Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 7 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 7 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (939)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1264 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е dekio

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2388 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Karşi yaka

avatar
Активен член
Вистината за годините на Аиша р.а


Веродостојноста на хадисите, каде што се говори за годините на Аиша р.а.

Темата која што ја одбрав и напишав,ќе се согласите дека,носи одговорности пред Свемокјниот,доколку погрешно се опишат и прикажат дејствијата кој што се случувале во времето на Мухамед а.с.во врска со неговата веридба и бракот со Аиша р.а..Се обидов да најдам изговор(во смисла на изговаранје на некои термини од арапски па на другите јазици) и да ја кажам причината за вистината за мајка’та на верницете,и колку успеав во тоа,Аллах најдобро знае.Аллах нека биде задоволен со неа.

Земав за право да дадам свои видуванја,мисленја и коментари околу ова тема,нормално базирајки се и на аргументи,и покрај сето тоа,свесен сум дека,сепак ќе има од тие кој што ќе речат:од каде толкава смелост за да се напише тема кој што е доста сложена,деликатна и би рекол доста чуствителна во исламскиот свет и пошироко.

Секој и со секое нешто има свој почеток и крај!


Tолку многу контрадикторности има оклу ова прашање,па си мислам:дали некогаш ќе бидеме во ситуација стопроцентната вистина да ја имаме за ова прашање.Но сепак вистината доколку и не дојде во моментов како што ние очекуваме и како треба да е,не мора тоа да не загрижува,затоа што,сепак одговор постои и тоа добар.Одговорот најдобро секако дека го знае Свемокјниот,и треба да верувам дека,кај и да е и кога тогаш,со Неговата волја(доколку треба и доколку е потребно) ќе биде обелоденета.

Темите од ваков карактер секогаш можеле и можат да добијат погрешна конотација,доколку не се следат инструкциите кој што се наменети на ваквото следенје на работите.

На ова тема од секогаш се говорело и пишувале познавачите на овие прилики,од сите крајеви на светот,пред и потоа,муслимани и немуслимани и од секогаш имало несогласување околу ова прашање,пред се во исламскиот свет(шии’те,рафидии...).Додека во неисламскиот свет секако дека,секогаш погрешно се обидувале погрешно да ја опишат и прикажат вистината за ова.Но овдека ќе спомнам само тоа,дека,крсчанските евангелисти и другите верници но и со помошта на ортодоксните муслимани,го осудуваат Посланикот за женидбата со Аиша р.а.,и како оптужба дека,Ајша р.а.била премлада за брак затоа што Пратеникот бил 50 год постар и немал согласност од неа и не била во состојба да се жени!

Еве,не чекајки многу се обидов на мој начин односно на начин кој што сметав дека е исправно да го направам тоа,јас го направив.Аллах најдобро знае дали успеав делумно во тоа,но доколку не ми успеало и место тоа сум кажал ннешто што не требало,тогаш,го молам Аллах свемокјниот-и сведок мие дека,ништо не правам,а да тоа биде против Неговата волја,освен ако Он не нареди и упати на поинаку.

Бидејки ова е доста деликатно прашање,а јас во суштина го кажав тоа што мислев дека трбаше да се каже за да се разбере преводот и суштинската содржина на хадисите односно нивното значење и внимавав стриктно да ги содржи сите критериуми кој што укажуваат на тоа дека,го направив она што мислев дека е најправедно и исправно.

Доколку некој се обиде да тоа го преведе во детали,како од словенскиот,и арапскиот јазик,може да се случи да тоа не му успее во потполност,поради изговаранје на некои термини во контекст на литератута(јазична)односно лингвистиката.За ова подолу ќе има збор.

Еве конкретен пример пример:ние во Балканските земји освен Словенскиот јазик,за бројката поголема од еден поточно до два и нагоре велиме дека е множина,но во словенскиот бројката до два е двојина а не множина,кај нив и некои од бројките се изговараат спротивно од земјите во балканот.Истата ситуација е и кај Арапите,значи,множината кај нив е после бројката два,пар и дупло ,додека испод тоа е,двојина.Значи овој проблем околу разликите измегју арапскиот и горе наведени јазици и тоа како може да влиаје за разјаснјуване на дилемата оклу веродостојноста на хадисите.

Јас за преводот од турски па и албански,бошњачки и српскохрватски на македонски и обратно,понекогаш го користам транслаторот,кој што нее доволно ефикасен како речник и ништо повеке.Со ваквото работење може да се случи да нешто може да остане непреведено односно како што не треба да биде преведено,но не со намера да тоа намерно го правам.
Како што знаеме,многу зборови од горе наведените јазици па и бугарскиот јазик се користат во балканските простори/држави за иста намена односно имаат исти или слични значења.

Значи,хадисите и ајетите кој што говорат и кој што се поврзани со женидбата на Пејгамберот со Аиша р.а.,требаше да се преведат и јас тоа го направив,со тоа што хадисите ги преведов.

И сега,дали може да се каже дека со годините на Аиша р.а има недоразбиранје околу толкуванјето на цифрите и диалект како што беше примерот и примерите кој што ќе бидат подолу наведени,ќе видиме на крајот.

Пред да ги кажам хадисите,да кажам дека,не сакам ова што го пишувам да биде новина,но факт е дека има несогласување околу ова прашање,и пак ќе повторам,ова е една од причините зошто решив и јас да дадам мои гледишта оклу ова прашање,знаејки при тоа и за одговорноста.

Аиша р.а.која што ја нарекуваат и мајка на верниците,има највише хадиси пренесено во фикхот,и хадисот(од Бухари) кој што е пренесен,доагја директно(како што ќе имате можност во долниот дел на текстот да тоа го видите)од неа.

Тие прописи,а се говори дека,тоа се прописи кој што завземаат четвртина дел од шеријатот.Значи,Аиша р.а.била со најдобро и најточно познаванје и разбиранје на фикхот.Може слободно да се каже дека таа била најдобра како учител,говорник,принципиелна во учењето и токувањето,со одлична прецизна меморија за чуванје на поголеми количини на хадиси напамет,значи,експерт во толкувањето на исламот во целина.Неговата мисија која што му било доверено,таа тоа професионално како никој порано ниту пак после неа,не го обавува.

Во врска со Аиша р.а говори и сура Нур 15 - 17.

Кога тоа го пренесувавте со јазиците ваши и кога го кажавте со устите ваши она за што,всушност,ништо не знаевте,сметајки го тоа незначително,а тоа кај Аллах не е незначително,кога тоа го чувте,зошто не рековте:“Што да зборуваме за ова ?Возвишен си ти !Ова е клевета голема !“
Аллах ве советува,ако сте верници,никогаш да не повторите такво нешто(клевета врз Аиша).

Првата веридба на Аиша р.а било со Дџубејр б.Мути,каде што он се уште не бил го примил исламот.Кога Ебу Бекр(предходно или после раскинот на веридбата со ќеркаси Аиша р.а со Дџубејр б.Мути),водел долги разговори со Мухамед а.с.и за неговата женидбата,тоа нее е познато(барем не за мене),но факт е дека разговори се воделе.Се пренесува,во моментите кога се воделе разговори,дека,пејгамберот одбивал да тоа го направи,и во една прилика Ебу Бекр го запрашал пејгамберот:во што е проблемот,зашто одбиваш да тоа го сториш(се мисли на тоа за да се ожени со ќерка си)?Дали е проблемот финансијски,и доколку е тоа проблем јас ќе ја помогнам свадбата.Значи,тој разговор трајел со денови или повеќе од тоа,а се пренесува тоа дека,во сон на Пејгамберот му дошол,и му било објавено-а со самото тоа и за да одговори позитивно на Ебу Бекр.Но се пренесува и тоа дека,тоа се случило во битката на Бедр во месецот Шеваљ.

Се поставува прашанје,дали суре Нур и Камер кој што се овдека наведени,можно е да се објавени во време кога се случило ова?По хадисите каде што во долниот текст се наведени,тоа се случувало.Но едно е сигурно,разводот на Аиша р.а.со Дџубејр б.Мути нее е случајна,затоа што,тој не бил муслиман,и Аллах не дозволил да мајка на верниците,односно итилигентното девојче се омажи за неверник.Како што говори и хадисот подоле,тоа се случило,но со Пејгамберот.Доколку се следат хадисите,се поставува прашање:кога Мухамед а.с се оженил со Аиша р.а,дали пејгамберот освен тие жени што ги имаше,имаше уште една жена,сестра во иламот,или девојче?!Што се однесува до мојот одговор на ова прашање,ќе одговорам дека,ги оправдувам сите три опцији доколку се базирам на хадисите,мада е тоа далеку за да бидам сигурен во тоа,од причина што хадисите како такви,на моменти,како да го губат веродостојноста поради огромната контрадикторност околу ова прашање.Еве на пример хадисот кој што го пренесува Тебари се разликува видно од хадисот на Бухари.Еве што вели тој:

“Мајка ми дојде до мене кога бев на лулачката и ме спушти доле.Мојата дадилка,лицето ми го избриша со вода и ме поведе со себе.Кога бев кај вратата таа подзастана за да можам да го вратам здивот.Бев доведена внатре додека Мухамед седеше на креветот во нашата куќа.Мајками ме постави да седнам во неговото крило.Останатите жени и луѓе станаа и си отидоа.Пратеникот изврши с. брачен однос со мене во мојата куќа кога имав девет години“(Тебари).

По овој хадис се гледа дека Ајша р.а е прикажана како жена,но Пејгамберот а.с е прикажан во најлошо издание!
Со ова сцена и со оваквото вулгарно прикажуње на дотичниот,се доведува во прашање не само хадисот туку и авторот на хадисот!!!
Дали тоа доаѓа токму од тие каде што горе ги наведов,тоа не мие познато.

Уште едниот хадис,каде што подолу ќе го наведам,доагја токму од најпознатиот пренесувач на хадиси,кој што се најверодостојни и многу исламски алими(науцници,...) му даваат место на неговите збирки на хадиси,веднаш по Куран’от,значи како да е продолжение на Куран’от.И сега,зашто би било нешто чудно,кога човек малку ќе помисли и ќе се распраша:дали има во Куран’от нејасни ајети за кој што за нив знае само Аллах и оние кој што се упатени во тоа ?

Tоа го потврдува и сурето од Куранот Али Имран 7

Он ти објави Книга.Во неа има ајети едноставни.Овие се мајка на Книгата.И ајети сложени.Што се однесува до оние кои во срцата свои имаат скршнувањеги следат,заради збркаи свое толкување,ајетите сложени.Толкувањето нивно го знае само Аллахи оние кои се нурнале во знаење. ...

Се прашувам:зашто тогаш и овие и некои други хадиси би биле јасни или исправни(со оглед на околностите како се пренесувани,пишувани и разбрани),како што се наведени?

Но,овие хадиси навидум изгладат јасни и се водак како сахих хадиси и не би говорел односно не би се осмелил да кажам нешто повеќе од ова што кажав(освен уште тоа подолу што ќе го кажам,односно ќе го пренесувам),затоа што,јас не сум тој што спагја во редовите кој што знае доволно за проблематиката околу хадисите,ниту пак би бил во ситуција да превзамам нешто за да ги менувам нештата кој што одамна стојат непроменети.Но сепак би говорел за великанот,каде што се пренесува дек:самиот тој Бухарија,пред да почне да напише некој хадис во неговата збирка,тој предходно клањал два реќата намаз и барал упат од Аллах.Потоа го истражувал хадисот за да се увери дали ги поминал потребните критериуми за да биде добар,веродостојен,и тек потоа го зацврстувал во неговите збирки.Провел дваесет и пет години по исламскиот свет и по потрага по исламските алими за да го потврдат веродостојноста на неговите хадиси(мегјудругото,дали и овие хадиси ги поминале сите критериуми како што кажав горе,Аллах најдобро знае).

Продолжува,

Karşi yaka

avatar
Активен член
Продолжение;

Мухамед ел Бухари доагја од шафијската правна школа,значи сунитски Ислам.Роден е во Узбекистан во градот Bухар,средна Азија која што се граничи со Киргистанм,Таџикистан,и една до друга спрема југот со Авганистан со Пакистан па до Индија.Таткото негов Исмаил ибн Ибраимм исто така бил алим кој што работел на хадисите.Тој живеел во осмиот век,значи еден век после појавуванјето на исламот,така што некои од хадисите вероватно биле пренесувани и од него.

Зашто го велам ова?Во тоа подрачје во седмиот и осмиот век власта била под окупација на арапите поточно арапскиот калифет под влијание на арапскиот јазик и култура,кој што ја окупирале ова земја и земјите наведени погоре(како и Азербејџан преку...,и на запад со Иран...,каде што овие држави следат и се доминантни во шиитскиот ислам),така што тој имал свежи и точни информаци и ситуацијите и за хадисите со доагјанјето на арапите во ова тло.
Значи,моите информацији говорат за тоа дека,Бухарија бил од узбечко племе,со узбечко и турско потекло.Освен својот узбекистански јазик,тој ги познавал и говорел,значи;арапскиот, турскиот татарскиот,каракалпакскиот,козарскиот,азерскиот(а можеби уште повеќе од ова),кој што се говореле и се говорат во денешен Узбекистан.

Со ова сакам да кажам дека:доколку овие хадиси кој што ќе бидат наведени(вероватно ги имал и во горе наведените земји и во нивните јазици),и кој што се пренесени и од самите арапи кои се дојдени на тоа тло,па и од самиот негов татко-и самиот Бухарија придржувајки се на критериумите кој што беа кажани погоре.I пак ќе се запрашам:тогаш,зашто хадисите не би останале и денес како такви веродостојни од причина како се доагјало до вистината за хадисите?!

Но доколку ги земеме во предвид критиките од критичарите кој што се занимаваат со ова област(истражуванје,коментирање на хадисите во денешницата),ќе приметите и ќе се согласите дека,овие хадиси кој што говорат за годините на Аиша р.а.се пренесувани,не само од Бухарија,имаат највише контрадикторности од сите нивни хадиси во нивните збирки.Значи,овие хадиси(од Бухари) со неговата контрадикторност,се става во една ситуација-и како таква е доведена во ситуција да слабее односно да не држи.Но дали тоа така ќе остане и понатака,Аллах најдобро знае.

Се говори дека имало и има различито толкување на хадисот(и како што кажав погоре),од арапскиот на турскиот и други не арапски држави(и на сите горе наведени јазици кој што ги спомнав),за годините на Аиша р.а.,каде што по некои пресметки се доагјало до тоа дека,Аиша р.а,имала повеќе од тоа како што во хадисот стоји.Значи,кога се мажела имала 18 односно 19 год.,но не по хадисот на Бухари доколку го прочитаме и толкуваме како што на него стоји.

Но,доколку имало недоразбирање со годините кога се случил бракот како што говори хадисот,тогаш,дали неговата веридба оди транспарентно во однос на бракот?Да бидам по јасен:доколку му даваат десет години повеќе од тоа што стоји во хадисот,дали тоа значи дека(доколку се толкува вон границите каде и како треба да се чита),тогаш вероватно треба и годините на веридбата да се толкуваат поинаку!Исто така,тие години се поклопуваат и спрема кажувањето и во однос на годините на нејзината сестра Есма р.а.,каде што Аиша р.а била 10 години помлада,односна таа имала 18 или 19 додека нејзината сестра Есма р.а 28 или 29 години.

Доколку пак се распрашаме,што е со хадисот и неговото веродостојност кој што го пренесува Бухарија и како поинаку ќе го објасниле сево ова?Дали и во овие горе наведени држави и тие другите кој што се со мнозинско муслиманско население па и во немуслиманските држави имаат несогласување околу овој хадис,или пак само тие кој што не го познават арапскиот јазик се суочуваат со овој проблем,тоа немие познато.Затоа,и јас самиот не го познавам арапскиот јазик( истријата и културата нивна донекаде ја знам односно се обидувам нешто да научам),освен тоа што го имам читано Куран’от(на неколку јазика но не и на арапски),хадисите и по разни литератури .По мене,арапскиот јазик можеби е многу сложен за да се преведе,но во суштина не е тежок да се научи за да се говори и чита.Но тоа е сепак многу далеко далеку од тоа и кога би знаел да говорам и читам или пак некој кој тоа го зане,тешко ќе може да ја реши ова загонетка.Евентуално кога би бил некој во ситуација да се обиде тоа да го стри,тој мора да биде повеќе од муџтехид.Не само што треба да е како што кажав во една прилика во една тема ,туку,тој треба да е насловен(вероватно муџтехидите тоа го имаат)со највисокиот академски наслов наречено “Доктор на науки“,во потребните области каде ќе се врши дејствието.

Од тоа што го прочитав некаде,во прошлите месеци,имаше еден термин наречен“Јед“,кој што има дваесет и пет значења,а во дваесеттото значенје стоји и тоа дека:тој збор може да се примени за должината на времето.Ибн Кесир во својата книга Ал-Бидаја Вал-Нихаја,говори дека Есма р.а.умира во 73 година,во временскиот период од сто години!Дали тоа значи дека арапите место бројката 100 го користат бројот 70?На крајот завршувајки го овој текст уште да додадам и да се запрашам:можеби во арапскиот јазик има и други зборови/термини освен овие што беа наведени погоре во текстот - а со тоа вероватно би ни помогнал до некаде(како што и погоре кажав),за приближување на решението во загонетката околу годините на Аиша р.а..Аллах најдобро знае.

“Даден ми е Куран и нешто сличен на него“
(Ебу давуд)

Од сето изложеново можеме да видиме и констатираме ,колку е значајен хадисот како комантар на Куран’от,без кое,во тоа нема сомнеж,нее можно да се разбере праведниот смисол на некои ајети,ниту е можно да се знае примената на тоа што содржи во нив .
Секогаш се прашував,дали сите хадиси(за кои мислиме дека се веродостојни) како такви треба да се прифатат и кај сите мезхеби и пошироко?Со време добивам одговор и на ова прашање!

Еве ги хадисите:

Изворите говорат а се пренесува од Мухамед ел Бухари дека,Аиша р.а рекла:
1.
Пејгамберот(додека бил во 53’тата год. од својот живот)се вереше со мене,додека бев 6 годишно девојче.Отидовме во медине,и таму се сместивме(останавме)кај Бени-ел-Харис бин Хасреџ.После се разболев и косата ми падна.Потоа косата(повторно)ми израсна и мајками Умм Румман,додека со играчките си играв со пријателките,дојде близу мене и ме викна.Отидов кај неа,не знаев што да правам,ме зема за рака и ме остави во врата да ја почекам.Здивот ми се пресече,не можев да дишам,и кога здивот ми се поврати,зема(мајками)малку вода и ми сипаше по лицето и главата и после ме избриша.Потоа ме зема в’кукја.Во кукјата видов една жена од Енсари’те и таа вака ми реча:“Нека е со срекја,Аллах селамет(спас)селамет нека ти даде и многу успеси.“Потоа мене ними ме доверија(еманет),и тие мене(за брак)ме спремија.Без да се чека,стројникот(во името на Аллах)дојде кај мене и мајками нему ме изручи,тогаш бев во 9 годишна возраст.

2.
“Јас додека бев во Мека,бев девојче,каде што се уште си играв,на Мухамед а.с му беше објавено суре Ел - Камер.“



Освен оние кои веруваат и кои добри дела работат,кои едни на други вистина препорачуваат и кои едни на други трпеливост препорачуваат! (Куран)

Кога тоа го пренесувавте со јазиците ваши и кога го кажавте со устите ваши она за што,всушност,ништо не знаевте,сметајки го тоа незначително,а тоа кај Аллах не е незначително,кога тоа го чувте,зошто не рековте:“Што да зборуваме за ова ?Возвишен си ти !Ова е клевета голема !“

Аллах ве советува,ако сте верници,никогаш да не повторите такво нешто(клевета врз Аиша).

“Ма шаел лах,ла куввете ил-ла биллах“.

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот