Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 11 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 11 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 ХУДБИ on Пет 18 Мај 2012, 12:01 am

Al-Ghuraba

avatar
Модератор
Модератор


Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!


ПРВА ХУДБА


СЛЕДЕТЕ, А ЗА НОВОТАРИИТЕ НЕ ПОВОДЕТЕ СЕ!


Благодарение на Аллах, Заблагодарноста Му припаѓа на Него и на дуњалук и на ахирет. Него го славам и Нему на видливи и невидливи благодати заблагодарувам. Верувам дека нема друг бог освен Аллах, Единствен, Кој нема здруженик, и верувам дека Мухаммед е Негов роб и Негов пратеник, кој со изин од Својот Господар, збунети и неодлучни срца упатил. Нека е Аллахов салават, селам и берекет на него, неговата фамилија и верните асхаби- ѕвезди кои разбиваат темнина и полн месец, видливи- потоа на табиините и сите оние кои ќе ги следат во доброчинство се до Судниот ден.


О робови Аллахови плашете се од Аллах и знајте дека најдобар говор е Аллаховата книга (Аллаховиот говор), а најдобро упатство е упатството на Мухаммед с.а.в.с., а најлошите работи се новотариите; дека е секоја новотарија е бид'ат, секој бид'ат, е заблуда, а секоја заблуда носи во Џехеннем (Оган).


Следете, Аллах да ви се смилува, а за Новотаријата не поводите се, затоа што сте поштедени на сите надоместоци и додавања. Хузејте, р.а., вели: “Ниту еден ибадет кој не го практикувале другарите на Аллаховиот пратеник, с.а.в.с., немојте да го практикувате ни вие, затоа што првите не оставле под оние простор за мислење (и додавање).“


Дарими пренесува веродостоен (сахих) сенедом или ланец на преносување дека Ебу-Муса ел-Еш'ари рекол Ибн-Мес'уду, р.а.: “Величајте го Аллаха- стотина пати', па тие сто пати донесува текбир.Потоа тој повторно кажува: 'Изговарајте' ЛА ИЛАХЕ ИЛЕЛЛАХ' СТО ПАТИ!', патие изговараат'ла иллахе иллелах' сто пати. Потоа тој повторно вели: 'Кажете 'субханАллах' (славете го Аллаха) сто пати!', па тие изговараат 'субханАллах' сто пати. На тоа Ибн-Мес'уд ќе рече: 'Зошто не им нареди да ги бројат нивните лоши дела, а јас им гарантирам дека од нивните добри дела нема да пропастат ништо.' Потоа одишол до една халка, стоел пред нив и рекол: 'Што гледам да работете?' Одговорија: 'Ебу-Абдуррахман, со камења броеме текбири, техлиле(ла иллахе иллелах), тесбихе(субханАллах) и тахмиде (елхамдулиллах).'Тој на тоа им рече: 'Ги пребројувате вашите лоши ('рѓави) дела, а јас гарантирам дека ништо од вашите добри дела нема да бидат во пропаст. Тешко на вас, о уннете Мухаммедов, како брзо одете во пропаст! Ете на вас неговите(Пејгамберови) асхаби присутни во голем број, и ете вам облеки негови, уште не се распала! Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа, вие или сте во верата подобри од Мухаммедовите или отворате врата на заблуди и пропасти!' Тие на тоа му рекоа:'Ебу-Абдуррахман, се колнеме во Аллах, само добро посакувавме.'А тој додадол: 'Колку се оние кои посакуваат добро,но не го достигнуваат!'“


Се зборува дека некој човек го прашал на Малик ибн Енеса: “Од каде ихрам ќе направам-хаџ занијетам?“ Тој му рекол: “Од каде занијетил Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с.“ Човекот на тоа повторно:“А ако занијетам порано откако што тој го направил?“ Малик на тоа му одговори:

“Возвишениот Аллах кажува: „Повикот на пејгамберот меѓу вас не сметајте го како повикот ваш кој го упатувате еднисодруги. Аллах, секако, ги знае оние меѓу вас кои бегаат кришум. Оние кои се спротиставуваат на наредбата Негова нека бидат внимателни: ќе ги снајде казна болна!“ Сура-Ен Нур, 63ајет.


А има ли поголемо искушение од тоа да сметаш дека ти е подарено добро кое не било подарено на Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с.?“Затоа плашете се од Аллах, Аллах ви се смилувал, и следете го патот на првитe генерации. Држите се на следното, бегајте од воведување новотарии.


Обработка: [You must be registered and logged in to see this link.]

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

2 ХУДБИ on Саб 26 Мај 2012, 3:47 am

Al-Ghuraba

avatar
Модератор
Модератор


Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!


ВТОРА ХУДБА


ОПОМЕНУВАЊЕ ЗА ОЗБОРУВАЊЕ И КЛЕВЕТЕЊЕ!



Заблагодарност на Аллах, кој верниците ги направи браќа, меѓусебно да се потпомагаат во доброчинство и богобојазност и секој од нив да ги цени и почитува другите: негов живот, иметок и чест, затоа на муслиман му е харам на другиот муслиман во секој поглед- како кажува одбраниот Веровесник. Сведочам дека само Аллах е Бог и дека нема здруженик, Тој е Господар на Земјата и небесата, и сведочам дека Мухаммед е Негов роб и Негов избран Пејгамбер. Нека е неизмерен салават Аллахов и селам, додека трае денот и ноќта, на него, на неговата фамилија, на неговите асхаби, доброчинителите и верните и сите оние кои ќе ги следат во добро.

О Луѓе! Плашете се од Возвишениот Аллах, почитувајте ги правата на вашите браќа муслимани и штитете ја нивната чест како што го штитите нивниот крв (живот) и нивните имоти.

Почитувани муслимани! Меѓу голем број на муслимани се прошириле две опасни и тешки болести, а од нив лесно е да се сочува и заштити секој оној кој Аллах ќе му олесни. Браќа муслимани, меѓу нас се прошири болест на озборуварање и клеветење. Што се однесува до озборуварањето тоа е да споменеш нешто за човек во негово отсуство што тој го мрази (не сака) за него да се спомина (зборува) ; било да се работи за дела или особини. Нажалост, сета сила кај многу луѓе се намалува на тоа дека се јаде месо на тој и тој (овој и овој) говорејќи: кај тој и тој се наоѓа тоа и тоа, тоа и тоа?...Меѓутоа, кога малку би се распрашал и погледал, би здогледал дека тој има највеќе мани од сите луѓе, дека е со најлош морал и ахлак и дека најслабо поверување е меѓу нив. Човек како што овој донесува несреќа и злобен код и на себе и на своите сабесједницима, затоа што ако соговорниците негови не му преговорат и не го прекорат, постануваат негови соучесници, па макар и ништо да не зборуваат.
Почитувани муслимани! Аллах на човекот кој ги озборува своите браќа муслимани го прикажал во нај лош лик, изедначувајќи го со оној кој јаде месо на својот мртвиот брат а доволна причина за одвратност и лошиот да го видиш човекот какао седи на лешот од својот брат, го кине неговото месо и го јаде!?

Ценети верници(браќа муслимани)! Ваша должност и обврска кога ќе чуете на некои кои ги оговараат браќата муслимани, спречите го и заштитете ја честа на вашите браќа. Зарем нема, кога би виделе некој да стои на џеназето (мртвото тело) муслиман и го јаде неговото месо, зарем нема сите да скочите и да го спречете и да го наружуте? Озборување е во целосност така како што кажува Возвишениот Аллах:

“Не испитувајте се и не озборувајте се еднисодруги. Посакува ли некој од вас да го јаде месото од брат му, мртов! Е, само колку е одвратно тоа!“ Сура Ел-Хуџурат,12 ајет


А нее далеку оној кој ги озборува своите браќа да биде казнет на Судниот ден така што браќата ќе му бидат придонесени (донесени) во лик на мртваци (мртви личности) па ќе биде принуден да го јаде нивното месо, како што се пренесува во хадисот Пејгамберов, с.а.в.с., Исто така, се пренесува дека Пејгамберот во ноќта на Мираџ (мираџајској ноќ) поминувал пред грапа на луѓе кои имале нокти од бакар (бакарни нокти) кои грепќаа и жигосували своите лица и своите гради. “Кои се овие“, го запрашал Пејгамберот на Џибрил а.с., а тој рекол: “Овие се оние кои јадеа човечко месо и ја искривија нивната чест.“ Пејгамбер, алејхис-салату вес-селам, рекол уште: “О вие кои сте обечале со вашите јазици, а иманот не влезен во нивните срца, немојте да ги озборувате муслиманите и немојте да ги пратете и следете нивните слабости и недостатоци, затоа што кој ќе ги прати нивните слабости и срамоти, Аллах ќе ја следи неговата срамота (слабост), а чија слабост Аллах ќе ја следи, ќе го осрамоти во неговата куќа“, тоа е, па макар и да биде во своја куќа.
Почитувани браќа муслимани!Повеќето од оние кои со гибет(озборување) се бават, кога се посоветуваат, велат: “Ние не лажеме на него, тој работи тоа и тоа!'“ А порано и на Пејгамберот, с.а.в.с., му било кажано: “Што мислиш ти ако кај мојот брат се наоѓа онеа што јас го кажувам?“, па одговорил: “Ако покрај него онеа што кажуваш, си го озборувал, а ако тоа не се однесува кај него, тогаш си го клеветел.“ Така Пратеникот, с.а.в.с., му објаснал на својот уммет дека озборувањето се подразбира да му припишеш на својот брат мана која не се наоѓа кај него, а ако си му припишал мана која не се наоѓа кај него, тогаш тоа спаѓа (опфаќа) две лошотии: повтору (клеветење) и озборување. Еден број на улемата (научниците) наведува дека озборувањето спаѓа во големи гревови, па затоа сочувај се брате муслимане, и позабавувај се со своите мани и недостатоци, наместо со туѓите, та претреси се и преиспитај се самиот себеси, т.е. дали си ти чист и непорочан, затоа што, можда, на луѓето им наоѓаш мани, а ти и имаш највеќе?! А ако си искрен во својот говор и добронамерен во давање совети па најдеш кај својот брат некоја мана или недостаток, тогаш тоа е должност и обврска да стапиш во контакт со него и го посоветуваш (помеѓу тебе и него, не јавно). Тоа е она најлесно иманско братство и исламско учење.
Што се, пак, работи за другата болес која се проширила меѓу еден број на луѓе, тоа е болест на клеветење, а значи, односно подразумување на преносување или разносување лоши зборови меѓу луѓето. Така оној кој се бави со клеветење, оди кај некои личности и кажува јој:“Тој и тој зборува за тебе тоа и тоа“, со намера на одделување и расправање до непријателства и мржње меѓу муслиманите. Тоа е клеветење која спаѓа во големи гревови и едно од причините на кабурските казни и џеххенемските искушенија. Пејгамбер, с.а.в.с, рекол: “Во Џеннет нема да влезе клеветникот.“ А во една прилика поминал покрај два мезари (гробови) па рекол: “Овие се двојца, навистина, се маќат и патат, а не се маќат поради нешто големо“, тоа е поради работи кои тешко е да се избегнат. “Што се однесува до едниот, тој не се чувал (чистел) од мокраќа, а што се однесува до другиот, тој се бавеше со клеветење (трачањем).“
Почитувани муслимани, должност е на оној кој некој ќе му пренеси дека тој и тој зборувам за него тоа и тоа, да го укори и наружи, да го одврати, да го спреќи од тоа и да се сочува, затоа шео оној кој ти пренесува збор од луѓето за тебе, ќе пренесе од тебе тоа што не си го рекол.

Возвишениот Аллах вели:

“И не биди послушен на ниеден колнач презрен! Голем клеветник, пренесувач на зборови.“ Сура Ел-Калем,10 и 11ајет.

Го молам на Возвишениот Аллах да ни помогне да се окитиме со убави чуда и и морал и добри дела, да не сочува од лоши чуда и рѓави (покудени) дела и да не упати по Својот Прав пат. Тој е, навистина, великодушен и племенит. И нека биде салават Аллахов и селам неизмерен на нашиот Пејгамбер Мухаммед, на неговата фамилија и на неговите асхаби...


Обработка: [You must be registered and logged in to see this link.]


[You must be registered and logged in to see this link.]

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

3 ХУДБИ on Пет 06 Jул 2012, 5:54 pm

Al-Ghuraba

avatar
Модератор
Модератор


Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!


ТРЕТА ХУДБА


ОДНОСОТ НА МУСЛИМАНОТ СПРЕМА МУСЛИМАНОТ


Абдуллах ибн Омер пренесува дека Мухаммед с.а.в.с. рекол: “Муслиманот на муслиманот му е брат и нема да му направи никаква неправда. На оној кој му помага на својот брат муслиман при неговите потреби Аллах ќе му ги исполни (удоволи) неговите потреби. Оној кој ќе му олесни на својот брат муслиман било каква тешкотија Аллах ќе му ги олесни неговите тешкотии на Судниот Ден. Оној кој ќе му ја покрие некоја срамота на својот брат муслиман Аллах џ.ш. ќе му ги покрие неговите срамоти на Судниот Ден.“ (Бухари и Муслим)

Овој хадис ни ги објаснува правилата на однесување на Муслиманите еден кон друг. Во горе цитираниот хадис на прво место се споменува Исламското братство, кое што не смее да биде испомешано со било какво насилство, братство со кое што не смее да биде помешано со било каква неправда и конечно братствокое што не смее да биде со било какво изневерување на својот брат муслиман.

Мотивиран од денешнава ситуација во која се наоѓаат муслиманите, односно од начинот на кој што нашите браќа муслимани се однесуваат едни спрема други оваа моја худба сакам да ја посветам токму на оваа проблематика. Возвишениот Аллах џ.ш. во ајетот кој го цитирав на почетокот на оваа худба вели:

„Аллах никого не оптеретува преку своите можности, во негова корист е доброто што ќе го сработи, а на негова штета е злото што ќе го сработи...“ (Бекара-286)

Имено секој еден човек што ќе посее тоа и ќе жнее. Аллаховите прописи не се никаков товар, туку напротив тие претставуваат олеснување за нас муслиманите. Ако критички ја проанализираме денешнава состојба би дошле до следнава констатација: Има луѓе кои се владеат според правилата и верските одредби, како и еден значително поголем број на луѓе кои не се владеат според истите.

Ако ја проанализираме нашава состојба ќе дојдеме до заклучок дека заедничко ни е останато само свртување према кибла, до некаде заеднички сме во намазот, потот, хаџот итн. Меѓутоа ако пак се вратиме на сегментите од горе цитираниот хадис работите се сосема поинакви. Денес муслиманот на другиот муслиман не му е веќе брат во правата смисла, денес муслиманот на другиот муслиман му нанесува неправда, зулум, кога на својата несреќа , сите мани и недостатоци на својот брат муслиман ги изнесува на виделина. Муслиманот на својот брат муслиман го омаловажува, го дискредитира пред пошироката народна маса само заради своето „его„ само за тој да биде поафторитативен пред пошироката народна маса.

Сите ние тврдиме дека сме муслимани, но колку ние ги поседуваме својствата на прави муслимани тоа е еден голем знак прашалник.
Дефиницијата на прав муслиман ја дал Мухаммед с.а.в.с. пред повеќе од 1400 години преку хадисот кој гласи:„Прав Муслиман е оној Муслиман од чии јазик и раце се сигурни другите Муслимани.“

Иншх'Аллах нашиве денешни муслимани да влезат во оваа група, но за жал во ова време во кое живееме би можела да се даде малку поинаква дефиниција на еден голем дел од денешните муслимани која би гласела:„Прав муслиман е оној муслиман од чии јазик и раце не се сигурни преостанатите муслимани и муслиманки.“
Како доказ за ова може да ни послужи денешнава пракса, а немуслиманите пак ја користат оваа ситуација и фрлаат жар и пепел врз нашата вера Дини Ислам, но на сите едно треба да им биде јасно на сите непратели дека Исламот е едно а муслиманите се сосема друго. Исто така треба да им биде јасно на сите непријатели на Исламот, па и на сите нас дека ако некој муслиман греши Исламот за тоа воопшто не е виновен.

Каде е онаа генерација на Муслимани која со понос викала Ене Муслимун (Јас сум Муслиман). Ние денес ако се најдеме во некое неисламско друштво се срамиме да го кажеме нашето муслиманско, исто така голем е бројот на наши гурбетчии кои од запад го носат она што е неисламско ја носат нивната култура. Во нашиве редови имаме голем број на мунафици, отпадници кои што работат против Исламот односно кои што работат против самите себесе. За жал сите овие негативни работи длабоко се навлезени во нашите пори, во нашата крв но никој не дигнува глас на спротивставеност. А пак од друга страна доколку се работи за некаков си сопствен интерес не само што ќе дигнеме глас туку доколку е потребно ќе примениме и сила па и оружје.

Оговарање, завидност, омаловажување, шпионажа, никаквиот однос спрема својот брат муслиман постанале дел од секојдневието. Не само што е должност на секој ден муслиман да внимава на вакви не дела туку е должност да се труди и другите да ги спречи бидејќи Возвишениот Аллах џ.ш. вели:

“нека меѓу вами биде една група која ќе повикува кон добро, а ќе одвраќа од зло. Нека наредува добро а нека забранува зло. Таквите сигурно се спасени.“ (Али Имран, 104)

Дали и ние сме такви добро би било кога би си поставиле прашање на самите себеси, или пак ние сме од оние кои повикуваат на зло а одвраќааат од добро.
Зарем секој еден од нас незнае дека: оговарањето и шпионирањето Возвишениот Аллах џ.ш. го средил со јадењето месо од својот мртов брат. Во Кур'анот се вели:

“О Верници избегнувајте ги сомневањата многу, некои сомневања навистина се грев. Не испитувајте се и не озборувајте се едни со други. Посакува ли некој од вас да го јаде месото од својот мртов брат! Е само колку е одвратно тоа! Плашете се од Аллах, Аллах навистина е Простувач Сомилосен.“ (Хуџурат, 12)

Врз база на ова кој од нас може да рече дека не е лешинар. Многу добро ни е познато дека само лешинарите го јадат месото од својот мртов брат. Ние наместо да се откажеме од вакви лоши пороци ние упорно одеме кон тоа односно кон патот на пропаста, кон провалијата. Возвишениот Аллах џ.ш. многу добро му има кажано на Мухаммед с.а.в.с. Во Кур'анот каде вели:

“А Ти (о Мухаммеде) никогаш не помислувај дека Аллах не гледа што прават насилниците! Тој само им дозволува да останат до денот кога очите ќе им се скаменат отворени (ошиклени).“ (Ибрахим, 42)

Овие негативни својства кои што за жал еден голем број од луѓе ги поседуваат се причина за сите зла и несреќи, овие својства се најголемата пречка за воспоставување на правда, мир и коегзистенција меѓу луѓето.

,,Еден Асхаб го навредил Билала р.а. велејќи му ти си син на црна мајка. После едно одредено време тој сватил каква грешка направил и отишол му се извинил со солзи во очите побарал халалок од Билала дури ја ставил и својата глава во земја за Билал да помине по неа.

На ова Мухаммед с.а.в.с. рекол: „Да не го направеше тоа односно да не побараше опрост од Билала тоа ќе ти беше доволно за да бидеш еден од становниците на Џехеннемот.“

Далаи Лама Врховниот поглавар на Будистите ви тибет рекол: „Верниците во светот се разликуваат меѓусебе во нивните ритуали и начинот на изведбата на повикување на добро а одвраќање од зло и меѓусебно почитување а без спроведување на ова во животот нема нити бкагосостојба, ниту мир на земјата.

За крај нека на сите ни биде јасно дека муслиманот, нашиот брат не е нашиот главен непријател. Да го молиме сите ние Возвишениот Аллах да не упати на вистинскиот пат, и да се разбудиме од оваа илузија во која сме западнале, ако веќе и не е касно. Амин1 Амин! Амин!


Обработка: Ахли-Суннет

[You must be registered and logged in to see this link.]

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

4 Re: ХУДБИ on Пет 10 Aвг 2012, 5:03 am

Al-Ghuraba

avatar
Модератор
Модератор


Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!

ЧЕТВРТА ХУДБА


ЏЕННЕТСКИТЕ ВРАТИ РЕЈЈАН СЕ ЗА ОНИЕ КОИ СЕ РАДУВААТ НА РАМАЗАНОТ




Рамазан со себе донесува радост и благослов. Во него има изобилство добро и голема Аллахова милост. Рамазан за верничките срца значи смиреност, спокој и среќа. За верникот во рамазан постојат две радости: радост при дочек на ифтар и радост на Судниот ден поради награда за постот. Хадис на оваа тема малку-повеќе на секој е добро познат, но се запрашуваме кој тоа заслужува две радости? Постои ли за тоа услов и каква е суштината на постот кој нас ќе не доведе до тоа? Оној кој пости само од јадење и пиење, а не се воздржува од лош говор и постапувања по него, не ги чува очите, ушите и останатите органи од забранетост, не се смета за успешен постач, како што кажува Аллаховиот Пратеник во хадисот кој го пренесува Ебу Хурејре:“Кој не го напушти лажниот говор и постапување по него(во текот на постот), на Аллах не му е потребно да се воздржува од јадење и пиење.“ Доста блиски на оваа врста губитници се оние кои постат поради обичај и навика, или оние кои постат мрзоволно, неугодувајќи, со желба што порано да замине постот за да би се повратил на својата заблуда. Смислата на постот далеку е поголем. Постот за Аллах е најсакано дело за кое Тој наградува од Себе, без полагање сметка.


Џеннетската врата Рејјан исчекува влез на сосема други врсти постачи. Тоа се оние кои се радуваат за доаѓањето на рамазанот, кои размислуваат за неговата смисла и поука, кои со неговото доаѓање донесуваат цврста одлука дека ќе го искористат секој негов момент. Тоа се оние кои настојуваат да ги сочуваат своите органи и очистат својата душа, потоа ги исполнуваат со искрена покорност и љубов спрема Аллаха и Неговата вера. Таквите постачи се Посланиковите зборови кои исто така ги пренесува Ебу Хурејре:“Кој ќе пости рамазан верувајќи и надевајќи се(на обечаната) награда, му се опростени неговите претходи гревови.“ (Муттефекун алејхи) Т.е. кој ќе пости, верувајќи дека постот е вистина и Аллахова наредба која не приближува кај Него, потоа се надева на ветената награда единствено од Него, го заслужил Неговиот опрост. Опрост кој тука се споменува се однесува само на мали гревови, затоа што големите гревови бараат искрено покајување кај Аллаха, како што може да се разбере од контекст другиот хадис кој го пренесува истиот асхаб од Аллаховиот Пратеник дека рекол:“Пет дневни намази, џумаа до џумаа, рамазан до рамазан, се откуп на гревовите кои се посветени меѓу нив, доколку се избегнуваат големите гревови.“ Забележува Муслим. Правите постачи се свесни на Аллаховите милости и изобилства кои се делат во овие благословени денови. Затоа ги гледаме како се трудат нивниот пост да биде потполно исправен со сите свои услови и етничко однесување, како што настојуваат да го сочуваат од се што може да го наруши. Од пракса на Аллаховиот Пратеник во месецот рамазан било да го зголеми својот намаз и да дели садака и да им помага на потребните. Посебна внимателност посветуваше на учењето од Кур'анот и тоа на своите следбеници им го остави во порака.


Радост на постачите не е ограничена на спознавање за наградата која ги очекува на постачите. Пост е , како што кажуваат научниците, најдобар пат кој на човекот го води и цел која му донесува среќа на овој и на идниот свет. Тоа е богобојазност, а постот е негов извор, како што кажува Возвишениот:

“О верници, ви се пропишува пост, како што им е пропишан на тие пред вас, за да се отргнете од гревови.“ (Ел-Бекаре,183.).

Постачот се приближува кај Аллах по патот на оставање на страстите, постот го зголемува своето верување, и се учи стрпливост и поднесување на потешкотиите. Постот е предизвик за зголемување на добри дела. Посебно е значаен во образовни моменти кога душата се воздигнува над барања и страсти. Во месецот рамазан тоа е посебно олеснето, затоа што постот ги стеснува патиштата на шејтанот кои ги води човечкото тело.

Обработка: Ахлу Суннет

[You must be registered and logged in to see this link.]

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

5 Re: ХУДБИ on Саб 29 Сеп 2012, 9:12 pm

Al-Ghuraba

avatar
Модератор
Модератор


Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!

ПЕТТА ХУДБА

ШТИТИ ЈА ИСЛАМСКАТА ВЕРА, ЖИВОТОТ, ЧЕСТТА И ИМОТОТ




Заблагодарност на Аллах, Моќниот и Величествениот, Благиот и Милостивиот. Тој вистина одредува и по правда суди. Тој е Мудар и Свезнаен. Сведчам дека нема друг бог освен Аллаха, Единствениот, Кој нема здруженик, сведоченост од која се надевам за болната казна (во Џехеннемот) и награда во вечната благосостојба (Џеннетот). И сведочам дека Мухаммед е Негов роб и Негов пратеник, кој е испратен со вистина да повикува на правиот пат. Нека биде Аллахов салават и неизмерен селам, на неговата фамилија, на асхабите и на сите оние кои ќе ја следат нивната исправна вера.

“И оние кои освен на Аллах не се повикуваат на друг бог, и кои не убиваат никого за кого забрани Аллах, освен по правда...А оној кој ова го прави ќе вкуси гнев“. Сура-Ел Фуркан,68

Кажи:“Дојдете! Ќе ви го кажам она што ви го забрани Господарот ваш: здруженик да не Му припишувате, на родителите добро да им правите, да не ги убивате децата ваши заради немаштија зошто и вам и ним Ним ние ви дадовме нафака..., не приближувајте се кон срамните работи било тие да се јавни или тајни, и не убивајте човек за кого такво нешто Аллах забрани освен по правда. Ете тоа Аллах ви го остави така да биде за да се вразумите.“Сура-Ел Ен’ам,151

А Пратеникот, с.а.в.с., рекол:“ Тргнете се од седум тешки гревови: припишување здруженик на Аллах, сихр(магија), убивање невини личности – освен по правда..., после крајот на овој хадис рекол:“Грдење и пцуење на муслиманите е грев, а борба против него е куфр-неверство.“ И уште рекол:“Муслиман останува во заобиколеност во својата вера се додека не се пролее невина крв.“ (Пренесува Бухари)

“А оној кој ќе убие верник намерно, тогаш, казната негова е Џехеннемот. Во него за навек ќе остане. Аллах врз него ќе го разлее гневот Свој, ќе го проколни и ќе му посготво казна голема. Сура-Ен Ниса,93

Пратеникот, с.а.в.с., рекол:“Кога жителите на небесата и земјата би учествувале во убиство на муминот (верникот), Аллах на сите би ги фрлил во Оган.“
Поради заштита на живото Аллах џ.ш., пропишал кисас, одмазда, говорејќи:

“О верници! Ви се пропишува одмазда за убивање.“ Сура-Ел Бекаре,178

Ова се однесува на Мухаммедовиот, с.а.в.с., уммет, а за израелчаните рекол:

“Ние во него препишавме ’глава за глава’“ Сура-Ел Маиде,45

Веровесникот, с.а.в.с., рекол:“ Крвта на муслиманот не е дозволена освен во три случаи: оженет прељубник (оној кој прави проституција, а оженет е), глава за глава и оној кој ќе ја напушти својата вера (ислам) и џемаатот (заедницата).“

“О верници пропишана ви е одмазда за убиените: слободен за слободен, роб за роб, жена за жена. Па, на оној што ќе му биде простено од брат му, нека постапи пристојно и нека му возврати со доброчинство. Ете, тоа е олеснение и милост од Господарот ваш. Сура-Ел Бекаре,178

Пратеникот, с.а.в.с., рекол:“На кого некој ќе му биде убиен, тој има право да избере една од две работи-која ќе му одговара повеќе: да прима откуп или да изврши кисас-одмазда.

“Во одмаздата ви е животот, о вие со разбир надарени, за да бидете богобојазливи! Сура-Ел Бекаре,179

“И не трошете го имотот ваш еднисодруги нечесно! Заради имотот, не спорете се пред судот: грешно да не потрошите дел од имотот на луѓето, знаејќи! Сура-Ел Бекаре,188

Веровесникот, с.а.в.с., вели:“Кого ќе најдете да прави дело Лутовог народ (хомосексуализам), убијте го на оној кој го потчинал тоа дело и на оној кому му се прави.“

“А оние кои фрлаат лага врз чесните жени, а за тоа нема да донесат четири сведоци, удрете им осумдесет корбачи и сведочењето нивно никогаш повеќе не примајте го. Тоа се нечесни луѓе. Сура-Ен Нур,4

А што се однесува заштита на честа од друштвена страна, тука Аллах џ.ш. им забранува на муслиманите меѓусебно да се исмејуваат, ругаат и клеветат, едни на други со ружни надимаци нарекуваат и едни на други да се гибетат – оговараат. А гибет е да кажеш нешто за својот брат тој што не сака, во негово отсуство, Све тоа Возвишениот Аллах го споменува во сура Ел-Хуџурат, па вели:

“О верници, мажите еднисодруги нека не се потценуваат, можеби едните се подобри од другите. Не грдете се самите себеси и не надавајте надимоци лоши еднисодруги. Е, само колку е само лоша расипаноста по верувањето! А оние кои нема да се покајат-та, зулумќари се! О верници, избегнувајте ги сомневањата многу; некои сомневања, навистина, се грев. Не испитувајте се и не озборувајте се еднисодруги. Посакува ли некој од вас да го јаде месото од брат му, мртов! Е, само колку е одбојно тоа! Плашете се од Аллаха! Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!“ Сура-Ел Хуџурат,11-12

Го молам на Возвишениот Аллах џ.ш. да ми го опрости секој грев и мене, и вама и на сите муслимани, па барајте и вие опрост од Него, затоа што Тој многу опростува и Сомилосен е.

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

6 Re: ХУДБИ on Пет 26 Окт 2012, 8:20 pm

Al-Ghuraba

avatar
Модератор
Модератор


Во името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!

шеста худба

ПЕТ РАБОТИ КОИ ГИ УСМРТУВААТ НА ЧОВЕЧКИТЕ СРЦА



Благодарение на Аллах, Заблагодарноста Му припаѓа на Него и на дуњалук и на ахирет. Него го славам и Нему на видливи и невидливи благодати заблагодарувам. Верувам дека нема друг бог освен Аллах, Единствен, Кој нема здруженик, и верувам дека Мухаммед е Негов роб и Негов пратеник, кој со изин од Својот Господар, збунети и неодлучни срца упатил. Нека е Аллахов салават, селам и берекет на него, неговата фамилија и верните асхаби- ѕвезди кои разбиваат темнина и полн месец, видливи- потоа на табиините и сите оние кои ќе ги следат во доброчинство се до Судниот ден.

Споменатата тема ќе ја третирам во желба да ги идентификуваме тие пет опасности и да не си дозволиме истите работи да ги умртва и уништат на нашите срца. Имам Ибн Кајјим Ел-Џевзи пишувајќи на оваа тема кажува дека тие петт работи се: 1.Претеран контакт со луѓето; 2.Преголема надеж; 3.Врзување за некого или нешто освен Аллаха; 4.Претерување во јадење и 5.Претерано спиење. Тој споменатите работи детално ги објаснува, а јас поради краткото време ќе го направам скратено.

1.Прекумерен контакт со луѓето:

Тие браќа и сестри го отргнуваат на човекот од Аллаха, субханеху ве те’ала, затоа што човекот на тој начин се оптеретува со проблеми и потреби на други луѓе, во желба да ги сослуша и да им помогне, не секогаш слушајќи тоа што не му користи и на тој начин губи време или слуша нешто што е лошо, што на него остава лош впечаток, а тој од тоа понекогаш не е свесен. Тие контакти и дружења често прераснуваат во чиста дуњалучка корист, а понекогаш се претвараат и во неверство. Мораме да признаеме дека се помалку имаме вистински братски контакти и од нашата комуникација со роднините, комшиите и познатите кои има чист придонес на дуњаличките интереси. Ми вели еден мој добар аџија, кој како службеник во Министерството за одбрана во Босна и Херцеговина заминал во пензија, дека внукот го приметил:“Дедо, како ти оде во пензија повеќе никој нас не не повикува на ифтар во деновите на рамазан!?“, а додека беше на позиција да помогне, а сакаше и можеше, имаше повеќе повици на ифтар отколку деновите во рамазанот. Да признаеме браќа и сестри, дека нас ни се потребни селами, состаноци и разговори, ни недостигнува братската насмевка, братска стисната рака, братското прегрнување, ни недостигнуваат зборови за подршка, пофалби, заблагодарности итн.

Вели Аллах, субханеху ве те’ала, во ајетот од 27.-29. Суре Ел-Фуркан:

На Денот кога неверникот рацете свои ќе ги гризе зборувајќи:“Да имав среќа да се држев на правиот Пратеников пат, да имав среќа, тешко мене, тогаш за пријател не го зедов, тој ме одврати од Кур’анот од после што ми беше објавен!“-а шејтанот за човекот секогаш е предавник!



А во 67. ајет Суре Ез –Зухруф, стои:

Тој Ден тие кои едни на други биле пријатели ќе бидат непријатели, освен богобојазните.

Браќа и сестри, на Суднниот ден и ближните пријатели едни на други ќе бидат непријатели, освен муттекија (богобојазните). Затоа за себе земај ги тие пријатели кои се плашат од Аллах!
Спрема тоа верниците се состануваат во името на Аллах, субханеху ве те’ала, меѓусебно се советуваат и помагаат се сакаат и го чуваат времето како благодат, па се трудеме и ние да бидеме такви!


2.Преголема надеж:

Таа е непрегледно море во коешто се наоѓа крајот и лажната убавина, која не донесува среќа. Верникот секогаш треба да се труди да го зајакнува иманот и да се припрема за следниот свет, преку правење на добри дела и чување од гревови и сите негово дуњалучки планови и работи да се поврзуваат за Ахирет.


Вели Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, во хадисот кој го забележува имам Ахмед, во Муснедот:

Пренесува Ајша, радијаллаху анха, дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:“Дуњалукот е куќа, на тој кој што нема куќа, имот на оној, кој што нема имот и за него се собира оној кој што нема памет!“ (Ахмед)

Во друго предание кое го бележи имам Хаким стои:

Пренесува Абдуллах ибн Мес’уд, радијаллаху анху, дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:“Се приближи Судниот ден, а луѓето ја зголемуваат посаканоста за дуњалукот и така само од Аллаха се отргнуваат!“ (Хаким)


Емевијски халифа Абду-л-Азиз ибн Мерван на смрта наредил да бидат донесени чефини во кои после смрта ќе биде завиткан. Кога му ги донеле и ставиле пред него, рекол:“Субханаллах (Заблагодарност на Аллах), дали може од дуњалукот и силното богатство кое го поседував нема да земам ништо освен овие три чаршави во кои ќе го завиткаат моето тело?!“ А тогаш тажно се заздишал и дадашол:“Дуњалуче, навистина ти си беден и безвреден! Твојата многубројност на крајт се претвори во малекност а твојата должина постанува симбол на краткост и завршница. Навистина луѓето се измамиле со тебе.“


3.Врзување за некого или нешто освен Аллаха:

Ова браќа и сестри е голема опасност за човечките срца, што потврдува 24. Ајет Суре Ет-Тевбе:

Кажи:“Ако ви се татковците ваши, и децата ваши, и браќата ваши, и сестрите ваши, и родот ваш, и имотот ваш кој го спрчаливте, и за трговијата која се плашите дека ќе пропадне, и местата ваши со кои сте задоволни..помили од Аллаха и од пејгамберот Негов И ОД БОРБАТА НА Аллаховиот пат, тогаш, причекајте се додека не дојде наредбата Аллахова! Аллах не го упатува народот расипнички!“

Според тоа, браќа и сестри нашата љубов спрема Аллах, субханеху ве те’ала, Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, и џихадот тредат да бидат пред се според горе наведените, ако сакаме да бидеме спасени на двата света.


4. Прекумереност во јадење:

Забранети јадења делиме во два дела: а) тие кои се во основа забранети, како: лешина, крв, свинско месо и месо на одрени животни и б) тие кои се забранети, затоа што се стекнати на харам начин, како што е украдената работа, каматата и сл.
Забрането е и тоа што е во основа на халал, но ако прекумерено го користиме, како што е пред јадење, кое на човекот од отрга од ибадет и го прави тромим и неспособен за ибадет. Вели Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем во хадисот:

Prenosi Mikdam ibn Ma'di, radijallahu anhu: „Čuo sam Poslanika, sallallahu aljehi ve sellem, kada je rekao: „Čovjek ne napuni goru posudu od svoga stomaka. Dovoljno je čovjeku nekoliko zalogaja, koji ga čine vitalnim. Ako već hoće da jede, neka bude trećina za hranu, trećina za piće i trećina za disanje!“ (Tirmizija)


5. Прекумерено спиење:

Тоа го усмртува човечкото срце, отежнува телото, одзема времето и внесува немарност. Најдобро спиење е тоа кое што е доволно за одмор и тоа тогаш кога човекот ќе задреме. Спиење во првиот дел од ноќта е подобар од последниот дел во ноќта, додека спиењето кое е во краевите на денот и ноќта е многу штетно. Исто така попладневиот одмор е многу корисен и спаѓа во суннет од Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем.

Мекрух е спиење измеѓу сабахот и излезот на Сонцето, затоа што тоа време е постигнување берекет и дова. Тоа е почеток на денот кои што муслиманите, а посебно нивната улема (научници) започнувале со зикр и учење на Кур’анот.

Браќа и сестри, да се сочуваме од споменатите пет работи, кои ги умртвуваат на човечките срца, да бидеме од тие кои се натпреваруваат во добрина и да се припремаме за Денот на полагање сметка!

Го молам на Аллах, џелле ше’нуху, да нас ни помогне да го сочуваме светлото на исламот, да нас не направи од тие кои го следат суннетот на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, да нас не сочува од искушенија кои не можеме да ги поднесеме, нашите деца и потомци да ги направат радосни на нашите очи и срца, да нас ни биде милостив на Судниот ден и во Џеннетот да не почести во друштво со пратеникот, искрените, шехидите и добрите луѓе! Амии!

Превод и Обработка: Ахли-Суннет

[You must be registered and logged in to see this link.]

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот