Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 9 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 9 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

ال اَلَك

avatar
Лектор
Лектор


По Милоста на Аллах го прифатив Исламот како моја религија, и го прифатив како единствена религија по која Бог милува да го славиме (обожуваме).

Открив дека Исламот е единствената вера дадена од Бога за нашето време, бидејќи е пренесена од страна на последниот Божји пратеник Мухаммед а.с. Немало други пратеници после него, а знаеме дека нема ни да има.

Исламот е вистинската вера, но и вера на Вистината. Преку Исламот е пренесена Вистината за Бог, но и суштината за нашето постоење на овој свет. Да го спознаеш Исламот значи - Бог да ти ги отвори очите, ушите и срцето за да можеш да ја видиш Вистината.

Бог го создал човекот да биде Муслиман, но не значи дека сите ќе станеме Муслимани. Веруваме дека Бог упатува кого Тој сака да упати, па независно од потеклото, Муслиман се станува по Божја милост. Досегашното искуство покажува дека Упатството (од Бога) најчесто доаѓа кај оние кои го побарале - оние кои се молеле (на Бог) да ја дознаат Вистината, па Бог се смилулувал и ги упатил во Својата религија.

Многумина се раѓаат во Муслимански семејства, па по традиција и тие се Муслимани. Машките деца се обрежани, а сите во одреден момент од животот кажале шехадет. Многу од овие луѓе еден ден ќе се свртат кон верата и ќе ја видат Вистината, па големо олеснување ќе биде тоа што веќе делумно ќе знаат како да ја практикуваат верата.

Сепак, бидејќи не живееме во шеријат, значителен дел од луѓето што потекнуваат од Муслимански семејства, нема да почнат да ја практикуваат верата во текот на животот, иако некогаш во детството (или во пубертетот) го кажале шехадетот. Но ние веруваме дека Муслимани се сите што го кажале шехадетот, па и тие ќе умрат како Муслимани, а само Аллах знае кој колку и дали бил верник.

Од кога, по Негова милост, станав Муслиман и почнав да запознавам Муслимани, почнав многу често да се среќавам со терминот „конвертити“. Навистина бев изненаден што во мојата родна Македонија некои Муслимани се конвертити, а некои ревертити.

Според општо прифатеното значење на овие термини открив дека во вториот случај се работи за луѓе што потекнуваат од Муслиманско семејство, по подоцна во животот се свртеле кон верата, а во првиот, „конвертити“, се мисли на оние што припаѓале на некоја друга религија, па потоа станале Муслимани.

Понекогаш, значењето на терминот „ревертит“ се проширува, па бидејќи веруваме дека сите луѓе се раѓаат како Муслимани, но не ја практивкуваат верата од самото раѓање, подоцна, кога ќе се свртат кон верата добиваат суфикс „ревертити“. Според оваа дефиниција, значи, наместо Муслимани - сите се Муслимани ревертити!

На овој начин, нарекувајќи ги сите Муслимани - Муслимани ревертити, за жал, добиваме крајна новотарија во верата, што оди против основните начела на Исламот.

Но, постоењето на „конвертити“ воопшто не е занемарливо, бидејќи на конвертит се мисли кога се зборува за човек што „ја сменил верата“. Тука ќе треба сите да се запрашаме како е тоа можно, кога ние како Муслимани добро знаеме дека други религии освен Исламот пред Бога не постојат. А ние кои тоа го знаеме, сигурно не треба на ваков начин да го уважуваме постоењето на некоја друга религија освен на Исламот. Што значи никој не можел да припаѓа на некоја друга религија освен на Исламот, за потоа да стане конвертит.

Дури и да ги тргнеме овие прашања на страна, сепак ќе остане проблемот на новотарија во верата - бидејќи, наместо Муслимани, ќе добиеме Муслимани конвертити и Муслимани ревертити. А јас сеуште не сум наишол на хадис каде што Пратеникот с.а.в.с. некого нарекол конвертит. Не знам за хадис што ќе го оправда постоењето на овие нови две „фракции“, а неминовно е да се сетам на кажаното што предупредува на поделбата: „...Евреите ќе се поделат на 71 секта, Христијаните на 72, а Муслиманите на 73“

Точно е, на терминот „Конвертит“ местото не му е во Исламот. Ова е термин употребуван во „политички цели“ - за да се докаже исправноста на Исламот и фактот дека многу луѓе му пристапуваат на Исламот. Но зар не е неисправно некој да ја докажува исправноста на Исламот, кога самиот Бог го пропишал. Исламот Бог го пропишал, ние го прифаќаме и не смееме да го доведуваме во прашање или статистички да го докажуваме.

Муслиман не се станува само затоа што другите се Муслимани. Ако е Божја Милост, некој ќе стане Муслиман и во средина каде што нема други Муслимани. Па зар забораваме на Мухаммед с.а.в.с. и дека во неговото време кога немало други Муслимани, тој и неговата сопруга станале Муслимани единствено по Божја Милост и Упатство.


Можеме да се гордееме на бројноста на Муслиманите, но дури и во тој случај не смееме нашите браќа и сестри да ги нарекуваме на друг начин освен Муслимани.

И за крај, да бидам јасен и гласен - По Божја милост станав Муслиман и во име на Бога нема да дозволам некој од мене да прави Муслиман конвертит! Не прифаќам припадност во таква секта!


______________________________________________
ال الَكْ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот