Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 10 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 10 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

hidzab

avatar
Модераторка
Модераторка
Човекот љуби и презира. Сака вкусна храна, убава глетка. Мажот ја љуби сопругата. Понекогаш претерува во оваа љубов, па тука се измешуваат и некои облици на обожување, но покрај тоа, таа е ограничена како и секоја друга, човечка љубов. Ја сакаме користа која ја постигнуваме од она што го сакаме и сласта која ја чувствуваме во близината на љубената личност. Но, кога љубениот ќе заболи од болест која го унакажала и од која отпаѓаат неговите екстремитети и исчезнува неговата убавина, завршува и исчезнува и оваа љубов. Може, дури да се претвори и во презир и во омраза. А, љубовта која ја чувствува верникот кон Возвишениот Бог е апсолутна и безгранична. Дури, и она што го љубиме во овој свет го љубиме во името на Создателот Кој тоа го создаде, ни го потчини и ни даде моќ да се користиме со тоа, или да се насладуваме со неговиот изглед или допир.

Човекот се плаши од многу созданија: се плаши од огнот, дивите ѕверови, смртоносниот отров, насилниците. Но, тој страв е ограничен. Тој се сведува на оддалечување од штетата која се крие во она што застрашува. И кога ќе се осигура од можна штета - стравот го напушта. А, стравот од Бога е апсолутен и неограничен. Љубовта кон Возвишениот Бог и стравот од Него спаѓаат во основите на исламското верување. Овие две својства се духот на обожувањето. Неопходно е да се напомена дека љубовта кон Возвишениот Бог не значи пишување на љубовни писма до Него, како што тоа го правел Ибнул Фарид, ниту таа да се нарекува „божествена љубов“, како што тоа му се припишува на Рабија ел-Адевија. Исто така, треба да се напомене дека стравот од Бога не значи стравување кое води во презир, ниту пак жалост која води во пореметување или неморалност. Љубовта кон Возвишениот Бог бива, и се реализира, со покорност, со давање на предност на Неговото задоволство над страстите на душата и заведувањата на демоните, како и следењето на Неговиот пратеник, нека е Божјиот мир над него: „Kажи: „Ако Го сакате Алах, мене следете ме!“ (Али Имран, 31). Значи, следењето е мерило на љубовта. А стравот од Него се постигнува со оддалечување од она што го забранил и со давање на предност на сласта на добрите дела и наградата на идниот свет над сласта на гревот на овој свет. Покорноста кон Бога не е како покорноста на Неговите созданија. Ние им се покоруваме на некои луѓе, потчинувајќи & се на Божјата заповед, како што е покорноста кон Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, или одѕивајќи им се на законите на природата, или страв од опасноста. Народот му се покорува на владетелот, детето го слуша таткото, жената го слуша мажот, човекот го слуша оној кој му направил добрина во она што не му штети. Некој од нас, понекогаш, бива принуден на покорност, па се покорува плашејќи се од непријатност и вознемирување. Сите овие покорувања и потчинувања, освен покорувањето кон Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, затоа што тоа претставува покорување кон Возвишениот Бог, се ограничени. Затоа што, апсолутната покорност Му припаѓа на Возвишениот Господар, Алах. Покорност во сè, во она што нам ни се допаѓа и во она што нам не ни се допаѓа, во она чија мудрост и целисходност ја разбираме и во она што не го разбираме. Оваа покорност е плод на љубовта кон Бога и таа е нејзин доказ.

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот