Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Latest topics
» Alisan
Сре 11 Апр 2018, 6:03 pm by Alisan

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Саб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Саб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Нед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Саб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Вто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Нед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Нед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 7 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 7 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1690)
 
LAUTKA (1011)
 
Muwehhid (937)
 
Келиметул-Хакк (594)
 
Muslima4Islam (589)
 
Abu Al-Amin (479)
 
Al-Ghuraba (360)
 
Monoteizam (343)
 
muharem fazli (323)
 
Haqq (253)
 

Statistics
Постојат b>1266 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е Lorensa

Нашите членови се испратиле точно 8261 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
Како се доближува крајот на мубарек – рамазанот, срцата на верниците се радосни и тажни, радосни поради тоа што со помош на Аллах. с.в.т., готово го испостивме рамазанот и со тоа го извршивме еден од столбовите на исламот, а тажни, затоа што со заминувањето на рамазанот заминуваат и многу благодети и убавини. Рамазанот ги наполни нашите џамии со клањачи, во рамазанот сме посолидарни, во рамазанот засилено го учиме Куранот и ги клањаме пропишаните намази и нафиле, во рамазанот повеќе се посетуваме, а помалку се оговараме, во рамазанот со еден збор има многу благодети....
Ние сме моментално браќа и сестри во последната третина од рамазанот, за која нашиот Пратеник, с.а.в.с., вели:„ Неговата последна третина е ослободување од огнот!“

Се пренесува од Аиша, р.а., дека Пратеникот, с.а.в.с., кога ќе дошла последната третина од рамазанот, би ја ја напуштал својата постела, и ноќите ги минувал во ибадет и ги будел своите домашни(поради правење ибадет) (Бухари)

Покрај теравијата која се клања во текот на целиот рамазан, во последните десет дена Пратеникот, с.а.в.с., го зголемувал ибадетот и клањал дополнителни нафиле, а тоа е Салату-т-техеџџуд.

Мухаммед, с.а.в.с., како што стои во Сахихот, пренесено од Ебу Хузејфе, р.а., една ноќ на кијамот толку долго учел што во еден рекат, ја проучил целата сура Ел-Бекаре, сурата Ал- Имран, и сурата Ен-Ниса (106 страници) а учејќи ги ајетите во кој се спомнува закана, би застанувал и го молел Аллах, с.в.т., да го сочува од неа. Кога исклањале два рекати, дошол Биллал ибн Ребах, за да го најави скорото доаѓање на сабах!

Мухаммед. с.а.в.с., не го изоставал Салату-техеџџуд, ни кога бил болен или премногу уморен, па во тие ситуации клањал седејќи.

Во два Сахиха стои предание, дека Џибрил доаѓал кај Пратеникот, с.а.в.с., секој рамазан и по еднаш го преслушувал за Куранот, за да последната година тоа го направи два пати.

Од Ебу Хурејре, р.а., се пренесува: Пратеникот, с.а.в.с., во секој рамазан правеше и’тикаф десет дена, додека годината кога умре бил во и’тикаф дваесет дена!(Бухари)

Пратеникот, с.а.в.с., се до својата смрт го практикувал и’тикафот, а тоа го правеле и неговите асхаби, како и селеф салих(добрите поколенија). Потврда за тоа се зборовите на Абудуллаха ибн Омер, р.а.,: „Пратеникот, с.а.в.с., ги поминувал во и’тикаф последните десет дена од рамазанот!(Бухари). Во друго предание стои: Ги оживуваше ноќите, ја будеше челадта, се трудеше и ја оставаше својата наметка.(Бухари и Муслим).

Аиша, р.а., пренесува дека интензитетот на ибадетот на Мухаммед, с.а.в.с., би се зголемувал во последните десет дена: Аиша, р.а., вели: „Првите дваесет дена (од рамазанот) Пратеникот, с.а.в.с., ги мешаше спиењето и намазот, а кога ќе дошле последните десет дена, тој ја сложувал и одложувал својата наметка!(Ахмед)

Во едно предание стои дека Пратеникот, с.а.в.с., ги будел Фатима и Алија, р.а., навечер зборувајќи им.: „Зарем нема да станете и да клањате?“(Бухари и Муслим) и ја будел(Пратеникот, с.а.в.с.) Аиша, р.а., кога ќе го завршел техеџџуд, а пред да клања витр.

Во Муветта стои, дека Омер ибн Хатаб, р.а.., клањал добар дел од ноќта, па кога ќе дошла пола ноќ, би ја будел својата фамилија, зборувајќи им: Намаз, намаз, и би го проучил овој ајет: وَأْمُرْ أَهْلَكَ بِالصَّلَاةِ وَاصْطَبِرْ عَلَيْهَا нареди и на твојата челад да извршува намаз и истрај во тоа!...(Та-ха, 132)

Вели Аллах, џ.ш. во сурата Ел-Кадр:

إِنَّا أَنزَلْنَاهُ فِي لَيْلَةِ الْقَدْرِ(1) وَمَا أَدْرَاكَ مَا لَيْلَةُ الْقَدْرِ(2) لَيْلَةُ الْقَدْرِ خَيْرٌ مِّنْ أَلْفِ شَهْرٍ(3) تَنَزَّلُ الْمَلَائِكَةُ وَالرُّوحُ فِيهَا بِإِذْنِ رَبِّهِم مِّن كُلِّ أَمْرٍ(4) سَلَامٌ هِيَ حَتَّى مَطْلَعِ الْفَجْرِ(5) (سورة القدر: 1-5)

„Ние почнавме да го објавуваме во ноќта Кадр, а што ти мислиш ноќ Кадр? Ноќта Кадр е подобра од илјада месеци, Мелеците и Џибрил со дозвола од Господарот свој, се спуштаат во неа поради секаква одлука, Сигурноста е во неа се додека зората не осамне.(Ел-Кадр 1-5)

Ноќта Кадр е повредна од 83 години и 4 месеци, па кој од нас не би сакал да ја искористи оваа ноќ?

Оној кој ќе ја помине ноќта Кадр, во ибадет, ќе му бидат простени минатите гревови- како што стои во хадисите пренесени од Ебу Хурејре, р.а.:

مَنْ قَامَ لَيْلَةَ الْقَدْرِ إِيمَانًا وَ احْتِسَابًا غُفِرَ لَهُ مَا تَقَدَّمَ مِنْ ذَنْبِهِ. (بخاري)

„Кој ја помине ноќта Кадр, цврсто верувајќи и надевајќи се на Аллахова награда, ќе му бидат простени минатите гревови! (Бухари)

Мухаммед, с.а.в.с., ни препорачува да ја бараме ноќта Кадр, во последните ноќи од рамазанот: Се пренесува од Аиша, р.а., дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол:

تَحَرَّوْا لَيْلَةَ الْقَدْرِ فِي الْوِتْرِ مِنَ الْعَشْرِ الأَوَاخِرِ مِنْ رَمَضَانَ (بخاري)

“Барајте ја ноќта Кадр, во непарните ноќи на последните десет дена од рамазанот!(Бухари)

Се пренесува од Ебу Хурејре, р.а., дека Пратеникот, с.а.в.с., зборувајќи за рамазанот рекол:„ Во него е ноќ повредна од илјада месеци. На кој ќе му биде ускратено доброто во неа, навистина е од оние ускратените!(Ахмед)

Абдуллах ибн Омер, р.а, рекол: „Некој асхаби во сон виделе дека Лејлетул-л-Кадр е во последните седум ноќи од рамазанот. Мухаммед, с.а.в.с., им рекол:„Покажан ми е вашиот сон. Навистина таа(Лејлетул-л- кадр), скриена е во последните седум дена, па кој ќе ја истражува нека ја очекува во последните седум ноќи(Бухари)

Убаде ибн Семх, р.а., пренесува дека Пратеникот, с.а.в.с., излегол во една прилика да ги извести асхабите за Лејлетул-л- Кадр, па двајца муслимани се скарале, па Пратеникот, с.а.в.с., рекол: “Излегов да ве известам за ноќта Кадр, па кога двајцата муслимани се скараа и подигнато е од мене знаењето за неа. Можеби тоа е подобро за вас, се надевам, но барај те ја во 29, 27, 25, ноќ.(Бухари)

Мухаммед, с.а.в.с., не потикнува во таа ноќ да се обраќаме со дова на својот Господар и од Него да бараме опрост.

Му рекла Аиша, р.а.,на Пратеникот, с.а.в.с.,: “Пратенику, ако ја доживеам ноќта Кадр, што да зборувам во неа? Рекол: Кажи :

أَللَّهُمَّ إِنَّكَ عَفُوٌّ تُحِبُّ الْعَفْوَ فَاعْفُ عَنِّي

“Господару мој, Ти си оној кој простува, и сакаш опрост, па прости ми!“

Браќа и сестри! Да ги поминеме овие неколку преостанати денови и ноќи во ибадет и да трагаме за Ноќта Кадр, надевајќи се на Аллаховата милост, простувањето на гревовите, и Џеннетот кој ни е ветен! Да ја извршиме обврската садекату- л- фитра, како на тој начин би ни биле отсранети евентуалните недостатоци од постот, и како постот би ни бил воздигнат кон Аллах, с.в.т., да бидеме искрени во нашето верување и да натпреваруваме во добрина во текот на целата година.

Господару, подари им победа на сите загрозени и обесправени Муслимани, не не ставај на искушение нас со она што нема да можеме да го поднесеме, направи не од оние кој искрено се каат за направените гревови, прими ни го постот, намазите и останатите добри дела во мубарек – рамазанот, биди милостлив кон нас на Судниот ден и почести не со Џеннет во друштво на пратениците, шехидите и добрите луѓе!!!! АМИН!!!!



www,islamski-centar.org


______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Muaz al Islam

avatar
Модератор
Модератор
АЛЛАХУММЕ ИННЕКЕ АФУВВУН , ТУХИББУЛ – АФВЕ , ФА,ФУ АННИ !

Господару мој! Навистина Ти си Оној кој што простува и сака да простува , па прости ми и мене !



______________________________________________

[You must be registered and logged in to see this link.]


Задоволен сум Аллах субханеху ве те’ала, да ми биде мој Господар, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем, мој Пратеник, Исламот да ми биде моја вера, Куранот да ми биде мој Устав, Џихадот да ми биде мој Пат и Смрта на Аллаховиот пат да ми биде моја најсакана желба.
http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот