Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 24 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 24 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Al-Ghuraba

avatar
Модератор
Модератор


Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!



Нестабилноста, која е осудена, е кога се преминува од еден изглед кој е беприроден и несодржаен, во друг, кој му е сличен, па, преминување од една состојба која нема никаква содржина во друга исто такабез содржина, без било каква оправдана причина.


Кога некој облекува облека што ја има и која му е неопходна, избегнувајќи претераност во тоа, тоа е доказ за неговата голема уметност и мудрост. Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селлем, кој е пример во секое добро и чиј морал Аллах џеллешануху го прифалил и кому му ги подарил сите совршени доблести, а го сочувал од било какви недостатоци, ги обиколувал болните заедно со своите другари без било што на глава без турбан одејќи бос, и во најодалечените делови на Медина. Кога имал, ги облекувал сукното и огртачот(прострилката) од шарено везано платно, а никогаш не се оптеретувал со она што го нема, ниту го оставал она што му било потребно. Со она што го имал се задоволувал за тоа што го нема. Така тој некогаш одел пеш и бос, друг пат носел сандали и јавал на убава сивкаста мазга. Понекогаш јавал и на коњ без седло, но и на дева. Но, тој јавал и на магаре, засадувајќи си за себе за гробот некого од своите другари. Некогаш јадел датули (урми) наместо леб, а некогаш пак бајат леб, и ништо повеќе. Јадел и пржено јаре, бостан со свежи урми и колачи. Со сето тоа тој сила бараше, а вишокот го делеше и она што не му требеше не го земаше.

Со непотребното никогаш не се оптеретуваше. Тој никогаш не се лутел заради себе, но никогаш и не ја пропуштал лутината кога се работело за верата на Аллах џеллешануху.

Постојаноста како исправност и постојаност во кавга се толку меѓусебно слични да може да ги разликува само вешт познавач на моралот. А разликата меѓу нив е таа што расправата е она што е засновано на невистина или што некој направил за да го помогне она во што се вмешал, а чија неисправност му е позната или не му е позната ниту исправноста на тоа. Тоа е осудено. Наспроти неа е правичноста.

Постојаноста која е исправна потреба е кога се работи за вистината, или она што човекот го смета за вистина, ако не му се открила нејзината неисправност. Тоа е пофално својство. Спротивно на неа е нестабилноста.

Некои ги осудуваат и двете својства зашто е тоа, од една страна, непромисленост на она што се има, и од друга страна, неистражување на она што е потребно за да се востанови дали е вистина или невистина.

Умност е во истражувањето на покорноста и прифаќање на доблести, а оставање на гревови и пороци.

Аллах џеллешануху, на повеќе места во Својата Книга предупредил дека оној кој греши кон Него, не е умен.

Зборувајќи за еден од минатите народи, Аллах џеллешануху, вели:

“Тие говорат:„Да сме слушале или разум користеле, не би биле жители на Џехеннемот„!“

Потврдувајќи го тоа нивно признание. Аллах џеллешануху, вели:

“Па го признаа својот грев. Далеку биле жителите на Џехеннемот огнен!“

Глупост е да се прават гревови и да се чинат пороци. Неправда, озборување и бладањесе знак на лудило и растревожевост на горчината во телото.
Глупоста е спротивна на разумот и тие двете порано ги објаснивме. На средината меѓу нив е малоумност, која се состои во тоа да се работи и да се зборува она што не го бара ни верата ниту световната добивка ниту пофалниот морал, но во што нема ни грев, ниту покорност или помош некому од спомнатите две, како ни доблести ни порок.

Станува збор, значи, за непотребно прикажување и бесполезно дело. Во која мерка преовладува едно од нив или се намалува, во толку човекот повеќе го заслужува називот малоумен.

Во еден случај човек може да покаже малоумност, а во другиот умност, а во третиот глупост.

Наспроти безумие стои разумие и способност за расудување во науките и занаетите. Тоа првите мудреци го нарекувале дарба на говорот. Помеѓу овие две нема средина.

Што се однесува за работи врзани за овој свет и настојување да им се допадне на луѓето правејќи го она што им одговара, а што ја подобрува состојбата на оној кој тоа го прави, било тоа да е невистина или нешто друго, или маана или нешто трето, потоа досетливост да се зголеми имотот, славата прошири и углед постигне, на сите можни начини, не воздржувајќи се ни од гревови, ниту од пороци, во сето наброено нема воопшто умност. Оние за кои Аллах џеллешануху, потврдува дека немаат разум и не известува дека тие управуваат со овоземни добра, зголемувајќи ја нивната власт. Овој вид на морал се нарекува лукавост. Наспроти сеа стојат исправноста и разумноста.
Меѓутоа, ако се настојува да се постигне ова што го наброивме чувајќи се од гревови и пороци со извесна доза на срам, тогаш тоа се нарекуваодлучност, наспроти која стои загуба.

Достоинство, умешаност во говорот и средина во уредување на живеењето, потем исправно однесување солуѓето, се морални особини кои се нарекуваат со едно име-сериозност. На неа спротивно е малоумност.

Верноста се состои од правичност, истрајност и посветеност. Верниот смета дека е сторено насилие доколку не се награди оној кој има во него доверба кој му направил некое добро, и тој е во тоа правичен. Тој исто така смета дека на неверност не треба да се одговори веднаш, туку треба да се биде толерантен, и во тоа е посветен. И тој, на крајот, се навооружува со трпение за она што ќе дојде како последица на верност, и во тоа е храбар.

Четири се средишни доблести од кои произлегуваат сите останати. Тоа се: праведност, знаење, одлучност и посветеност.

А четири се основни пороци од кои произлегуваат сите останати, кои се спротивни на доблестите кои ги спомнавме. Тоа се: неправда, незнаење, кукавичлук и скржавост.

Аманетот и поштеноста се видови на праведност и посветеност. Ебу Мухаммед ибн Ахмед вели дека за моралот, меѓу останатото, го испеал и следното:

“Разумот е темел над кој е моралот бедем

Украсот на разумот е знаењето, во спротивно е

(разумот) пропаст

Незнајко е слеп и не гледа каде оди

Знаењето се пополнува со праведност, во

спротивно тоа е напразно

Узда на правдината е посветеност, во


спротивно тоа е
насилие

Темел на посветеност е одлучноста,

а кукавичлукот е заблуда

Ќе бидеш чеден ако бидешљубоморен;

љубоморниот никогаш не сторил блуд

Совршенство на сето е побожност; да се зборува

вистината е светлoст

Тоа се темелите на доброто за кои ова го изрекоа по

заклетвата.“



Тој, исто така, за моралот го рекол и ова:

“Темел на темелите на сите доблести се:

праведноста, исправното разбирање, посветеноста и

моќта.

Од ова се составени сите други, па кој ги поседува

нив, тој управува со светот

Тој, исто така, поседува работи со чие осознавање се

отргнува нејаснотиата.“


Во човечката душа постојат доблести кои се состојат од одлучност, а исто така и од стрпливост. Благост е еден вид на одлучност.

Задоволство е доблест која се состои од посветеност исправедност.Злото се раѓа од незаситеност,незаситеност од зависта, а зависта се раѓа од желба (страст), желбата од неправда, скржавост и незнаење.

Од незаситеност произлегуваат големи пороци какви што се:
понижување, кражба, одземање, проституција, убиство, страсна заљубеност, страв од сиромаштво и просење од светот.

Ние ги разграничивме незаситеноста и посакувањето, зашто незаситноста е откривање на посакувањето сокриено во душата.

Дружељубивоста е доблест која се состои од благост и трпение. Искреноста се состои од правичност и одлучност.


Продолжува Иншх'Аллаху теа'ла Wink

[You must be registered and logged in to see this link.]

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Al-Ghuraba

avatar
Модератор
Модератор


продолжение на текстот

Нема ништо поодвратно од лага која е вид на неверност, зошто секое неверство е лага. Лагата е значи вид, а неверството е подвид.
Лагата се раѓа од насилие, кукавичлак и незнаење. Зошто кукавичлукот и носи понижување на душата. Лажливецот е со преѕрена душа и далеку е од пофалната гордост. Јас се уверив дека луѓето по својот говор кој ги разликува од магариња, кучиња и инсекти, се делат на три групи:
1. Во првата група спаѓаат оние кои воопшто не размислуваат за она што го говорат, туку зборуваат се што ќе им дојде на јазик, не истражувајќи дали со тоа ја афирмираат вистината или ја негираат невистината. Повеќемина луѓе се такви.
2. Во втората група спаѓаат оние кои говорат за да го афирмираат она што во својата душа го сметаат за вистина, а го негираат она што мислат дека е невистина, не истражувајќи ја при тоа (вистинската) вистина, туку тврдоглаво се држат на она на што се. И од овие има многу, но помалку од првите.
3. Во третата група спаѓаат оние кои говорот го ставаат на неговото вистинско место, а таквите се ретки како црвени скапоцени камења.

Голема ли е грижата на оној кого вистината го лути!

Двајца се многу спокојни: еден од нив заслужува секаква пофалба, додека другиот заслужува преѕир и осуда. Тоа се оној кој го отфрлил овој свет и кој го отфрлил срамот.

Во восхитувачкото Аллахово џеллешануху уредување на светот спаѓа и тоа што секоја работа која е на него неопходна ја направил лесно достапна. Размисли, во врска со тоа, за водата и она што е над неа. А секоја работа на овој свет која не е неопходна многу тешко се разоткрива. Размисли во врска со тоа за црвениот скапоцен камен и она што му е подредено. Луѓето наликуваат, пон тоа што доживуваат, на патник во пустина: кога ќе го премине едниот нејзин дел, пред него се отвараат нови предели. Зошто само што човекот ќе разреши една причина, се појавуваат нови причини.

Вистина кажал кој рекол: Разумниот на овој свет е заморен! А вистина исто така рекол и оној кој кажал: Тој е на овој свет спокоен! Имено, него го заморува тоа што невистината постојано се шири и освојува нови предели, како и неговата немоќ да ја обелодени вистината. А мирен е и спокоен од се она што го оптеретува останатиот свет, а што е непотребно за живеење на овој свет.

Чувај се од подржување на лош другар и потпомагање на своите современици во сето што на оној свет ќе ти донесе штета или ќе ти наштети на овој свет. Ако така не постапиш, ќе имаш од тоа само каење, но кога тоа веќе нема да може да ти користи.
Знај сигурно нема да ти биде благодарен оној човек кому си му помагал, туку ќе ти мисли поинаку. Во најмала рака, а тоа е суштина на ова, нема да го интересира твојот лош свршеток и несреќен крај.
Исто така, чувај се од спротивставување на другар и противречење на своите современици во она што не ти носи никаква полза, ниту на овој ниту на идниот свет. Ако така не постапиш, ќе имаш од тоа само нивно вознемирување, одбегнување и непријателство, а можеби тоа ќе доведе и до тоа да побараат твое казнување и обештетување, а во сето тоа за ебе нема да има никаква полза воопшто . Ако, пак, биде невозможно да одбегнеш да ги разлутиш луѓето или Аллах џеллешануху, и мораш да ги отфрлиш или луѓето или вистината, ти тогаш разлути ги луѓето и напушти ги, а немој никако да го налутиш Творецот и Господарот свој, ниту да ја отфрлаш вистината!

Должност е да се поведуваме по Веровесникот саллаллаху алејхи ве селлем, во поучување на незнајковците, грешните и порочните. Зошто оној кој поучува со грубост и невесело лици, греши и отстапува од Веровесниковиот саллаллаху алејхи ве селлем, начин и во најголем број на случајеви станува поттикнувач на оној кому му упатува совет да истрае воона во што е, предизвикувач на расправии и кавги, па во својата поука ќе стори зло наместо добро. Кој поучува (советува) со радост, насмевка и благост како само да изнесува мислење и известува за некој друг, а не за оној кому му се обраќа, подолго и поделостворно ќе успее во тоа. Ако оној кому му се обраќа не го прифати, тогаш нека советува критикувајќи го насамо. Ако ни тоа не го прифати, тогаш во присатност оној од кого советуваниот се срами. Тоа е начинот на Аллаховото џеллешануху воспитува кога наредил да се зборуваат благи зборови. А Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селлем, не упатуваше совет директно, туку зборуваше:“Што мислат луѓето кои го прават тоа и тоа?“ Тој ја пофалил благопста, наредил олеснување, а го забранил бркањето. Советувал, но се чувал тоа да не премине во досада, Аллах џеллешануху, рекол:

“...а да си остар и груп, би се разбегале од твојата близина“.

Грубоста и острината се потребни еднакво кога се работи за Аллаховите џеллешануху, граници. Не смее тогаш да биде благ оној кој е способен да ја изврши казната.

При советување исто така е многу делотворно, во присуство на оној кој чини зло, оној кој чини добро. Тоа поттикнува на чинење добро. И за пофалбата јас ја гледам само оваа вредност, а никаква друга, односно да се поведе по тоа оној кој ќе ја чуе пофалбата. Затоа, сметам дека е потребно да се забележуваат и доблестите и пороците, за да оној кој ќе го чуе тоа може да избега од забележаното зло кое другиот го направил, а да го посака доброто кое до него допрело, а кое го направил некој пред него, и со тоа да се поучи.

Длабоко размислував за се што небото го покрива и долго за сето тоа мислев, па заклучив дека секое живо битие или работа има во своја природа тоа да, ако е можно, ја искорне самобитноста надругото битие или работа, наметнувајќи му ги своите особини. Така, добриот настојува сите луѓе да бидат порочни. Исто така гледаш дека секој кој нешто спомнува, во желба на тоа да мотивира вели:-И јас го правам тоа!

Секој кој следи некој правец сака сите луѓе тоа да му го одобруваат. Го гледаш тоа и во елементите:-кога еден ќе зајакне во однос на друг, го претвара во свој вид, како што е на пример случајот со растот на дрвото и хранење на растениата и стеблата со вода и влага од земјата, за да го трансформираат тоа во својопт вид. Нека е Возвишен Оној кој тоа така го устроил и мудро уредил!

Нема друго божество освен Него!

Во восхитувачки видови на Аллаховите џеллешануху Моќи спаѓа и тоа што во мноштво битиа не гледаме дека било кое од нив му е слично на друго толку да ја брише секоја разлика помеѓу нив. Го прашав еден старец кој ја преминал осумдесеттата година од својот живот дали во тоа што е дојдено и што заминало забележал дека некои ликови биле потполно слични на овие денешни, па ми одговори дека не забележал, и дека секој лик има нешто по што е различен од другиот. Така е со сите работи на светот. Тоа најдобро го знае оној којдобро ги запознал орудијата и сите сложени тела, кои долго ги набљудувал. Единствено тој може валидно да ја воочи разликата меѓу нив и со помош на разликите да ги препознава. Тоа се разоткрива со душа, а зборот не е кадар да го изрази тоа.


Па нека е Возвишен Моќниот и Мудриот чии Моќи се Бесконечни!


Од делото: Лекување на душите

Автор: Ибн Хазм ел Анделуси

[You must be registered and logged in to see this link.]

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот