Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 7 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 7 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1264 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е dekio

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2388 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор

ДА СЕ РАЗБЕРЕ ХИЏРАТА И ДА СЕ НАПРАВАТ ПРОМЕНИ

Дали конечно ќе се случи хиџра од џахилиет во вистински ислам, од гревови во покорност, од песни во учење Куран, од играње во стекнување на знаење, од озборување и безработица во читање на изворни дела, од избор на мис на убавици во избор на најдобри ученици и студенти, највредни работници и херои?!
Ако хиџрата не ја разбереме, и понатаму нашите намази ќе бидат празни. Ќе стоиме долго пред Аллах, а завесата нема да се подигне. Лицемерно ќе се правдаме себеси и децата и сите наши и нивни заблуди, и немоќно ќе гледаме како патат и страдаат поради нашата немарност.

Хиџрата е една од најважните случувања во животот на Пратеникот, с.а.в.с., а со самото тоа и вечна инспирација. Поука и порака на неговите следбеници. Куранот на оваа случка и обрнал големо внимание.
Сурата Ал – Анфал е објавена после Бедр, сурата Ал – Ахзаб после Хандек, а втората половина на сурата Али Имран после Ухуд. Тие ајети се еден вид на анализа на спомнатите битки, и стекнување на поука и порака од тие случувања. Што е со хиџрата, дали после неа е објавена некоја сура како осврт на тој настан?! Хиџрата е настан за кој не зборува само една сура или дел од неа. Битките се настани кој се случиле и завршиле, а Аллах сакал хиџрата да биде трајна инспирација на муслиманскиот умет, траен извор на поуки и пораки. Затоа за хиџрата се зборува во сурата Ел- Беакаре, Али- Имран, Ен- Ниса, Ел- Анфал, Ат- Тевба, Ан- Нахл, Ал- Мумтахина, Ат- Тагуб, Ал- Хашр....итн.

Хиџрата е доказ на иманот

Хиџрата не е промена на местото на живеење поради пронаоѓање на подобро работно место, подобро живеалиште или подобри перспективи за кариера. Хиџрата не е ни трагање по подобар живот и стандард. Хиџрата е далеку повеќе од тоа. Хиџрата од Мека во Медина ја направиле воглавно добро ситуираните и доста угледните асхаби. Не бегале ни од терор, па него го поднесувале тринаесет години и успешно му одолевале. Хиџрата е работа на акидетот и свеста за одговорноста за воспоставувањето ред на Земјата. Медина е татковина на исламот, место и прилика за остварување на зацртаната цел. Хиџрата ги разделува поимите и временските и просторните. Хиџрата е приближувањето до месџидот и собирањето во него и околу него.
Напуштањето на гревот, бегање од куфрот и ширкот, напуштањето на заблудите, излез од немарноста спрема намазот, Куранот, гасење на влијанието на суетата, охолоста и лицемерството. Хиџрата е градење на став. Хиџрата е промена во однесување во бракот, во фамилијата, на работното место, во соседството, во џематот. Хиџрата е рушење на киповите и идолите во себе. Хиџрата е напуштање на лошото друштво од мунафици, грешници, глупави идеи.
„И стрпи се при она што тие го зборуваат, и избегнувај ги на соодветен начин“(Ал- Музаммил, 10)

Најсилна хиџра е покренувањето на срцето спрема Аллах низ искрен ибадет во јавноста и во тајноста. Имамот Ахмед велел: „Ако сакаш Аллах трајно да те опсипува со она што го сакаш, ти биди истраен во она што Аллах го сака.“ Значи, има хиџри кога се напушта место и се приближува кон месџидот, потоа напуштање на личности кој се во заблуда, напуштање на лоши зборови, валкани работи, лоши навики, напуштање на погрешни правци и мислења, спротивни на Куранот и суннетот.

Договорот на Акаба

За да почне да се гради заедница и таа да биде врз цврста основа, Пратеникот, с.а.в.с., барал давање на присега од мединските преставници. Од што треба да се заштити опшеството. Тоа Пратеникот, с.а.в.с., најдобро го знаел!
Укабе Б,ес – Самит раскажува: „На Пратеникот му се заколнавме на Аллах да не му правиме ширк, да не крадеме, да не правиме зиналук, да не ги убиваме нашите деца, едни на други да не си потураме туѓи деца и на Пратеникот да не му откажуваме послушност! Ако го исполнете имате џеннет! Награда од Аллах доаѓа!

Значи, опшеството и здравата заедница неможе да се гради на комплетна немарност и ширк спрема Аллах, на лаги, на измами и крадење, на зиналук и неморал!
На следната средба веќе ги имало седумдесет!

Вториот договор:
Заклетва: Послушност и покорност, материјална подршка, борба за воспоставување на добро и искоренување на зло, работење на Аллаховиот пат без страв од било кој, заштита на Пратеникот, од сето она од што ги штитат своите жени и деца. За исполнување на заветот, имаат џеннет.
Како Пратеникот, с.а.в.с., влегол во Медина?
Со илахии?
Не со Куран!
Куранот веќе е во Медина.
Илахиите се дел од културата и фолклорот.
Кој го најавил Пратеникот?!
Еврејско момче.

Потезите на Пратеникот во Медина

Мунафиклукот е нов фактор, него го немало во Мека!
Затоа веднаш следел муслиманско муслимански дијалог, локално збратимување на Евс и Хазреџ, а потоа и глобален дијалог и збратимување на мухаџирите и енсариите (секој му посакувал на својот брат, она што сам на себеси си посакувал), градење на месџидот, отварање на муслимански пазар, автентична и мудра муслиманска политика, а евреите биле тука. Значи контрола на ситуацијата. Првите пишани документи за регулирање на односите и ситуацијата.
Законот за каузалитет (вложување на сопствените интелектуални и други потенцијали и цврсто приклонување кон Аллах)

Хиџрата е перфектно и јасно испланирана. Избран е штаб и служба. Купени се сигурни и одмерени камили. Осигурана е логистиката и известувачката служба. Измамени се атентаторите. Вратени, (дадени на чување) работите и предметите. Измама за правецот на движење. Тродневно криење во пештерата. Цврста верба во иднината и Аллаховата подршка. (Не тагувај, не грижи се, Аллах е со нас, што мислиш за двајца со кој Аллах е трет)!

Во Медина е пратено момче Муса’аб б. Умејр. Учач и толкувач на Куранот!
Автентичен практичар.

Ќе почнеме ли ние да планираме? Ќе направиме ли план за работа, ќе поставиме ли цели во нашите животи. Дали на почетокот од новата хиџретска година ќе ги проанализираме отворено остварувањата од старата? Дали ќе бараме одговорност за недостатоците?

Новата хиџретска година е работа на идентитетот

За време на Омеровиот хилафет, го добивме нашето пресметување на времето, и тоа е дел од нашиот севкупен идентитет. Хиџрата ја дочекува поединецот, бракот, семејството, џемматот, и умметот. Значи мораме да погледнеме што направивме во минатата година. Што направи умметот? Во каква состаојба е? Каква е состојбата на исламскиот уммет кој брои милијарда и петстотини милиони?! Колкава е свеста за тој идентитет?!
Овој уммет има Куран, Суннет, Каба, џума. Овој уммет има месџид! Овој уммет има нафака. Овој уммет ја има Аллаховата милост. За жал овој уммет нема свесни луѓе!!! Луѓе од кој барем нешто зависи!
Овој уммет живее во џехл, во болест и сиромаштија, Овој уммет незнае да чита, а кога чита не разбира, а кога разбира не е во состојба ништо да смени, овој уммет не размислува, овој уммет не произведува, туку само јаде, ужива и троши. На овој уммет му е поважен стомакот и страста од срцето и разумот.
Овој уммет не одлучи џехлот да го фрли под нозе. Затоа не разбира, не памти и неможе ништо да промени. Наместо производство, овој уммет е во безработица, озборува и прераскажува, пренесува туѓи зборови, прави интриги. Наместо да гради овој уммет руши. Го руши сето она што чесните предци го изградиле.
Кога овој уммет ќе направи морална хиџра?! Кога ќе го остави харамот и ќе почне да гради исламска свест?!

Во Мека се градела свеста тринаесет години. Дали и колку градиме ние, и дали во нешто сме успеале! Правата џамија е изградена после хиџрата! Всушност сите битни настани се случиле после хиџрата, откако се изградиле како личности.
Дали конечно ќе се случи хуџра од џахилиет во вистински ислам, од гревови во покорност, од песни во учење Куран, од играње во стекнување на знаење, од озборување и безработица во читање на изворни дела, од избор на мис на убавици во избор на најдобри ученици и студенти, највредни работници и херои?!

Ако хиџрата не ја разбереме, и понатаму нашите намази ќе бидат празни. Ќе стоиме долго пред Аллах, а завесата нема да се подигне. Лицемерно ќе се правдаме себеси и децата и сите наши и нивни заблуди, и немоќно ќе гледаме како патат и страдаат поради нашата немарност.

Ако сакаме да ја пренесеме вистината, мораме да бидеме нејзини веродостојни толкувачи. Не смееме да бидеме набљудувачи. Тоа го гледаме од сурета Ел- Араф! Мора да покажаме дека исламот не усреќува!
Нема опстанок, ни гордост без ислам. Без овој дин, ние ништо не значиме. Омер, р.а., рекол: „Ние бевме најпониженит народ, па Аллах со овој дин ни даде гордост, сила, и кога и да побараме помош од некој друг, а не од Аллах, Аллах ќе не понижи и ќе не ослаби.!“

„ Господару наш, прости ни ги гревовите наши и неумереноста наша во постапките наши, и зацврсти ни ги чекорите наши и помогни ни против народот кој не верува“!

АМИН!!!

[You must be registered and logged in to see this link.]


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот