Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 10 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 10 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
Едно од својствата на Куранот е дека тој е светлост (ар. нур), како што кажува Возвишениот Аллах: „Затоа верувајте во Аллах и во Пратеникот Негов и во светлото коешто го објавуваме, Аллах добро го знае тоа што го правите.“ (Ет – Тагабун, Cool;
„А од Аллах ви доаѓа светлина и Книга јасна со која Аллах ги упатува на патиштата на спасението тие што настојуваат да го стекнат задоволството Негово и ги изведува, според волјата Своја, од темнината на светлина и им укажува на Вистинскиот пат.“ (Ел – Маиде, 15 – 16).
Значи, Куранот е светло кое ги осветлува срцата на верниците и ги осветлува патиштата на тие кои бараат богобојазност , меѓутоа тоа го доживуваат само тие кои се покоруваат на неговите наредби и се чуваат од неговите забрани.

Куранот е разделувач на вистината од невистината (ар. фуркан). Возвишениот Аллах вели : „Благословен нека е Тој што на робот Свој му го објавува Фурканот (Куранот) за да им биде опоменувач на световите.“(Фуркан, 1). Куранот е Фуркан, кој ја раздвојува вистината од лагите, упатството од заблудата. Со него Аллах ги раздвои добронаклонетите верници од расипаните неверници, па верниците се закитиа со пофални вернички особини, а од себе ги отстранија грешниците и неверниците.

Куранот е опоменувачка порака и лек, упатство и милост за верниците, како што кажува Возвишениот Аллах: „О, луѓе, веќе ви стигна порака од Господарот ваш, и лек за вашите срца, и упатство и милост за верниците.“ (Јунус, 57). Куранот им ја носи наједноставната порака на тие кои имаат чисти срца и кои пред упатството свесно не ги вртат своите глави. Куранот е најделотворниот лек за разболените срца. Во Аллаховата Книга се наоѓа лекот за болестите на сомнежот и страстта. Куранот е упатство и милост за тој кој се држи за куранските принципи, го упатува на Правиот пат и му ги појаснува верничките патеки по кои треба да чекори на патот до спасот и избавувањето.

Ова се само некои од својствата со кои Возвишениот Аллах го опишува величествениот Куран. Секако, ова се значајни и впечатливи својства кои ни ја покажуваат големината на оваа возвишена книга која Аллах ја направил печат на Своите книги за жителите на Земјата. Куранот е најголемата Пратеникова, саллаллаху алејхи ве селлем, муџиза. Покрај тоа , Куранот општо, е најголемата муџиза со која е почестен еден веровесник. Ниту на еден веровесник не му е објавена слична книга како што е величествениот Куран кој ги „заробил“ срцата на научниците и многумина ги оставил без здив. Возвишениот Аллах вели: „Аллах го објавува најубавиот говор, Книга слична по смисла, чиишто поуки се повторуваат. Од неа ги поминуваат морници тие што се плашат од Господарот свој, а потоа, кога ќе се спомне Аллаховото име, кожите нивни и срцата нивни им се смируваат. Тоа е Аллаховото Упатство со кое Тој упатува кого сака; а тој кого Аллах на погрешен пат ќе го насочи, за него нема упатувач..“ (Ез – Зумер, 23 ).

О верници, во поглед на оваа величествена Книга имаме многу должности и обврски. Една од тие обврски е дека сме должни да му се радуваме на Куранот. Аллаховата благородна Книга е нешто најдобро на што можеме да му се израдуваме. Возвишениот Аллах кажува: „О, луѓе, веќе ви стигна порака од Господарот ваш, и лек за вашите срца, и упатство и милост за верниците. Кажи: „Па поради тоа нека им се радуваат на Аллаховата благодат и милост, тоа е подобро од тоа што го натрупуваат.“ (Јунус, 57 – 58).
Ебу Сеид рекол: „Спомнатата ’Аллахова благодет‘ во овој ајет е Куранот, а Неговата милост е дека нас не почести со него . Од ова произлегува дека радувањето за Куранот значи величење на оваа книга, а навистина Куранот е далеку подобар од сите дуњалучки вредности и украси кои луѓето ги натрупуваат.“

Оваа величествена Книга должни сме да ја учиме и читаме, во согласност со зборовите на Возвишениот : „Тие што Аллаховата Книга ја читаат и што намазот го извршуваат и од тоа што Ние ги снабдивме даваат, и тајно и јавно, може да се надеваат на трговијата која нема да исчезне за Тој да ги награди според тоа што го правеле и од изобилството Свое уште да им даде, бидејќи Тој многу простува и Благодарен е. “ (Фатир, 29 – 30). Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Учете го Куранот затоа што тој на Судниот Ден ќе дојде како поборник за својот учач.“(Муслим). Поради тоа, Куранот треба да се учи континуирано и напорно, треба многу да се чита затоа што Куранот ги прочистува срцата и го продуховува човекот и неговата душа. Тој исто така го поттикнува човекот да прави добри дела, а го оддалечува од правење на лоши.


Должни сме оваа величествена Книга, која е разделувач на вистината од невистината, да ја учиме со размислување околу нејзините ајети, во согласност со зборовите на Возвишениот: „Книгата која ти ја објавуваме е благословена, за тие да размислат за зборовите нејзини и за тие што се обдарени со разум да примат поука.“ (Сад, 29). Аллах во негативна конотација ги спомува тие кои не размислуваат за Неговата Книга, велејќи: „Како тие не размислат за Куранот, или на срцата имаат катанци?!.“ (Мухаммед 24).

Плашете се од Аллах, о Аллахови робови, и размислете за Неговата величествена Книга. Учењето на Куранот ќе му користи на срцето само ако се состават сите неопходни аспекти на учење: учење и слушање, и особено рамислување за значењата на неговите ајети, за да се почуствувало дека тоа е говор од Господарот на световите спуштен на Неговиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем. Пренесено е од исправните претходници дека имале навика да клањаат ноќен намаз повторувајќи еден ајет и размислувајќи за неговите значења .

Исто така, должни сме со почит да се однесуваме кон Куранот и да го чуваме, затоа што тоа е говор на нашиот Господар, Возвишен и Благороден. Научниците се сложни за фактот дека сме должни со почит да се однесуваме кон Куранот, да се величи и чува. Тој кој се исмејува со Куранот или со дел од Куранот, тој не поверувал во Аллах и неверник е, по консензусот на сите муслимани. Поради тоа, величете ја оваа Книга, о Аллахови робови, и чувајте ја од тие кои ги надвладеала безгрижноста. Еден од начините на величење и почитување на Куранот е да се допира само под абдест. Исто така, џунуб не смее да го учи Куранот. Исто така, не е дозволено Куранот да се става позади плеќи, ниту да се става нога на него, или пак да се стави на место каде може да биде извалкан или осквернавен. Плашете се од Аллах и почитувајте ја Неговата Книга: „Така е тоа! Па кој ги почитува Аллаховите прописи, тоа е знак за богобојазност на срцето.“(Ел – Хаџџ, 32).

Должни сме, истотака, цврсто да се држиме за оваа Книга, како што тоа му го нареди Аллах на Својот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, кога рече: „Затоа држи се до тоа што ти се објавува, бидејќи ти навистина си на Вистинскиот пат. “(Ез – Зухруф, 43). Држење до Куранот значи следење на неговите упатства и не негирање на ниту еден негов ајет, како што кажува Возвишениот: „Следете го тоа што ви се објавува од вашиот Господар.“ Плашете се од Аллах и цврсто држете се до Книгата на вашиот Господарот. Бидете искрени во тоа така што трагите од вашето придржување до Куранот ќе бидат видливи на вашите дела, зборови и однесување. Учете го и читајте го Куранот, памтете ги неговите ајети и размислувајте околу нив, затоа што тој кој ќе се прифати за Куранот, тој е упатен. Затоа, верници, сите прифатете се за Аллаховото јаже.


Превземено од: Минбер.ба


Превод: Мухамед Ајдиноски

Обработка: Исламски-Центар


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот