Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 8 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 8 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 Правда (Праведна постапка) on Вто 27 Сеп 2011, 9:10 pm

Muwehhid

avatar
Модератор
Модератор






Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!




Аллах џ.ш. бара да се почитува сечие право и тоа
Што се работи чесно да се сработи и на блиските да
им се доделува, а расипаноста и насилството и се
Што е одвратно забранува, пораката да ја примате
Тој ве советува.
(Кур,ан: 16 ;90)

Некоја жена од племето Бену Мехзум, роднина на Хашимиите, се излажила и украла. Честитиот асхаб Уссаме се завзел за неа кај Аллаховиот Пратеник со молба да и се опрости тој престап.
Еве Што му рекол Ресуллуллах савс:
Верувајте, кога и мојата мила Ќерка Фатима би направила кражба, јас за тоа би и ја отсекол раката.

О, верници,должностите кон Аллах извршувајте ги
и правилно сведочите! Нека мрзењето Што го носите кон некои луѓе никако не ве наведе да бидете неправедни! Бидете праведни, тоа е најблиску до честитоста. И плаШете се од Аллах, бидејЌи Аллах добро знае она Што го правите.
(Кур,ан; 5:Cool

Зборовите на Господарот твој се највредна вистина и правда; Неговите Зборови никој не може да ги измени и Тој се слуша и се знае.
(Кур,ан; 6 : 115)

Тој навистина не ги сака оние Што прават неправда.
(Кур,ан; 42 :40)

Се пренесува дека некој човек, Евреин, сака да го провери на ресулуллах савс. Купил кај Аллаховиот Пратеник савс хурми, однапред исплатувајЌи му го договорениот износ, со точно одредување на времето за испорака. Два дена пред одреденото време, Евреинот ја побарал договорената испорака и започнал да го навредува на Мухаммед савс.

Зарем нема да ми го исполнеШ моето право, Мухаммеде!? Вие, наследниците на Абду-л-Муталиб навистина не ги почитувате одредените рокови. Тука бил присутен Омер р.а. Тој бил навреден од неправедната постапка на Евреинот и сакал да го нападне. Мухаммед савс му се обратил на Омер р.а.: Ние двајца Ќе ги решеме несогласувањата на друг начин. Омере, зошто не ме предупредиш свесно да ја исполнам својата обврска, а од него не побараШ чесно и вистинско помнење? Појди со него и исполни му го барањето, рекол Пратеникот савс враЌајЌи му ги парите на Евреинот. На договорениот износ дополни му иште 20 саи за стравот Што го претрпил да не го загуби влогот.

Евреинот бил восхитен од постапката на Аллаховиот Пратеник савс и воодуШевено решил да прими ислам.

Знаел Аллаховиот Пратеник савс дека врз праведноста почива стабилноста на една човечка заедница. Без правда нема ниту среќа, ниту добрина. Затоа, следејЌи ја Аллаховата наредба, во Исламската заедница во Медина владеела беспрекорна правда.
Личноста, човечкото достоинство, имотот на секој поединец, неговата слобода и сл. Во тие денови на вистинскиот ислам потполно биле заштитени и безбедни.

Мухаммед савс пред неговата смрт рекол: Ако некогаш сум удрил некого по грб, еве го мојот грб да ми возврати; ако некогаШ некого сум навредил, еве ја мојата чест нека ми возврати; ако некогаШ сум зел нечие добро, еве сега нека земе од моето добро.

Во времето на хазрети Омер р.а., вториот халифа, некои муслимани запоседнале земјиште на некој евреин и тука изградиле џамија. Кога Омер р.а. слушнал за таквата постапка, наредил да се урне џамијата и да се врати тоа земјиште на нејзиниот прв сопственик - Евреинот.
Интересна е забелеШката на Омер син на Абду-л-Азиз (717-720) за време на неговиот халифат за постапката со немуслиманите. Пренесува Ибн Сад:

Во името на Аллах, милостивиот, Сомилостен! Од робот на Аллаховиот наредник на верниците, Омер син на Абду-л-Азиз, на гувернерот Адијј ибн Артат и на верниците околу него. Мир нека биде на вас! Ви испраЌаме благослови од Аллах, освен кого друг бог нема.

Внимавајте убаво на положбата на Штитениците (немуслиманите) и кон нив однесувајте се со љубов. Ако некој од нив дочека старост, а нема средства, вие сте тие Што за него морате да се грижите. Ако тој има браЌа по род, барајте од нив да се грижат за него. Казнете го оној Што Ќе им направи некакво зло. Исто така, ако имате роб, кој Што дочекал старост, вие морате да се грижите за него, додека не умре или додека не го пуШтите на слобода.
Мир со вас!
ќе се потсетиме на еден многу интересен настан.

Во првите години од исламските походи на муслиманската војска бил завземен градот Емес во Сирија. Византијците се повлекле. Жителите на градот платиле џизија. Меѓутоа, поради ситуацијата на фронтот, муслиманската војска морала да се повлече од градот. Водачот на муслиманската војска ја вратил примената џизија со напомена дека муслиманите не се во состојба да го Штитат градот, па би било неправедно да ги задржат примените пари.

Жителите во градот со солзи на очите ја примиле таа вест. Жалеле Што заминува муслиманската војска, а доаЃа нивната, византиска. Тоа било прекрасен пример за исламска праведност.

Еден ден хазрети Омер р.а. примил некој христијанин додека се одржувала хутба. Христијанинот дошол да тужи некои муслимански цариници на границата, кои Што наводно го оШтетиле. Омер р.а. ја задоволил правдата надоместувајЌи му ја Штетата на христијанинот Што се жалел.
Мухаммед савс му наредил на судијата Неџран ебу Убејда: Суди им секогаШ праведно!

Аллаховиот Пратеник савс препорачал сидијата да не носи пресуди додека е во налутена состојба.

Ебу Бекир, нека биде Аллаховиот благослов на него, превземајЌи го халифатот му се обратил на народот со овие зборови: Ме поставивте за ваШ владател, но тоа не значи дека сум јас најдобар меѓу вас. Ако работам исправно, помогнете ми. Ако грешам, исправете ме.Покорувајте ми се , додека јас се покорувам на Аллах џ.ш. и на Неговиот Пратеник савс. Ако престанам да му се покорувам на Аллах џ.ш. и на Неговиот Пратеник савс, ваШа обврска е повеЌе да не ми се покорувате.

ЕШ-шеби известува за изјавата на шурејх којшто рекол: Кога халифот Омер р.а. ме именуваШе за судија, ми рече: - Суди спрема она Што Ќе го најдеш во Аллаховата Книга. Ако не најдеш ништо во Алаховата книга, суди спрема она Што Ќе го најдеш во постапките и одлуките на Ресулуллах савс, ако ништо не најдеш во постапките и одлуките на Ресулуллах савс, тогаш суди спрема одлуките на правоверните имами; а ако пак и тука ништо не најдеш, потруди се да пресудиш спрема твојот здрав разум, а при тоа советувај се со луѓето, кои Што знаат и кои Што се побожни.

Учењето на исламот секаде донесува препород. Исламската правда се покажувала во сите пори на животот. За ова твредење јасно зборуваат историските податоци. Пред судија, за различни спорови и предмети, освен обичните граѓани, излегувале и халифи. Забележано е дека пред судија застанале Ебу Бекир р.а., Омер р.а., Алија р.а., потоа и други халифи, како Абду-л-Мелик; Ел Менсур, некои владатели на шпанија и уШте многу други. Сите нив ги повикувал кадијата на суд и на одговорност поради разни тужби од обични граЃани, честопати и немуслимани. Во исламот, правдата е еднаква за сите луѓе.

И затоа треба да се учиме на праведност од Аллаховата Наука. Правдата треба да го обземе целото наШе суШтество. Треба да се биде праведен кон својот татко, кон својата мајка, кон браЌата, сестрите, кон сикој човек. Иманот е слаб, тука, каде Што нема праведност! И многу е важно да бидеме праведни кон самите себе.Ако треба, правдата треба да е и против нас, ако не сме достојни во животот. Во името на големата цел, во името на праведноста, да се биде против самиот себе, тоа е патот на најдобрите и со дух најголемите.

Само праведните можат да одат по сончевата патека низ која светлината води кон совршенство на душата. Аллаховата џ.ш. милост е за оние кои Што одат по тие патишта. Никогаш не смее да се заборави:

Аллах наредува сечие право да се почитува и на секој
човек да му се прави добро.
(Кур,ан: 16 : 90)


______________________________________________





О верници, плашете се од Аллах и зборувајте само вистина! Он ќе ви ги поправи делата ваши и Он ќе ви ги прости гревовите ваши. А оној кој е послушен и на Аллах и на пратеникот Негов... тој ќе однесе, секако, победа голема! 

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот