Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 23 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 23 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 Не побивај се - не навредувај on Вто 10 Јан 2012, 1:09 pm

Muwehhid

avatar
Модератор
Модератор




Во името на Аллах , Милостивиот, Самилосен!



Односот меѓу сите муслимани треба да биде братски, бидејќи муслиманите се браќа. Муслиманот кон муслиман, човек кон друг човек мора да се однесува на најубав начин. Аллах џ.ш. забранува да се ставаат или наддаваат погрдни имиња.

Аллах џ.ш. забранува исмејување, подбивање и потџенување. Тоа му,мините мора да го знаат. Секој човек ако ја сака милоста на Аллах џ.ш., мора во својот живот да ги применува Аллаховите наредби.
Аллах џ.ш. во Кур,анот објавува:

О, верници, машките меѓу себе нека не се подбиваат,
можеби другите се подобри од нив; а ниту жените да не се
подбиваат со други жени, можеби другите се подобри од
нив. И не изгрдувајте се меЃу себе и не нарекувајте се со
грди прекари! О, колку е грдо, верниците да се
споменуваат со погрдни прекари! А оние Што нема да се
покајат - само себе си си прават неправда.
( Кур,ан; 49 : 11 )

Тешко на секој клеветник што се подбива.
( Кур,ан; 104 : 1 )

Мухаммед Ресулуллах савс советувал:

Муслимани! Чувајте се, сакајте се и меѓусебно помагајте се. Не смеете меѓусебе да се навредувате, не смеете еден од друг да се поткрадувате или да земате еден од друг нешто без прашање,
Кој не е љубезен со Аллаховите суштества и со сираците, Аллах џ.ш. нема да биде љубезен со него.

Муслиманот не е кавгаџија и насилник, што навредува и напаѓа, ниту псуе, ниту проколнува, ниту ништожник, нитупросјак, ниту човек што зборува непристојни зборови, ниту грубијан.

Никогаш ничие право немојте или чест да газите. Немојте сами себе насилство да си правите, Никогаш не заборавајте дека милосрдноста е една од основите на исламот.

Кој сака својот брат да го потцени, нема да умре се додека нешто слично самиот не доживее.
Мухаммед савс тргнал во Таиф да повикува на ислам. Најпрвин им се обратил на тројцата месни главатари со кои бил роднина.

Сите тројца грубо го нападнале и ги поттикнувале на бесперспективните и сомнителни младинци од улица да го навредуваат и повредуваат. Мухаммед савс, целиот во рани, облеан во крв, се сокрил во некоја овона градина да се одмори и да се заштити.

Таа градина била сопственостна некој христијанин, кај кој работел еден слуга, кој што на Мухаммед савс во тие тешки мигови му ја укажал потребната помош.


Кога се оддалечиле тие што го прогонувале, Мухаммед савс го молел на Аллах џ.ш. со следните зборови:

Господару, заштити ме поради слабоста на мојава сила, сиромаштво во моите средства и беззначајноста на мојата личност во очите на другите луЃе, о, Најмногу Сомилостен од сите сомилосни. Ти си Господар на насилно ослабените и Ти си мој Господар.

На кого ли ти ме доверуваш? На некој далечен ли странец што непристојно ме дочекува или на некој непријател, кому Ти му дозволуваш да владее со мене? Доколку Ти не се лутиш на мене, јас не се плашам од нив. Твојата заштита е секогаш најдобра.

Молам заштита од Светлоста твоја, со која ти го осветлуваш мракот, со која Ти ги упатуваш луѓето, заштитиме од твојот гнев и од твојата лутина, кои единствено можат да ми наштетат.

Јас ти се покајувам, се додека ти не бидеш задоволен. Никаде нема поголема сила и поголема моќ од Твојата, ниту во Овој свет, ниту во Вечниот свет!

Со искрена вера, со длабока вера, чесниот Ресулуллах савс ги поднесувал сите напади и навреди на мушриците.
Еден ден Ебу Џехл на ресулуллах савс му забранил јавно да извршува намаз.

Ресулуллах савс не го послушал, згрозено одбивајќи ја таа забрана. Подлиот Ебу Џехл му се доближил на Мухаммед савс кога бил на сеџде и врз неговата глава фрлил полн сад со црева и трбушки од камила. Тогаш Ќерката на Ресулуллах савс се доближила до татко си и му помогнала , отстранувајЌи ги нечистотиите од него.

Во својот подол гнев и мрзење, мушриците не бирале средства за понижување и навредување на Аллаховиот Пратеник савс. Еднаш кога Мухаммед савс бил во намаз, зад неговиот грб тајно му се доближил Укба ибни Ебу Муејт кој се обидел да го задави со парче облека.

Но, на сите навреди, повреди, понижувања и лоши постапки од страна на мушриците, Ресулуллах савс одговарал достоинствено и племенито.

Тој не бил испратен да прави насилство или да се одмаздува. Тој дошол да ги упатува луѓето на прав пат, во робување единствено, само на Аллах џ.ш. Тој мрзел навредување и понижување. Укажувал да се цени човекот, неговото достоинство, неговата слобода и чест.

Против насилството и понижувањата се дигнал со целото свое битие и укажувал со сите свои постапки.
Ибни Абас р.а. пренесува дека Ресулуллах савс раскажувал: Кога бев на Мираџ, почувствував многу пријатен мирис. Запрашав: -Каков е овој мирис? Ми беше одговорено дека е тоа мирис на фризерката која Што работела кај фараоновата Ќерка.

Се кажува дека нејзе и испаднал чешелот од раката, па рекла наведнувајЌи се: Во името на Аллах џ.ш. ќерката на фараонотна тоа рекла: Во името на мојот татко. Фризерката рекла: Мојот Господар е Господар и на твојот татко!

- Зарем ти имаш друг господар покрај мојот татко? - изненадено ја запрашала Ќерката на фараонот. Да - рекла фризерката. Кога разбрал фараонот за овој настан, ја повикал фризерката и ја запрашал: Зарем ти имаш и друг господар покрај мене? Фризерката решително одговорила:

Да. Мојот и твојот Господар е Аллах џ.ш.! Откако го слушнал тоа, фараонот им наредил на слугите дадонесат голем, бакарен казан и да го вжештат на силен оган. Поради доследноста на фризерката во своето верско убедување, фараонот им наредил на неговите слуги да ги фрлаат децата на фризерката во вжеШтениот казан.

Кога дошло ред на најмалоте дете, тоа гледајќи во мајка си рекло: Мајко, издржи и немој да се колебаш. Ти си на правиот пат! конечно и фризерката ја фрлиле само да загине искреното верување во Аллах џ.ш.

Погледнете го само насилството на фараонот! Погледни ја неговата ѕверска постапка! Во својата вообразеност и невини деца фрлал во оган, без најмалку грижа на совест. Неговата надуеност и вообразеност не му дозволува да признае никого над себе.

Осион, тој ги уништи невините животи, бидејќи неговиот господар бил проколнетиот Иблис. О, колку наивно се излажил фараонот! Мислел дека Ќе живее вечно, но од него не остана денес ништо, освен прав. Сите насилници би требало да знаат дека на крај се станува прав.

Римскиот император Нерон во своето насилништво ги газел честа и достоинството на луѓето. Со уживање ги уништувал невините човечки животи. Ѕверови во Римските арени ги раскинувале следбениците на Иса а.с.

Потоци од човечка крв течеле по тревата во арените низ Рим, со единствена цел: да ги исплаши луЃето да не го прифаќаат учењето на Иса а.с., а со тоа полесно да го спречи Ширењето на вистината, верувањето во Еден, Единствен Бог, и покорност единствено Нему.

Зошто го правел тоа? Затоа што бил насилник, а во своето срце не чувал ниШто племенито и убаво. Додека целиот престап на следбениците на Иса а.с. бил тоа што ги повикувале луЃето на љубов, мир, цврстина и вистина.

Но, Аллах џ.ш. не го остава неказнето лошото што излегува од човековото неверничко достоинство; БидејЌи човекот е најубаво дело на Алах џ.ш. Тој не дозволува да се газат луЃето кои Нему му робуваат. Затоа, Аллах џ.ш. го претворил во прав насилството на Нерон, бидејЌи Аллах џ.ш. не сака насилници.

Токму ваквото однесување му попречило на шејтанот да му се поклони на Адем а.с. Овие два недостатоци можат единствено да се лекуваат со искрена љубов од себе за другите.
За насилството, Аллах џ.ш. рекол:

Зошто на секоја височинка подигнувате палати, потсмевнувајќи се во другите, и подигнувате тврдини, како вечно да живеете, а кога казнувате, казнувате како насилници?
(Кур,ан; 26:128,129,130)

А знаеш ли што вели Аллах џ.ш. за таквите?
А знаеш ли што им прави Алах џ.ш. на таквите?
И пред да продолжат кон лага да насочуваат, па ние ги уништивме. Тоа е поука, но повеќето од овие нема да веруваат.
(Кур,ан; 26:139)

А колку ли села и градови Ние уништивме, чии што жители во нивниот живот биле насилници! Ене ги нивните домови, малкумина по нивната смрт влегуваат во нив. Нас ни останале.
(Кур,ан; 28:58).




[You must be registered and logged in to see this link.]


______________________________________________





О верници, плашете се од Аллах и зборувајте само вистина! Он ќе ви ги поправи делата ваши и Он ќе ви ги прости гревовите ваши. А оној кој е послушен и на Аллах и на пратеникот Негов... тој ќе однесе, секако, победа голема! 

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот