Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 8 членови он-лајн :: 1 Регистрирани, 0 Скриени и 7 Гости :: 2 Bots

alidzan21

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (939)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1264 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е dekio

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2388 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
Репутацијата не може да се подари, таа се стекнува. Репутацијата не е самовреднување. Репутацијата ја знае, и според неа дејствува некој друг. И државата има своја репутација и таа, како таква, е резултат на нејзиното дејствување. Таа може да биде добра, но исто така и лоша. Повторно велам дека репутацијата ја вреднува некој друг. Во овој контекст сакам да ја развијам мојата беседа во врска со последните настани во оваа земја. Многу лошо е кога некој перцепцијата на самиот себе ја гради врз основа на она што му се сервира, а не врз база на принципот „спознај се себеси“.
Во тој случај неизбежна е погрешната проценка која со себе влече и погрешни потези. Во Македонија се забележува една тенденција перцепцијата на граѓаните за својата држава да се гради врз база на она што се промовира како кампања. Суштината на оваа кампања е мотото „we’re the best (ние сме најдобрите)“, кое резултира со криза кога народот сфаќа дека „we’re not even close (не сме ни блиску)“. Во реалноста на оваа кампања честопати се прават големи грешки бидејќи реалноста не соодветствува со самовреднувањето. Претставениот Супермен, всушност е еден обичен човек кој има многу дилеми кои допираат и до самата срж на индивидуалниот и колективниот идентитет. Во ваква ситуација обединувач на народот е непријателот.

Откако сфатија дека опцијата да се обвинат сите Албанци за петкратното убиство нема да помине толку лесно без да генерира поширока криза, од ракав ја извадија опцијата „исламски радикалисти“. Со логиката еднаш размисли а потоа дејствувај тие ги урнаа и принципите на „правната држава“ во кои веруваат. Повторно дејствуваа преку принципот обвини пред да ја утврдиш вината. Вака дејствуваат лекомислените кои живеат во сонот „we’re the best“. По будењето, на виделина излегува дека повеќе од 50% од уапсените се невини и се ослободуваат додека власта и нејзините мегафони продолжуваат да ја величат акцијата каква што не успеале да изведат ни поразвиените земји.


И порано имам кажано дека треба да се земат предвид два принципа доколку сакаме да да изградиме држава со репутација на „држава“. Првиот принцип е да не се прават компромиси во правдината. Доколку во вакви случаи го жртвуваме принципот на двојни стандарди ние создаваме двојни жртви, убиените како и неправедно обвинетите за тој за тој злостор. Правниот принцип треба да се применува и спрема оние што не размислуваат еднакво како државата. Државата со репутација не ги нарекува радикални оние што мислат дека нивната вера и нејзините принципи се најдобриот модел на живеење што го избрале за себе. Една држава со реноме не го води кон заблуда својот народ прикажувајќи го другиот народ како непријател, ризичен и честопати како чинител на сите зла од кои страда државата. Еден таков принцип ја доведува во прашање подготвеноста на државата да продолжи или не со градење и развивање на истата. Така правдината е најголемата помош што владата може да си ја понуди во градењето на едно општество во кое секој, без разлика на нација и вера, ќе ги ужива правата. Еден ваков чекор ќе стимулира позитивен ангажман од страна на сите.


Вториот принцип што треба да се почитува е да се создаде една ситуација во која народот ќе успее да се спознае себеси, таков каков што е, без разубавување, без мистификации, без комплекси на повисока вредност. Спознавајќи се себеси се отвораат хоризонти за спознавањето на другите. Тогаш без предрасуди ќе анализираме, процениме, а зошто да не и ги коригираме сите општествени појави. Човекот што се познава себеси како што треба е способен да ги осознава и другите без да ги потцени, без да ги стигматизира и без да ги смета за соодветни за жртвување. Само неуспешните идеологии се градени врз принципите на расите и избраните народи. Ѕирнете во историјата доколку не ви текнува за кого зборувам.


Доколку власта не ги зема предвид овие принципи мислам дека јазот помеѓу луѓето во индивидуално и колективно поле од ден на ден ќе биде поширок. Ќе се создаваат несакани ситуации. Ќе останат само протоколарните одредби во кои веќе не веруваат ниту верните партиски следбеници. Овде сакам да ги потсетам и албанските учесници во власта дека не вреди да се брани еден систем кој сè уште не го спроведува доследно принципот на правичност и реалниот пристап кон проблемите. Во најмала рака, отворете ги очите и погледнете ја реалноста која што веќе е мошне јасна. Сеуште верувам во позитивен одговор на мојот повик упатен кон власта. Извршете ги овие два принципа што ги истакнав и ќе видите дека работите ќе почнат да се движат во вистинска насока.


Сега е моментот да се присетиме како и во кој правец ќе продолжиме. Кажано е: Човечкиот напредок не е автоматски и не е неизбежен. Секој чекор кон остварување на правдината бара жртвување, страдање и максимален ангажман. Таа се постигнува со неуморни напори и страсна посветеност на мал број индивидуи (Martin Luther King jr.).


Аллах им дава мудрост на оние кои ги сака.


М-р Амел Куртиши



[You must be registered and logged in to see this link.]


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Келиметул-Хакк

avatar
Талиб
Талиб

Al-Ghuraba

avatar
Модератор
Модератор




[You must be registered and logged in to see this link.]

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот