Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 8 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 8 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1264 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е dekio

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2388 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 КУР’АНОТ Е БОЖЈА ОБЈАВА on Нед 03 Окт 2010, 2:25 pm

Alijaa

avatar
Брат
Брат
КУР’АНОТ Е БОЖЈА ОБЈАВА

(Извадок од книгата: ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК)


Му кажав на пријателот:
Можеби денешниот разговор за научните вистини за Кур’анот ќе бидат многу поинтересни од нашите досегашни расправи со оглед на тоа дека твоето занимавање со науката и твоето инсистирање во се исклучиво врз научни основи и докази. Овде треба да се каже и она што го кажал Кур’анот за небото, Земјата, звездите, планетите, спермата, зачнувањето и формирањето на човекот во време кога за науките: астрономија, геологија, автомистика итн. не имало никаква трага, а науката ги открива во нашето време. Меѓутоа, Кур’анот со овие прашања се занимавал и не ги разглобовал до детали, како што го прави тоа да речеме потесната научна дисциплина, бидејќи Кур’анот во прв ред е книга за верувањето, која има за цел да го уреди човечкиот живот и да воспостави најдобри човечки односу помеѓу луѓето. Од друга страна, ако Кур’анот , по некој случај по овие нешта навлегувал во финесите, тогаш тие на кои им се обраќал би ги довел во мачна состојба, , бидејќи би им зборувал со јазик што не го разбираат. Затоа Кур’анот во приопштувањето на вистината го користел методот на укажување и обрнување на вниманието кон фактите кои допрва требале да бидат откриени и да ги објаснат самите науки по стотици години, што се заедно најјасно им укажувало на генерациите што доаѓале дека Кур’анот е Божје дело и Божја објава на луѓето:

„Ние на нив бргу ќе им укажеме на знаците Наши на нештата, а и на нив самите. Тогаш на нив сосема јасно ќе им биде дека Кур’анот е вистина. Зарем не е доволно тоа дека Создателот твој е во се сведок” (Фуссилет, 53). Затоа што оние на кои им се обраќал Кур’анот не се задоволувале само со Божјето сведочење дека Кур’анот е Негово дело па затоа било нужно тоа да им го покаже со свои знаци. Вака Аллах џ.ш. вели во својата Книга.
Уште од првиот ден Кур’анот од ден на ден открива се повеќе и повеќе јасни докази и потврди. Така на пр. Во врска со тркалезноста на Земјата дошле два ајета во кои е употребен зборот „теквир” за да што посликовито го досегна спуштањето на ноќта и денот како две полутопки: „ со ноќта го покрива денот, а денот го воведува во ноќта” (Ез-Зумер, 5)тука потоа е ајетот, кој го опишува уредувањето на земјата:”...а потоа Земјата ја уредил.” (Ен-Назиат, 30). Зборот “духа”, кој е употребен во овој ајет е единствен во речникот што означува во исто време и простирање и замотување. А земјата како што е познато, навидум е таква, со тркалезна односно јајцевидна форма.
Наоѓаме и ајети во кои се зборува за пливањето на ридиштата во висина односно за пливањето на Земјата, бидејќи таа со нив прави целина:
„И ги гледаш ридовите зад облаците за кои мислиш дека мируваат, а тие всушност летат како и облаците, Ова е дело на Аллах, кој се совршено создал и средил” (Ен-Немл, 88). Ридовите што изгледаат неподвижни и мирни всушност пливаат во вселената. Во овој ајет постои и едно мошне кратко укажување и на еден друг факт. Имено, станува збор за формирањето на материи на атоми како што се облаците составени од капки. Сето ова е кажано споредувајќи ги ридовите со облаците.
Во Кур’анот ги наоѓаме и ајетите со кои се кажува за смената на денот и ноќта, и за нивнотот прецизно одредено време од почетокот на создавањето што ќе тече се до крајот на нивното траење:
„Ниту на Сонцето му треба да ја достигне Месечината, ниту на Месечината да го претекне денот” (Јасин, 40). Тука се и останатите ајети во кои се покажува топчестата форма на Земјата како и кога е збор за почнувањето на денот и ноќта заедно и во исто време уште од постанокот како две полутопки. Кога Земјата би била рамна денот и ноќта би доаѓале еднакво еден по друг. Кога ќе дојде Судниот Ден Земјата повторно ќе биде во исто време и во ден и во ноќ како шт било и при создавањето:
„Па кога Земјата ќе се облече во убавини и прекрасна зелена одежда, а нејзините жители ќе се уверат дека можат од неа да соберат плод, тогаш ќе дојде нашата одредба дење или ноќе, па Ние сето тоа ќе го пожнееме и присобереме за да не остане никаква трага, како вчера да не ги било” (Јунус, 24). Во Божјите зборови „дење или ноќе” се наоѓа потврдата за ова време кое не можеме поинаку да го објасниме, туку така што едната страна на Земјата е засенета со Сонцето , додека другата е изложена на Сонцето и со нив е осветлена што призлегува од топчестата форма на Земјата. Затоа е кажано: „...А ниту ноќта да го претекне денот” (Јасин, 40). Тука е и бројното спомнување на Истокот и Западот во ајетите:
„...го земам за сведок Господарот на Истокот и Западот” (Ел-Ме-ариџ, 40); ..Тој е Создател и Господар на двата Истока и двата Запада”, (Ер-Рахман, 170). Ако Земјата не е она што е би бил само еден Исток и Запад. Човекот, како што вели Кур’анот, ќе му каже на својот шејтан на Судниот ден:
„..Да имаше среќа па да бевме еден од друг одалечени, како што е одлечено местото на излегувањето на Сонцето од местото на неговото заоѓање” (Ез-Зухур, 38). На земјата нема одалеченест што е поголема од сончевето излегување и заоѓање, освен ако е земјата е со тркалезна форма. Во контекст со овие ајети спаѓаат и ајетите во кои се зборува дека небата имаат многу патеки, подрачја и патишта:
„...И небата со многу патишта” (Ез-Зиријат, 7).
„...и небата што враќаат...” (Ет-Тарик, 11), т.е. кои враќаат се на Земјата се што се крева: водената пареа ја враќаат во дожд, разните тела со земјината тежа, радио-брановите со одбивање од јоносферата, како што се враќаат и инфрацвените топлински зраци со одбивање и така ноќе ја загрева. Како што небата го враќаат она што во нив се „исфрла” од „надворешниот свет” и на тој начин се заштитува и чува земјата од смртоносните торпеда на вселенските зраци и убиствените ултравилоетови зраци. Како такви небата се кров на Земјата.
„Го сторивме небото кров што е цврсто чуван” (Ел_енбија, 32); „И небата ги кренавме со сила и моќ Наша и Ние сме во состојба се да храниме и одржуваме” (Ес -Заријат, 47).
Во овој ајет се зборува за т.н. нужно ширење на вселената.
Во времето на објавата на Кур’анот се сметало дека е атомот најмал дел на материјата, кој како таков е неделив. Кур’анот доаѓа и сосема прецизно зборува за помали делови на материјата од атомот, за составните делови на самиот атом. Кур’анот е инаку прва книга што кажала дека атомот не е најмал:
„Нема да избега на Божјето знаење ниту еден атом тежина на небата и на земјата ниту она помалу или поголемо од тоа” (Себе’, 3).
Сета ова изјаснување на Кур’анот на задивувачки појави во вселената како што е топчестата форма на Земјата, составот на природата на вселената и атомите, и тоа во време кога за нив никој немал ни најосновни претстави, сосема јасно зборуваат за боженственото потекло на Кур’анот. На ова го додаваме и луцидниот говор на Кур’анот за зачнувањето на човекот и неговото формирање, за спермата и за нејзината единственост во одредувањето на полот на новороденчето: „Тој е оној што го создал парот машко женско, од човечката вода..” (Ен-Неџм, 45).
Станува збор, значи, за еден билошки факт кој станал познат дури во нашето време. Имено, ние денес велиме дека главата на спермата ги содржи факторите на детерминацијата на полот. Кур’анот уште во она време зборува за споредувањето на јаболчниците и отисоците на прстите, во контекстото на говорот за проживувањето по смртта:
„Мисли ли човекот дека Ние не можеме да ги собереме неговите коски? Напротив, Ние можеме повторно да ги уредима јаболчниците на неговите прсти” (Ел-Кијаме, 3-4), т.е. ќе ги отелотвориме дури и јаболчниците на неговите прсти и ќе ги уредиме какви што биле...
Многу подоцна е откриено дека тие кај сите се различни.
Кур’анот нагласува дека најслабата куќа е на пајакот. Аллах џ.ш. вели куќа, а не конец на пајакот, бидејќи е познато дека пајаковиот конец е посилен четири пати од на него сличниот конец. Станува збор за слабоста на куќата, а не на конецот, бидејќи пајаковата куќа е лошо сокривалиште за тој што ќе се прибере во неа, страпица за оној што ќе падне во неа од посетителите странци. Таа е дури гибелна и за останатите членови на фамилијата на пајаци, оти женката на пајакот го јаде својот мажјак по оплодувањето. Таа ги јаде и своите млади по нивното раѓање, а младите се јадат меѓу себе.
Пајаковата куќа е најдобар пример за лошо скривалиште и лош крај, коко што вели Кур’анот. Слично е со оној што бара скривница вон Божјата. За тоа говорат овие велинченствени курански зборови.
„Пример на овие што место Аллах џ.ш. земаат други заштитници е како примерот на пајакот кој себеси си направил куќа како престојувалиште, а навистина најслабо престојувалиште е пајаковата куќа(мрежа) кога тие би го знаеле ова”(Ел-Анкебут, 41). Крајот на овој ајет е каректаристичен Аллах џ.ш. вели:„... кога тие би го знаеле ова” навестувајќи го тоа дека луѓето еднаш ќе го разберат ова. Општо е познат фактот дека многу откритија на овој план се од понов датум.
Во кур’анската глава„ Кехф” еден ајет во превод гласи: „Тие останаа во пештерата триста и уште девет години”(Ел-Кехф,25). Денес е познато дека 300 години по сончевиот календар изнесуваат во ден, минута и секунда 309 години по месечевиот календар. Во главата „Мерјем” Севишниот Аллах џ.ш. ја изнесува ситуацијата на Мерјема кога и е времето за породување па нашла скривница под стеблото на датулата посакувајќи смрт...па била повикана да го потресе стеблото и да ги изеде свежите датули што ќе отпаднат:
„...Па породилните маки ја принудиле да дојде до стеблото на една палма. Таа кажала:-Ех, да беше среќа да умрев и да не го дочекав и да бев заборавена потполно. Па е повикана со зборовите:-Не се жалости?Ти дал твојот Создател Господар под тебе поток да протекне. Растреси си го стеблото палмино. Ќе се посипат врз тебе свежи датули, па јади и пиј и нека ти се очите весели!” (Мерјем, 23-25).
Зошто баш станува збор за датулите.
Најновите научни истражувања велат дека датулата содржи во себе материја што ја стега матерката, го олеснува породувањето и го спречува крварењето по породувањето слично на окситоцин, и материјата што разнежува, а добро е познато во медицината дека растителни разнежувачи со своите чистења на каналите го олеснуваат и осигуруваат породувањето. И ова значи, и врз овој пример ја согледуваме големината на Божјите зборови и за совршеноста на Кур’анот како Божја објава:
„Не може да му дојде никаков недостаток ниту промена пред или по него” (Фуссилет, 42).
„Кога тој би бил од некого друг освен од Аллах, тие би нашле во него несложување и непотполност” (Ен-Ниса, 82).
Ако Кур’анот не беше со боженствено потекло тој не би бил совршен; едни ајети би побивале други, би имало грст контрадикции и други недостатоци, карактеристични за делата на човековиот ум и дух. Второ издание на некое дело се разликува од првото, оти неговиот автор додава нешто ново или прескокнува нешто од првото, било да се коригира себе, исправа грешки или внесува нови сознанија до кои дошол во меѓувреме. Кур’анот како Објава на Аллах џ.ш. на човештвото, сочуван е од сите грешки и недостатоци. Тој е совршен оти е дело на Совршениот. Кур’анот како таков можел да зборува за минатото, кое никој друг не го познавал, бидејќи за него немало пишани документи и за иднината, а и за она што таа го носи со себе. Донесуваме само неколку ајети во кои Кур’анот навестил настани што набргу и се случиле:
Во главата Рум, Кур’анот вели дека Римјаните, кои поднеле пораз во една битка, набргу ќе победат: „Поразени се Римјаните во најблиската земја, а тие потоа по поразот ќе победат по неколку години..” (Ер-Рум, 2-4).„Бид’а” -неколку- е неодреден број и со него во арапскиот јазик се означуваат броеви од три до десет. И навистина Римјаните по седум години победиле. За победата на Бедр Кур’анот вели:
„Наскоро таа дружина ќе биде поразена, ќе го сврти грбот и ќе избега” (Ел-Камер, 45). За гледањето за влезот во Мека на Мухамед а.с во Кур’анот стои: „Аллах му покажал и потврдил на Својот Пратеник со неговиот вистински сон...Навистина вие ќе влезете во Месџидул-Харам, ако Бог даде потполно сигурно некои со глави бричени, а некои со глави потстрижани”(Ел-Фетх, 27).
Така и било. Уште се одвиваат кур’анските предвидување пред нашите очи. Ибрахим а.с. вака го молел Аллах џ.ш. :
„Наш Господару! Населив некои свои потомци во неплодна долина кај Твојот храм, кого Ти си го сторил свет... Наш Господару, стори тие правилно да го вршат намазот. Стави им во срцата на луѓето љубов кон нив и дари ги со плодови да бидат благодарни”(Ибрахим, 37). Ибрахим а.с. го молел Аллах џ.ш. да ги опскрби нив во оваа неплодна долина. Потоа дошло Божјето ветување дека животот ќе им го благослови и ќе ги изобили кога им наредил да им го оневозможат на мушриците посетувањето на Ќаба, а тие се исплашиле од економска блокада оти „жителите на Мека во својот економски живот се потпирале на добивките, кои ги добивале кога ходочастието во Ќаба било во тек” . Аллах џ.ш. ги смири со зборовите:
„Ако се плашите од сиромаштија, Аллах ќе ве збогати од Своите благодетие” (Ет-Таубе, 28). Ова ветување и ден денес се исполнува. Секој ден скока цената на нафтата, чии главни наоѓалишта се простираа под ова подрачје. Ако на ова му се придодадат наоѓалиштата на ураниум тогаш уште подобро се согледуваат „Божјите благодети” за кои станува збор во ајетите. Од друга страна Кур’анот говори за другите непознати светови. Тој го открива тајните на џините и на мелеците. Говори за нештата што се најнепознати и за кои нешто малку можат да знаат некои суфии, а и тие можат да знаат за тоа само она и онолку колу што Кур’анот вели дека можат да знаат и да видат. Туке е и последниот збор на Кур’анот за управата, етиката, раководењето, војната, мирот, економијата, општеството, бракот, правата кажани со ненадминат стил, автентичен израз, збор кој по своите естетски вредности претставува единствен феномен во историјата на јазикот воопшто. Ибну Аребија еднаш го прашале за тајното совршенство на Кур’анот па тој одговорил со еден збор: „Апсолутна вистина”, оти кур’анските зборови се апсолутно вистинити, додека крајното нешто што можат да го постигнат писателите е релативната вистина, најмногу што можат да постигнат е субјективната вистина, која произлегува од гледањето на работите, чиј простор е секогаш ограничен. Секој од нас зафаќа само еден дел од вистината, додека останатите делови не одминуваат, се гледа од еден агол запоставувајќи го гледањето од останатите агли, од што произлегува дека се што ќе дојде поединецот е само дел од вистината. Само Сезнајниот Аллах џ.ш. е Тој што ја опфаќа апсолутната вистина и се. затоа и велиме дека Кур’анот е од Божје потекло оти дава апсолутна вистина за се.
Мухамед а.с го прашале за Кур’анот па тој им рекол:
„Во него е вест за она што било пред вас, просудување за она што е помеѓу вас и известување за тоа што доаѓа по вас; Тој е граница, не е шега, Тој е мудра опомена цврста Божја врска, вистински пат... Кој ќе го напушти и остави, пропаѓа, кој бара упата покрај него ќе залута. Тој не ги свртува умовите, не бара расправа; Учените не можат да се заситат со него, а неговите вредности не можат никогаш да нестанат и да бидат исцрпени”.
Ете, пријателу, тоа е нашата книга. И заради сето она што го содржи и порачува тој може да биде и само е со Божествено потекло.

Д-р Мустафа Махмуд

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот