Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 19 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 19 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Al-Ghuraba

avatar
Модератор
Модератор




Во името на Аллах, Милостивиот и Сомилосен



Барање шеријатско знаење е едно од нај саканите дела на Аллах, џ.ш. Тој, Возвишен, за тие кои трагаат по знаење и ја изучуваат неговата племенита вера припремал преголема награда и високи степени во Џеннетот, како што на тоа упатуваат многу текстови ос Кур’анот и суннетот.

Сите луѓе се слогуваат дека оној кој знае подобро од оној кој не знае, и во тоа никој од- тие со разум надарени- луѓе не разединуваат, како што нас Возвишениот ни порачува:“Кажи:’Еднакви ли се тие кои знаат и тие кои не знаат: На Аллах се сеќаваат, навистина, даруваните со разбир!“ (Превод на значење, Ез Зумер,9) “Аллах сведочи, а и мелеките и учените сведочат дека нема друг бог освен Него.(Превод на значење, Али Имран,18)“...и Аллах на високи степени ќе ги воздигне тие меѓу вас кои веруваат и на кои им е дадено знаење.“ (Превод на значење, Ел Муџаделе,11)“Тој е Милостив па прашај за Него на оној кој знае.“ (Превод на значење, Ел Фуркан,59)“А на Аллах, навистина, од робовите Негови се плашат учените.“ (Превод на значење, Фатир,28)“Прашајте ги учените ако не знаете.“ (Превод на значење, Ел Енбија,7)

Осман б. Еби-Севде рекол: Седев со Ебу-Дерда, радијаллаху анху, во месџид во Дамаск, па дојде еден човек и рече:“О, Ебу Дерда! Ти дојдов, навистина, од Медина, градот на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, затоа што слушнав дека пренесуваш хадис од Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, и не дојдов поради друга потреба.“

Па Ебу Дерда, радијаллаху анху, рекол:“Навистина сум слушнал Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с, како вели:’Кој ќе тргне на патот трагајќи знаење, Аллах, навистина, ќе го испрати на патот од патиштата кои водат во Џеннет.. Навистина мелеките ги простираат своите крила од драгос прет тие кои бараат знаење. За научниците бараат опрост и тие кои се на Небесата и на Земјата, па дури и рибите во морските длабочини. Предноста на научниците над побожниот, навистина е како предност на полната месецина над останатите ѕвезди. И навистина научниците се наследници на веровесниците, а веровесниците не оставија во наследство ни динари ни дирхеми, туку оставија знаење, па кој ќе земе за знење зедол голем дел во наследството.“ (Го Бележи Ахмед (21715), Ебу-Давуд (3643), Тирмизи (2682), Ибн-Маџе (223), Ибн-Хиббан (88) и и други и хадисот е, иншх’Аллаху те’ала, хасен (добар), иако во сенетот има одредени слабости. ( 1 )

Му’авије б. Ебу-Суфјан, радијаллаху анхума, пренесува од Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, дека рекол:“На кого Аллах му посакува добро, го подучува со прописите на верата.“ (Го Бележи Бухари (71) и Муслим (2436).)

Затоа првите генерации на овој уммет вложиле големи напори во стекнување на знаење. Некои дури ги доведоа во опасност своите животи, здравјето и имотот како би дознале и научиле за Аллаховата племенита вера тоа што не го дознаа. Се пренесува дека племенитиот асхаб Ебу-Ејјуб ел-Енсари, радијаллаху анху, заминал од Медина до Мирса (Египет) како би се сретнал со Укбе б. Амир, радијаллаху анху, затоа што слушнал дека пренесол од Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, хадис кој што не го знаел. (Муснед од Имам Ахмед, 17391; Рихлету фи талебил-хадис од хафиз Хатиб ел-Багдадиј, 24-25)

Слично направил и Џабир б. Абдуллах, радијаллаху анхума, патувајќи месец дена како би слушнал еден хадис кој не го знаел, иако лично слушнал многу хадиси од Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем. (Рихлету фи талебил-хадис, 31-33)

Алкаме и Есвед, двајца познати ученика на Ибн-Мес’уд, од Куфе заминаа во Медина да слушаат хадиси од Омера и Ајша, радијаллаху анхума. (Ел-Џем’у бејнес-сахихај од Хумејдија, 4/240-241)

Такви примери во животот на првите генерации има многу и на сите им се познати.

Забележува Хатиб ел-Багдади, рахимехуллах во своето дело Рихлету фи талебил-хадис(40) со ланец на пренесување до Амр б.Еби-Селеме, рахимехуллах, дека му рекол на познатиот Имам Евза’и, рахимехуллах, одговорил:“ Подсечавајќи се на 30 хадиси за четири дена!? Навистина Џабир б. Абдуллах купил коњ и од Медина заминал до Мисра како би слушнал еден хадис кој не го знаел од Укбе б. Амира, потоа се вратил, а ти потценуваш 30 хадиси за четири дена!?“
Имам Малик, рахимехуллах, рекол:“Го слушнав на Се’ида б. Мусејјба како вели:’Денови и ноќи знаев да патувам само поради еден хадис.“ (Рихлету фи талебил-хадис, 41-44)

Проучувањето на шеријатското знаење е подобро и повредно кај Возвишениот Аллах, џелле шануху, од сите врсти на доброволен ибадет, но ако се испрати со искрена намера и примена во делата.

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, рекол:“Да научам едно поглавје од знаењето за нередбите и забраните, подобро ми е отколку 70 борби на Аллаховиот, аззе ве џелле, пат.“ (Ел-Феких вел-Мутефекких, 52)

Хасан ел-Басри, рахимехуллах, вели:“Да научам едно поглавје од знаењето и тогаш да подучам еден муслиман подобро ми е отколку да го имам целиот дуњалук па да го поделам на Аллаховиот пат.“ (Истиот извор, 53)

Имам Ибн-Шихаб ез-Зухри, рахимехуллах, рекол:“Проучувањето на суннетот е подобро од ибадет 200 години.“ (Тариху Димешк, 43/6)

Суфјан ес-Севри, рахимехиллах, вели:“Не знам дека има повредно дело од барање знаење и негово паметење за оој кому Аллах посакува добро.“ (Сунен Дарими, 326)

Хасан б. Салих, рахимехуллах, рекол:“Навистина луѓето се потребни од ова знаење-поради нивниот ахирет, како што се потрени јадењата и пијалоците-поради дуњалук.“ (Истиот извор, 326)

Се пренесува дека некој човек му рекол на Ебу-Муџлиз, рахимехуллах, додека проучуваа поглавје од фикхот и суннетот:“А зошто нас не ни проучуваш едно суре од Кур’анот?“ Па тој му одговори:“Јас не сум од тие кои сметаат дека учењето на Кур’анот е подобро од тоа што ние работиме!“ (Ел-Фекиху вел-мутефекких, 56)

Имам Јахја б. Еби-Кесир, рахимехуллах, вели:“Присуствување на предавањата за шеријатски прописи проучување на Кур’анот е како извршување на доброволен намаз.“ (Ел-Фекиху вел-мутефекких, 58; Вересетул-енбија шерху хадиси Ебид-дерда од Ибн-Реџепа, стр. 22)

Пренесено е од Мутаррифа б. Шиххира, рахимехуллах, дека рекол:“Знаењето е подобро од добрите дела. Зарем не ги гледате монаците кои целиот ноќ прават ибадет, а потоа кога ќе завршат прават ширк.“ (Ел-Фекиху вел-мутефекких, 67)

Имам Шафи, рахимехуллах, рекол:“Нема ништо повредно, после извршувањето на фарзовите, од барање на знаење“ Па е запрашан:’Дури ни борбата на Аллаховиот пат?’ Рекол:“Ни борбата на Аллаховиот пат!“ (Ел-Медхал од Бејхеки, 372)

Имамот на ехли-суннетот Ахмед б. Ханбели, рахимехуллах, рекол:“Барањето знаење е најдобро дело, но, за оној кој има искрена намера.“ Запрашан е:’А како намерата да му биде искрена:’ Одговорил:“Нека науми со знаењето да биде понижен и од себе да го отргне незнаењето.“ Во друга прилика рекол:“Со знаењето ништо не може да се подреди, но, ако е со искрена намера.“ (Ел-Фуру’у од Ибн-Муфлиха, 2/339)

Запрашан е Ибрахим б. Хани’ Имам Ахмед: “Што ти е најдобро, да седам во ноќите и препишувам знаење или да клањам доброволен намаз?“ Па Ахмед рекол:“Кога препишуваш знаење тогаш ги учиш прописите на својата вера. Мене тоа ми е најдобро.“ (Ел-Фекиху вел-мутефекких, 58)

Затоа се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:“Кога ќе поминувате покрај џеннетските бавчи седете во нив.“ Запрашаа:“А што се тоа џеннетски бавчи?“ Рече:“Халке – кругови во кои се споменува Аллах.“ Хадисот го забележуваат Ахмед (12523), Тирмизи (3510), Ебу-Ја’ала (3432) и други со да’иф (слаб) ланец на пренесување од Енес, радијаллаху анху. (2)

Во друго предание, кое исто така е слабо (3), кај Теберани во Му’аџемул-кебиру (11158) стои:“Собирите каде што се изучува знаење.“ т.е. халке и собири во кои се изучува и проучува тоа што Аллах, џелле шануху, го објавил во Кур’анот и тоа со што дошол Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, од суннетот.

Ибн-Мес’уд, радијаллаху анху, размислувајќи за овој хадис вели:“Што се однесува до мене, јас мислам дека под тоа не се подразбираат собирите во кои се зборува за приказни, туку собири во кои се изучуваат шеријатските прописи.“ (Ел-Фекиху вел-мутефекких, 43- со слаб ланец на пренесување)

Превод и обработка: Ахлу-Суннах

[You must be registered and logged in to see this link.]
________________________________________
(1) Хадисот дошол со два сенеда, во првиот имаат двајца пренесувачи кои се несигурен, а во другиот има равија кој се вика Шебиб б. Шејбе еш-Шами, кој е непознат. (Погледни: Кашиф од Зехебија, бр. 2237 и Текрибу-техзиб од Ибн-Хаџер, бр. 2741). Но, дошле други преданија кои го потпираат, а Аллах најдобро знае. Хадисот веродостоен го отценил Ибнул-Мулеккин во Бедрул-мунир (7/587), Ел-Хејсеми во Меџме’у-зеваид (1/335), а добар Ибнул-Џевзи во ’Иллелул-мутенахије (1/79), Ибн-Хаџер во Фетхул-Бари (1/160), Сехави во Мекасидул-хасене (бр. 703) преносувајќи иста отценка од Хазме Кинанија, Зејле’и во Тахриџу асар фи тефсир Замахшери (3/9), Албани во Сахихул-џами’а’ (бр. 6297) и Абдул-Мухсин ел-Аббад во Шезерату фи талебил-илми ве ехлихи’ (стр. 10).
(2) Во сенедот има Мухаммед б. Сабит Еслем ел-Бунани кои е несигурен и слаб пренесувач. Вели Тирмизи:“Го запрашав на Бухари за овој хадис па рече дека ништо од нив не му е познато, и рече за Мухаммед дека доаѓа со чудни предавања.“ (’Илелул-кебир, 369). Несигурен го сметаа и Ибн-Ме-ин, Неса’и, Ибн-Адијј и други. (Погледни: Мизанул-и’атидал, 3/495). Хадисот го смета слаб и Ибн-’Адиј. (Камил фи ду’афа’, 6/136-137). Шејх Албани хадисот го смета хасен-добар, поради други преданиа кои го потпираат. (Силсилету ехадиси-сахиха, 6/61) А Аллах најдобро знае.
(3) Од Ибн-Аббас, радијаллаху анху, и хадисот е да’иф (слаб). Во ланецот на прнесување има равија кој е непознат.

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот