Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 24 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 24 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 Лош говор on Пон 31 Окт 2011, 10:41 pm

Muwehhid

avatar
Модератор
Модератор


Бисмиллах



Аллах џ.ш. во Кур,анот објавил:

О, верници! Одбегнувајте многу сомневања, некои сомневања навистина се грев. И не следете се тајно едни со други и едни со други не озборувајте се! Зарем на некој од вас би му било мило да јаде (човечко) месо од својот умрен брат - вас тоа ви е одвратно - затоа плаШете се од Аллах, Аллах навистина прима покајување и е сомилостен . (Кур,ан; 49 : 12)

Мухаммед савс не му дозволувал никому во негово присуство лошо да зборува за отсутните асхаби. Рекол: Никогаш никој да не ми кажува лошо за некој од моите асхаби, бидејќи јас сакам пред нив да излезам со чисто срце и со чиста намера. Уште рекол: Најдобри се оние луѓе кои служат за пример и другите за нив зборуваат добри работи, а најлоши меѓу луѓето се оние кои ги пренесуваат туѓите зборови, на кавга ги тераат пријателите и кои на чистите им бараат мани.


Озборувањето и пренесувањето зборови го го ослабуваат иманот, како што го ослабува чобанот дрвото, кога со неговиот стап ги тресе лисјата и ги кине неговите гранки. Џабир ибни Абдуллах прераскажува: Еднаш бевме со Аллаховиот пратеник кога одеднаш од некаде се рашири лоша смрдеа. Мухаммед савс ги запрашал присутните дали знаат од каде доаѓа оваа смрдеа. Кога присутните одговориле дека не знаат, тој им рекол: Таа смрдеа се шири поради оние што ги озборуваат верниците.

Лошиот збор, лошо завршува, а озборувањето е најпроколнето лошо зборување. Тоа во себе носи мразење и сплетки од кои сигурно се раѓаат несреЌи. Кога човекот Ќе ги слуша Кур,анските совети и поуките на Ресулуллах савс, го обзема страв, дури и од самото помислување да се озборува.

Јасно е дека таа лошотија го отвора патот на џехенемската бездна, од каде Што нема враќање. Често се прашувам како можат некои луѓе да озборуваат и злонамерно да пренесуваат туѓи зборови дури и оние што извршуваат намаз, Што постат, кои што сигурно слушнале што советува Аллах џ.ш. во Кур,анот и како се изразувал Мухаммед савс за нив.

Како ли не ги обзема паника, а знаат дека се наближува крајот на нивниот живот, па неминовно следува џеннет или џехенемска бездна? Да се постапува против Аллаховите џ.ш. совети, а да се клања намаз, да се оди во џамија... па Што е тоа?

Луѓето се добри мисли и добри намери Ќе бидат далеку од сите тие мрачни патиШта на кои Што повикува Шејтанот со својата злобност. Искрено побожните нема да дозволат овој пакостник да ги стрмоглави во бездната.

Добриот човек ќе излегува со светло лице пред своите блиски, пред своите пријатели, бидејЌи тој е далеку од лоши зборови. Нема да си дозволи светлоста на неговата душа да ја покрие мракот на злоба и озборување.Тој добар човек сигурно нема да биде оној Што го јаде човечкото месо на својот мртов брат.

Тој сигурно нема да си дозволи да падне во таа одвратна гнасотија. Тој го чува достоинството на човекот, а Аллах џ.ш. го чува неговото достоинство. Ако сакаат луѓето да ја прифатат Вистината дека лошиот збот е чисто лошо, колку само би имало повеЌе среќа на оваа земја! Но, зошто не сакаат да послушаат?

Да ја слушнеме следната случка од времето на првите муслимани:
Во една прилика Аллаховиот Пратеник савс го испратил Велид ибни Укба Муајт, кај племето Бену Мусталик да собира зе

ќат. Меѓутоа, меќу овој и ова племе, уште во предисламскиот период, постоеле нетрпение и мрзење.

Кога бедуините слушнале дека доаѓа застапник на Ресулуллах савс, во голем број со радост побрзале да го дочекаат со достојна почит и највисоки почести . Застапникот Велид ибни Укба Муајт гледајќи ја толпата Што му оди во пресрет да му укаже чест, се преплашил, мислејќи дека тргнале да го убијат поради старите кавги од предисламско време.

Велид ибни Укба Муајт се уште ги носел во себе поранешните чувства кон бедуините од тоа племе. Недоразбирањето било очигледно. Велид избегал од страв и го известил на Мухаммед савс дека племето Бену Мусталик се побунило и дека не сака да плаЌа зеќат.

Тогаш Мухаммед савс, како и секогаш сталожен, смирен, со резерва ја примил оваа вест и повторно испратил друг застапник до истото племе да ја провери добиената информација. Новиот застапник бил Халид ибни Велид. Халид како искусен војник, внимателно се доближил до бедуинската населба. Слуша езан. Убавиот глас на муезинот ги повикува верниците да клањаат намаз.

Се израдувал, бидејќи тоа било очигледен знак дека племето не го отфрлило исламот, а со тоа се разбира и давањето на пропишаниот зеќат.

После тоа, сигурен, Халид слободно застанал меѓу бедуините и им се претставил. Тие, израдувани, срдечно го примиле. Претходното недоразбирање набрзо било објаснето и разбрано.

Благодарејќи на мудроста на Мухаммед савс и неговата внимателност во примање на веста, избегната е голема несреќа, која Што можела да има несогледливи последици.
Како повод на овој настан, била објавена и следната Кур,анска порака:

О, верници, ако некој нечесен човек ви донесе некаква
вест, убаво проверете ја, во незнаење никому неправда да
не направите, па да се покајувате заради тоа Што сте го
направиле. ( Кур,ан; 49 : 6 )


Изнесениот настан со племето Бену Мусталик е вонредно предупредување како треба да се биде мудат во сите ситуации и да не се наседнува на непроверени информации.

И повторно, за жал, сретнуваме луѓе, кои налесно ги прифаќаат вестите за кои не се сигурни. А токму такви вести можат да им нанесат огромни повреди на невините човечки души.

НекогаШ злонамерниците и расипанковците пренесуваат зборови за да им нанесат лоШо на блиските и на добрите луЃе. Ако озборувањето носи тежина како јадење месо на мртвиот брат, на каков ли пострашен степен Ќе биде ставено нанесувањето зло после неправедно озборување? За таквите подмолни злобници, подготвено е дното на џехеннемот од каде нема излез.

А Аллах џ.ш. најдобро знае.
Ресулуллах савс рекол: Чувајте го и почитувајте го туѓото право. Никого тајно не следите и не истражувајте ги тајните на другите, ако истите сакате натаму да ги пренесувате.

Настојувајте на секој човек искрено да му се претставите и не бидете со скриени намери. Во разговор чувајте се од употреба на двосмислени зборови, со кои би можеле да ги навредете другите.
ЛуЃето не се ни свесни колку ли само тежок удар и болка може да нанесе лоШиот јазик, лоШиот збор.Сплеткарењето, наговарањето и заведувањето на луЃето се пороци кои црпат сокови од Шејтанската лошотија.

Тоа се отровни стрели вперени во човечката душа. Носителите и корисниците на овие лоши услуги се деца на вечниот оган. Затоа исламот се дига против тоа зло во сите негови видови и форми.
На Опросниот хаџџ, Ресулуллах савс рекол:
Оние Што ги оговараат чесните жени, нека бидат проколнети на двата света.

Оние Што ги оптужуваат чесните жени ради неверство во бракот, или поради неморал, а за тоа не можат да изведат четири веродостојни сведоци, казнете ги со 80 удари и никогаш во иднина немојте во ниШто да им верувате, бидејЌи се тоа лоши луЃе.

Ахмед и Ебу Давуд р.а. забележале едно предание на Абдуррахман ибни Џубејр од Енес р.а., дека Ресулуллах савс рекол: Кога бев на Ми,раџ, поминав покрај група луЃе, кои Што на прстите имале бакарни нокти и со нив ги раскинувале своите лица и гради. - Кои се овие луЃе? - го праШав на Џебраил, а тој ми одговори: -

Тоа се луѓе Што озборувале и Што ја валкале честа на другите луѓе.


Хасан Бастри подучува:
Не си во вистински иман, се додека на другите им наоѓаш мана, а самиот не си без мана. Затоа првин отстрани ги своите мани, а другите ослободи ги од твоето озборување. Но да знаеш дека никогаш нема да можеш сите свои мани да ги отстраниш, па затоа твоите мани ти се најблиски, нив посвети им се и со нив занимавај се.

Кај паметниот човек јазикот е зад срцето: кога сака нешто да рече, тој прво Ќе размисли, Ќе извага; па ако биде тоа од корист, тогаш Ќе прозбори. Ако биде од Штета, паметниот човек молчи. Кај незнајковците, срцето е зад јазикот.

Тој зборува кога ќе му текне, воопшто не размислувајќи за последиците од тоа Што ќе го каже.
Најубаво е да бидеш свој господар, да го држиш врзан својот јазик и да не му подлегнуваш на страстите на телото.

Џафер ел Менсур го советувал на својот син:
Од мене имаш два совети:
Не зборувај додека не размислиш, и
Не работи додека не ја воочиш последицата.


______________________________________________





О верници, плашете се од Аллах и зборувајте само вистина! Он ќе ви ги поправи делата ваши и Он ќе ви ги прости гревовите ваши. А оној кој е послушен и на Аллах и на пратеникот Негов... тој ќе однесе, секако, победа голема! 

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот