Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 12 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 12 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 Прашања во врска со жената on Нед 11 Дек 2011, 3:05 pm

AZNATAR BEKIR


Нови член
Нови член
SELAMUN ALEJKUM IMAM EDNO PRASAJNE DALIE DOZVOLENO ZENATA DA SE SMINKA I DA SI GI CUPKA VEGITE TOEST DA SI GI PRAI AKO SAKATE DAMI KAZETA SO VOZVISENI ZBOROVI OD STRANA NA ALLAH I MUHAMED S A V

2 Re: Прашања во врска со жената on Нед 11 Дек 2011, 5:16 pm

Muwehhid

avatar
Модератор
Модератор
AZNATAR BEKIR напиша:SELAMUN ALEJKUM IMAM EDNO PRASAJNE DALIE DOZVOLENO ZENATA DA SE SMINKA I DA SI GI CUPKA VEGITE TOEST DA SI GI PRAI AKO SAKATE DAMI KAZETA SO VOZVISENI ZBOROVI OD STRANA NA ALLAH I MUHAMED S A V



-Физичката убавина која Аллах, џ.ш., ја подарил на секој човек. Возвишениот Аллах вели: „Ние човекот Го создаваме во најубав склад“ (Ет-Тин, 4)

Посвети внимание на својот физички изглед, бидејќи Аллах е убав и ја сака убавината, но не ја заборавај убавината на моралот, верата и однесувањето. Еден поет вели: „Убавината не е во облеката која нè краси, туку убавина е убавината на знаењето и однесувањето.“

-Интелектуалната убавина која се огледува во здравото размислување и поимање на работите, и нивното ставање на местото кое им одговара. Интелектуалната убавина е дар од Аллах кој Го дава на Своите робови. Аллах, џ.ш., кажува: „Он дарува знаење и мудрост на оној кому сака, а на оној кому знаење му е дарувано - даруван е со богатство неизмерно.“ (Ел-Бекаре, 269)

-Душевна убавина и привлечност која се огледува во убавото однесување и ведрина на лицето. Аллаховиот Пратеник, алејхи селлам, рекол: „Со најпотполн иман се оние верници кои се со најдобро однесување.“ (Тирмизи)

-Верската убавина која воедно е и највредното богатство на секоја верничка. Аллаховиот Пратеник, алејхи селлам, рекол: „Жената ја мажат четири работи: иметок, потекло, убавина и вера, ти одбери ја верничката ќе имаш полни раце.“ (Бухарија и Муслим)

Дојдовме и до одговорот како муслиманката може да биде убава:
-Придавање големо внимание на украсувањето и разубавувањето, со користење сурма, (маскара) која е украс и лек за очите, и со употребување на кна.
-Со употреба на накит во границите на дозволеното, без претерување и расипништво. Жената треба да внимава она со што е украсена да го сокрие од погледот на туѓинците.
Кажува Аллах, џ.ш.: „ ..нека не дозволат од украсите нивни да се гледа било што, освен она кое е и онака надворешно..“ (Ен-Нур, 31)

Нега и украсување на косата без големо претерување, бидејќи убавината на жената е во нејзината коса. Од Ебу Хурејре, р.а., се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селлам, рекол: „Оној кој има коса, нека ја пази и нека ја негува.“ (Ебу давуд)

На муслиманката дозволено и е да користи шминка под одредени услови:
-да не ја користи со цел да ги имитира неверничките;
-користењето на истата да не му штети на телото;
-употребата на шминката да не го менува природниот изглед (употреба на вметнувачки перики, трепки, итн.)
-да не го спречува доаѓањето на водата до кожата при абдестење или капење (како лаковите)
-да не предизвикува губење на време и запоставување на обврските (намазот)и ускратување на правата.

Убавината не смее да биде како причина на охолост . Аллаховиот Пратеник, алејхи селлам, ја појаснил разликата помеѓу охолоста и убавиот изглед. Се пренесува од Абдуллах б. Месуд дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селлам, рекол: „Нема да влезе во Џеннет оној кој во своето срце има охолост колку и најситна прашинка“ а еден од асхабите рече: „човекот сака убаво да изгледа во неговата облека и обувки.“ На тоа Пратеникот, алејхи селлам, рече: „Навистина Аллах е убав и ја сака убавината, а охолост е човекот да негира и да ја одбива вистината, и да ги потценува останатите луѓе.“( Муслим).

Најубав украс на муслиманката е нејзиниот хиџаб кој би требал да ги исполнува следните услови:

-Да го покрива целото тело,
-Да не е сам по себе украсен,
-Врз него да нема мирис ниту парфем,
-Да не е тесен и да не ги отсликува деловите од телото,
-да не е препознатлива облека.


А Аллах најдобро знае.




AZNATAR BEKIR напиша:I DA SI GI CUPKA VEGITE



А што се однесува до оваа прашање во едно предније се вели дека

Аллаховиот Пратеник, алејхи селлам, рекол: „Аллах ја проколнал жената која се тетовира и онаа која други тетовира, ја проколнал онаа која ги депилира веѓите и онаа која на другите им ги депилира веѓи, како и онаа која прави место помеѓу забите, менувајќи го на тој начин Аллаховото создавање.“ (Бухарија)
Според цитираниов хадис јасно се гледа дека чупањето на вежџите е забрането.



______________________________________________





О верници, плашете се од Аллах и зборувајте само вистина! Он ќе ви ги поправи делата ваши и Он ќе ви ги прости гревовите ваши. А оној кој е послушен и на Аллах и на пратеникот Негов... тој ќе однесе, секако, победа голема! 

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот