Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 8 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 8 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 Дова on Вто 14 Aвг 2012, 7:35 pm

Muwehhid

avatar
Модератор
Модератор


Бисмиллах ал рахман ал рахим


Семоќниот и Возвишен Аллах ни нареди да Му се обраќаме со дова (молба) и ни ветил дека ќе ни се одѕвие:

Господарот ваш рече: , Повикајте Ме и замолете Ме, Јас ќе ви се одѕвијам! Тие што од вообрзност не сакаат да Ме обожуваат- сигурно понижени ќе влезат во џехеннем (Ел-Мумин 60)

Нека е славен Семоќниот Аллах Кој е безгранично великодушен и бескрајно милостив, Тој направил човечката дова за изполнување на неговите потреби и неговите настојувања да е дело на ибадет кое со себе носи награда, дело кое Тој од него го бара и за кое Тој строго укорува ако е напуштено, а тоа го прават тие што се опишани како горделиви, вообразени.

Ебу Хурејре пренесува дека Пратеникот, Мухаммед, саллаллаху алјхи ве селлем, рекол: ,, Тој што не упатува дова кон Аллах ја предизвикува неговата лутина. (Хасеб, Тирмизи – Китаб ед даават, 9/313, Ибн Маџе- Китаб ед дуа 2/1258, Ел Хаким- Китаб ед дуа 1/491)

Возвишениот Аллах во Куран вели:

,,Тој Кој на човекот кој е во неволјa , кога ќе Му се обрати, му се одѕвива, и Кој злото го отстранува. (Ен-Немал 62)

,,А кога робовите Мои ќе те прашаат за Мене, Јас сум, сигурно, блиску: се одѕвивам на молбата на молителот кога ќе Ме замоли. (Ел-Бекаре 186)

Ен Нуман ибн Бешир рекол:,, Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, рекол: Довата е ибадет, а потоа го проучил следниот ајет:

,,Господарот ваш рече:,, Повикајте Ме и замолете Ме, Јас ќе ви се одѕвијам! Тие што од вообразност не сакаат да Ме обожаваат- сигурно понижени ќе влезат во џехеннем. (Ел-Мумин 60)

Според наведениот ајет, многу е сигурно дека молбата, која задоволува одредени барања, ќе биде одговорено. Ова е потвордено со следните хадиси:


,,Аллах е вечен, и кога човекот ќе ги крене рацете со молба, Аллах поради својот срам нема да дозволи тој да ги спушти незадоволни и празни. (Хасен, Тирмизи-Китаб ед даваат)

Енес пренесува дека Пратеникот , саллаллаху алјхи ве селлем , рекол:,, Немојте да се откажувате од довата затоа што уништен е тој што не упатува дова. (Даиф, Ел- Хаким, Ел Мустедрек 1/493. Ибн Хиббан –Ел Асијје , стр. 596)

Ниеден муслиман не Му упатува дова на Аллах, а да не му е дадено едно од три нешта: довата го забрзува исполнувањето на тоа што го барал, сочувана е за него за Судниот ден или спречува да му се случат слични неволји, освен ако тоа што го бара е лошо и ги раскинува роднински врски. ( Сахих, Тизмизи –Китаб ед даават, 9/923)

Пожело при дова.

Меѓу пожелните работи при упатување дова е и изборот на посебно време за дова, како што се годишнината од денот на Арефат, месецот Рамазан, петокот, рано наутро.

Тука спаѓаат и поволните услови, како што е времето кога паѓа дожд, кога излегуваат војски кои се борат на Аллаховиот пат и моменото кога се наоѓаме на сеџда.

Ебу хурејре пренесува дека Пратеникот, Мухаммед , саллаллаху алјхи ве селлем, рекол: Робот е најблизок до Аллах кога е на сеџдам па зголемите го бројот на своите молби кога сте на сеџда. (Муслим- Китаб ес салах 4/200)

Истото се однесува иа на времето помеѓу езанот и икметот. Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, рекол: ,, Довата упатена момеѓу езан и икмет нема да биде одбиена. (Сахих, Тирмизи- Китаб ес салах, 1/624, Китаб ед даваат, 10/53, Ебу Давуд- Китаб ес салах 2/2324)

Добро е да се биде одлучен и уверен во Аллаховиот одговор при дова. Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем .,рекол: ,, Никој од вас не треба да каже: ,, Аллаху мој, прости ми ако сакаш, или: Аллаху мој, смилувај ми се ако сакаш, туку треба да се биде одлучен кога се бара нешто од Аллах , затоа што никој не може да Го натера Аллах да направи нешто без Неговата волја. (Ел Бухари- Китаб ет тевхид 13/448, Китаб ед даваат , 11/139, Муслим-Китаб е зикр вед дуа 17/7)

Исто така добро е да се биде под абдест, да се сврти кон Мека и да се повтори довата три пати. (Муслим – Китаб ел џихад 12/152)

Довата треба да се започне славејќи Го Аллах и споменувајќи ги Неговите имиња и својства, барајќи го Неговиот Благослов и донесувајчи салават на Неговиот Пратеник Мухаммед , саллаллаху алјхи ве селлем, Потоа тој што упатува дова и да ја заврши со донесивање на повеќе салавати на Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, и славјчи и заблагодарувајчи Му се на Возвишениот и Семоќниот Аллах.

Важно е потребата на тој што моли да му е чиста и да не бара нешто што е забрането или ги прекинува родниските врски.

Тој што се моли не треба да инсистира на недолжно исполнување на своите потреби, ниту да каже: ,, Го молев Аллах, но Тој не ми ја исполни мојата дова. Ебу Хурејре пренесува дека Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем , рекол: ,, Аллах ќе ја исполни секој дова , со искучок ако станете нетрпеливи и ако кажете: , Барав, но не ми беше исполнето. (Бухари –Китаб ед даават , 11/140, Муслим –Китаб ез зикр вед дуа 17/51)

Ибн Баттал вели: ,, Ова значи личноста да почне очајува, дури и да ја остави довата, како тој да е тој што се удостоил да упати дова, или ја смета својата дова доволна гаранција за одговор, па така очекува дека одговорот од Господарот ќе уследи веднаш , без никакви идолжувања, а ниту Аллаховиот одговор на довата ја намалува Неговата апсолутна моќ, ниту Неговото исполнување на барањата на созданијата ни најмалку не ја намалува вредноста на тоа што Тој е.

Овој хадис укажува на еден од пофалените манири при упатување дова, а тоа е да се биде стрплив и да не очајува за потврден одговор на довата, затоа што со ова се покажува покорноста и апсолутното потпирање врз Аллаховата помош.


Автор: Ибн Кајјим ел џевзи, Ебу Хамди ел газали, ибн реџеб ел ханбели

Oбработка: Ahlu-Sunnah



Последната промена е направена од islam nur на Саб 03 Aвг 2013, 5:17 pm. Мислењето е променето 1 пати


______________________________________________





О верници, плашете се од Аллах и зборувајте само вистина! Он ќе ви ги поправи делата ваши и Он ќе ви ги прости гревовите ваши. А оној кој е послушен и на Аллах и на пратеникот Негов... тој ќе однесе, секако, победа голема! 

2 Re: Дова on Вто 14 Aвг 2012, 7:46 pm

Muwehhid

avatar
Модератор
Модератор





Дова во светлина на Куран и Суннет


Возвишениот Аллах (џ.ш.) вели:

И рече Господарот ваш: “Повикувајте ме - ќе ви се оѕвијам!” (Гафир, 60)

“Повикувајте го Господарот ваш потчинето и скришно! Он, навистина, не ги љуби претерувачите!” (Ел-Араф, 55)

“И кога ќе те прашаат робовите Мои за Мене па, Јас сум, навистина, блиску. И се оѕвивам на довата на молителот кога ќе Ме замоли...” (Ел-Бекаре, 186)

“Оној кој ќе му се оѕвие на притиснатиот кога овој ќе го повика, кој открива зло....” (Ен-Немл, 186)


Се пренесува од Нуман б. Бешир (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с.) рекол:

“Довите се ибадет.” (Ријадус _с_Салихин)

Се пренесува од Ајша (р.а.) дека рекла: “Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) сакаше долги дови а другите ги избегнуваше.”(Ријадус _с_Салихин)

Се пренесува од Енес (р.а.) дека рекол: “Најмногу што ја цитираше Пејгамберот (с.а.в.с.) е довата: “О Аллаху мој, дај ми на овој свет добро, и на Ахирет добро, и сочувај ме од казната огнена!”(Ријадус _с_Салихин)

Се пренесува од Ибн Месуд (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с.) цитирал:
“О Аллаху мој, Те молам за патоказ, за богобојазливост, за чедност и независност.”(Ријадус _с_Салихин)

Се пренесува од Тарик б. Ешјеме (р.а) дека рекол: “Кога некој ќе примеше ислам, Пејгамберот (с.а.в.с.) ќе го поучеше во намаз, а потоа ќе му наредеше да се моли со овие зборови: “О Аллаху мој, прости ми, смилуј ми се, упати ме, заштити ме и снабди ме!”(Ријадус _с_Салихин)

Од еден друг ривает се пренесува дека Тарик го слушнал еден човек кој дошол кај Пејгамберот (с.а.в.с.) и прашал: “Ја Ресулеллах, што да велам кога Му се молам на мојот Господар?” Одговори: Кажи: “О Аллаху мој, прости ми, смилуј ми се, заштити ме и снабди ме.” Овие зборови го опфаќаат доброто и на овој свет и на Ахирет.”(Ријадус _с_Салихин)

Се пренесува од Абдуллах б. Амр б. Ел-Ас (р.а.) дека рекол: “Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) рече:
О Аллаху мој, Ти владееш со срцата и управи ги нашиве срца Тебе да Ти бидат послушни!”(Ријадус _с_Салихин)

Се пренесува од Ебу Хурејре (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с.) рекол:
“Приклонете се кон Аллах од тешка беља, неподнослива мака, лоша судбина и од злорадоста на непријателот.”(Ријадус _с_Салихин)

Се пренесува од Ебу Хурејре (р.а.) дека рекол: “Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) рече:
“О Аллаху мој, сочувај ми ја верава моја врз која се потпирам, сочувај ми го овој свет во кој живеам, сочувај ми го и Ахирет во кој ќе се вратам. Одреди мојов живот да ми биде во функција на зголемување на доброто и одреди смртта да ми биде олеснување од секое зло!”(Ријадус _с_Салихин)

Се пренесува од Енес (р.а.) дека рекол: “Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) рече:
“О Аллаху мој, Тебе Ти се приклонувам од немоќ и алчност, страв и длабока старост и скржавост. Ти се приклонувам од казната во кабурот (гробот) и Ти се приклонувам од искушението во животот и по смртта.”
(Ријадус _с_Салихин)


Во еден друг ривает стои: “...да не ме притисне долгот и да не ме совладаат луѓето.”

Се пренесува од Ебу Бекир Ес-Сиддик (р.а.) дека му рекол на Пејгамберот (с.а.в.с.): “Поучи ме со дова со која ќе Те молам во намаз.” Рече: “Кажи: О Аллаху мој, голем зулум спрема себеси си направив. Гревовите ги простуваш само Ти. Па, прости ми со Твојата прошка, смилуј ми се! Ти си навистина Простувач и Сомилосен!(Ријадус _с_Салихин)”

Се пренесува од Ебу Муса (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с.) ја практикувал оваа дова:

“О Аллаху мој, прости ми ги гревовите мои, незнаењево мое и претерувањето во некои работи мои, и за она што го знаеш подобро од мене. О Аллаху мој, прости ми го она што сум го направил во сериозност и игра, погрешно и намерно и се она што е при мене. О Аллаху мој, прости ми ги моите минати и идни гревови, она што го направив тајно и јавно, и за она што го знаеш подобро од мене. Кого сакаш кон џеннетот приближуваш, и кого сакаш кон џехеннемот приближуваш. Ти си Кадар за се!(Ријадус _с_Салихин)”

Се пренесува од Ајша (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с.) во својата дова практикувал:
“О Аллаху мој, Тебе Ти се приклонувам од злото што го направив и од злото што не го направив.(Ријадус _с_Салихин)”

Се пренесува од Ибн Омер (р.а.) дека рекол: “Една од довите на Пејгамберот (с.а.в.с.) беше и оваа:
“О Аллаху мој, Ти се приклонувам од нестанокот на Твоите благодати, од измената на Твојата заштита, од ненадејноста на Твојата казна и од причините на Твојата лутина.(Ријадус _с_Салихин)”

Се пренесува од Зејд б. Еркан (р.а.) дека рекол: “Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) рече:
“О Аллаху мој, Ти се приклонувам од староста и алчноста, од скржавоста и длабоката старост, од казната во кабурот. О Аллаху мој, дај и на душава богобојазливост и исчисти ја од гревови, зашто Ти си најдобар во чистењето на гревови, зашто Ти си најдобар во чистењето на гревовите на душата. Ти си нејзин заштитник и засолниште. О Аллаху мој, Ти се приклонувам од науката која не користи, од срцето кое не се плаши, од душата која не се заситува и од довата на која не и се одѕиваш.”(Ријадус _с_Салихин)

Се пренесува од Ибн Аббас (р.а.) дека Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) рекол:
“О Аллаху мој, Тебе Ти се предавам, во Тебе верувам, врз Тебе се потпирам, покајание Тебе Ти упатувам, за Тебе се спорам и врз она што го објави судам. Па, прости ми за она што помина и за она што ќе дојде, за она што го направив тајно и јавно. Ти кого сакаш кон џеннетот приближуваш и кон џехеннемот приближуваш. Нема друг бог освен Тебе. Нема друга моќ и сила освен Аллаховата.(Ријадус _с_Салихин)”

Се пренесува од Ајша (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с.) ја кажувал оваа дова:
“Аллаху мој, Ти се приклонувам од искушението во огнот, казната на огнот и од злото на богатството и сиромаштијата(Ријадус _с_Салихин).”

Се пренесува од Шекел б. Хумејд (р.а.) дека рекол: “Реков, ја Ресулеллах, поучи ме за некоја дова!” Одговори: “Кажи: О Аллаху мој, Тебе Ти се приклонувам од злото на мојот слух и од злото на мојот вид, и од злото на мојот јазик, и од злото на моето срце, и од злото на полниот орган.(Ријадус _с_Салихин)”

Се пренесува од Енес (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с) рекол:
“О Аллаху мој, Ти се приклонувам од лепра, од лудило, од губа и од тешки болки.”(Ријадус _с_Салихин)

Се пренесува од Ебу Хурејре (р.а.) дека рекол: “Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) рече:
О Аллаху мој, Ти се приклонувам од глад, а тој е многу лош другар. Ти се приклонувам од измама, а таа е лош здруженик.”(Ријадус _с_Салихин)

Се пренесува од Ајша (р.а.) како му дошол еден должник на Алија (р.а.) и му рекол: “Помогни ми, не можам да го подмирам долгот.” Алија одговори: “Ќе те поучам со една дова со која ме поучи Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.), па долгот да ти е колку еден рид Аллах ќе ти го подмири. Кажи: “О Аллаху мој, задоволи ме со Твојот халал и со Твојот харам, и со Твојата вредност одреди да бидам независен од кој било друг!”(Ријадус _с_Салихин)

Се пренесува од Шехр б. Хавшеб дека рекол: “Ја прашав Умму Селема (р.а.): “О Мајко на верниците, која дова најмногу ја кажуваше Пејгамберот (с.а.в.с.) кога беше кај тебе?” Одговори: “Најмногу ја кажуваше оваа дова: “Еј, Ти кој ги испревртуваш срцата, зајакни ми го срцево во Твојата вера!”(Ријадус _с_Салихин)

Се пренесува од Ебу Дерда (р.а.) дека рекол: “Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) рече:
Една од довите на Давуд (с.а.в.с.) беше и оваа: “О Аллаху мој, Те молам за Твојата љубов и за љубовта на оној кого го љубиш и за делото што ќе ми ја донесе Твојата љубов. О Аллаху мој, одреди Твојата љубов да ми биде помила од самиот мене, од моето семејство и ладната вода!(Ријадус _с_Салихин)”

Се пренесува од Енес (р.а.) дека рекол: “Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) рече:
“Држете се цврсто за овие зборови: Ја зул џелали вел икрам !(Ријадус _с_Салихин)”

Се пренесува од Ебу Умаме (р.а.) дека рекол: “Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) се молеше со многу дови од кои не запаметивме ниедна. Рековме: Ја Ресулеллах, кажа голема дова од која ништо не запамтивме.” Рече: “Да ве упатам ли кон онаа дова која опфаќа се? “О Аллаху мој, Те молам за она добро за кое Те молеше Твојот пејгамбер Мухаммед (с.а.в.с.), Ти се приклонувам од она зло од кое Ти се приклонуваше Твојот пејгамбер Мухаммед (с.а.в.с.). Ти си Оној од кого се бара помош, Ти известуваш за доброто. Нема моќ и сила освен Аллаховата!”(Ријадус _с_Салихин)

Се пренесува од Ибн Месуд (р.а.) дека рекол: “Една од довите на Пејгамберот (с.а.в.с.) беше и оваа: “О Аллаху мој, Те молам за она што доведува до Твојата милост, за она што ја повикува Твојата прошка, за спас од секој грев и за награда за секое добротворство, за она што го постигнува џеннетот и за она што избавува од џехеннемот.”(Ријадус _с_Салихин)

Ahlu-sunnah


______________________________________________





О верници, плашете се од Аллах и зборувајте само вистина! Он ќе ви ги поправи делата ваши и Он ќе ви ги прости гревовите ваши. А оној кој е послушен и на Аллах и на пратеникот Негов... тој ќе однесе, секако, победа голема! 

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот