Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 13 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 13 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1265 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Alisan

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 ПРОПИСИ ЗА CАДЕКАТУЛ – ФИТР on Саб 27 Jул 2013, 2:48 pm

LAUTKA

avatar
Модератор
Модератор
ПРОПИСИ ЗА CАДЕКАТУЛ – ФИТР


Во книгите по исламско право – фикх, исламските научници неизоставно во посебно поглавје зборуваат за прописите на садекатул – фитр. Многу се прописи кои се врзуваат за овој ибадет, но ние ќе ги спомнеме само оние најосновните кои треба да ги познава секој муслиман. Значи, секој муслиман треба да знае кој е задолжен да издвојува садекатул фитр, кога треба да се издвои, колку да се издвои и кому да се даде. На овие и уште на неколку прашања поврзани за садекатул – фитр, ќе одговориме низ овој текст, и ќе се потрудиме да појасниме на едноставен и разбирлив начин, без детализирање за прашањата, за кои научниците завземале спротивни ставови.

Мудроста на пропишувањето на садекатул фитр

Еден од долгата низа показатели на совршенството и универзалноста на верата ислам за секое време и секое место, сигурно е и пропишувањето на издвојувањето на садекатул – фитр.

Садекатул – фитр се огледува и во тоа дека секој муслиман на крајот на рамазан е должен да издвои еден са’а (отприлика 3 кг) храна која преовладува во тоа поднебје и да се подели на сиромавите, за да и тие после месец дана пост, заедно со оние кои се имотни, уживаат во бајрамските денови и барем во тие денови да не мора да се грижат за основните, егизистенционални потреби.

Кој е задолжен да издвои садекатул – фитр?

Садекатул – фитр е задолжен да го издвои секој муслиман, без оглед дали е полнолетен или не, маж или жена, слободен или роб.

Задолжителноста на овој ибадет, како и самата негова пропишаност, ја потврдуваат зборовите на Абдуллах ибн Омер: “Аллаховиот Пратеник нареди да се издвојува садакатул – фитр, и тоа е еден са’а пченица, или еден са’а јачмен, на слободниот човек, но и на робот и жената, малолетниот и полнолетниот муслиман. Нареди да се издвои пред луѓето да излезат на бајрам – намаз.“ (Бухари и Муслим)

Спомнатиот хадис е голема основа на ова поглавје, и од него се земаат многу прописи за садекатул – фитр.

Во овој хадис јасно се укажува на задолжителноста на издвојувањето на садекатул – фитр, како и тоа дека оваа обврска ги опфаќа сите муслимани, не условувајќи го за нејзината задолжителност ниту полнолетството, како што е случајот со другите ибадети, ниту слободата на човекот.

Во основа, секој муслиман треба да издвои садакатул – фитр за себе. Кога се во прашање малолетни деца кои се издржувани од родителите, и тие треба да издвојата садакатул – фитр за себе ако се во можност, а ако не се, тогаш за нив ќе издвојат родителите.

Задолженоста на издвојувањето на садекатул – фитр се однесува, како што научниците спомнале, на оние кои имаат еден са’а (отпрлика 3кг) над потребите на своето семејство во ноќта пред Бајрам.

Која количина на артикли се издвојува за садекатул – фитр?

Спомнатиот хадис исто така, укажува и на тоа која количина на одреден прехрамбен продукт човекот е задолжен да го издвои за да неговиот садекатул – фитр биде потполн и валиден. Во хадисот се спомнува мерка од еден са’а, а тоа е мерка која се полни со четири грста наполнети до врв, односно онаа количина која ќе ја зафати човекот со просечна големина на рацете.

Многу современи научници, во недостаток на мерка меѓу луѓето, се обиделе да ни го претворат во, за нас позната мерка, килограми. Така се спомнуваат разни колични, кои понекогаш се разликуваат поради специфичноста на тежината на мерениот артикл. Врз основа на она што го спомнале, се смета дека ако човекот издвои 3 кг од некој прехрамбен артикл, со кој се хранат луѓето во тоа поднебје, неговиот садекатул – фитр ќе биде валиден, иншаАллах.

Кога се во прашање артиклите кои се издвојуваат за садекатал – фитр, исламски научници спомнуваат дека сите видови на храна кои се спомнати во хадисот наведениот од страна на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, се како примери за храна која најмногу се конзумирала во тоа време во Медина, а не да појасни кој вид на храна само ја задоволува валидноста на садекатул – фитр. Во онова, садекатул – фитр е пропишан поради потпомагање на сиромавите на денот Бајрам, па ако издвојувањето на садекатул- фитр го сведиме само на работите спомнати во хадисот, тогаш ќе се одалечиме од мудроста на пропишувањето на спомнатиот ибадет, затоа што постојат поднебја во кои како секојденевна храна не ги користат спомнатите артикли туку нешто друго. Значи, денес, во нашето поднебје, можеме да го издвоиме оној вид на храна која е актуелна во нашето поднебје, како што е: месо, риба, брашно (пченично или пченкарно) ориз, леќа, сол, грав, тестенини или слично.

Дали садекатул – фитр може да се дава во пари?

Она што со сигурност може да се утврди е тоа дека ова не било пракса на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, т.е., ваквиот начин на давање садекатул – фитр Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, не наредил, иако во тоа време била општопозната паричната вредност на златото и среброто, но Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, не ги спомнал, туку сите хадиси кои зборуваат за садекатул- фитр и начинот на неговото издвојување спомнуваат само прехрамбени артикли. И во тоа време на сиромаите сигурно им било помило некој да им подели садакатул фитр во пари, па тие со тие пари да си купат она што сакат, но гледаме дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, не ги потикнувал на тоа. Врз онова на тоа, минимално што може да се каже е дека најблиску до суннетот е да се издвои онака како што тоа го правел Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, и неговите асхаби, а нивното упатство сигурно е најдоброто упатство.

Познато е дека научниците од ханефиската правна школа сметаат дека е дозволено да се издојува садекатул – фитр во пари, но поради спомнатите причини, сметаме дека е подобро да се издвои онака како што тоа го правел Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем.

Времето на издвојување на садекатул – фитр

Садекатул – фитр станува обврска да се издвои со заоѓањето на сонцето на последниот ден од рамазанот и тоа е основа. Меѓутоа, во праксата на асхабите на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, е забележано дека сметале дека е дозволено садекатул – фитр да почне да се издвојува ден, два или најмногу три пред завршувањето на рамазанот. Секое друго порано издвојување на садекатул – фитр нема силно втемелување во суннетот на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, ниту во праксата на асхабите.

Во хадисот на Ибн Омер, р.а., се неведува дека рекол: “Асхабите издвојуваа садакатул – фитр ден или два пред Бајрамот.“(Бухари) Во друго предание е забележано дека Абдуллах ибн Омер, р.а., им го праќал садекатул – фитр на оние кои го собирале два или три дена пред Бајрамот. “(Малик во Муветата, сахих)

Врз основа на спомнатото, т.е. дека издвојувањето на садекатул – фитр почнува со заоѓањето на последниот ден во рамазан, сваќаме дека не е обврска садекатул – фитр да се издвојува за дете кое се родило после заоѓањето на сонцето, како и за нероденото дете.
Ако човек би издвоил садекатул – фитр за неродено дете, не би погрешил, иако тоа не е обврска, затоа што е забележано од Осман, р.а., дека извојувал садекатул – фитр за дете кое не било родено.

Исто така, ако некој муслиман пресели пред заоѓањето на сонцето во последниот ден од рамазан, нема обврска да се издвојува садекатул-фитр за него, но ако умре после заоѓањето на сонцето, откако задолженоста за садекатул фитр почнала, обврска е, и за него да се издвои садекатул – фитр.

Сходно на хадисите на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, садекатул-фитр е обврска да се издвои пред клањањето на бајрам – намаз, а на оној кој ќе го издвои пред намазот, ќе му биде примено како садекатул – фитр, а кој намерно ќе го одложи издојувањето на садекатул – фитр до после бајрам – намаз, тоа ќе му биде запишано како обична садака, со грев кој произлегува поради каснењето.

Ибн Аббас рекол: “Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем наредил издавање на садекатул – фитр за да постачот си го исчисти својот пост од лош говор и гревови, и како храна за сиромавите. На оној кој ќе го издвои пред бајрам-намаз, ќе му биде примено како садекатул фитр, а кој ќе го издвои после бајрам – намаз па тоа му е само обична садака.“(Ебу Давуд, Ибн Маџе, хасен)

На кого му се дава садекатул – фитр?

Во поглед на оваа прашање има несогласувања меѓу исламските научници, а поголемиот број на научници сметаат дека садекатул – фитр може да се подели на било која од осумте групи на кои им припаѓа зекатот, а кои се спомнати во зборовите на Возвишениот Аллах: “Зекатот им припаѓа само на сиромашните и на тие што имаат потреба, и на тие што го собираат, и на тие чиишто срца треба да се придобијат, и за откуп од ропство, и на презадолжените, и за цели на Аллаховиот пат и за патникот. Аллах така одредил! А Аллах сe знае и Мудар е.“(Ет Тевбе, 60)

Точно е дека садекатул – фитр може да се дава само на сиромавите, а доказ се наоѓа во цитираниот хадис. Од друга страна, никаде не постои јасен доказ кој укажува на тоа дека садекатул – фитр може да се даде на некој друг освен на сиромасите, а цитираниот ајет се однесува на прописите на зекатот. Сите хадиси кои зборуваат за садекатул –фитр и категоријата на луѓе на кои се дава укажува на стрикно делење на сиромасите.

Најдобро е садекатул – фитр да се издвои за сиромавите во дотичното место и да биде поделен дирекно од страна на сопствениците, без ополномоштување. Ако се случи човек да живее во место каде не може да најде сиромави муслимани, тогаш нема пречка тоа да го прати во друго место или да ополномошти некој во друго место или држава кој ќе издвои место него садекатул – фитр.

Кога е во прашање ополномоштување, треба да се нагласи дека на ополномоштениот обврска му е садекатул – фитр од личноста која го ополномоштила да им го достави на сиромавите пред да се клања бајрам – намаз.

Исто така, нема пречки човекот својот садекатул – фитр и садекатул – фитр од останатото семејство да го подели на еден сиромав.

А Аллах најдобро знае.


______________________________________________
Аллаховата вера е - Исламот, навистина! Оние со дадената им Книга се разединија токму тогаш кога им дојде знаење. Беа еднинадруги себични. А оној кој не ги признава ајетите Аллахови... па, Аллах е Брз Пресметувач, навистина!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот