Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 13 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 13 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Al-Ghuraba

avatar
Модератор
Модератор

 
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!

Ебу Зерр рече: “Се плашев луѓето да не речат како исчезнува добрината меѓу луѓето.“

Еден ден додека халифата Омер б. Хаттаб, радијАллаху анху., беше во друштво со асхабите, му дојдоа двајца младичи водејќи пред себе еден бедуин. Кога дојдоа до Омер, тој рече: “Што значи ова?“ Тие рекоа: “Овој човек го уби на нашиот татко.“ “Дали го уби нивниот татко?“, праша Омер. “Да“, одговорил бедуинот. “Како си го убил?“, праша халифата.

Човекот рече: “Влезе со своите камили на мојата земја. Јас го предупредив на тоа, меѓутоа, тој не обрнуваше внимание на моето предупредување, па фрлив камен на него. Каменот го погоди во глава и тој умре.“

На тоа Омер, р.а., рече: “Одмазда и каменување!“

Одредба која не мораше да се запише. Пресуда која не ја прифатила на расправијата. Омер не прашал за семејството на овој човек. Омер не прашал дали е од угледно племе, дали е од голема и јака фамилија, ниту каква е неговата положба во друштво. Омер, р.а., ништо од тоа не го интересирало , затоа што Омер на никого не се поклонувал ниту пак очекувал негова љубов. Омер не додворуваше на никого на сметка на Аллаховиот закон. Да се работеше за неговиот син, би извршил над него одмазда.

Овој човек рече: “Водачу на правоверните, јас те молам, во име на Оној кој ја создал небесата и Земјата, да ме пуштиш една ноќ. Сакам да одам кај својата фамилија, жената и децата во пустините. Сакам да ги известам дека ќе ме убиеш. После тоа ќе ти се вратам. Жими Аллах, никого немаат освен Аллаха па мене.“

Омер рече: “Кој ќе даде гаранција за тебе дека ќе се вратиш ако заминеш во пустина?“

Сите луѓе замолчија. Овој бедуин никој не го познаваше. Ниту знаеле каде му е обесен шаторот, ниту каде му е куќата, ниту од кое племе е. Како тогаш некој може да даде гаранција за него? Не се работи за гаранција на десет златници или земјиште или камила. Ова беше залог за да се гарантира живот. Кој може да му се спротистави на Омер во промена на Аллаховиот закон ако бедуинот не се врати? Кој ќе може кај него да се завземе? Кој смее да помисли да посредува кај него?

Асхабите замолчиле. Омер чувствувал товар бидејќи се нашол во сомнеж. Што да прави? Дали да го убие на овој човек а да ги пушти неговите деца да умрат од глад? Или да го пушти да оди без нечива гаранција, со што ќе биде осквернавено правото на убиениот? Луѓето замолчеле, а Омер се двоумеше, па се сврти спрема оние двајца младичи и запраша:

“Сакате ли да му опростите?“

“Не“, одговорија младичите.

Омер повторно рече:“Луѓе, кој ќе даде гаранција за овој човек?“

Ебу Зерр ел-Гифари стана, онака стар но полн зухд и искреност, и рече:“Водачу на правоверните, јас давам гаранција за него.“

Омер рече:“Тој убил.“ А Ебу Зерр одговори:“Па иако убил.“

Омер праша:“Дали го познаваш?“ Ебу Зерр рече:“Не.“ Омер повторно праша:“Како ќе дадеш тогаш гаранција за него?“ Ебу Зерр рече:“Видов на неговото лице знаци на верник. Сватив дека не лажи и дека ќе дојде, ин шха Аллах.“

Омер рече:“Ебу Зерр, мислиш ли дека ќе те пуштам ако тој не се врати за три дена?“

“Аллах е единствен Помагач, водачу на правоверните“, одговори Ебу Зерр.

Омер пушти го овој човек да оди на три дена кај својата куќа и да се подготви: да се опрости од фамилијата и децата, да се загрижи за нив како би продолжиле нормално да живеат после неговата смрт. После тоа би требало да се врати и да се предаде да биде убијен.

Омер не го заборавил договорениот термин за враќање на бедуинот, го бројал секој ден. И така треттиот ден, во икиндијско време, телал повика група поради извршување на намазот. Оние двајца младичи дојдоа, народот се собра, а Ебу Зерр застана пред Омера. Омер праша:“Каде е човекот?“ Ебу Зерр одговори:“Не знам, водачу на правоверните!“ Ебу Зерр гледаше во сонцето, а тоа како да се померуваше брзо отколку обично. Асхабите замолчиле, чувствувале товар за кој не знаел никој освен Аллах, Субханеху ве те'ала.

Вистина е дека Ебу Зерр бил гравиран длабоко во Омеровото срце и се знаело дека Омер би му дал се од себе што ќе му требало, но ова бил Алловиот шеријат. Ова е системот на животот. Ова се Божјите прописи со кои никој немал право да се изигрува. Тука не се работело за тужба која ќе се стави во ладовина и која ќе се расправа одреден датум или кога тоа некому ќе му падне на ум. Не е тоа пресуда која ќе се примени во одредени околности, а во другите не, или над поединци додека другите ќе бидат освен.

Нешто малку пред заоѓањето на сонцето, човекот се појави. Омер донесе текбир, а и останатите муслимани истото го направија.

Омер рече:“Човеку, да си останел во пустината, ниту би знаеле ние за тебе, ниту за местото во кое живееш.“

Тој одговори:“Водачу на правоверните! Жими Аллах, јас не се плашам од тебе туку од Оној кој го знае тајното и сокриеното. Еве сум, водачу на правоверните, ги оставив децата покрај птиците, без вода и сенки од дрва, во пустините, Дојдов да бидам убиен. Се плашев да не се рече дека луѓето како мене го исчезнале исполнувањето на дадените ветувања.“

Омер го праша на Ебу Зерр:“Зошто си гарантирал за него?“ Ебу Зерр рече:“Се плашев луѓето да не речат како исчезнала добрината меѓу луѓето.“

Омер се сврти кон оние двајца младичи па рече:“Што мислите вие двајца?“Тие заплакаа и рекоа:“Му опростуваме поради неговата вистинита љубов, водачу на правоверните. Се плашиме да не се рече како исчезнало опростувањето меѓу луѓето.“

Омер извика:“Аллаху екбер!“, а солзите почнаа да ја навлажнуваат брадата.

Аллах вас нека ве награди за вашиот опрост!

Аллах нека го награди на Ебу Зеер затоа што го спасил овој човек!

Аллах нека го награди на овој бедуин за неговата вистинска љубов и исполнети ветувања!

Аллах нека го награди на Омера за неговата праведност и сомилост!

Еден од мухадисите вели:“Жими Оној во жии раце е мојата душа, среќата на иманот и исламот закопана е во Омеровите чефини.

Обработка: Ahlu-Sunnah

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот