и за благодарност Достојниот!

7. Неверниците зборуваат: “Да ве упатиме ли кон еден човек кој ќе ве извести дека кога ќе се распарчете целосно, ќе се возобновете, навистина!

8. Фрла ли тој лага врз Аллах? Или, пак, тоа го прават џиновите во него? Да, оние кои не веруваат во Ахирет се во мака и низ скршнување во заблуда далечна!

9. Не го гледаат ли она што е над нив и она што е зад нив, од небо и од земја? Кога би посакале би ги закопале во земја или би спуштиле врз нив парчиња од небо. Ете, во тоа, навистина, има знамение за секој роб послушен!

10. И на Давуд, секако, Ние му дадовме од добрината Наша -: “О брда, славете Ме со него, а и вие птици!” И за него Ние железото го смекнавме.

11. “Прави панцири целосни и плети ги добро жиците!” И работи добро дело! Јас, навистина, го гледам она што го работите.

12. И на Сулејман Ние ветрот му го потчинивме: само за едно утро дуваше колку за еден месец, и само за една вечер дуваше колку за еден месец. И за него Ние одредивме од изворот бакар да тече, и со одобрението на Господарот Негов, од џиновите да работаат за него. А оној од нив кој скршнуваше од наредбата Наша Ние ќе одредиме да ја вкуси казната огнена.

13. Оние за него го работеа она што тој го посакуваше: и храмови, и споменици, и садови како чамци и котли неподвижни. - “Работете, о семејство Давудово, за да бидете благодарни.” Малкумина од робовите Мои се благодарни!

14. И бидејќи решивме да умре, никој немаше кој да ги извести за смртта негова, освен едно животинче кое лази по земјата и кое го стопи стапот негов. И бидејќи тој падна, на џиновите им стана јасно дека, доколку би ја знаеле тајната, не би ја вкусиле казната срамна.

15. Имаше доказ, секако, во Себе, во живеалиштата нивни: бавчи и од левата и од десната страна. - “Јадете од ‘рскот на Господарот ваш и бидете Му благодарни. Е, колку добар предел и Господар Простувач!”

16. Па, се спротиставија. И Ние им испративме поплава од преградата која попушти, и бавчите нивни ги заменивме со две други бавчи, со плодови горчливи, со грмушки и со неколку срдовици.

17. Ете, така Ние ги казнивме затоа што не веруваа. Кого, тогаш, освен неверниците казнивме?

18. Меѓу нив и градовите кои Ние ги благословивме одредивме градови приметливи, а меѓу нив одредивме, исто така, растојание. И патувајте низ нив и ноќе и дење, безбедни!

19. Па, рекоа: “Господаре наш, повлечи растојание меѓу патувањата наши! “ Самите себеси зулум си направија: ги оставивме само во кажувањата и во целост ги расцепивме. Ете,во тоа, навистина, има знаменија за секој кој е трпелив и благодарен!

20. И го потврди Иблис, секако, мислењето негово за нив: па, ете, го следеа, но не и една дружина на верници:

21. врз нив немаше никаква власт; но само да се знае, секако, кој верува во Ахирет, а кој, токму, во него се сомнева. И Господарот твој е Заштитник на се!

22. Кажи: “Повикајте ги оние кои, освен Аллах, ги замислувате. Не поседуваат ништо, ни колку една голушка ситно, ни на небесата ни на Земјата: во нив оние не соучествуваат ништо а ниту, пак, Он од нив очекува помош некаква.

23. Кај Него не користи посредувањето, освен за оној за кого Он ќе одобри. И кога од срцата нивни ќе го снема стравот, ќе речат: “Што рече Господарот ваш? Ќе речат: Вистина!; Он е Вишен и Голем!

24. Кажи: Кој ви дава ‘рск и од небесата и од Земјата?” Кажи: “Аллах! И уште: Ние сме или, пак, вие сте по Патоказот или по беспаќето очигледно?”

25. Кажи: Вие не ќе одговарате за она што ние го згрешивме, а ниту, пак, ние ќе одговараме за она што го работите.”

26. Кажи: Господарот наш ќе не збере, потоа Он, меѓу нас, ќе пресуди праведно. Он е Судија и Зналец!

27. Кажи: “Покажете ми ги оние здруженици кои ги прикачувате за Него. Но не! Аллах е Оној кој е Силен и Мудар!

28. И за сите луѓе Ние те испративме како радосник и опоменувач, но, ете, мнозинството на луѓето не знаат.

29. И зборуваат: “Кога еднаш ќе се оствари таа закана, ако сте искрени?

30. Кажи: Па, вие ќе се сретнете на Денот чие доаѓање не можете ни за миг да го забрзате а ниту да го задоцните.
31. Неверниците зборуваат: Никојпат не ќе веруваме во овој Кур’ан ниту во она што му претходеше! - А кога би видел, кога зулумќарите ќе стојат пред Господарот свој, како еднинадруги ќе разговараат, угнетените ќе им речат на угнетувачите: Да не бевте вие ќе бевме верници, сигурно!

32. Угнетувачите ќе им речат на угнетените: “ Ние ли ве попречивме во Патоказот по веќе неговото доаѓање до вас? Но, вие самите бевте силници!”

33. Угнетените ќе им речат на угнетувачите: “Не, сплеткаревте и дење и ноќе кога ни наредувавте да не веруваме во Аллах и богови Нему да му припишуваме. И бидејќи ќе ја здогледаат казната ќе ја скријат тагата. А на вратовите на неверниците синџири ќе им ставиме. Ќе бидат казнети само за она што го работеа?”

34. И Ние во ниеден град не испративме опоменувач а свикнатите во раскошниот живот секогаш велеа: “Не веруваме, навистина, во она со што сте испратени!”

35. И исто така зборуваа: “Изобилуваме и со имање и со деца; ние нема да бидеме казнети.”

36. Кажи: “Господарот мој, навистина, дава ‘рск кому Он сака, и одредува, но мнозинството на луѓето не знаат.”

37. Ни имотите ваши, ни децата ваши не се она што ќе ве донесе во близината Наша, освен оние кои веруваат и кои добри дела работат. Наградата нивна ќе биде удвоена, токму, заради она што го работеа. И оние ќе бидат во одаите, безбедни!

38. А оние кои се трудат да им се справат на доказите Наши - се немоќни. Оние ќе бидат присилени да бидат во казната.

39. Кажи: “Господарот мој, навистина, дава ‘рск кому Он сака од робовите Свои; Он му одредува. И се она што ќе го поделите Аллах, секако, ќе го надополни.” Он меѓу снабдувачите е Најдобриот.

40. И на Денот кога ќе ги збере сите, и кога ќе им рече на мелеките: “Вас ли ве обожаваа оние?”

41. Ќе речат: “ Славен биди Ти! Ти си, а не оние, наш Заштитник; но оние џиновите ги обожаваат.” Мнозинството од нив им веруваат!

42. Па, денес не ќе можете ни да користите ни да наштетите еднинадруги, а на оние кои правеа зулум ќе им речеме: “Вкусете ја казната огнена што ја сметавте за лажна!”

43. А кога им се кажуваат ајетите Наши јасни, зборуваат: “Ова е само човек кој посакува да ве одврати од она што го обожаваа предците ваши” - и зборуваат - “ова е само измислена клевета.” А оние кои не веруваат за вистината, бидејќи им дојде, зборуваат: “Ова е само волшебништво јасно!”

44. И ним Ние не им дадовме никакви книги што би ги изучувале, а не им испративме, пред тебе, никаков опоменувач!

45. Лажеа и оние пред нив. Не постигнаа ни десетина од она што Ние им го дадовме. И пејгамберите Мои за лажни ги сметаа. Е, каква беше осудата моја!

46. Кажи: “Јас, навистина, ве советувам само со едно: Да стоите на нозете пред Аллах, било по двајца било поединечно, а потоа да размислувате. Другарот ваш не е со џинови. Он е само опоменувач ваш пред казната тешка!”

47. Кажи: “И каква било награда да барам од вас... па, тоа е само награда ваша. А наградата моја е само при Аллах. Он, токму, е Сведок за се!”

48. Кажи: “Господарот мој, навистина, доставува само вистина. Он е Зналец на тајните!”

49. Кажи: “Вистината дојде, а невистината е немоќна ни да го почне ни да го повтори создавањето.”

50. Кажи: “Ако скршнам во заблуда... па, навистина, скршнувам за себеси, а ако по патот вистински се упатам, тогаш, тоа, навистина, е заради она што ми е објавено од Господарот мој. Он, навистина, е Слушач и Близок!”

51. Е, само да ги видиш кога ќе бидат уплашени! Не ќе можат да побегнат. Ќе бидат грабнати од место блиско.

52. И уште ќе речат: “Ние веруваме во Него!” Но, како оние, навистина, да го постигнат тоа од место далечно?”

53. А оние во Него порано, секако, не веруваа; за невидливото ли од место далечно?

54. Поставена е пречка меѓу нив и меѓу она кон што тежнеат. Ете, така беше направено порано со дружините ним слични. Оние, навистина, беа во сомнение големо!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

36 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 13 Јан 2011, 3:35 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ЕЛ-ФАТИР (Создател)

Мекка - 45 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Благодарение на Аллах, Создателот на небесата и на Земјата, кој ги создаде мелеките да бидат пратеници: со по едно, со по две и со по три крилја. Он во создавањето додава што сака. Аллах, навистина, е Кадар за се!

2. Милоста која ќе ја отвори Аллах кон луѓето никој не ќе може да ја допре. А она што Он ќе го допре, нема никој што ќе може да го испрати по Него. Он е Силен и Мудар!

3. О луѓе, сетете се на благодатот Аллахов кон вас. Има ли друг создател, освен Аллах, кој ќе ви даде ‘рск и од небесата и од Земјата? Нема друг бог освен Него. Па, тогаш, каде сте кинисале?

4. А ако те сметаат за лашко, па за лажни ги сметаа и пејгамберите пред тебе. И кон Аллах работите се враќаат!

5. О луѓе, ветувањето Аллахово, навистина, е вистина. Нека не ве измами животот на овој свет. И измамата нека не ве измами во однос на Аллах!

6. Шејтанот, секако, ви е непријател. Па, сметајте го само како непријател! Он, навистина, повикува кон странката негова за да бидат жители на огнот.

7. За оние кои не веруваат има тешка казна, а за оние кои веруваат и кои добри дела работат има прошка и награда голема.

8. Ист ли е оној кому му се разубавува постапката на Шејтанот, па ја гледа убава? Па, Аллах, секако, скршнува во заблуда кого сака и Он упатува кого сака. Нека душата твоја, тогаш, не ја обземат грижи за нив. Аллах, навистина, го знае она што го прават!

9. Аллах е Оној кој ги испраќа ветровите, кои ги туркаат облаците... па Ние ќе одредиме, потоа, да се истурат врз некое мртво место и, со тоа, ќе ја оживиме земјата по мртвилото нејзино. Ете, такво ќе биде оживувањето!

10. Оној кој посакува величие... па, сето величие е - Аллахово! Кон него се извишува убавиот збор. И доброто дело Он го дига. А оние кои сплеткарат, работејќи лоши дела, ќе имаат казна жестока. Сплеткарењето нивно е безуспешно!

11. А Аллах ве создаде од земја, а потоа од семе, а потоа ве создаде парови. И жената не останува трудна и не раѓа без знаењето Негово. Никому животот не му се продолжува и никому животот не му се скратува а тоа да не е во Книгата. Ете, тоа за Аллах, навистина, е лесно!

12. И двете мориња не се еднакви: едната вода е пивка, слатка, пријатно се пие, а другата, пак, е солена и горчлива. И од двете мориња јадете свежо месо, и го вадите оној накит што го носите. И гледаш како чамецот го сече морето за да ја побарате добрината Негова и да бидете благодарни.

13. Он ја вовлекува ноќта во денот и Он го вовлекува денот во ноќта, и го потчини и Сонцето и Месечината. И сето тоа така тече до рок определен. Ете, тоа ви е Аллах, Господарот ваш. Власта е - Негова! А оние кои ги повикувате освен Аллах не поседуваат ни корка од семенка.

14. А ако им се молите не ја слушаат молбата ваша, а, иако ја слушаат, не ќе ви одговорат. На Денот суден не ќе ви го признаат многубоштвото. И никој не ќе те извести како Известениот!

15. О луѓе, вие сте зависни од Аллах. А Аллах, токму, е Независен и за благодарност Достоен!

16. Ако посака Он ќе ве снема и ќе донесе ново поколение.

17. Тоа за Аллах, секако, не е тешко.

18. И ниеден носач не ќе го носи товарот на друг носач. И ако повика претоварениот да му се помогне, во товарот, не ќе може ништо од тоа да му се понесе, па било да е и најблискиот. Ти ги опоменуваш, навистина, оние кои се плашат од Господарот нивни и во тајност, и кои намаз клањаат. А оној кој се чисти, за себеси се чисти, навистина! Свратилиштето е - кон Аллах!

19. Не се еднакви оној кој не гледа и оној кој гледа,

20. ниту темнината и светлината,

21. ниту ладовината и жештината!

22. Не се еднакви ни живите ни мртвите. Аллах, навистина, дава да слуша кој сака. А ти не можеш да ги натераш да те слушаат оние во мезарите.

23. Ти си само опоменувач.
24. Ние, секако, те испративме со вистина, како радосник и опоменувач. И немаше ниедна претходна заедница без опоменувач!

25. А ако те сметаат за лашко... па, тие и оние пред нив ги сметаа за лашковци. Им доаѓаа пејгамберите нивни со јаснотии, и со Листови, и со Книга светла;

26. потоа Јас ги казнив оние кои не веруваа. Е, па, каква беше казната!

27. Не гледаш ли дека Аллах, навистина, ви спушта вода од небесата и со неа Ние вадиме различни видови плодови? А низ брдата патишта бели и црвени, со бои различни, а и сосема црни.

28. И меѓу луѓето и меѓу животните и меѓу добитокот има, исто така, различни видови. Ете, така од робовите Аллахови се плашат, секако, учените. Аллах, навистина, е Силен и Простувач!

29. Оние кои ја кажуваат Книгата Аллахова и кои намаз извршуваат и кои делат од ‘рскот што Ние им го дадовме, тајно и јавно, се надеваат на надополнување кое нема да исчезне,

30. или Он да им ги даде наградите нивни и да им зголеми од добрината Своја. Он, навистина, е Простувач и Благодарен!

31. А она што ти се објавува од Книгата е - вистина и Потврда за она што беше објавено пред тебе. Аллах, навистина, за робовите Свои е Известен и Гледач!

32. Потоа Ние Книгата ја оставивме во наследство на робовите Наши кои ги избравме. Некои од нив спрема себе зулум си направија, некои беа умерени, а некои, пак, со одобрението Аллахово, претходеа во добрини. За тоа има, токму, добрина голема,

33. бавчи еденски во кои оние ќе влезат: ракавници од злато и бисери накитени ќе носат, а облеката нивна во нив ќе им биде од свила;

34. и ќе зборуваат: “Благодарение на Аллах кој ни ја отстрани тагата. Господарот наш,навистина, е Простувач и Благодарен!

35. Кој не смести во Домот на постојаното престојувалиште од добрината Негова, во кој не ќе не допре ни замор, а не ќе не допре ни алчност.”

36. А за оние кои не веруваат има оган џехеннемски; во него не ќе им биде пресудено да умрат, а ниту пак ќе им биде олеснета казната. Ете, така Ние ќе го казниме секој неверник!

37. Во огнот ќе пискаат: “Господаре наш, изведи не одовде, ќе работиме добро, а не она што го работевме.” - “Нели ви дадовме толку време да живеете во кое ќе се опоменеше оној што се опоменува? Ви доаѓаше и опоменувач? Па, искусете го огнот!” А зулумќарите ќе немаат поддржник!

38. Аллах, навистина, е Зналец на тајната на небесата и на Земјата. Он, секако, го знае она што е во градите!

39. Он е оној кој ве одреди да се заменувате едниподруги на земјата. Па, кој не верува, неверството е против него. Неверувањето на неверниците само ќе ја зголеми омразата кај Господарот нивни; неверувањето на неверниците само ќе ја зголеми пропаста.

40. Кажи: “Покажете ми ги божествата кои вие ги повикувате, освен Аллах? Покажете ми што тие создадоа од земјава, или, пак, здружени ли се тие во небесата? Или: Им дадовме ли Книга чиј дел тие би можеле да го објаснат. Не, туку зулумќарите еднинадруги лажни ветувања си даваат.”

41. Аллах, навистина, ги држи небесата и Земјата да не пропаднат. А ако, пак, тргнат во пропаст кој, тогаш, по Него, ќе ги задржи? Он, секако, е Благ и Простувач!

42. Се колнеа во Аллах со сета своја впрегнатост дека, ако им дојде опоменувач, ќе бидат, сигурно, еден од најупатените народи. И бидејќи им дојде опоменувач, само се зголеми нивната одвратност:

43. се дуваа по земјата и лошо сплеткареа; а сплеткарењето лошо се оствари само врз оние кои тоа го прават. Па, што очекуваат, освен вообичаеното со народите одамнешни. А во праксата Аллахова не ќе најдеш никаква измена.

44. Не патуваа ли по земјата па да видат каква беше казната на оние пред нив? Беа и посилни и појаки од нив. Во моќта на Аллах ништо не може да го спречи ни на небесата ни на Земјата. Он, навистина, е Зналец и Кадар!

45. И кога Аллах би ги казнел луѓето според она што го спечалија на лицето на земјата не би останало ништо живо, но, ете, Аллах ги задржува до време определено. А кога ќе им дојде рокот... па, Аллах, навистина, ги гледа робовите Негови!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

37 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 13 Јан 2011, 3:36 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ЈА-СИН (Јасин)

Мека - 83 ајети


Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Ја, син!

2. Се колнам во Кур’анот мудар:

3. ти си, навистина, еден од пејгамберите,

4. по патот вистински,

5. по објавата на Силниот и Сомилосниот,

6. за да го опоменеш народот за она за што не беа опоменати предците нивни, рамнодушните!

7. И кон мнозинството меѓу нив, секако, се оствари Зборот; но не веруваат.

8. Врз вратовите нивни Ние ќе закачиме синџири: ќе бидат до брадите нивни, а главите ќе им бидат подигнати.

9. И пред нив и зад нив Ние ќе поставиме завеса... та, ќе ги покриеме и нема да гледаат.

10. Ќе ги опоменуваш ли или нема да ги опоменуваш тие, сепак, нема да верувааат.

11. Опомената вреди, навистина, за оној кој ја следи Опомената и кој се плаши од Милостивиот во тајност. Па, зарадувај го со прошка и награда благородна!

12. Ние, секако, ќе ги оживиме мртвите и ќе го забележиме она што го направија, а и трагите нивни. И секоја работа ќе ја вброиме во насоката јасна.

13. И изнеси им го примерот на жителите на градот кога им дојдоа пејгамбери,

14. кога Ние им испративме двајца, па ги сметаа за лажни и ги потсиливме со трет, па рекоа: “Ние, навистина сме пејгамбери испратени до вас!”

15. Рекоа: “Вие сте само нам слични луѓе.” И ништо Милостивиот не испрати а вие да не го сметавте за лажно.

16. Рекоа: “Господарот наш знае. Да, ние сме до вас испратени,

17. и само имаме обврска да известиме јасно.”

18. Рекоа: “Во вас гледаме птица на злото. Ако не престанете ќе ве каменуваме и ќе ве погоди од нас казна болна.”

19. Рекоа: “Птицата на злото е со вас. Уф, зарем и кога сте опоменати? Вие сте народ расипнички.”

20. И од преградието дојде еден човек, брзајќи, и рече: “О народе мој, следете ги пејгамберите!

21. Следете ги оние кои од вас не бараат никаква награда, оние - упатените!”

22. Зошто да не го обожавам Оној кој ме создаде? Нему му се враќате.

23. Други ли богови освен Него да прифатам? Кога Милостивиот би посакал да ме погоди зло некакво, посредувањето нивно во ништо нема да ми користи, и не ќе можат да ме избават.

24. Тогаш, секако, ќе бев во заблуда очигледна.

25. Да, јас верувам во Господарот ваш. Па, слушајте ме!”

26. И, ете еден глас: “Влези во Џеннетот!” Ќе рече: “Е, кога би знаел народот мој

27. за што, токму, ми прости Господарот мој и за што ме вброи меѓу почестените!”
28. Но, по него, против народот негов, Ние не испративме војска од небо а, всушност, никојпат не испраќавме.

29. И ете, само еден страшен глас ќе се слушнеше и веднаш ќе ги снемаше.

30. Еј, хасрет за робовите! Не им доаѓаше ниеден пејгамбер а оние да не го исмеваа.

31. Не гледаат ли колку поколенија пред нив Ние уништвивме? Оние ним, навистина, не им се вратија.

32. Иако сите оние, заедно, кај Нас ќе бидат вприсутнети.

33. Знамение за нив е и земјата мртва: Ние ја оживуваме и од неа вадиме жито од кое тие, токму, јадат.

34. И по земјата Ние расфрлавме бавчи со урми и бавчи со грозје, и одредивме од неа да извираат извори,

35. за да се хранат со плодовите нејзини и со она што произведуваат рацете нивни. Не се ли благодарни?

36. Славен нека биде Оној кој создаде парови од се:од она што никне од земјата и од нив самите и од она што не го знаат.

37. Знамение за нив е и ноќта: од неа Ние го вадиме денот и, ете, оние остануваат во темница.

38. И Сонцето, исто така, си тече до определената утврда. Ете, тоа е одредба на Моќниот и Зналецот
.
39. И на Месечината и одредивме состојби се додека таа не стане како суво урмино гранче.

40. Ни Сонцето не треба да ја стигне Месечината, а ниту ноќта да дојде пред денот. И се во вселената плови!

41. Знамение за нив е и тоа што Ние, навистина, го носевме потомството нивно во бродот преполн.

42. И за нив Ние создадовме нешто слично на она на што оние се качуваат.

43. И кога би посакале би ги потопиле: па, за нив нема спасувачки глас и не ќе бидат спасени,

44. освен милоста Наша, па да уживаат до рокот определен.

45. И кога ќе им се рече: “Плашете се за она што беше пред вас и за она што ќе биде по вас за Он да ви се смилува!”

46. И не им доаѓаше никакво знамение од Господарот нивни а да не беа кон него рамнодушни.

47. И кога ќе им се рече: “Делете од ‘рскот кој Аллах ви го даде” - неверниците им зборуваат на верниците: “Да го храниме ли оној кого, ако Аллах сакаше,е го хранеше? Вие сте само во скршнување очигледно!”

48. И зборуваат: “ Кога веќе ќе се оствари тоа ветување ако вистината ја зборувате?”

49. Оние чекаат само еден страшен глас кој ќе ги опфати додека ќе се расправаат еднисодруги.

50. Па, не ќе можат ни да остават васиет а ниту, пак, ќе можат да им се вратат на семејствата свои.

51. И ќе се дувне во Сурлата и, ете, мртвите од гробовите па, ќе побрзаат кон Господарот свој:

52. ќе речат: “О тешко нам! Кој не оживи од лежиштата наши?” Ова е она што го вети Милостивиот и што го потврдија пејгамберите.”

53. И ете, само еден страшен глас ќе се слушне и сите оние кај Нас ќе бидат вприсутнети.

54. Па, денес никому не ќе му се направи неправда и, како работевте, така ќе бидете наградени.

55. Жителите на Џеннетот, навистина, денес ќе бидат посветени на радости;

56. тие и жените нивни ќе бидат под ладовини, врз дивани потпрени.

57. Тука за нив ќе има овошје и она што го посакуваат.

58. И како говор од страна на Господарот, Сомилосниот ќе биде “Селам!”

59. И: “Вие силници, денес, одвојте се!”

60. Нели ви наредив, о синови Адемови, да не го обожавате Шејтанот. Тој, навистина, е ваш јасен непријател!

61. Обожавајте Ме - ова е патот вистински!

62. И Он, секако, ве скршна во заблуда, еден голем број меѓу вас. Нема ли да се вразумите?

63. Ова, токму, е Џехеннемот кој е за вас подготвен денес.

64. И затоа што не верувавте, пржете се во него.

65. Денес Ние ќе им ги запечатиме устите нивни, и ќе Ни зборуваат рацете нивни, а ќе сведочат и нозете нивни... за она што го спечалија.

66. И да сакавме Ние сигурно ќе го избришевме опулот нивни и, кога ќе поминуваа по патот, па како ќе гледаат?

67. И да сакавме Ние сигурно ќе ги претворевме во нешто при самото место нивно, па не ќе можеа ни да одат ни да се вратат.

68. А на оној што Ние ќе му дадеме долг живот, ќе му дадеме да слабее изгледот негов! Не размислуваат ли?

69. И Ние не го поучивме во поезија ниту, пак, тоа му треба. Ова, секако, е Опомена и Кур’ан јасен,

70. за да го опомене оној кој е жив и да се оствари говорот против неверниците.

71. Не гледаат ли дека Ние, навистина, за нив го создадовме добитокот, од она што го направија рацете Наши, и него го поседуваат.

72. И ним Ние им ги потчинивме: некои од нив ги јаваат, а со некои од нив, пак, се хранат.

73. За нив во нив има користи и напитоци. Нема ли да се заблагодарат?

74. И прифатија други богови освен Аллах за да им помогнат.

75. Оние не ќе можат да им помогнат а тие им се војска послушна.

76. И нека не те загрижува говорот нивни. Ние, секако, го знаеме и она што го кријат и она што го обелоденуваат.

77. Не гледа ли човекот дека Ние, секако, го создадовме од семе? А, ете, е отворен непријател!

78. И нам ни донесе пример а заборави на творењето негово. Рече: “ Кој ќе ги оживи коските? Тие се веќе изгниени.”

79. Кажи: “Ќе ги оживи Оној кој првпат ги создаде. Он го знае сето творештво,

80. Кој од зелените дрва оган ви создава - и, ете, со него се греете.”

81. Нели Оној кој ги создаде небесата и Земјата е Кадар да создаде нешто ним слично? Он, навистина, е Творител и Зналец!

82. Наредбата Негова, кога ќе посака нешто да биде, ќе рече: Биди!” - и тоа, токму, ќе биде.

83. Па, славен нека биде Оној во чија рака е власта за се! Нему ќе Му се вратите.


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

38 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 13 Јан 2011, 3:37 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ЕС-САФАТ (Редици)

Мекка - 182 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Се колнам во редиците на поредените,

2. кои го пренесуваат она што се пренесува,

3. и кои, тогаш, кажуваат Опомена:

4. дека богот ваш, навистина, е Еден,

5. Господар на небесата и на Земјата и на она што е меѓу нив, и Господар на истоци.

6. Ние, навистина, го разубавуваме до вас најблиското небо со ѕвезден накит,

7. и го штитиме од секој шејтан пакосен,

8. за да не го слушнат гласот на возвишените чети кои ги гаѓаат, од сите страни,

9. и да ги истераат; нив ги чека казна што не престанува,

10. освен оној кој, при летот свој, нешто ќе грабне: него, ете, го следи светилка што свети.

11. Па, прашај ги: Потешко ли е оние да се создадат или оној што го создадовме? Па ги создадовме, навистина, од глина леплива.

12. Но, ти се чудиш а оние се исмеваат,

13. и кога ќе се советуваат, советите не ги прифаќаат,

14. а кога, пак, ќе видат знамение некакво, бараат да се потсмеваат,

15. и зборуваат: “Ова е само волшебништво јасно.

16. Кога ќе изумреме и кога земја и коски ќе станеме - тогаш ли да бидеме, навистина, оживеани?”

17. Или: “Нашите предци одамнешни?”

18. Кажи: “Да, и вие ќе бидете понижени!”

19. Само ќе биде, навистина, еден глас повик и, ете, ќе здогледаат,

20. и ќе речат: “Тешко нам! Па, ова е Денот суден!” -

21. и ќе речат: “Ова е Денот на Разделбата која ја сметавте за лажна.”

22. Зберете ги оние кои зулум правеа, а и жените нивни и она што го обожаваа,

23. освен Аллах; па, управи ги кон патот џехеннемски,

24. и згмечете ги: одговорни се, навистина!

25. - “Па, зошто еднинадруги не си помогнете?”

26. Да, на Денот овој оние ќе бараат да бидат послушни.

27. И ќе почнат еднисодруги да се прашуваат,

28. велејќи: “Вие, навистина, од десна страна ни дојдовте!”

29. А овие ќе речат: “Не, вие не бевте верници,

30. и ние немаме никаква власт над вас. Не, вие сте народ насилнички.”

31. “Па, се оствари зборот од Господарот наш: казната, навистина, ја пробаме.

32. И ете, во заблуда ве натеравме зашто ние, навистина, бевме во заблуда.”

33. На Денот тој оние, секако, ќе бидат во казната здружени.

34. Ете, така Ние постапуваме кон силниците!

35. Да, кога ќе им се рече дека нема друг бог освен Аллах се дуваат,

36. и зборуваат: “Зарем да ги оставиме божествата наши заради еден луд поет?”

37. Не, тој ја донесе вистината, и ги потврди пејгамберите.

38. Вие, секако, ќе ја вкусите казната болна,

39. и ќе бидете наградени само според она што го работевте,

40. но не ќе бидат казнети робовите Аллахови, чисти,

41. за нив има ‘рск познат,

42. и овошје и ќе бидат почитувани

43. во бавчите џеннетски, благословени,

44. врз дивани потпрени, едникондруги свртени!

45. Од едендодруг ќе се врти чаша со вода од извор:

46. бел и сладок за оние кои пијат.

47. Во него го нема она што ја поматува свеста, а од него оние и не ќе се опиваат.

48. И при нив ќе има девојки со крупни очи, и со соборени погледи,

49. како да се скриена белка од јајцето.

50. Едникондруги ќе си пристапуваат, прашувајќи се.

51. Гласноговорникот од нив ќе рече: “Јас, навистина, имав другар,

52. кој зборуваше: - Од оние ли си кои го потврдуваат пратеништвото?

53. И кога ќе изумреме и кога земја и коски ќе станеме, тогаш ли сметка да полагаме?”

54. Некој ќе рече: “Посакувате ли да погледнете од височина?”

55. Па, ќе погледа од височина и ќе го види другарот фрлен сред огнот џехеннемски,

56. и ќе рече: “Се колнам во Аллах, ете, само што не ме упропасти,

57. да не беше благодатот од Господарот мој, сигурно ќе бев меѓу присутните во џехеннемот.

58. Нема ли да умреме

59. по умирањето наше прво? И нема ли да бидеме казнети?

60. Ова, навистина, е победа голема!

61. За еднакво на ова... па нека работат оние кои, секако, работат.

62. Тоа ли е подобро уживање или стеблото Зеккум

63. кое за зулумќарите, навистина, Ние го одредивме да биде искушение?

64. Да, тоа е стебло кое никне од основата џехеннемска:

65. плодот му е како главите од шејтаните.

66. Па, тие ќе јадат од него и ќе ги полнат мевовите од него,

67. а потоа, сето тоа, навистина, ќе го измешаат со жешка вода,

68. а потоа враќањето нивно води до Џехеннемот, навистина!

69. И ќе ги најдат предците нивни во заблуда скршнати,

70. и оние ќе чекорат по стапалките свои.

71. Да, и пред нив скршна во заблуда мнозинството на народот дамнешен.

72. Да, и меѓу нив Ние испративме опоменувачи...

73. та, погледни каква беше казната за опоменатите,

74. а не и оние, Аллаховите робови чисти.

75. И Нух, секако, Не повика и, како убаво му се оѕвавме!

76. И Ние го избавивме него и семејството негово од маката голема,

77. и Ние решивме потомството негово да му продолжи да живее,

78. а споменот за него Ние го задржавме меѓу поколенијата по него.

79. Нека е Селам на Нух меѓу световите!

80. Ете, така Ние, навистина, ги наградуваме доброчинителите.

81. Тој, секако, беше меѓу робовите Наши, верници,

82. а другите, потоа, Ние ги потопивме.

83. А од странката негова, секако, беше и Ибрахим,

84. кога му дојде на Господарот со срце чисто,

85. кога му рече на бабо му и на народот негов: “Што обожавате?

86. Лажни богови ли, покрај Аллах, посакувате?

87. Па, какво е вашето мислење за Господарот на световите?”
88. Па, фрли еден поглед кон ѕвездите,

89. и рече: “Јас ќе се разболам, навистина!”

90. И ги свртеа плеќите, оддалечувајќи се.

91. И тој незабележливо им пријде на божествата нивни, и рече: “Не јадете ли?

92. Што ви е ... па, не зборувате?”

93. И неприметно им пријде, мавајќи ги со десната рака,

94. и луѓето веднаш побрзаа кон него.

95. Ибрахим рече: “Ги обожавате ли оние кои ги делкате?

96. А Аллах ве создаде и вас и она што го правите!”

97. Рекоа: “Направете му направа и фрлете го во огнот “

98. И ете, посакаа да го казнат, но Ние нив ги потценивме.

99. И тој рече: “Јас сум таму каде што ми нареди Господарот мој; Он ќе ме упати!

100. Господаре мој, подари ми дете кое ќе биде меѓу луѓето добри!”

101. И ете, Ние го зарадувавме со мило дете.

102. И бидејќи порасте, трудејќи се околу него, Ибрахим рече: “О синко, сонував, навистина, дека те колам, па види и размисли! Рече: “О бабо, направи го она што ти се наредува. Ќе видиш, иншаллах, дека ќе се стрпам.”

103. И бидејќи двајцата беа послушни, и кога го легна со лицето кон земја,

104. Ние повикавме: “О Ибрахим” -

105. да, го исполни сонот. Ете, така Ние, навистина, ги наградуваме доброчинителите!

106. Ова, навистина, е искушение вистинско.

107. И Ние го заменивме со еден голем брав.

108. А споменот за него Ние го задржавме меѓу поколенијата по него.

109. Селам врз Ибрахим!

110. Ете, така Ние, навистина, ги наградуваме доброчинителите!

111. Он, навистина, беше меѓу робовите верници Наши!

112. И Ние го зарадувавме со Исхак, пејгамбер меѓу добрите.

113. И врз него и врз Исхак се исипа благодатот Наш. Меѓу потомството нивно имаше, јасно, и такви кои работеа добро, и кои работеа зло за себеси!

114. И Харун и Муса, секако, Ние ги дарувавме:

115. ги избавивме нив и и народот нивни од неволјата голема;

116. Ние ги помогнавме и станаа победници.

117. И Ние им дадовме Книга разјаснувачка,

118. и Ние ги упативме по патот вистински.

119. И споменот за нив, меѓу оние по нив, Ние го сочувавме.

120. Селам врз Муса и врз Харун!

121. Ете, така Ние, навистина, ги наградуваме доброчинителите.

122. Оние, навистина, беа меѓу робовите верници Наши.

123. И Илјас, навистина, беше меѓу пејгамберите.

124. Кога му рече на народот свој: “Нема ли да бидете богобојазливи?”

125. Ба’ла ли го молите, а го оставате од творителите Најубавиот?

126. Аллах, Господарот ваш и Господар на предците ваши одамнешни.

127. И го сметаа за лашко. Оние, секако, ќе бидат во казната вовлечени,

128. а не и робовите Аллахови, чисти!

129. И споменот на него, по него, Ние го сочувавме.

130. Селам врз Илјас!

131. Ете, така Ние, навистина, ги наградуваме доброчинителите.

132. Тој, навистина, беше меѓу робовите верници Наши.

133. И Лут, навистина, беше меѓу пејгамберите.

134. Кога Ние го избавивме него и семејството негово... сите!

135. Освен една старица која остана со другите!

136. А другите, потоа, Ние ги уништивме.

137. Да, вие поминувате крај нив, наутро,

138. и навечер, исто така! Нема ли да се вразумите?

139. И Јунус, навистина, беше меѓу пејгамберите.

140. Кога Јунус побегна со чамецот преполн,

141. и ја фрли коцката и таа, ете, врз него падна.

142. И рибата го голтна, а тој требаше да биде опоменат.

143. И да не беше, навистина, меѓу оние кои Го слават,

144. ќе останеше во утробата од рибата, секако, до Денот кога ќе бидат оживеани.

145. И го исфрливме на едно место пусто; беше болен.

146. И Ние одредивме врз него да расте стебло од тиква.

147. И Ние го испративме на стотини илјади луѓе или повеќе.

148. И веруваа и, тогаш, Ние дадовме да уживаат до еден рок определен.

149. Па, постави им го ова прашање: “За Господарот ли твој ќерки а за нив синови?”

150. Или: Ги создадовме ли мелеките да бидат жени? А оние се сведоци!”

151. Ете, оние, заради мислењето свое, зборуваа:

152. “Аллах роди;” - оние, навистина, се лашковци!

153. Им даде ли Он предност на ќерките над синовите?

154. Што ви е така да судите,

155. не се сеќавате ли?

156. Или, пак, имате јасна власт?

157. Па, дојдете со Книгата ваша ако сте искрени!

158. Меѓу него и меѓу џиновите сродство припишуваат. А џиновите, секако, узнаа дека тие ќе бидат казнети.

159. Славен нека е Аллах, од она што оние му го припишуваат,

160. а тоа не го прават и робовите Аллахови, чисти!

161. Па, и вие и она што го обожавате,

162. не можете никој против Него да го заведете!

163. Освен оној кој ќе се пржи во огнот.

164. “Секому од нас е одредено место познато.

165. Ние сме, навистина, во редови поредени.

166. Да, ние сме оние кои славиме!”

167. А оние, секако, зборуваа:

168. “Да беше при нас Опомената на одамнешните,

169. ќе бевме, секако, Аллахови робови чисти.”

170. Па, во Опомената не веруваа. Па, ќе узнаат!

171. Да, претходеше зборот Наш за робовите Наши, пејгамбери:

172. оние, секако, ќе бидат меѓу помогнатите.

173. Војската Наша, секако, е онаа која ќе победи.

174. Па, сврти ги плеќите кон нив, до еден рок определен!

175. Па, посматрај ги и оние ќе бидат посматрачи!

176. Па, казната ли Наша ја забрзуваат?

177. Па, кога таа ќе ги стигне... е, само колку лошо ќе биде утрото на опоменатите!

178. Па, сврти ги плеќите кон нив, до еден рок определен!

179. И посматрај ги, па и оние ќе бидат посматрачи.

180. Славен нека биде Господарот твој. Господарот на силата, од она што Му го припишуваат!

181. И селам врз пејгамберите!

182. Благодарение на Аллах - Господарот на световите!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

39 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 13 Јан 2011, 3:38 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ЕС-САД (Сад)

Мекка -88 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Сад! Се колнам во Кур’анот, со Опомена преполн!

2. Но, оние кои не веруваат се горделиви и прават раздор.

3. Колку поколенија Ние уништивме пред нив, кои повикуваа за помош кога немаше веќе време да се спасат?

4. Оние се чудат што ли им дојде еден опоменувач меѓу нив. Неверниците зборуваат: “Овој е волшебник и лашко голем.”

5. Ги сведува ли боговите на еден Бог? Ова, навистина, е нешто многу чудно!

6. И заминаа големците нивни: “Одете и бидете постојани покрај боговите ваши! Ова, навистина, е нешто што се посакува!

7. Ова не го слушнавме во последните вери . Ова, навистина, е нешто различно.

8. Нему ли меѓу нас ќе му се објави Опомена?” - Но, не! Оние се сомневаат во опомената Моја затоа што уште не ја имаат вкусено казната Моја.

9. Или: Кај нив ли се ризниците на милоста од Господарот твој - Силниот и Дарежливиот!

10. Или: Имаат ли власт на небесата и на Земјата и на она што е меѓу нив? Па, нека се искачат, тогаш, по скалилата!

11. Војската здружена што е таму ќе биде поразена.

12. И пред нив ги сметаа за лажни пејгамберите: и народот на Нух, и Ад и фараонот, сопственикот на столбови!

13. И Семуд и народот на Лут и жителите на Ејка. Ете, оние беа странки здружени.

14. Сите оние ги беа сметале лажни пејгамберите... па, така, се оствари казната.

15. Оние чекаат само страшен глас, единствен, што не се повторува!

16. И зборуваат: “Господаре наш, побрзај со нас, со делот наш од казната пред да настапи Денот на пресметката!”

17. И стрпи се за она што го зборуваат. И сети се на робот Наш, Давуд, силниот, кој, навистина, Му се обраќаше на Аллах.

18. Ние, секако, ги потчинивме брдата заедно со него... кои Го славеа и при зајдисонце и при изгрејсонце!

19. Се, како и птиците собрани, Нему му се обраќа.

20. И Ние го зацврстивме кралството негово, му дадовме мудрост и вештина на говорништво.

21. И ти дојде ли кажувањето за парничарите... кога се искачија на Ѕидот од храмот?

22. Кога влегоа кај Давуд и кога тој се исплаши од нив, оние рекоа: “Не плаши се! Ние сме два парничара. Еден на друг неправда направивме. Па, затоа пресуди ни праведно и не биди пристрасен, и упати не кон патот вистински!

23. Овој мој брат има деведесет и девет овци, а јас, пак, имам една овца.” И им рече: “Дај ми ја мене да ја чувам; - и така, расправајќи се, ме присили на тоа.”

24. Давуд рече: “Неправда ти нанесол со самото тоа што те прашал да ја придружиш твојата овца кон неговите овци. Многу ортаци еднинадруги прават неправда, секако, освен оние кои веруваат и кои добри дела работат, а тие се малкумина! И Давуд помисли дека Ние, навистина, го ставивме во искушение, и побара прошка од Господарот свој и се свитка ничкум и се покаја.

25. Па, Ние му го простивме тоа. Тој, навистина, ќе биде во близината Наша, и го чека убаво засолниште.

26. О Давуд, Ние те одредивме да бидеш халифа на Земјата и суди меѓу луѓето праведно, и не следи ја страста па да те скршне во заблуда од Аллаховиот пат. Да, оние кои скршнуваат во заблуда од Аллаховиот пат, ќе бидат жестоко казнети затоа што заборавија на Денот на пресметката.

27. И Ние не го создадовме небото и Земјата и она што е меѓу нив залудно. Ете, така мислат оние кои не веруваат. Е, тешко на неверниците кои ќе бидат во огнот!

28. Или: “Ќе постапиме ли со оние кои веруваат и кои добри дела работат како со безредниците по земјата? Или: Ќе постапиме ли со богобојазливите како со расипаните?”

29. Книгата што Ние ти ја објавивме е - благословена, за да размислуваат за ајетите нејзини и за да се сеќаваат оние со дадениот им разбир.

30. И на Давуд Ние му го подаривме Сулејман. Е, колку е благонаклонет тој роб! Тој, навистина, беше покајник!

31. Кога навечер му се претставени коњи исправени, преубави, на три нозе,

32. и кога рече: “Покажав поголема љубов кон ова добро отколку кон споменувањето на Господарот мој!” И веднаш исчезнаа од видикот негов.

33. “Вратете ми ги!” И почна да ги мази и по нозете и по вратовите.

34. Ние, секако, го ставивме во искушение и Сулејмана, и на постелата од престолот негов, како едно болно тело оставивме. И потоа тој оздрави,

35. и рече: “Господаре мој, прости ми и дарувај ми власт што не ќе ја има никој по мене! Ти си, навистина, Дарител!”

36 Па, Ние му го потчинивме ветрот кој тивко дуваше по наредбата негова, таму каде што тој посакуваше,

37. и шејтаните - сите градители и нуркачи,

38. и други, во пранги заковани.

39. - “Ова е давање Наше; дај или задржи што не може да се изброи!”

40. И тој, навистина, ќе биде во близина Наша и за него има убаво засолниште.

41. И сети се на робот Наш Ејуб, кога го повика Господарот свој: “Ме погоди Шејтанот, навистина, со мака и болка!”

42. - “Удри со ногата: еве вода ладна за бањање и за пиење!”

43. И Ние му го подаривме семејството негово, и со тоа нему слично, како милост од Нас, да биде опомена за даруваните со разбир!

44. И земи сноп со раката твоја и удри со него, и не прекршувај ја заклетвата. Воочивме дека, навистина, е трпелив. Е, колку беше благонаклонет тој роб! Тој, навистина, беше покајник!

45. И сети се на робовите Наши: Ибрахим, и Исхак и Јакуб... цврсти и далековидни.

46. Ние нив, навистина, ги очистивме со едно својство; тоа што се сеќаваа на оној свет.

47. Тие, секако, кај нас се меѓу најдобрите избраници!

48. И сети се на Исмаил и на Илјас и на Зул Кифл. Сите тие беа меѓу избраниците!
49. Ова е Опомена! За богобојазливите, навистина, има убаво засолниште:

50. бавчи еденски, со врати за нив отворени,

51. врз дивани потпрени: во нив ќе бараат различно овошје и напитоци.

52. И пред нив ќе има и девојки, од нивна возраст, со погледи соборени.

53. “Ова, токму, е она што ви се ветуваше за Денот на пресметката;

54. ова, секако, е ‘рскот Наш кој не се троши.”

55. Ете, така! А за заканувачите има зло засолниште:

56. Џехеннем во кој ќе бидат фрлени. Е, само колку лошо престојувалиште е тоа!

57. Ете, така! Па, нека ја вкусат водата жешка и водата смрдлива што капи!

58. И многу други, на нив слични, обрасци на маки.

59. Ова е дружина со вас здружена, која не ќе биде со добредојде примена, туку во огнот ќе биде фрлена.

60. Ќе речат: “За вас нема добредојде. Вие ова нам ни го подготвивте. Е, само колку лоша утврда е тоа!”

61. И ќе речат: “Господаре наш, зголеми ја казната во огнот двојно за оној кој ни го подготви ова!”

62. . И ќе речат: “Што е со нас па не ги гледаме луѓето кои ги вбројуваме меѓу злосторниците,

63. кои ги исмевавме? Или, пак, од видот ни исчезнаа?”

64. Вистина е, секако, тоа дека жителите на огнот ќе се караат.

65. Кажи: “Јас сум, навистина, само опоменувач! Нема друг бог освен Аллах, Еден и Силен!

66. Господар на небесата и на Земјата и на она што е меѓу нив, Силен и Простувач!”

67. Кажи: “Ова кажување е големо,

68. кон кое сте вие рамнодушни.

69. Не знам за мелеките возвишени кога расправаа еднисодруги:

70. ми се објавува дека сум, навистина, само опоменувач јасен.”

71. И кога им рече Господарот твој на мелеките: “Јас сум Творител на човекот. Го создадов од глина.

72. Па, кога ќе му дадам изглед и ќе му вдахнам дел од духот, творот Мој - паднете му на сеџде!

73. И сите мелеки паднаа на сеџде, сите до еден.

74. А Иблис тоа не го направи: се изнаду и беше меѓу неверниците.

75. Аллах рече: “ О Иблис, што те натера да не му паднеш на сеџде на оној кој го создадов со рацете Мои? Се изнаду или, пак, стана меѓу големците?”

76. Иблис рече: “Јас сум подобар од него: мене ме создаде од оган, а него го создаде од глина.”

77. Аллах рече: “Излегувај од Џеннетот! Ти си, навистина, проклет!

78. Врз тебе, навистина, е проклетството Мое до Денот суден!”

79. Иблис рече: “Господаре мој, дај ми прилика до Денот кога ќе бидат проживеани!”

80. Аллах рече: “Ти се дава прилика, навистина,

81. до Денот на времето познато!”

82. Иблис рече: “Се колнам во моќта Твоја! Сите до еден ќе ги заведувам, сигурно! -

83. а не и робовите Твои, меѓу нив, чисти!”

84. Аллах рече: Па, се колнам во вистината, вистина е она што го зборувам:

85. ќе го наполнам Џехеннемот, сигурно, со тебе и со оние кои ќе те следат, сите до еден! “

86. Кажи: “Не барам од вас за ова никаква награда и јас не сум меѓу оние кои се за тоа овластени!”

87. Кур’анот е само Опомена за световите!

88. И ќе дознаете, сигурно, за кажувањето негово, набргу!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

40 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 13 Јан 2011, 3:39 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ЕЗ-ЗУМЕР (дружини)

Мекка - 75 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Се објавува Книга од Аллах, Силен и Мудар!

2. Ние Книгата ти ја објавивме со вистина. Па, обожавај Го Аллаха, исповедувајќи ја чисто верата кон Него.

3. Внимавај, чистата вера е - Аллахова! Оние кои земаат други заштитници освен Него: “Ги обожаваме само да не приближат до Аллах, поблиску! Аллах, навистина, ќе им пресуди за она за што, токму, станаа деленици. Аллах, секако, не ги упатува лашковците и неверниците!

4. Да посакаше Аллах да присвои дете, ќе го избереше од она што го создаде со посак Свој. Славен нека биде Он. Он е Аллах, Еден и Силен!

5. Ги создаде небесата и Земјата со вистина. Он ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта. Он ги потчини и Сонцето и Месечината. Сето тоа се движи до рокот определен. Он, навистина, е Силен и Простувач!

6. Он ве создаде од еден човек. Потоа од него создаде другар. И Он ви даде осум парови на добиток. Ве создаде во утробите на мајките ваши, суштество по суштество, низ три темнини. Ете, тоа ви е Аллах, Господарот ваш; власта е - Негова! Нема друг бог освен Него! Па, каде, тогаш, сте кинисале!

7. Па ако не верувате... та, Аллах, навистина, е независен од вас, и не е задоволен со неверувањето на робовите Свои, а ако, пак, Му се заблагодарувате, е задоволен со вас. И не ќе ја понесе никој тежината на бремето од друг, а потоа враќањето ваше води кон Господарот ваш... па, Он ќе ве извести за она што го работевте. Он, навистина, го знае она што е во градите ваши!

8. А кога човекот ќе го снајде неволја некаква, го повикува Господарот свој; Нему му се обраќа. И штом ќе му додели благодат од Него, го заборава она за што го молеше порано, и Му припишува на Аллах еднакви за да скршне од патот Негов. Кажи: “ Уживај малку во неверството твое. Ти си, навистина, меѓу жителите на огнот!”

9. Оној ли е кој, во вечерите негови останува во побожност, паѓајќи на сеџде и стоејќи, кој се сеќава на Ахирет, кој се надева на милоста од Господарот свој... Кажи: “Еднакви ли се оние кои знаат и оние кои не знаат? На Аллах се сеќаваат, навистина, даруваните со разбир!”

10. Кажи: “О робови мои, кои верувате! Плашете се од Господарот ваш! За оние кои прават убави дела на овој свет има добро. Земјата Аллахова е широка. Наградата за трпеливите ќе биде безмерна, навистина!”

11. Кажи: “Наредено ми е, навистина, да Го обожавам Аллаха чисто, исповедувајќи ја верата кон Него,

12. и наредено ми е да бидам прв меѓу Послушните.”

13. Кажи: “Јас, навистина, се плашам, доколку сум непослушен на Господарот мој, од казната на Денот голем.”

14. Кажи: “Аллаха Го обожавам чисто, исповедувајќи Му ја верата моја.

15. Па, обожавајте, освен Него, кого сакате!” Кажи: “ Поразените се, навистина, оние кои се поразија самите себеси, и семејствата свои на Денот суден. Ете, тоа е пораз јасен!”

16. Над нив ќе има слоеви на оган, и под нив ќе има слоеви на оган. Ете, така Аллах ги заплашува робовите Свои: “О робови Мои, плашете се од Мене!”

17. А оние кои го избегнуваат обожавањето на киповите и кои на Аллах Му се обраќаат... за нив има радосница. Па, зарадувај ги робовите Мои,

18. кои го слушаат Говорот, па го следат убавото од него... тоа се оние кои ги упати Аллах. Тоа се даруваните со разбир.

19. За оној за кој се оствари зборот за казната... него ли да го избавиш од огнот?

20. Но, за оние кои се плашат од Господарот свој има соби: изградени еднинадруги испод кои реки течат. Ете, тоа е ветувањето Аллахово. А Аллах не го изневерува ветеното место!

21. Не гледаш ли дека Аллах, навистина, спушта вода од небесата? Па ја воведува во земјата и така настануваат извори. Потоа, со помош нејзина, вади растенија разновидни. Потоа тоа се суши и го гледаш пожолтено и, на крај, го крши. Во тоа, навистина, има опомена за даруваните со разбир!

22. Оној чии гради Аллах ги отвори за Послушноста... па ја следеа светлината на Господарот негов. Па, тешко на оние срца нивни кои се затврднати кога ќе се спомене Аллах! Онаквите се во скршнување очигледно!

23. Аллах го објави најубавиот Говор, Книга со меѓусебно слични делови, која се повторува. Оние кои се плашат од Господарот свој ги фаќаат морници на кожата. Потоа, кога ќе се спомене Аллах, се смируваат и кожите нивни и срцата нивни. Ете, тоа, токму, е Патоказ Аллахов со кој Он упатува кого сака. А оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... та, за него нема упатувач!

24. Ист ли е оној кој се плаши со лицето свое од пакоста на казната на оној свет? Ќе им се рече на зулумќарите: “Вкусете го она што го спечаливте!”

25. Лажеа и оние кои беа пред нив па им дојде казна оттаму од каде што и не усетуваа.

26. Па, Аллах, одреди да вкусат срам на овој свет, а казна најголема, секако, на Ахирет. Е, само кога би знаеле!

27. Ние им изнесовме на луѓето во овој Кур’ан од се пример за да се сеќаваат.

28. Кур’ан на арапски, без несогласие, за да бидат богобојазливи.

29. Аллах донесува пример: човек кој е здружен со ортаци кои се расправаат еднисодруги и човек кој е потчинет на еден човек. Можат ли овие примери да се изедначат? Благодарение на Аллах! Но, ете мнозинството од нив не знаат!

30. Ти си, навистина, смртник, а и оние се, навистина, смртници!

31. Потоа вие на Денот суден, секако, ќе се расправате еднисодруги кај Господарот ваш.
32. Па, кој е поголем зулумќар од оној кој лаже за Аллах, и кој, кога ќе му дојде вистината, лаже? Нели Џехеннемот е засолниште за неверниците?

33. Оној кој дојде со вистината и оние кои ја потврдија истата... оние, токму,се богобојазливите!

34. За нив, кај Господарот нивни, има се што ќе посакаат. Ете, тоа е награда за доброчинителите.

35. Аллах за да им ги отстрани оние пропусти што ги направија и за да ги награди со најубавата награда нивна оние кои работеа.

36. Нели Аллах е доволен за робот Негов? А оние те заплашуваат со оние, освен Него. А оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... па, за него, нема упатувач!

37. А оној кого ќе го упати Аллах... па, за него, нема никој што ќе го скршне во заблуда! Нели е Аллах Силен и Строг?

38. И ако ги прашаш кој ги создаде небесата и Земјата сигурно ќе речат “Аллах!” Кажи: “Нели ги видовте оние кои ги обожававте освен Аллах?” Ако Аллах ми нанесе штета дали тие ќе можат да ја отстранат штетата Негова? Или, ако посака да ми подари милост, дали тие можат да ја задржат милоста Негова? Кажи: “Аллах за мене е доста. Врз Него се потпираат оние кои се потпираат!”

39. Кажи: “О народе мој, работете на местата ваши! Јас, навистина, работам. Па, ќе узнаете, секако,

40. кому ќе му дојде казната што ќе го осрамоти, и за кого се спрема казна постојана.”

41. Ние, навистина, ти објавивме Книга за луѓето, со вистина. Тогаш, кој ќе се упати за себеси ќе се упати, а кој ќе скршне во заблуда, скршнува, навистина, против себеси. Ти не си товар за нив.

42. Аллах ги усмртува душите при самата смрт нивна, но она додека спије, не е мртва. Па, така, за оние за кои Он ќе реши да умрат, ги задржува, а оние за кои ќе реши да останат, ќе останат до рок определен. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои размислуваат!

43. Прифаќаат ли покрај Аллах други посредници? Кажи: “Оние ли кои не поседуваат ништо и кои не сфаќаат?”

44. Кажи: “Посредништвото за сите е кај Аллах! Власта и на небесата и на Земјата е - Негова! Потоа Нему ќе му се вратите.

45. И само кога ќе се спомене името на Аллах, Единствениот, ќе се згрчат срцата на оние кои не веруваат во Ахирет. А кога ќе се споменат, пак, оние освен Него, ете ги како се радуваат!

46. Кажи: “ О Аллаху мој, Творител на небесата и на Земјата, Зналец и на тајното и на јавното, Ти ќе им пресудиш на робовите Твои за она за што станаа деленици!”

47. Оние кои зулум прават кога би го поседувале се она што е на земјата, и уште толку би дале, секако, за пакоста на Денот суден, само, ете, да се спасат од неа. А за казната нивна, од страна на Аллах, ќе им се предочи и она што не можеле да го замислат.

48. И ќе им се предочат лошотиите нивни, што ги спечалија, и ќе им се остварат оние работи за кои, токму, се исмеваа.

49. Па, кога ќе го снајде човекот неволја некаква, Не повикува. А кога ќе му овозможиме, потоа, благодат Наша, вели: “Она што ми е дадено, токму, е знаењето!” Но, не! Тоа е сплетка, но ете, мнозинството од нив не знаат.

50. Тоа, секако, го зборуваа и оние пред нив. Па, така, не им вредеше она што го спечалија.

51. Па, ете, ги погодија лошотии за она што го спечалија; оние од нив кои зулум направија ќе ги погодат лошотии за она што го спечалија: ќе станат немоќни.

52. Не знаат ли дека Аллах дава ‘рск кому сака, онолку колку Он ќе одреди? Во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои веруваат!

53. Кажи: “О робови мои, вие, кои ги занемаривте душите ваши, не губете надеж во милоста Аллахова. Аллах, навистина, ги простува сите гревови. Он, секако, е Простувач и Сомилосен!

54. Приближете се кон Господарот ваш и бидете Му послушни пред да ви дојде казната; по тоа не ќе ви се помогне.

55. И следете го, до вас објавеното, од Господарот ваш, најдоброто, пред да ви дојде казната одненадеж, кога не ќе ни усетите.”

56. Човекот да не рече: “Налет да е, колку должности пропуштив кон Аллах иако бев, секако, меѓу исмевачите!”

57. Или да не рече: “Аллах да ме упатеше, навистина, ќе бев меѓу богобојазливите!”

58. Или да не рече кога ќе ја здогледа казната: “Е, кога би имало за мене враќање па да бидам меѓу доброчинителите!”

59. “Не, ти доаѓаа, секако, ајети Мои ... па, ги сметаше за лажни и се дуеше и беше меѓу неверниците.”

60. На Денот суден ќе ги видиш оние кои лажеа за Аллах како лицата нивни стануваат црни. Нели Џехеннемот е засолниште за горделивите?

61. Аллах ќе ги спаси оние кои се богобојазливи во достигнувањата нивни; не ќе ги снајде зло и не ќе тагуваат.

62. Аллах е Создател на с#! И Он е Закрилник на секоја ствар!

63. Клучевите на небесата и на Земјата се - Негови. Оние кои не веруваат во ајетите Аллахови, токму, се страдалници!

64. Кажи: “Ми наредувате ли, освен Аллах, да обожавам, о незналци!

65. Објавено ми е, секако, она што е објавено и на оние пред тебе: “Ако бидеш многубожец сигурно ќе пропаднат делата твои и сигурно ќе бидеш меѓу страдалниците.”

66. Но, обожавај Го Аллаха и биди меѓу благодарните!

67. А оние не го почитуваат Аллаха онолку колку што вистински треба да го почитуваат. Сета Земја на Денот суден ќе биде во ракофат, а небесата ќе бидат свиткани во десната рака Негова. Славен нека е Он! И високо е над она што Му го здружуваат!

68. И ќе се дувне во Сурлата и, ете, ќе ги снема страшниот глас оние кои се на небесата и оние кои се на Земјата, а не и оние за кои Аллах ќе посака. Потоа, повторно ќе се дувне во Сурлата и, ете ги исправени, во исчекување!

69. А земјата ќе засвети со светлината на Господарот нејзин, и Книгата ќе се постави, и пејгамберите и сведоците ќе се доведат... Исправно ќе им се суди и не ќе им се наштети.

70. Секоја личност ќе си го добие она што го спечалила. Он најдобро го знае она што го работат!

71. Оние кои не веруваа во дружини ќе бидат натерани во Џехеннемот. И штом ќе дојдат до него ќе им се отворат вратите негови, и ќе им речат чуварите нивни: “Нели ви доаѓаа пејгамбери меѓу вас кои ви ги кажуваа ајетите на Господарот ваш и ве опоменуваа за Средбата на овој Ден ваш?” Ќе речат: “Да!” Но, се овистини зборот за казната на неверниците!

72. Ќе се рече: “Влезете низ вратите на Џехеннемот во кој за навек ќе останете. Е, само колку лошо престојувалиште е тоа за горделивите!

73. А оние кои се плашеа од Господарот свој, во дружини ќе бидат натерани во Џеннетот. И штом ќе дојдат до него, ќе им се отворат вратите негови, и ќе им речат чуварите нивни: “Селамун алејкум! Бевте прекрасни: па, влезете во Џеннетот и во него за навек ќе останете!”

74. Ќе речат: “Благодарение на Аллах, Кој го исполни ветувањето Негово кон нас, и н# одреди да ја наследиме земјава, да се сместиме во Џеннетот таму каде што ќе си посакаме. Е, само колку е благословена наградата за трудољубивите!

75. И ќе ги видиш мелеките како кружат околу Аршот, славејќи Го, со благодарноста кон Него, Господарот свој. Исправно ќе им се суди и ќе се рече: “Благодарение на Аллах! Господарот на световите!”


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

41 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 13 Јан 2011, 3:40 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

“ЕЛ-МУМИН” (“верник”)

Мекка - 85 ајети

Во името на Аллах, Милоствиот Сомилосен!


1. Ха, мим!

2. Се објавува Книга од Аллах, Силен и Зналец!

3. Простувач на гревовите и Примач на покајанието, Силен Казнувач, Господар на силата. Нема друг бог освен Него. Свратилиштето е - кон Него.

4. За ајетите Аллахови расправаат само оние кои не веруваат, па нека не те измами патувањето нивно по земјите!

5. И народот на Нух лажеше пред нив и странките по нив. Секој народ му даваше значење на тоа како да го истера пејгамберот негов. И расправаа за невистината за да ја покријат со тоа вистината. Па, ги казнив. Е, само каква беше казната!

6. И ете, така, се исполни зборот на Господарот твој за оние кои не веруваа. Овие се, навистина, жители на огнот.

7. Оние кои го носат Аршот и оние кои се околу него, Го слават, заблагодарувајќи Му се, Господарот свој, и веруваат во Него, и бараат прошка за оние кои веруваат: “Господаре наш, и со знаењето и со милоста опфаќаш се! Прости им на оние кои се каат, кои го следат патот Твој, и сочувај ги од казната џехеннемска!

8. Господаре наш, воведи ги во бавчите еденски кои им ги вети - на оние кои беа добри -, и предците нивни, и жените нивни, и потомствата нивни. Ти си, навистина, Силен и Мудар!

9. И сочувај ги од лошотиите, а оној кого ќе го сочуваш од лошотиите на Денот тој - си му се смилувал, секако!” Ете, тоа, токму, е победа голема!

10. На оние кои не веруваа ќе им се возгласи: “Омразата Аллахова е поголема, сигурно, од омразата ваша кон самите вас: кога бевте повикани кон верувањето, па не верувавте.”

11. Ќе речат: “Господаре наш, двапати не усмрти и двапати не оживи, па еднаш веќе ги признавме гревовите наши. Има ли, тогаш, некој пат по кој ќе може некако да се излезе?”

12. “Тоа ви е, ете, зашто не верувавте кога се повикувавте кон Аллах, Единствениот, а кога Му се здружуваше нешто, верувавте. Судот е на Аллах, Вишен и Голем!”

13. Он ви ги покажува знаменијата Негови и од небо ви спушта ‘рск. Се сеќава само оној кој ја прима поуката.

14. Па, повикувајте Го Аллаха, исповедувајќи ја чистата вера Негова, па макар тоа го мразеле неверниците!

15. Возвишувач на скалите, Сопственик на Аршот, кој го испраќа Духот со наредбата Своја, оној кого сака од робовите Свои за да опомене за денот на Средбата.

16. Денот во кој ќе се споредуваат, кога на Аллах ништо од нив не ќе Му биде скриено. И чија ќе биде власта на Денот тој? - Аллахова ќе биде, Единствениот и Силниот!

17. Ден во кој секој ќе биде награден според она што си го спечалил. Не ќе има неправда на Денот тој. Аллах, навистина, е Брз Пресметувач!

18. И опомени ги за денот што е блиску: кога срцата во грлата ќе застанат, загушени. За зулумќарите нема поддржник или посредник кој ќе биде послушен.

19. Он го знае скришниот поглед на очите и она што го кријат градите.

20. Аллах исправно решава. Оние кои се повикуваат на други богови освен Него... па, овие во ништо не можат да пресудат. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач!

21. Не патуваат ли по земјата па да видат каква беше казната за оние пред нив? Тие беа и посилни и оставија поголеми траги на земјата. Па Аллах, заради гревовите нивни, ги казни. И за нив немаше поддржник од Аллах.

22. Ете, тоа така беше заради тоа што, навистина, им доаѓаа пејгамбери со јаснотии, па не веруваа, и Аллах ги казни. Он, навистина, е Моќен и Силен Казнувач!

23. И Ние Муса, секако, го испративме со знаменијата Наши и со доказот јасен,

24. до фараонот, до Хаман и до Карун... кои рекоа: “Волшебник и лашко!”

25. И бидејќи им дојде со вистина од Нас, рекоа: “Убијте ги машките деца на оние кои веруваат во него, а оставете ги во живот женските деца нивни.” Но, сплетката на неверниците води само во заблуда!

26. И фараонот рече: “Оставете ме да го убијам Муса, па тој нека го повика Господарот свој: се плашам, навистина, да не ја измени верата ваша или да не посее безредие по земјата.”

27. И муса рече: “Јас барам, и од Господарот мој и од Господарот ваш заштита, и против сум горделивиот кој не верува во Денот на пресметката.”

28. Еден човек верник од семејството фараоново, кој го криеше верувањето негово, рече: “Ќе го убиете ли човекот кој тврди: ‘Аллах е - Господарот мој. ‘ Тој, секако, ви дојде со јаснотии од Господарот ваш. А ако лаже, лажењето ќе биде против него. А ако, пак, вистина зборува, ќе ви се случи она со што ви се заканува.” Аллах, навистина, не го упатува претерувачот и лашкото!

29. О народе мој, денес е власта ваша: вие сте на чело на земјава. Па, кој ќе ни помогне од неволјата Аллахова ако оваа н#
погоди? Фараонот рече: “Јас го гледам при вас само она што го гледам. И само по патот и показот ќе ве упатам!”

30. А оној што веруваше, рече: “О народе мој, јас, навистина, се плашам за вас, од нешто слично на денот на оние кои се разединија,

31. слично на случајот со народот на Нух, на Ад и на Семуд и оние што беа по нив. Аллах не им посакува зулум на робовите!

32. О народе мој, јас, навистина, се плашам за вас од Денот на повикувањето еднинадруги,

33. Ден во кој ќе ги вртите плеќите. За вас, освен Аллах, ќе нема избраник, а оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... па, за него нема упатувач!

34. И порано Јусуф, секако, ви дојде со јаснотии. Па, постојано бевте при сомнение во она со што ви дојде. И штом си замина од овој свет, рековте: “Аллах нема да испрати пејгамбер по него!” Ете, така Аллах го скршнува во заблуда оној што претерува и сомнителот,

35. оние кои расправаат за ајетите Аллахови без никаков нивни јасен доказ, зголемувајќи ја омразата и кон Аллах и кон оние кои веруваат. Ете, така Аллах го запечатува секое срце на горделивиот и силникот!

36. Фараонот рече: “О Хаман, изгради ми една кула за да можам да се вишнам низ скалите нејзини,

37. скалите на небесата... Па, да се вишнам до богот на Муса, а јас, секако, мислам дека тој е лашко.” И ете, така му се разубави на фараонот злоделото негово и беше оддалечен од Патот. Сплетката на фараонот е само страдање!

38. И оној што веруваше пак рече: “О народе мој, следете ме, јас ќе ве упатам по Патот и по Показот!

39. О народе мој, животот на овој свет, навистина, е само уживање, а Ахирет, секако, е Куќата на постојаноста!”

40. Кој ќе направи зло ќе биде казнет соодветно на тоа, а кој, пак, ќе направи добро, било да е машко или женско, а верник е... па оние ќе влезат во Џеннетот во кој ќе бидат снабдени без мера!

41. И уште: О народе мој, што ви е, јас ве повикувам кон спасот, а вие ме повикувате кон огнот!
42. Ме повикувате да не верувам во Аллах и да Му здружувам здруженик, за кого не знам ништо. А јас ве повикувам кон Силниот и Простувачот!

43. Беспрекорно! Ме повикувате, секако, кон она за што не може да се повика ни на овој свет ни на Ахирет. Ние, навистина, ќе Му се вратиме на Аллах, а расипниците,токму, се жители на огнот.

44. Па, ќе се сетете на она што ви го зборував, а јас мојата работа Му ја препуштам на Аллах. Аллах, навистина, ги гледа робовите!”

45. И Аллах го сочува од лошотиите што му ги правеа, и ќе се оствари пакосната казна кон семејството фараоново:

46. огнот во кој ќе бидат фрлани и наутро и навечер; Денот во кој ќе се случи Часот: “Воведете го семејството фараоново во најжешката казна!”

47. И кога ќе расправаат во огнот, потчинетите ќе им речат на потчинителите: “Ние, навистина, ве следевме па, можете ли малку да не ослободите од огнот?”

48. И потчинителите ќе речат: “ Па, ете, сите ние сме во огнот, навистина! Да, Аллах им пресуди на робовите Свои!”

49. А оние кои ќе бидат во огнот ќе им речат на чуварите џехеннемски: “Замолете Го Господарот ваш да ни олесни барем еден ден од казната!”

50. Ќе им речат: “Нели ви доаѓаа пејгамбери ваши со јаснотии?” Ќе им одговорат: “Да!” Ќе речат: “Па, молете се!” Молбата на неверниците ќе биде само залудна!

51. Ќе ги поддржиме, сигурно, пејгамберите Наши и оние кои веруваа во животот на овој свет, и во Денот кога ќе воскреснат сведоците,

52. на Денот во кој на зулумќарите не ќе им користат извинувањата нивни; за нив има проклетство и за нив има Куќа пакосна.

53. На Муса, секако, Ние му дадовме Патоказ, и им ја оставивме на Синовите Израилови во наследство и Книгата:

54. Патоказ, Опомена за даруваните со разбир!

55. Па, стрпи се! Ветувањето Аллахово, навистина, е вистинско; и барај прошка за гревот твој и слави Го, заблагодарувајќи се, Господарот твој, и навечер и наутро!

56. Оние кои, навистина, расправаат за ајетите Аллахови без никаков доказ дојден до нив... во градите нивни има само горделивост, и не ќе ја остварат целта своја. Па, барај засолниште кај Аллах! Он, навистина, е Слушач и Гледач!

57. Создавањето на небесата и на Земјата е поголемо од создавањето на луѓето. Но, ете мнозинството на луѓето не знаат!

58. Не се еднакви оној кој е слеп и оној кој гледа, и оние кои веруваат и кои добри дела работат со злосторниците. Само малкумина од вас се сеќаваат!

59. Часот, во кој нема сомнение, навистина, ќе дојде. Но, ете мнозинството на луѓето не веруваат!

60. Господарот ваш рече: “ Повикувајте Ме, ќе ви се оѕвијам! Оние меѓу робовите Мои кои се дујат ќе влезат во Џехеннемот, потчинети!”

61. Аллах ви ја определи ноќта за да се смирете во неа, а денот за гледање. Аллах, навистина, е полн со добрина кон луѓето. Но, ете мнозинството на луѓето не се заблагодаруваат!

62. Ете, тоа ви е Аллах, Господарот ваш, Создател на се! Нема друг бог освен Него. Па, каде, навистина, сте кинисале?

63. Ете, така кинисаа оние кои не ги признаваа ајетите Аллахови.

64. Аллах ви одреди земјата да ви биде утврда, а небесата здание, и Он изглед ви дава, изглед најубав, и Он ве снабдува од богатствата. Ете, тоа ви е Аллах, Господарот ваш. Па, благословен е Аллах, Господарот на световите!

65. Он е жив. Нема друг бог освен Него. Па, повикувајте Го чисто, исповедувајќи ја верата кон Него. Благодарение на Аллах, Господарот на световите!

66. Кажи: “Забрането ми е, навистина, да ги обожавам оние кои вие, освен Аллах, ги обожавате. Бидејќи ми дојдоа јаснотии од Господарот мој и бидејќи ми е наредено да бидам послушен, секако, на Господарот на световите!”

67. Он ве создаде од земја, потоа од капка семе, потоа од засирена крв, потоа ве вади како бебе, потоа ќе сјакнете и, на крај, ќе остарете. Некои од вас порано ќе умрат, а некои, пак, ќе го дочекаат рокот определен... за да се вразумите!

68. Он и усмртува Он и оживува. И кога ќе реши за нешто, кога ќе му рече: “Биди!” - и тоа, токму, ќе биде!

69. Не ги гледаш ли оние кои расправаат за ајетите Аллахови? Како се оддалечуваат!

70. Оние кои лажат за Книгата и за она што Ние им го испративме на пејгамберите Наши. Е, па, ќе узнаат,

71. кога ќе има синџири врз вратовите нивни и кога ќе бидат влечени со железни прачки,

72. низ вода што врие; и кои, потоа, во огнот ќе бидат пржени;

73. Потоа ќе им се рече: “Каде се оние кои ги обожававте,

74. освен Аллах?” Ќе речат: “Се оддалечија од Нас. Но, порано на ништо не се клањавме. Ете, така Аллах ги скршнува во заблуда неверниците.”

75. Ете, тоа ви е затоа што се веселевте бесправно по земјата и затоа што бевте дрски.

76. Влезете низ вратата на Џехеннемот во кој за навек ќе останете. Е, само колку лошо е престојувалиштето за горделивите!

77. Па, стрпи се! Ветувањето Аллахово, секако, е вистина. Било Ние да ти покажеме нешто од она што им го ветуваме, било животот да ти го земеме... па, Нам ќе ни се вратат!

78. И пред тебе, секако, Ние испративме пејгамбери. За некои од нив ти кажувавме, а за некои од нив не ти кажувавме. Ниеден пејгамбер не донесе ајет, освен со одобрението Аллахово. Па, кога ќе дојде наредбата Аллахова, исправно се решава, а лашковците ќе настрадаат таму.

79. Аллах ви одреди животни: некои од нив ги јавате а со некои од нив се храните.

80. А од нив имате користи: го остварувате она за што чувствувате потреба - и со нив и со чамецот пренесувате!

81. И Он ви ги покажува знаменијата Свои. Па, кое од знаменијата Аллахови не го признавате?

82. Зошто не патуваа по земјата па да видат каква беше завршницата на оние пред нив? Беа и помногубројни и посилни во оставање траги на земјата. Па, така, не им користеше она што го спечалија!

83. И бидејќи им дојдоа пејгамберите нивни со јаснотии, се радуваа со знаењето што го поседуваа, и се оствари врз нив она за што се исмеваа.

84. И бидејќи ја здогледаа казната Наша, рекоа: “Веруваме во Аллах, Единствениот, и не го признаваме она врз што бевме, многубошци!”

85. И бидејќи ја здогледаа казната Наша... не им користеше верувањето нивно. Ете, таква беше праксата Аллахова, што веќе се случи, кон робовите Негови. И тогаш неверниците страдаа!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

42 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 20 Јан 2011, 3:40 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ФУССИЛЕТ (потенко објаснување)


Мекка - 54 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Ха, мим!

2. Објава од Милостивиот Сомилосен!

3. Книга со потенко објаснети ајети - Кур’ан на арапски - за луѓето кои знаат!

4. Како радосник и опоменувач. Па, мнозинството од нив се рамнодушни кон него и оние никако не слушаат.

5. И зборуваат: “Срцата наши се затврднати во однос кон она кон што не повикуваат, ушите ни се стежнати а меѓу нас и тебе има завеса. Па, ти работи си, а и ние, навистина, ќе си работиме!”

6. Кажи: “Јас сум, навистина, човек, вам сличен. Само ми се објавува дека вашиот Бог, секако, е еден Бог. Па, тогаш, барајте да се управете кон Него и барајте прошка од Него. И тешко на многубошците!”

7. Оние кои не даваат зекат баш се оние кои не веруваат во Ахирет.

8. За оние кои веруваат и кои добри дела работат, навистина, има награда која не престанува!

9. Кажи: “Вие ли, навистина, не верувате во Оној кој ја создаде земјата за два дена? И Нему ли Му припишувате здруженици? Ете, тоа е Господарот на световите!”

10. И Он расфрла по земјата планини, и во неа, исто така, посеа бериќети, и ги постави сите услови за живот и тоа за четири дена... ова за оние кои бараат.

11. Потоа се упати кон небесата а тие беа како магла, и им рече, ним и на земјата: “Дојдете, сакале или не сакале!” Па, рекоа: “Доаѓаме, сакајќи!”

12. И за два дена, потоа, Он одреди седум небеса, и на секое небо му ја вдахна наредбата за него. А небото, над земјата Ние со ѕвезди го разубавивме и го чуваме. Ете, тоа е наредбата на Силниот и Зналецот!

13. Па, ако се рамнодушни, кажи им: “Ве опоменав со молњата, слична на молњата врз Ад и Семуд!”

14. И кога им дојдоа пејгамберите и зад нив и пред нив: “Освен Аллах ли ќе обожавате?” Рекоа: “Господарот наш да посака ќе испрати мелеки: ние, навистина, не веруваме во она со што сте испратени!”

15. А што се однесува до Ад... тие се дуеја по земјата бесправно, и зборуваа: “Кој е помоќен од нас?” Не гледаат ли дека Аллах кој ги создаде, навистина, е помоќен од нив? И не ги признаваа знаменијата Наши!

16. Па, Ние им испративме ветар ладен, во деновите несреќни за да ја вкусат срамната казна во животот на овој свет, а казната на Ахирет сигурно е посрамна. Не ќе им се помогне!

17. А што се однесува до Семуд... па, нив Ние ги упативме: повеќе го сакаа беспаќето од Патоказот, па ете, ги погоди молња, казна срамна за она што го спечалија.

18. И Ние ги спасивме оние кои веруваа и кои беа богобојазливи!

19. И Денот во кој непријателите Аллахови ќе бидат натерани во огнот... па, тие ќе бидат притворени,

20. и штом ќе дојдат до неа, ќе сведочат против нив: и ушите нивни, и очите нивни, и кожите нивни... за она што го работеа.

21. И оние тогаш ќе им речат на кожите нивни: “Зошто сведочевте против нас?” Овие ќе речат: “Аллах е Оној кој ни даде способност да зборуваме; таква способност и даде на секоја ствар. Он ве создаде првпат и Нему Му се враќате!”

22. Вие не се криевте од тоа да не сведочат против вас: ушите ваши, очите ваши и кожите ваши. Но, ете, мислевте дека Аллах не знае многу од она што го работите.

23. Затоа што така мислевте, за Господарот ваш мислејќи, страдавте, и станавте поразени.

24. Па, и ако се стрпат, огнот ќе биде престојувалиштето нивно, и ако бараат да се вратат во она што сакаат, не ќе можат да се вратат.

25. Ние им одредивме другари па им го разубавуваа она што го работеа и она што ќе го работат. И против нив се оствари зборот што се оствари против народите кои лажеа пред нив: и на џиновите и на луѓето. Оние беа презрени, навистина!

26. Оние кои не веруваат, зборуваат: “Не слушајте го овој Кур’ан и спротиставете му се, викајќи, за да го совладате!”

27. За оние кои не веруваат Ние ќе одредиме сигурно да ја вкусат жешката казна и ќе ги казниме со она што е најболно заради она што го работеа.

28. Ете, тоа е казна, оган, за непријателите Аллахови. Во него за нив ќе им биде Куќата на вечноста: казна затоа што не ги признаваа ајетите Наши!

29. А оние кои не веруваат, зборуваат: “Господаре наш, покажи ни ги џиновите и луѓето што не скршнаа во заблуда, да ги ставиме под нозете наши за да бидат најдолни!”

30. Оние кои, навистина, зборуваат: “Аллах е Господарот наш“, а потоа се истрајни во тоа, им доаѓаат мелеките и им велат: “Не плашете се и не тагувајте и радувајте се на Џеннетот што ви е ветен!

31. Ние сме заштитници ваши и во животот на овој свет и во животот на Ахирет. Во него за вас ќе има с# што ќе посакаат душите ваши, и за вас таму го има она што ќе го побарате.

32. Какво угостување од Простувачот и Сомилосниот!”

33. И кој зборува подобро од оној кој повикува кон Аллах и кој добро работи, и кој вели: “Јас сум, навистина, меѓу Послушните!”

34. Не се изедначуваат доброто и злото! Возврати му со она што е најдобро, па ако меѓу него и меѓу тебе има непријателство, потоа може да стане пријател близок.

35. Ова ќе го постигнат само оние кои се трпеливи и ова ќе го постигнат само оние кои поседуваат еден голем дел од тоа.

36. А ако Шејтанот ти се вмеша па, приклони се кон Аллах. Он, навистина, е Слушач и Зналец!

37. А од знаменијата Негови се ноќта и денот, и Сонцето, и Месечината. И не паѓајте им на сеџде ни на Сонцето ни на Месечината! Паѓајте Му на сеџде на Аллах кој нив ги создаде ако, секако, само Него го обожавате!

38. Но, ако се почувствуваат горделиви... па, оние кои се кај Господарот твој Го слават Него, и дење и ноќе, без замор.

39. А од знаменијата Негови е и тоа што ти, навистина, ја гледаш земјата сува. Па, кога Ние ќе & спуштиме вода таа, веднаш, ќе роди. Оној што ја оживува - Оживувач е на мртвите. Он, навистина, е Кадар за се!

40. Оние кои не веруваат во знаменијата Наши, навистина, нема да Ни се скријат. Па, подобар ли е оној што ќе биде фрлен во огнот на Денот суден или оној кој ќе дојде сигурен? Работете што сакате! Он, навистина, го гледа она што го работите!

41. Оние кои, навистина, не веруваат во Опомената што веќе им дојде... па, таа, секако, е Книга силна,

42. на која не ќе и дојде невистина ни однапред ни одзади; тоа е Објава од Мудриот и за благодарност Достојниот!

43. Тебе ти се зборува она што им се зборуваше на пејгамберите пред тебе. Господарот твој, секако, поседува прошка а и казна болна.

44. А Кур’анот Ние да го објавивме на неарапски, тие сигурно ќе речеа: “Ајетите да му беа потенко објаснети. Тој да биде неарапски а тој Арап?” Кажи: “За оние кои веруваат Кур’анот е Патоказ и Лечение. Оние кои не веруваат... во ушите нивни има тежина а Кур’анот е за нив слепило; како да се повикуваат од место далечно.

45. И на Муса, секако, Ние му дадовме Книга и, во врска со неа, станаа деленици. А да не беше зборот од Господарот твој, што претходеше, ќе им беше пресудено. Тие, навистина, за него се сомневаат, наполно!

46. А оној кој работи добро, го работи за себеси, а оној кој работи зло, работи против себеси. Господарот твој не е неправеден кон робовите.
47. До Него допира знаењето за Часот. И плодовите што излегуваат од лисната обвивка нивна, и која било жена што ќе затрудни и што ќе роди... е само со знаењето Негово. А на Денот кога ќе им возгласи: “Каде се здружениците Мои?” Ќе речат: “Ти јавуваме дека меѓу нас нема таков сведок!”

48. И ќе скршнат од нив оние кои ги молеа порано. И ќе помислат дека не ќе можат да се оттргнат.

49. На човекот никогаш не му досадува да се моли за добро, а, ако, пак, го снајде зло некакво, очајува, без надеж е!

50. А ако, пак, Ние дадеме да ја вкуси милоста Наша, веќе по штетата што му се случила, сигурно ќе рече: “Ова е мое, и не мислам дека Часот некогаш ќе дојде. А ако, пак, бидам вратен кај Господарот мој... кај Него, мене, навистина, ме чека добрина.” Па, сигурно Ние ќе ги известиме оние кои не веруваат за она што го работеа, и ќе дадеме да ја искусат,сигурно, казната голема!

51. А кога Ние некој човек го благословуваме, станува рамнодушен и, од своја страна, останува настрана, а ако го снајде зло, ете го, како долго се моли.

52. Кажи: “Што мислите? Ако е тоа од Аллах, а вие не верувате во тоа! А кој скршнал во заблуда повеќе од оној кој е во секотина далечна?”

53. Ние ќе им ги покажеме знаменијата Наши во видиците а и во нив самите за да им стане јасно дека тој, навистина, е вистина. Нели е доста тоа што Господарот твој, секако, е Сведок за се!

54. Е, не е така: тие се сомневаат во средбата со Господарот свој, а Он, секако, опфаќа се!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

43 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 20 Јан 2011, 3:41 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА
ЕШ-ШУРА (договарање)


Мекка - 53 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!

1. Ха,мим,

2. ајн, син, каф!

3. Ете, така ти се објавува, како и на оние пред тебе, Аллах, Силниот и Мудриот!

4. Се што е на небесата и на Земјата е - Негово. Он е и Вишен и Голем!

5. Небесата само што не се здробат еднинадруги, а мелеките Го слават, заблагодарувајќи Му се, Господарот свој, и бараат прошка за оној кој е на земјата. Но, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

6. Оние кои прифаќаат други заштитници освен Него... Аллах бдее врз нив и ти не си закрилник врз нив!

7. И ете, така Ние ти го објавивме Кур’ анот на арапски за да ја опоменеш Уммул Кура и оние околу неа, и да ги опоменеш за Денот на собирањето во кој, секако, нема сомнение. Една дружина ќе биде во Џеннетот, а една ќе биде во Џехеннемот!

8. Аллах да сакаше ќе ве направеше да бидете еден народ. Но, Он кого сака го воведува во милоста Своја. А зулумќарите немаат ни заштитник ни поддржник!

9. Или: “ Прифатија ли други, освен Него, пријатели. Па, Аллах е Оној кој е Пријател, и Он ги оживува мртвите и Он е Кадар за се!
10. И во се што се разединувате - та, Судот за тоа е Аллахов. Тоа ви е Аллах, Господарот мој, врз Него се потпирам и Нему му се обраќам!”

11. Создател на небесата и на Земјата! И од вас Он парови создаде и од добитокот парови создаде. За да ве множи, секако! Нему не Му е ништо слично. Он е Слушач и Гледач!

12. Клучевите и на небесата и на Земјата се - Негови! Кому сака дава ‘рск и му одредува. Он, навистина, е Зналец на се!

13. Во верата ви го пропиша она што му беше оставено во васиет на Нух, и она што Ние тебе ти го објавуваме, и она што им го оставивме во васиет и на Ибрахим, и на Муса, и на Иса: “Да бидете истрајни во верата и во неа да не се разединувате!” Она кон што ги повикуваш многубошците е голема работа. Аллах избира кон Себе кого сака и го упатува кон Себе оној што Му се обраќа.

14. И оние се разединија, заради тоа што се пакостеа еденсодруг, веднаш по дојденото им знаење. А зборот на Господарот твој да не им претходеше со рок определен сигурно ќе им беше пресудено. Оние кои по нив ја наследија Книгата се сомневаа, исцело!

15. Па, ете, заради тоа повикувај и биди истраен онака како што ти е наредено! И не следи ги страстите нивни, и кажи: “Верувам во она што е објавено од Аллах во Книгата. Наредено ми е справедливо да судам меѓу вас; Аллах е и Господарот наш и Господарот ваш. Нам - нашите дела а вам - вашите дела. Нема потреба еднинадруги да се докажуваме. Аллах сите ќе не збере, и свратилиштето е - кон Него!”

16. А оние кои донесуваат докази за Аллах по веќе доказите нивни со кои се повикуваше кон Него - се ништожни кај Господарот нивни; омраза заслужуваат и за нив има казна жешка!

17. Аллах е Оној кој објавува Книга со вистина и рамнотежа. А што знаеш? Можеби Часот е блиску!

18. Оние кои не веруваат во него бараат да дојде побрзо. А оние кои веруваат стравуваат од него и знаат дека тоа, секако, е вистина. Како и да е оние кои се сомневаат во Часот се во беспаќе далечно!

19. Аллах е Сочувствителен кон робовите Свои. Он дава ‘рск кому сака. Он е Јак и Силен!

20. Оној кој сака награда на Ахирет, Ние ќе ја зголемиме наградата негова, а оној кој сака награда на овој свет, ќе му ја дадеме, а на Ахирет за овој не ќе има дел.
21. Имаат ли оние божества кои им го пропишуваат во верата она што Аллах не им го дозволи? Да не беше зборот на Одлуката ќе им беше просудено, сигурно! А за зулумќарите има, навистина, казна болна!

22. Ќе ги видиш зулумќарите како стравуваат заради она што го спечалија. А тоа, всушност, мора да им се случи. А оние кои веруваат и кои добри дела работат ќе бидат во градините џеннетски. Ќе имаат кај Господарот нивни с# што ќе посакаат. Ете, тоа е предност голема!

23. Ете, така Аллах ги зарадува робовите Свои кои веруваат и кои добри дела работат. Кажи: “Не барам за тоа никаква награда, освен наклоност кон роднината.” А оној кој ќе се стекне со добро во тоа Ние ќе му го зголемиме доброто. Аллах, навистина, е Простувач и Благодарен!

24. Или, пак, тие зборуваат: “Тој фрла лага врз Аллах?” Па, Аллах да сака ќе го запечати срцето твое. Аллах ја снемува невистината а ја остварува, со зборовите Свои, вистината. Он, навистина, го знае она што е во градите!

25. Он го прима покајанието од робовите Свои, Он ги простува гревовите и знае што работите!

26. Се оѕвиваат оние кои веруваат и кои добри дела работат, и Он ќе им зголеми од добрината Своја, а за неверниците има казна жешка!

27. Кога Аллах би им дал ‘рск на робовите Свои - тие би станале силници на земјава, но Он, спушта ‘рск со мера, со посак Свој. Он, навистина, е Известен и Гледач на робовите Свои!

28. Он, токму, спушта дожд кога се губи надеж, и ја шири милоста Своја. Он е Заштитник и за благодарност Достоен!

29. А од знаменијата Негови е и создавањето на небесата и на Земјата, и животните растурени во нив. Кога ќе посака Он е кадар да ги збере!

30. А онаа несреќа што ве погоди... тоа е заради она што го спечалија рацете ваши, а Он многу и простува.

31. И не можете да се сокриете на земјата. И вие немате, освен Аллах, ни заштитник ни поддржник!

32. А од знаменијата Негови се и бродовите кои пловат по морето како брда големи.

33. А ако Он посака ќе го смири ветрот и, ете, тие ќе станат неподвижни на морската површина. Во тоа, навистина, има знаменија за секој што е трпелив и благодарен!

34. Или, пак, да ги потопи заради она што го направија, а Он, секако, простува многу!

35. За да узнаат, оние кои се караат за ајетите Наши, дека за нив нема спас.

36. Уживање за едно време во животот на овој свет... ете, тоа е се што ви е дадено. А она што е кај Аллах е подобро и потрајно за оние кои веруваат и кои врз Господарот свој се потпираат:

37. оние кои ги избегнуваат гревовите големи, и срамните постапки и кои, кога ќе се налутат, ете, простуваат ;

38. оние кои се оѕвиваат на Господарот свој, и кои намаз извршуваат, и кои еднисодруги се договараат и кои од ‘рскот што Ние им го дадовме делат;

39. оние кои, кога ќе ги снајде неволја некаква, се потпомагаат еднисодруги.

40. Надоместок за злото е зло нему еднакво. А оној кој ќе прости и кој ќе се поправи - та, наградата негова е кај Аллах. Он, навистина, не ги љуби зулумќарите!

41. А кога некому ќе му се притегне на помош по зулумот врз него, еднакво треба да се возврати. За никого никој нема поинаков начин .

42. А за оние кои прават зулум на луѓето и кои, бесправно, по земјата угнетуваат... праксата таква, навистина, ќе им донесе казна болна.

43. А оној кој поднесува и кој простува... ете тоа, навистина, е работа голема!

44. Оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда - па, за него нема пријател по Него. И ќе ги видиш зулумќарите, кога ќе ја здогледаат казната, како ќе повикаат: “ Има ли некој начин на кој можеме да се вратиме?”

45. И ќе ги видиш изложени на неа; понижени како гледаат со потајно око. А оние кои веруваат ќе речат: “Страдалници се, навистина, оние кои си наштетија себеси и на семејствата на Денот суден!” Е, така зулумќарите ќе бидат, навистина, во казната постојана!

46. За нив не ќе има пријатели, освен Аллах, кои ќе им помогнат. А оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... па, за него нема начин на кој ќе се спаси.

47. Оѕвете се на Господарот ваш пред да настапи денот од Аллах од кој не може да се врати. На тој ден за вас ќе нема никакво засолниште и за вас ќе нема никаков приговор.

48. Па, ако се тргнат на страна Ние не те испративме да бидеш нивни чувар. Обврската твоја е само да известиш. И кога Ние, навистина, дадовме човекот да ја вкуси милоста Наша, се радува на тоа, а ако, пак, го снајде зло заради она што го направија рацете нивни... та, човекот, навистина, е неблагодарен!

49. Власта и на небесата и на Земјата е - Аллахова! Аллах со посак Свој создава. Кому сака подарува женски деца а кому сака подарува машки деца,

50. или, пак, удвојува: машко и женско, а кого сака остава неплоден. Он, навистина, е Зналец и Моќен!

51. На човекот му е дадено Аллах да зборува со него само преку објава или зад завеса или да му испрати пејгамбер па да му го објави со одобрението Свое она што го сака. Он, навистина, е Вишен и Мудар!

52. И ете, така по робот Наш ти вдахнавме објава по наредба Наша; не знаеше што е, и Книга и верување, но одредивме да биде светлина за да го упатиме оној кого сакаме од робовите Наши. И ти, навистина, упатуваш по патот вистински,

53. патот на Аллах и она што е на небесата и на Земјата е - Негово. И ете, така стварите се враќаат кон Аллах!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

44 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 20 Јан 2011, 3:41 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

ЕЗ-ЗУХРУФ (накит)


Мекка - 89 ајети

Во името на Аллах ,Милостивиот Сомилосен!


1. Ха, Мим!

2. Се колнам во Книгата јасна!

3. Ние, навистина, го одредивме Кур’анот да биде на арапски за да сфатите!

4. А тој, секако, е од Нас, во Мајка на Книгата, вишен и мудар!

5. Да отстапиме ли од вас, да не ве опоменуваме кога сте вие народ расипнички?

6. И колку пејгамбери Ние испративме меѓу народите одамнешни,

7. и не им доаѓаше ниеден пејгамбер а тие да не го исмеваа.

8. Па, Ние ги уништивме оние кои беа посилни и појаки од сегашните. А примерот за народите одамнешни веќе е споменат!

9. А ако ги запрашаш кој ги создаде небесата и Земјата сигурно ќе речат: “Ги создаде Силниот и Зналецот!”

10. Оној кој ви ја одреди земјата крошна и на неа ви одреди патишта за да се управувате по нив!

11. И Оној кој ви спушти вода од небесата во мера одредена и, со помош нејзина, Ние ги оживуваме мртвите предели. Ете, така и вие ќе бидете оживеани!

12. Оној кој од се создаде парови и ви одреди и брод и добиток што го јавате:

13. да седнете на плеќите нивни и, кога ќе седнете, да се сеќавате на благодатот од Господарот ваш, и да речете: “Вишен е Оној кој ни го потчини ова кое, без Него, не можеме да го постигнеме!

14. Ќе му се вратиме на Господарот наш, навистина!”

15. И оние му здружуваат од робовите Негови дел некаков. Човекот, навистина, е неверник очигледен!

16. Или, пак, ќерки да присвои Он, од она што Он го создава, а вам синови ви дарува?

17. А кога ќе се зарадува еден од нив со она што му го припишуваше на Милостивиот, лицето му станува црно и се загушува.

18. Оние ли кои растат меѓу накити и кои никојпат не можат да се извлечат од спротивности?

19. Мелеките кои претставуваат робови на Милостивиот... тие, всушност, жени ги сметаат. Беа ли сведоци при создавањето нивно? Ќе се забележат сведочењата нивни, и ќе бидат прашувани!

20. И зборуваат: “Да посакаше Милостивиот ние не ќе ги обожававме.” За тоа тие ништо не знаат; тие само лажат.

21. Или: Им дадовме ли Книга од порано? Па, тие бараат да се придржуваат кон неа.

22. Но, зборуваат: “Ние ги затекнавме предците наши во оваа вера и ние, навистина, се упатуваме по трагите нивни!”

23. И ете, така Ние не испративме ниеден пејгамбер пред тебе, во ниеден град, а расипниците да не речеа: “Ние ги затекнавме предците наши во оваа вера и ние, навистина, се управуваме по трагите нивни.”

24. Им зборуваше: “И зарем да ви дојдев со патоказ подобар од оној што го затекнавте кај предците ваши?” Зборуваа: “Ние, навистина, не веруваме во она со што сте испратени.”

25. Па, Ние им се одмаздивме. И погледни каква беше казната врз лашковците!

26. И кога Ибрахим му рече на бабо му и на народот свој: “Јас сум, навистина, далеку од она што го обожавате,

27. освен Оној кој ме создаде па Он и ќе ме упати.”

28. И тој зборот го овековечи меѓу потомството свое за да се вратат кон Патоказот.

29. Но, Јас им дадов да уживаат тие и предците нивни се додека не им дојде вистината и пејгамберот очигледен!

30. И бидејќи им дојде вистината, рекоа: “Ова е волшебништво; во него, навистина, не веруваме.”

31. Зборуваа: “Зошто овој Кур’ан не е објавен на еден човек од два града големи?”

32. Тие ли ја споделуваат милоста на Господарот твој? Ние ги споделивме меѓу нив животните потреби нивни во животот на овој свет. И еднинадруги ги воздигнавме, со степени, за да се потчинат еднинадруги. А милоста на Господарот твој е подобра од она што го збираат.

33. А луѓето да не беа во една заедница за оние кои не веруваа во Милостивиот Ние ќе одредевме куќите да им бидат изградени од сребро а и скалилата по кои се качуваат,

34. а во куќите свои врати и легла врз кои се потпираат, исто така,

35. и, накитите, секако. И сето тоа, ете, е уживање во животот на овој свет, а Ахирет, пак, кај Господарот твој, е за богобојазливите.

36. А оној кој ќе се одврати од споменувањето на Милостивиот Ние ќе му го натовариме Шејтанот и ќе му стане близок.

37. А оние, навистина, ги одвраќаат од Патот и сметаат дека се упатувачи.

38. А кога ќе дојде кај Нас, ќе рече: “Е, штета! Меѓу мене и тебе да беше една далечина од Исток до Запад! Е, само колку си лош другар!

39. И не ќе ви користи денес, и затоа што зулум правевте, ќе бидете во казната, навистина, здружени!

40. Ти ли можеш да направиш да слушаат немите или, пак, да ги упатиш слепите: оние кои очигледно скршнале во заблуда.

41. Па, да те земавме Ние ним сигурно ќе им се одмаздевме,

42. или да ти го покажеме она со што им се закануваме... па, Ние, навистина, имаме моќ против нив.

43. Па, придржувај се кон она што ти е објавено. Ти си, навистина, по патот вистински!

44. Тој, навистина, е Опомена за тебе и за народот твој, и ќе бидете одговорни!
45. И прашај ги тие кои ги испративме пред тебе, меѓу пејгамберите Наши, дали одредивме, освен Милостивиот, богови да се обожаваат.

46. И Ние, секако, Муса го испративме со знаменијата Наши, до фараонот и големците негови, и рече: Јас сум, навистина, пејгамбер од Господарот на световите!”

47. И бидејќи им доаѓаа со знаменијата Наши веднаш ги исмеваа.

48. И едноодруго поголемо знамение Ние им покажувавме, и на казна ги изложувавме за да се вратат по Патоказот.

49. И зборуваа: “О волшебнику, повикај го за нас, од Господарот твој, она што го вети, па, навистина, ќе бидеме упатени.”

50. И бидејќи Ние од нив ја отстранивме казната веднаш ја прекршија заклетвата.

51. И фараонот возгласуваше меѓу народот свој, велејќи: “О народе мој, нели ми припаѓа да владеам со Египет, и со овие реки под мене? Не гледате ли?

52. Или: Не сум ли подобар од овој несреќник кој одвај објаснува нешто?

53. Па, зошто не му се дадени ракавници од злато? Или: Зошто со него не дојдоа здружени мелеки?”

54. И народот негов се уплаши од него и го послуша. Тој народ беше, навистина, расипнички!

55. И бидејќи Не налутија им се одмаздивме и, така, Ние сите ги потопивме.

56. И одредивме да бидат урнек и пример за останатите.

57. И бидејќи им беше изнесен примерот на синот на Мерјем, народот твој веднаш помина на друг разговор,

58. зборувајќи: “Подобри ли се нашите богови или Он?” Го наведоа како пример само да расправаат со тебе. Но, тоа е народ галамџиски!

59. Тој е само роб кого Ние го благословивме и го одредивме да биде пример за синовите Израилови.

60. А да посакавме од вас Ние ќе создадевме мелеки по земјата што ќе ве наследат.

61. Кур’анот, навистина, е знаење за Часот: не сомневајте се во него и следете ме! Ова е патот вистински!

62. И Шејтанот нека не ве заведе. Тој ви е, навистина, непријател очигледен!

63. И бидејќи Иса дојде со јаснотии, рече: “Ви дојдов со мудрост и ќе ви ги објаснам некои работи за кои станавте деленици. Па, плашете се од Аллах и бидете Му послушни!

64. Аллах, навистина, е Господарот мој и Господарот ваш... та, обожавајте Го. Ова е патот вистински!”

65. Па, се расцепија дружини многу од нив. Е, тешко на оние кои направија зулум, тешко ним од казната на Денот болен!

66. Чекаат ли Часот да им дојде одненадеж, и без да усетат?

67. Еднитенадруги пријатели на Денот тој непријатели ќе станат; а не и богобојазливите.

68. О робови Мои, денес не ќе стравувате и не ќе тагувате.

69. А на оние кои веруваа во ајетите Наши и кои беа Послушни, ќе им се рече:

70. “Влезете во Џеннетот, вие и жените ваши, весели ;”

71. меѓу нив ќе се служи со чинии и чаши од злато. За нив во него ќе има се она што душите го посакуваат и она што ги радува очите. И вие во него за навек ќе останете.

72. Ете, тоа ви е Џеннетот кој го наследивте за она што го работевте!

73. Во него за вас ќе има и овошје секакво, од кое јадете.

74. Да, силниците ќе бидат во казната џехеннемска, и во неа за навек ќе останат;

75. нема да им се олесни и во него ќе бидат безнадежници.

76. И Ние зулум не им направивме, но тие беа зулумќари.

77. И оние ќе возгласат: “О Малик, нека не усмрти веќе еднаш Господарот твој!” Ќе рече: “Па, вие тука за навек ќе останете!”

78. Ние, секако, ви доставивме вистина, но мнозинството од вас вистината ја презираат.

79. Или, пак, тие преземаат неотповиклива одлука? Да, Ние одлучуваме неотповикливо!

80. Или: Сметаат ли дека Ние не ја слушаме тајната нивна и она што насамо го зборуваат? Да, пратениците Наши го бележат се она што е при нив.

81. Кажи: “Кога Милостивиот би имал дете, па јас сум првиот во обожавањето.”

82. Славен нека биде Господарот на небесата и на Земјата, Господарот на Аршот, од она што го опишуваат.

83. Па, еднаш остави ги нека водат јалови разговори, и нека си играат се додека не им дојде Денот со кој се опоменати.

84. Он е Бог на небесата и Он е Бог на Земјата. Он е и Мудар и Зналец!

85. Благословен нека биде Оној чија власт е на небесата и на Земјата, и на она што е меѓу нив. Знаењето за Часот е кај него и Нему ќе Му се вратите!

86. А оние кои ги повикуваат освен Него не се поседувачи на посредувањето, освен оној кој ќе посведочи вистински. А оние знаат.

87. А ако, пак, ги прашаш кој ги создаде сигурно ќе речат: “Аллах!” Па, каде тогаш кинисуваат?

88. И она што ќе го рече пејгамберот: “Господаре мој, тоа е народ, навистина, кој не верува. “

89. Па, тргни се од нив и кажи: “Селам!” Па, ќе узнаат!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

45 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 20 Јан 2011, 3:42 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

“ЕД-ДУХАН” (“чад”)

Мекка - 59 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Ха, Мим!

2. Се колнам во Книгата јасна!

3. Да, Ние ја објавивме, во една ноќ благословена. Ние сме, навистина, опоменувачи!

4. Во неа се одделува секоја наредба мудра ;

5. наредбата Наша: Ние, навистина, испраќавме пејгамбери:

6. од Господарот твој милост. Он, навистина, е Слушач и Зналец!

7. Господарот на небесата и на Земјата и на она што е меѓу нив - ако сте уверени.

8. Нема друг бог освен Него. Он оживува и Он усмртува. Господарот ваш и Господарот на предците ваши одамнешни!

9. Но, не! Тие се сомневаат! Се забавуваат!

10. Па, почекај го Денот во кој небесата ќе понесат чад јасен,

11. кој ќе ги покрие луѓето. Ова е казна болна.

12. Господаре наш, отстрани ја од нас казната; ние сме, навистина, верници!

13. Од каде им Опомена? Веќе им дојде пејгамберот јасен!

14. Потоа ги свртеа плеќите кон него и рекоа: “Он е поучен! Луд е!”

15. Ние, секако, нешто ќе отстраниме од казната; да, но вие ќе се вратите во многубоштво

16. на оној Ден кога ќе ги зафатеме со зафат голем, тогаш, навистина, Ние ќе им се одмаздиме.

17. Пред нив Ние и народот на фараонот го ставивме во искушение, и им дојде пејгамбер благороден:

18. “Исполнете го вашиот долг кон мене, о Аллахови робови! Пејгамбер сум ваш, навистина, доверлив!”

19. И: “Не воздигнувајте се над Аллах. Јас, навистина, ви донесувам јасен доказ!

20. Да, јас барам заштита од Господарот мој и од Господарот ваш, за да не ме каменувате,

21. а ако, пак, не верувате во мене, па оставете ме!”

22. Го повикаа, тогаш, Господарот свој: “Овој, навистина, е народ насилнички!”

23. “Побрзај со робовите Мои ноќе. Ќе бидете следени, навистина! -

24. Остави го морето отворено; таа војска нивна ќе биде потопена.”

25. Колку бавчи и извори оставија,

26. и посеви и места благородни,

27. и благодати исто така на кои им се радуваа?

28. Ете, така е: Ние одредивме да ги наследат други луѓе.

29. Па, не ги оплакуваа ни небесата ни Земјата, и воопшто не им се даде прилика.

30. И Ние ги избавивме синовите Израилови од казната срамна,

31. од фараонот кој беше, навистина, меѓу расипниците најнадуениот!

32. Да, Ние ги одликувавме во знаење над другите луѓе!

33. И меѓу знаменијата Ние им дадовме искушенија очигледни.

34. Оние, навистина, зборуваа:

35. “За нас има, токму, само една смрт, првата, и не ќе бидеме оживеани.”

36. Па, дајте ни ги предците наши ако сте искрени.

37. Оние ли се подобри или, пак, народот на Туба и оние пред нив? Ние ги уништивме. Силници беа, навистина!

38. И Ние не ги создадовме небесата и Земјата и она што е меѓу нив, играјќи си.

39. Ние ги создадовме со вистина, но мнозинството од нив не знаат.

40. Денот на Разделбата ќе биде место каде ќе се сретнат сите,

41. Ден во кој пријателот не ќе му користи на пријателот во ништо, а ниту, пак, ќе им се помогне,

42. освен оној кому ќе му се смилува Аллах. Он, навистина, е Силен и Сомилосен!

43. Стеблото Зекум, навистина, е

44. храна за грешниците!

45. Како ковина ќе врие во стомаците,

46. како што врие жешката вода.

47. “Па, грабнете го и влечете го сред Џехеннемот,

48. потоа по главата сипајте му вода што врие, како казна.

49. Вкуси, ти беше тој што, ете, небаре е силен и благороден!

50. Да, ова е она во што се сомневавте.”

51. Богобојазливите, секако, ќе бидат на сигурно место:

52. во бавчите џеннетски и меѓу изворите,

53. ќе се облекуваат со свила и кадифе, едникондруги свртени!

54. Ете, така Ние ќе ги ожениме со хурии, кои ќе бидат со крупни очи.

55. Во Џеннетот ќе посакуваат од секое овошје, сигурни!

56. Тука не ќе ја вкусат смртта, освен првата смрт; и Ние ќе ги сочуваме од казната џехеннемска.

57. Како добрина од Господарот твој. Ете, тоа е победа голема!

58. Ние Кур’анот го олеснивме на јазикот твој за да се сеќаваат!

59. Па, почекај! И оние ќе почекаат, навистина!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

46 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 20 Јан 2011, 3:42 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА
ЕЛ-ЏАСИЕ (“на колена”)

Мекка- 37 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!



1. Ха, Мим!

2. Книга која се објавува од Аллах, Силен и Мудар!

3. На небесата и на земјата, навистина, има знаменија за верниците!

4. И во создавањето ваше и во животните што Он ги растури има знаменија за луѓето кои цврсто се уверени.

5. И во измената на ноќта и денот и во она што Аллах го спушти од небесата, ‘рскот, со што ја оживува земјата по мртвилото нејзино, и во управувањето на ветровите... во тоа има знаменија за луѓето кои сфаќаат.

6. Ете, тоа се ајетите Аллахови кои Ние ти ги кажуваме со вистина. Па, во кој говор по Аллаховиот и ајетите Негови тие веруваат?

7. Тешко на секој лашко и грешник!

8. Ги слуша ајетите Аллахови што му се кажуваат, потоа станува горделив, ете,како да не ги слушнал. Па, зарадувај го со казната болна!

9. А ако сознае нешто од ајетите Наши ќе го обзеде исмевање. За нив има казна срамна.

10. Зад нив е и Џехеннемот. Во ништо не ќе им користи она што го спечалија. И оние кои прифатија други пријатели освен Аллах. За нив има казна голема!

11. Ова е Патоказот, а за оние кои не веруваат во знаменијата на Господарот свој... за нив има болна, казна неподнослива.

12. Аллах е Оној кој ви го потчини морето за бродот да плови со наредбата Негова, и да ја побаруваат добрината Негова, и да бидете благодарни!

13. И Он ви го потчини и она што е на небесата и она што е на Земјата, се заедно! Во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои размислуваат!

14. Кажи им на оние кои веруваат да им простат на оние кои не се надеваат на деновите Аллахови во кои луѓето ќе се наградат според она што го спечалија:

15. кој ќе направи добро дело за себеси ќе го направи, а кој ќе направи зло дело, против себеси ќе го направи. Потоа кон Господарот ваш ќе се вратите!

16. А на синовите Израилови Ние, секако, им дадовме Книга, и мудрост и пратеништво, и Ние им дадовме од ‘рскот, од добрата, и ги одликувавме над другите!

17. И Ние им дадовме јаснотии за Нердбата. И се разединија веднаш по дојденото им знаење, завидувајќи еднинадруги. Господарот твој, навистина, ќе пресуди меѓу нив на Денот суден за она за што, токму, станаа деленици.

18. Потоа, што се однесува до наредбата, Ние одредивме да одиш по Патот голем и, тогаш, следи го, а не следи ги страстите на оние кои не знаат!

19. Оние, навистина, во ништо не ќе ти користат кај Аллах. Зулумќарите се пријатели еднисодруги. А Аллах е Пријател на богобојазливите!

20. Ова се очигледности за луѓето, и Патоказ и Милост за луѓето
кои цврсто се уверени.

21. Или: Мислат ли оние кои заронија во злодела дека Ние ќе ги изедначиме со оние кои веруваат и кои добри дела работат... дека се исти животите нивни и умирањата нивни. Е, само колку лошо просудуваат!

22. И Аллах ги создаде небесата и Земјата со вистина. И секоја душа ќе биде наградена според она што го спечалила, и ним не ќе им се направи неправда!

23. Не го виде ли оној кој за свој бог ја зема страста своја, кого Аллах во заблуда го скршна, знаејќи, и кому му го запечати и слухот негов и срцето негово, а пред опулот негов завеса постави. Па, кој ќе го упати по Аллах? Не се сеќавате ли?

24. И зборуваат: “Животот е само на овој свет наш. И умираме и живееме, а она што не ништи е само времето.” Ете, оние за тоа не знаат ништо. Така само си замислуваат!

25. А кога им се кажуваат ајетите Наши јасни, доказ нивни е само ова кажување: “Донесете ги предците наши ако сте искрени!”

26. Кажи: “Аллах ве оживува, потоа Он ве усмртува, потоа ќе ве збере на Денот суден во кој нема сомнение.” Но, мнозинството на луѓето не знаат!

27. Власта и на небесата и на Земјата е - Аллахова! А Денот во кој ќе се случи Часот, на Денот тој, ќе бидат поразени оние кои невистини измислуваат.

28. И ќе го видиш секој народ на колена; секој народ ќе биде повикан според Книгата своја. Денес ќе бидете наградени за она што го работевте!

29. Ова е Книгата наша која вистина ќе ви зборува. Ние, навистина, го бележивме она што го работевте!

30. Што се однесува до оние кои веруваат и кои добри дела работат... па, Господарот нивни ќе ги воведе во милоста Своја. Ете, тоа ви е победа јасна!

31. А што се однесува, пак, до оние кои не веруваат: “Нели ви се кажуваа ајетите Мои, па се надувте и бевте народ насилнички?”

32. И кога ќе се речеше: “Ветувањето Аллахово, навистина, е вистина, и Часот во кој, секако, нема сомнение,” - зборувавте: “Не знаеме што е тоа Час? Ние само се сомневаме и ние не сме убедени во тоа.”

33. И ќе им се прикажат злоделата нивни што ги правеа и ќе им се овистини она што го исмеваа.

34. И ќе се рече: “Денес Ние ќе заборавиме на вас како што вие заборавивте на Средбата на овој Ден ваш; огнот е престојувалиштето ваше и за вас нема поддржници.

35. Ете, тоа ви е зашто ги исмевавте знаменијата Аллахови и што ве обзеде животот на овој свет.” Па, денес не ќе бидат изведени од огнот а ниту, пак, од нив ќе се бара да се извинат.

36. Па, благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на небесата, Господарот на Земјата и Господарот на световите!

37. Величијата и на небесата и на Земјата се - Негови! Он е Силен и Мудар!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

47 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 20 Јан 2011, 3:43 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

“ЕЛ-АХКАФ” (“ахкаф”)


Мекка - 35 ајети

Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен!


1. Ха, мим!

2. Книга што се објавува од Аллах, Силен и Мудар!

3. Ние ги создадовме и небесата и Земјата и она што е меѓу нив само со вистина и до рок определен. А оние кои не веруваат се рамнодушни кон она со што се опоменуваат.

4. Кажи: “Покажете ми го она што го посакувавте освен Аллах? Покажете што создадоа на земјата! Или, пак, се здружени во создавањето на небесата. Дајте им ја Книгата пред оваа или, пак, трагите на знаењето ако сте искрени.”

5. Кој повеќе скршнал од оној кој повикува друг бог освен Аллах, кој не може да му се оѕвие на Денот суден и тие, освен Аллах, рамнодушни се кон молбите нивни,

6. и кои, кога луѓето ќе се зберат, ќе станат непријатели нивни, и кои не ги признаваа обожавањата нивни.

7. А кога им се кажуваат ајетите Наши јасни, неверниците зборуваат за вистината, бидејќи веќе им дошла: “Ова е волшебништво очигледно!”

8. Или, пак, велат: “Фрла лага врз Аллах!” Кажи: “Ако фрлам лага врз Него, па вие не можете да ме заштитите од казната Аллахова. Он најдобро го знае она што го изнесувате. Он е Доволен Сведок меѓу мене и меѓу вас. Он е Простувач и Сомилосен!”

9. Кажи: “Меѓу пејгамберите јас не сум нешто ново, и не знам што ќе се прави со мене а и со вас, исто така. Јас само го следам она што ми се објавува и јас сум само опоменувач јасен!”

10. Кажи: “Што мислите?” Ако Кур’анот е од Аллах, а вие не верувате во него, а за него, пак, сведочеше еден сведок од синовите Израилови дека тој е сличен на претходната Книга - та, поверува - а вие се надувте.” Аллах, навистина, не го упатува народот зулумќарски!

11. Неверниците им зборуваат на верниците: “Ако е тоа некое добро не ќе не престигнеа во тоа.” И бидејќи не се упатија по него, уште зборуваат: “Ова е лага одамнешна!”

12. А пред него беше Книгата на Муса, како водач и милост. Ова е Книга потврда на арапски јазик за да ги опомене оние кои зулум направија, и радосница за доброчинителите.

13. Оние кои, навистина, велат: “Аллах е Господарот наш“; потоа кои се истрајни... оние не ќе стравуваат и не ќе тагуваат!

14. Оние се жители џеннетски и во него за навек ќе останат; тоа им е награда за она што го работеа.

15. А и на човекот Ние во васиет му оставивме убаво да се однесува кон родителите свои. Мајката негова со мака го носеше и со мака го роди; го носеше и го доеше триесет месеци. А кога ќе сјакне и ќе наполни четириесет години, вели: “Господаре мој, овозможи ми да ти се заблагодарам на благодатот Твој со кој ме опсипа, мене и родителите мои, и да работам добро со што ќе бидеш задоволен и одреди потомството мое да биде добро. Јас, навистина, се кајам и јас сум меѓу муслиманите!”

16. Од таквите Ние ќе го примиме она што го работеа, најдоброто, а ќе ги занемариме пропустите нивни, меѓу жителите на Џеннетот - ова е ветување вистинско со што им беше ветено!

17. Оној што ќе им рече на родителите свои”Уф”, од вас двајца, ми ветувате ли дека ќе бидам оживеан. Пред мене, секако, пропаднаа поколенија многу, а родителите, барајќи помош од Аллах, велат: “Тешко тебе, верувај! Ветувањето Аллахово, навистина, е вистина,” а тој, пак, вели: “Ова се само приказни одамнешни!”

18. Тоа се оние врз кои се овистини Зборот што беше кажан меѓу народите кои веќе поминаа пред нив - и џинови и луѓе - и кои, секако, беа поразени!

19. И за секого имаат степени за она што го работеа. Аллах луѓето ќе ги награди за делата нивни; неправда не ќе им се направи.

20. А Денот во кој неверниците ќе бидат изложени на огнот: “Ги потрошивте вашите добра во животот ваш на овој свет и посакувате да уживате во нив. Па, денес ќе се казните со казната понижувачка затоа што се надувте на земјата бесправно и затоа што грешевте.”

21. И спомни го братот на Ад, кога го опомена народот свој во Ахкаф. Опоменувачи имаше и пред него и по него: “Обожавајте го само Аллаха. Јас, навистина, се плашам од казната на Денот голем!”

22. Зборуваа: “Дојде ли да н# одвратиш од божествата наши... па, донеси ни нешто од она што ни го вети ако си меѓу искрените! “

23. Рече: “Знаењето за тоа, навистина, е кај Аллах, и ќе ве известам за она со што сум испратен, но ве гледам дека сте луѓе што не знаете.”

24. И бидејќи видоа како се појави еден облак, кој одеше кон нивните долини, рекоа: “Овој облак ќе ни донесе дожд.” Не, тоа е она што вие брзате да дојде: ветар кој носи казна болна,

25. кој ќе потресе се, со наредбата на Господарот негов, па ќе останат само живеалиштата нивни. Ете, така Ние го казнивме народот насилнички.

26. Да, Ние ги населивме во тие места во кои вас не ве населивме, и им дадовме и уши, и очи и срца... А нема да им користат ни ушите нивни, ни очите нивни, ни срцата нивни во ништо! Зашто не ги признаваа знаменијата Аллахови и им се овистини она за што се исмеваа.

27. И Ние веќе го уништивме, секако, она што беше околу вас - градовите - и ги распоредивме ајетите за да се вратат по Патот.

28. Па, зошто не им помогнаа оние кои ги прифатија, освен Аллах, за блиски и богови? Но, скршнаа далеку од нив. Ете, тоа беа лагите нивни и измислиците што ги коваа.

39. И кога Ние ти испративме неколку џинови кои го прислушкуваа Кур’анот - а бидејќи беа присутни - рекоа: “Молчете!” И бидејќи заврши кажувањето негово се вратија кај народот свој како опоменувачи!

30. Рекоа: “О народе наш, ние навистина слушнавме Книга која е објавена по Муса како Потврда за она што е веќе меѓу нив, што упатува кон вистината и кон патот вистински.”

31. О народе наш, оѕвете му се на повикувачот Аллахов и верувајте му, зашто Он ќе ви прости од гревовите ваши и ќе ве извлече од казната болна.

32. А оној кој не ќе се оѕвие на повикувачот Аллахов не ќе може да се скрие на земјата и ќе нема, освен Него, пријатели. Онаквите се во заблуда очигледна!

33. Не гледаат ли дека Аллах, навистина, ги создаде небесата и Земјата, кој не се замори со создавањето нивно, дека е Кадар да ги оживи мртвите. Секако! Он,навистина, е Кадар за се!

34. А Денот во кој неверниците ќе бидат изложени на огнот - “ Нели е ова вистина?” Ќе речат: “Па, вкусете ја казната затоа што не верувавте.”

35. Па, стрпи се онака како што се стрпија оние меѓу пејгамберите, со дадената им одлучност. И не барај побрзо да им дојде казната! Ним ќе им се причини, на Денот кога ќе го видат ветеното им, дека останаа само еден час од денот - ова е само известување - па, ќе биде уништен само народот расипнички!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

48 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 20 Јан 2011, 3:43 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

“МУХАММЕД” (“Мухаммед”)

Медина- 38 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Залудни се делата на оние кои не веруваат и кои оддалечуваат од Аллаховиот пат.

2. А на оние кои веруваат и кои добри дела работат и кои веруваат во она што му е објавено на Мухаммед - а тоа е вистината од Господарот нивни - ќе им бидат отстранети злоделата нивни, и Он ќе ја подобри состојбата нивна.

3. Ете, тоа е, секако, заради тоа што неверниците ја следат невистината, а верниците, пак, вистината од Господарот свој. Ете, така Аллах им ги донесува примерите на луѓето!

4. Па, кога ќе се сретнете со оние кои не веруваат ... та, удрете ги по вратовите с# додека не ги совладате, а штом тоа ќе го направите, тогаш, врзете ги. Потоа или нека следи ослободување без надоместок или, пак, побарајте откупнина, додека војната не ги исцрпи тежините свои. Ете, тоа е! Ако Аллах посака, меѓутоа, Он ќе им се одмазди, но Он посакува само да ги испроба еднисодруги. А оние кои погинаа на Аллаховиот пат... та, никојпат нема да бидат залудни делата нивни!

5. Он ќе ги упати и не ќе им ја подобри состојбата нивна;

6. ќе ги воведе во Џеннетот со што, токму, Он ги запозна!

7. О верници, ако Аллаха го поддржувате и Он вас ќе ве поддржува и ќе ги зацврсти стапалките ваши.

8. А оние кои не веруваат... та, тоа е пропаст за нив. И залудни се делата нивни!

9. Ете, тоа е поради тоа што го презираат она што го објави Аллах... та, ќе пропаднат делата нивни!

10. Не патуваат ли по земјата па да видат каква беше казната на оние пред нив. Аллах ги поништи! И за неверниците има таков пример.

11. Ете, тоа е поради тоа што Аллах, навистина, е пријател на оние кои веруваат и поради што неверниците, навистина, немаат заштитници!

12. А оние кои, секако, веруваат и кои добри дела работат... Аллах ќе ги воведе во бавчите џеннетски низ кои реки течат. А оние кои не веруваат и кои уживаат и кои јадат како што јаде добитокот... па, огнот е престојувалиштето нивно!

13. И колку градови - посилни и помоќни од градот твој од кој си прогонет - Ние уништивме; па, немаше никаков поддржник за нив.

14. Еднаков ли е оној кој има јасна претстава за Господарот свој со оној кому му се разубавува пакоста на делата негови... и кои ги следат страстите свои?

15. Сличен ли е оној во Џеннетот - кој е ветен за богобојазливите - во кој реки течат непрестано, во кој има и реки со млеко, со вкус непроменет, и реки со вино вкусно за оние што го пијат, и реки со мед исцеден... за нив во Џеннетот има секакви видови овошје и прошка од Господарот нивни... со оној кој е за навек во огнот, и кој пие вода што врие, која цревата ќе им ги попари?

16. Од нив доаѓаат кои те слушаат, и штом ќе излезат од тебе, им зборуваат на оние со даденото им знаење: “Што ли рече оној пред малку?” - Тоа се оние чии срца Аллах ги запечати и кои ги следат страстите свои.

17. А оние кои се упатуваат... Он им го зголемува Патоказот и им ја сјакнува нивната богобојазливост.

18. Очекуваат ли, тогаш, да им дојде Часот одненадеж? Им дојдоа, секако, предзнаците негови. Па, зошто за нив опомена кога веќе тие им дојдоа?

19. Тогаш знај дека, навистина, нема друг бог освен Него, и барај прошка за гревовите твои: за верниците и за верничките. Аллах ги знае каде се прибежиштата ваши и престојувалиштата ваши.

20. Верниците зборуваат: “Зошто не е објавена СУРА?” Па, кога ќе им се објави една сура потсилена и кога во неа ќе се спомене борба ќе ги здогледаш оние во чии срца има болештина како во тебе гледаат со опул, како пред смрт соборен. А за нив е подобра

21. послушноста и говорот познат. Па, кога веќе наредбата е донесена за нив ќе биде подобро, навистина, да се искрени кон Аллах.

22. Ако вие, според тоа, ја дофатите моќта, нема ли да сеете безредие по земјата и нема ли да ги прекинете роднинските врски ваши?

23. Тоа се оние кои Аллах ги проколна, и ги оглувна, и ги онеми и ги ослепи.

24. Не размислуваат ли за Кур’анот или, пак, има катанци врз срцата?

25. Оние кои, навистина, ги свртија плеќите свои од Патоказот, што им беше објаснет, Шејтанот ги обезличуваше и ги обезнадуваше.

26. Ете, тоа, секако, е заради она што им го зборуваа на оние кои го презираа она што Аллах го објави: “Ќе бидеме послушни кон некои наредби ваши!” Аллах ги знае тајните нивни!

27. Па, што ќе биде кога мелеките ќе ги усмртуваат, мавајќи ги по лицата нивни и по плеќите нивни?

28. Ете, тоа е поради тоа што го следеа она што ја предизвикува лутината Аллахова, и поради тоа што го презираа задоволството Негово. Па, ете пропаднаа делата нивни!

29. Или: мислат ли оние кои имаат болештина во срцата свои дека Аллах никогаш не ќе ги изнесе одвратностите нивни?

30. А да посакавме Ние сигурно ќе ги понижевме, па ќе ги препознаевте по изгледите нивни, и ќе ги препознаевте, сигурно, по гласот на говорот. А Аллах ги знае делата ваши!

31. Ќе ве испробаме, сигурно, с# додека ги препознаеме борците меѓу вас, и трпеливите, и ќе ги провериме вестите за вас!

32. Да, оние кои не веруваат и кои одвраќаат од Аллаховиот пат, и кои се оддалечуваат од пејгамберот, за нив, по објаснетиот Патоказ... не ќе му наштетат на Аллах во ништо и Он ќе ги поништи делата нивни!

33. О верници, бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов и не обезвреднувајте ги делата ваши!

34. Да, оние кои не веруваат и кои одвраќаат од Аллаховиот пат а потоа ќе умрат, и уште се неверници... Аллах никогаш нема да им прости.

35. И не попуштајте, и кон примирје не повикувајте! Па, вие сте посилни: Аллах е со вас; Он не ќе ви наштети за делата ваши!

36. Животот на овој свет, навистина, е само игра и забава. Ако верувате и ако сте богобојазливи ќе ви дојде наградата ваша и не ќе бидете прашани за имотот ваш.

37. А ако, пак, Он од вас ги бара и ако е кон вас настојчив, ќе станете шкржави и Он ќе ги изнесе омразите ваши.

38. Ете, вие сте тие кои се повикувате да трошите на Аллаховиот пат. А меѓу вас има и кои скржават. А оној кој скржави... та, против себеси скржави. Аллах е Богат а вие сте сиромашни. А ако ги свртите плеќите Он ќе ве замени со друг народ кој не ќе биде вам сличен!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

49 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 20 Јан 2011, 3:43 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

“ЕЛ-ФЕТХ” (“Победа”)


Медина - 29 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!


1. Ние, навистина, ќе ти дадеме за да извојуваш победа јасна,

2. за Аллах да ти ги прости оние гревови што ги направи и оние што ќе ги направиш, и за да го надополни благодатот негов кон тебе, и за да те упати по патот вистински.

3. И Аллах ќе те потпомогне со помошта силна.

4. Он е Оној кој спушта смирна во срцата на верниците за да го зголемат верувањето со верувањето свое. Војските на небесата и на Земјата се - Аллахови! Аллах, секако, е Зналец и Мудар!

5. И за Он да ги воведе верниците и верничките во бавчите џеннетски низ кои реки течат, и во нив за навек да останат, и за да ги отстрани од нив грешките нивни. Тоа кај Аллах, секако, е победа голема!

6. И за Он да ги казни дволичните, било мажи било жени, многубошците и многубошките, кои за Аллах лошо мислат... Нека им се врати злото! Аллах се налути на нив, ги проколна и им го подготви Џехеннемот. Е, само колку лошо свратилиште е тоа!

7. Војските и на небесата и на Земјата се - Аллахови! Аллах, навистина, е Силен и Мудар!

8. Ние те испративме, навистина, да бидеш и сведок, и радосник и опоменувач,

9. за да веруваат во Аллах и во пејгамберот Негов, за да го помогнете, за да Го осознаете достоинството Негово, и за да Го величате и наутро и навечер!

10. Оние кои, секако, ти полагаат заклетва, полагаат заклетва и на Аллах: Раката Аллахова е над рацете нивни. Па, оној кој ќе ја прекрши заклетвата, за себеси ја прекршува. А оној што ќе го исполни она што Му го ветил на Аллах... па, ќе му се даде награда голема!

11. Бедуините кои изостанаа ќе ти зборуваат: “И имотот наш, и семејствата наши, не обзедоа... па, затоа побарај прошка за нас!” Со јазиците свои го зборуваат она што не е во срцата нивни. Кажи: “Па, кој во нешто ќе ве заштити од Аллах ако Он ви посака штета или ако ви посака корист? Но, Аллах е Известен за она што го работите!

12. Но, не! Вие помислувате дека пејгамберот и верниците никогаш не ќе им се вратат на семејствата свои и ете, тоа, ви се разубавуваше во срцата ваши. И замислувавте зли мисли и бевте народ расипнички!

13. Оној кој не верува во Аллах и во пејгамберот Негов... па, Ние, навистина, за неверниците оган подготвивме!

14. Власта и на небсата и на Земјата е - Аллахова! Он простува кому сака и Он казнува кого сака. Аллах, секако, е Простувач и Сомилосен!

15. Оние што заостанаа, кога ќе тргнете по пленот за да го грабнете, ќе речат: “Оставете не да ве следиме.” Сакаат да го изменат Говорот Аллахов. Кажи: “Никогаш не ќе не следите: тоа порано Аллах ви го кажуваше!” Па, тие ќе речат: “Но, вие ни завидувате.” Но, само малкумина сфаќаат!

16. Кажи им на бедуините што заостанаа: “Ќе бидете повикани против народот кој поседува моќ и сила; ќе се борите ли против нив или, пак, ќе ги потчините? Па, ако бидете послушни... Аллах ќе ви даде награда убава, а ако,пак, ги вртат плеќите, како што вие ги вртевте плеќите порано, Он ќе ве казни со казна болна.

17. Нема грев за слепиот, нема грев ни за бушавиот, нема грев ни за болниот... Оној кој е послушен и на Аллах и на пејгамберот Негов... Он ќе ги воведе во бавчите џеннетски низ кои реки течат... А оној кој ќе ги сврти плеќите... Он ќе го казни со казна болна.

18. Аллах, секако, беше задоволен од верниците кога ти положија заклетва под стеблото, и тогаш Он знаеше она што е во срцата нивни и им спушти смирна, и Он ги награди со победа блиска,

19. и со разновиден плен што го заробија. Аллах, секако, е Силен и Мудар!

20. Аллах ви вети разновиден плен што го заробивте. Но, Он побрза со тоа за вас, а рацете на луѓето ги допре во врска со вас, за тоа да биде знамение за верниците и за да ве упати по патот вистински,

21. и други, кои не бевте кадри да го заробете, но, Аллах, секако, го опфати. Аллах, навистина, е Кадар за се!

22. А да се бореа против вас неверниците ќе ги свртеа плеќите, сигурно! Потоа не ќе најдеа ни пријател ни поддржник!

23. Праксата Аллахова беше и порано... И ти никогаш не ќе најдеш во праксата Аллахова измена.

24. Он е Оној кој ги задржа рацете нивни во врска со вас, и рацете ваши во врска со нив, во срцето на Мекка, по победата ваша врз нив која Он ви ја даде. Аллах, навистина, го гледа она што го работите!

25. Оние се, токму, неверниците, и оние кои ве одвраќаа од Месџидул Харам, и ги одвраќаат курбаните жртвувани да стигнат до местата нивни. А да не беа мажи верници и жени вернички, кои вие не ги познававте... ќе ги потисневте и ќе ви се случеше од нив, без да знаете, злосторство - ете, за Аллах да воведе во милоста Своја кого сака. А тие луѓе да се одделеа Ние сигурно ќе ги казневне со казна болна... оние кои не веруваа.

26. Кога неверниците ги исполнија срцата свои со ревност, ревност џахилиетска, Аллах, тогаш, ја спушти смирната Своја врз пејгамберот Свој и врз верниците. И го обврза зборот на богобојазливоста, и беа подостојни и поблиски до Зборот Негов. Аллах, секако, знае се!

27. Аллах, навистина, ќе го оствари вистински сонот на пејгамберот Свој, за да влезете во Месџидул Харам, ако Аллах посака, безбедни, со потстрижени коси и избричани, не плашејќи се . Па, Он го знаеше она што не го знаевте и, освен тоа, одреди победа блиска.

28. Он е Оној кој го испрати пејгамберот Свој со Патоказ, и со вера вистинска за да ја изрази над сите вери. Аллах е Доволен за Сведок!

29. Мухаммед е Аллахов пејгамбер. А оние кои се со него се строги кон неверниците, а милостиви еднисодруги. Ги гледаш и на руку’ и на сеџде, како ја бараат добрината и задоволството Аллахово. Има белези на лицата нивни од трагите на сеџдето. Ете, таков беше примерот нивни во Теврат и таков беше примерот нивни во Инџил: како семе што ќе ја исфрли кората негова, ќе се зајакне, а потоа ќе се затврди врз стеблото, вчудоневидувајќи го сејачот за да се разлутат со тоа неверниците. А Аллах им вети на оние кои веруваат и кои добри дела работат прошка и награда голема!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

50 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 20 Јан 2011, 3:44 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

“ЕЛ-ХУЏУРААТ” (“Соби”)


Медина- 18 ајети

Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!

1. О верници, не брзајте пред Аллах и пред пејгамберот Негов. Плашете се од Аллах. Аллах, навистина, е Слушач и Зналец!

2. О верници, не дигајте ги гласовите ваши пред гласот на пејгамберот и не разговарајте на висок глас пред него како што зборувате на висок глас еднисодруги - зашто ќе се поништат делата ваши а тоа да не го усетите.

3. Оние кои, навистина, го смалуваат гласот свој кај пејгамберот Аллахов... оние се чии срца Аллах ги очисти за богобојазливост: за нив има прошка и награда голема.

4. Оние кои, навистина, те повикуваат зад одаите... мнозинството од нив не сфаќаат.

5. А да се стрпат, навистина, се додека не излезеш пред нив, тоа ќе им биде подобро. Аллах е Простувач и Сомилосен!

6. О верници, ако ви дојде несовесен со вест некаква, па разјаснете ја работата, за да не им нанесете зло на луѓето, незнаејќи, за да не се попишманите за она што го направивте.

7. Знајте дека меѓу вас, навистина, е Аллаховиот пејгамбер. Кога би ве послушал во многу работи, ќе падневте во пропаст. Но, Аллах ја поттикна љубовта кон верувањето ваше и ви го разубави во срцата ваши, а ви го направи презирно неверувањето, расипасноста и заборавот. Ете, такви се упатените!

8. Благодат и добрина Аллахова! Аллах е Зналец и Мудар!

9. Ако две дружини на верници се судрат, помирете ги еднисодруги. Ако едната од нив и направи насилство на другата, па борете се против онаа која направи насилство се додека не пристигне наредбата Аллахова. Па, ако пристане, помирете ги еднисодруги, праведно, и држете ја рамнотежата! Аллах, навистина, ги љуби оние кои судат праведно!

10. Верниците, навистина, се браќа... па, тогаш, помирете ги браќата ваши. Плашете се од Аллах за да ви се смилува!

11. О верници, мажите еднисодруги нека не се потценуваат, можеби едните се подобри од другите, а и жените нека не се потценуваат еднисодруги, можеби едните се подобри од другите. Не грдете се самите себеси и не надевајте надимоци лоши еднинадруги. Е, само колку е лоша расипаноста по верувањето! А оние кои не ќе се покајат - та, зулумќари се!

12. О верници, избегнувајте ги сомневањата многу; некои сомневања, навистина, се грев. Не испитувајте се и не озборувајте се еднисодруги. Посакува ли некој од вас да го јаде месото од брат му, мртов! Е, само колку е одбојно тоа! Плашете се од Аллах! Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

13. О луѓе, Ние ве создадовме, навистина, од еден маж и од една жена, и Ние одредивме да бидете народи и племиња за да се запознавате. Најблагородниот кај Аллах, секако, е најбогобојазливиот. Аллах, навистина, е Зналец и Известен!

14. Бедуните велат: “Веруваме!” Кажи: “ Не верувате!” Но, кажете: “Ние сме послушни”, бидејќи иманот не е влезен во срцата ваши. А ако сте послушни и на Аллах и на пејгамберот, Он не ќе ви скрати ништо од делата ваши. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

15. Верници се, навистина, оние кои веруваат во Аллах и во пејгамберот Негов и кои, потоа, не се сомневаат, и кои се борат на Аллаховиот пат, и со имотите свои, и со животите свои. Оние, токму, се искрените!

16. Кажи: “Вие ли ќе го запознавате Аллаха со верата ваша, а Аллах го знае она што е на небесата и на Земјата. Аллах знае се!”

17. Покажуваат наклоност кон тебе затоа што станаа муслимани. Кажи: “Не покажувајте наклоност кон мене заради тоа што го примивте Исламот. Аллах покажува наклоност кон вас - зашто, ако сте искрени, - ве упати кон иманот.

18. Аллах, секако, ја знае тајната на небесата и на Земјата. Аллах го гледа она што го работите!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

51 Re: Куран на Македонски Јазик on Чет 20 Јан 2011, 3:44 pm

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
СУРА

“КАФ” (“каф”)


Мекка - 45 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!


1. Каф! Се колнам во Кур’анот славен.

2. Но, ете се чудат затоа што им дојде еден опоменувач меѓу нив... па, неверниците велат: Ова е чудна работа!

3. Зарем кога ќе умреме и кога ќе станеме земја? Ете, тоа враќање е невозможно.

4. Ние знаеме, секако, што ќе им одземе земјата. Кај нас е Книгата што се чува!

5. Но, не! Оние лажат за вистината, бидејќи таа веќе им дојде: токму, сметени се!

6. Зошто не гледаат кон небото над нив? Како Ние го подигнавме и како го накитивме и како е без недостаток?

7. И Земјата како Ние ја раширивме и како по неа брда расфрлавме, и од неа како да никнат секакви плодови убави,

8. како очигледност и опомена за секој роб кој се обраќа.

9. И од небото Ние спуштивме вода благородна, па со неа даваме да никнат и зеленчуци и жито што се жнее,

10. и урми високи, во листовите збрани,

11. како ‘рск за робовите, и со водата, исто така, Ние го оживуваме мртвиот предел. Ете, такво ќе биде проживувањето!

12. И пред нив лажеа: и народот на Нух, и жителите на Рес, и на Семуд,

13. и на Ад, и фараонот и браќата на Лут,

14. и жителите на Ајка и народот на Туб. Сите тие ги сметаа за лажни пејгамберите... па се овистини ветувањето!

15. Па, се уморивме ли со творењето прво? Но тоа се оние кои не се начисто со новото создавање!

16. Ние, секако, го создадовме човекот и знаеме што му шепоти душата. Ние сме му, меѓутоа, поблиску од жилата во гркланот.

17. Кога ќе се сретнат двајца, еден од левата а еден од десната страна, и кога ќе седнат,

18. не ќе прозборат ниеден збор а да при себе нема бдеец, спремен!

19. Маките смртни ќе дојдат, навистина! Од тоа, ете, не можеш да побегнеш!

20. И ќе се дувне во Сурлата! Ете, тоа е Денот ветен!

21. И секоја душа ќе дојде со нејзин надзорник и сведок!

22. Ти беше, секако, невнимателен кон ова, па Ние ја подигнавме завесата пред тебе и опулот твој денес е остар.

23. Другарот негов ќе рече: “ Овој до мене е спремен.

24. Фрли го во Џехеннемот секој неверник, инаетчија!

25. Кој добро забрануваше, престапник, сомнителен!

26. Кој, покрај Аллах, друг бог прифаќаше, - та, фрли го во казната жестока!”

27. Другарот негов ќе рече: Господаре наш, не е мое да го присилувам, но тој, секако, беше скршнат во заблуда далечна.

28. Аллах ќе рече: Не расправајте се при Мене. Јас ве опоменав, секако, уште од порано,

29. кај Мене зборот не се менува и Јас не сум неправеден кон робовите.

30. Ден во кој ќе му речеме на Џехеннемот: “Се наполни ли?” - а тој ќе рече: Има ли уште?

31. И ќе се приближи Џеннетот за богобојазливите, сосем, блиску.

32. “Ова е, токму, она што ви се ветуваше: за секој покајник и заштитник,

33. кој се плаши од Милостивиот и во тајност, и кој ќе дојде со срце оддадено.

34. Влезете во него со селам! Ете, ова е Денот на вечноста!”

35. Во него за нив ќе има се што ќе посакаат. А кај Нас има и повеќе од тоа!

36. И колку поколенија Ние пред нив уништивме, кои беа посилни од нив, и кои талкаа по земјите! Има ли каде да се скријат?

37. Во тоа, навистина, има опомена за оној кој има срце, или кој слуша или кој е присутен!

38. Ние ги создадовме, секако, и небесата и Земјата и она што е меѓу нив за шест дена без да не обзеде замор!

39. Па, стрпи се за она што го зборуваат и слави Го, заблагодарувајќи се, Господарот твој и пред изгрејсонце и пред зајдисонце.

40. И во ноќта величај Го, по паѓањето на сеџде!

41. И слушни, Денот во кој викачот ќе вика од место ближно;

42. Ден во кој ќе го слушаат страшниот глас, вистински! Ете, тоа е Денот на проживувањето!

43. Ние, навистина, оживуваме и Ние, навистина, усмртуваме! Свратилиштето е - кон Нас!

44. Ден во кој земјата ќе испука и оние ќе излезат, брзајќи. Ете, тоа збирање за Нас е лесно.

45. Ние најдобро го знаеме она што го зборуваат. Не е твое да ги присилуваш. Па, присети го со Кур’анот оној што стравува од ветувањето Мое!


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 2 of 5]

Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот